1. Балила, превкусна пица по мој вкус, кој не пробал дефинитивно препорачувам! Како совет би би рекла, ако одите во пар, да си нарачате голема пица по пола, сосема доволно (дури и повеќе од доволно), цените им се на место. 2. Дал мет фу (Пелистер), убави пици и палачинки, фамозното топло ладно кое никако да го пробам, но е многу фалено иако има солена цена. 3. Амати, ПРЕУБАВИ палачинки, особено Богата палачинка (препорачувам да ја јадете по пола со некој зошто е голема!), преубави Амати сендвичи. Но не знам што се случува со Амати во последно време, прво го затворија она карши Јосип Броз гимназијата, после тоа во Рамстор и на крај и тоа во Бисер во подрум. Сега изгледа е само она во новиот Веро Центар. Треба да им ја пробам пицата. 4. Бравос, после Универзална сала, во една од уличките што водат лево во маалото, мислам втората уличка доаѓаше. Преубави пилешки прсти! Прсти да изедеш ... уххх ми се пријаде!
Најомилен на свеет ми се Иранскиот (или каков и да е незнам точно) во центар. Најубаво јадење на свет.. Го обожаваам! Кога и да ми се пружи прилка одам и повеќето работи сум ги пробала и премногу ми се свиѓаат
најубаво се најадувам во кинески(ориз со пилешко мора да пробате и плус не е скапо),во амати обавезно палачинка,брза храна во 7ца само заради мајонезот ,plaza de toros имаат многу убава пирошка,во тренд сендвичите ми се многу убави,пилешките прсти од ања...ми се пријаде
Се сложувам! Тестотона пицата е доста специфично, не е класика пица тесто, ама преубаво е! Исто и палачинките таму се превкусни.
Прочитав сите ја фалите 7ца, каде се наоѓа од прилика да знам ко ке дојдам Скопје да одам таму да јадам, брзо сега бев Скопје и јадев многу убава пица во една пицерија наспроти ГТЦ незнам како се вика ама многу ме бендиса пицата. Јас најчесто јадам пица во Оскар, панцероти во Буре, топено сирење во Шатор, и тостој скоро од секоја сендвичара.
A da Enriko definitivno imaat ubavi bogati pici, ednas imam probano ali stvarno mi ostavi preubav vpecatok. Isto i za Balila mozam da kazam , probajte ja picata so kari sos i pilesko , ne e ona standard vkus na pica ali fenomenalno e. Uste ako si zemte i belo vince mmmm [mod-kirilica:20j4zpvz][/mod-kirilica:20j4zpvz]
Јас сум од Битола и ќе си кажам за тука Ла каза и Ел греко за благи палачинки-њамии Кус Кус и Лео - за пица Дал мет фу -за топло ладно ....
Ммммм...некој спомна храна?)) Гурмет -во Дебар маало, поради едниот и единствен најнајубав десерт- топло-ладно, сум пробала на повеке места но тука е просто незаменлив!!!...и кога веќе ги спомнав Гурмет ,ако го посетите пробајте ги одличните тортелини карбонара, како и нормално скарата Тонни Бејкери-во Капиштец,млечно ресторанче со најубавите кифли,пици на парче,кроасани,пирошки....за доручек или за на брзинка ,највкусниот асортиман мислам дека го имаат,и бај д веј кашкавалот не е растителен Палма-во Карпош ,највкусните слатки,колачи и сладолед во Скопје,а богами и амбиентот им е добар. Не сум многу по фаст фудовите и многу ретко јадам таква храна ама ако веќе морам да бирам една моја маалска сендвичара без конкуренција е! Каква 7-ца какви тракутанци) Море од домашна приготвена храна нема поубаво,поготово кога ја јадеш во убава атмосфера со драги луѓе Бон апетит
Снупи .. оддамна се немам така добро најадено, на никое друго место не ги прават така добри тостовите, сендвичите..кога ке си отидам дома прво нешто што ке направам е да јадам од таму...