Јас само си додавам на листата: Енрико-мислам дека ми е кажано ама еве пак. Палачинките се сон! Мексиканскиот ресторан на ул.Македонија -Секогаш излегувам задоволна и со полн стомак. Еквестријан- имаат добра храна, ама некако со цените се нестабилни. Арабискиот Аладин- кога сум расположена тоа пилешките прсти маф ги правам. Амати во Бисер ми го затворија и сега е ресторанот на Дени ’’4 сезони’’, има убава храна, поготово ми се допаѓаат сендвичите и лазањите. И за благо, се знае ’’Палма’’, кај ми е пред нос, кај најубави слатки има.
Најубаво ми е кога ќе си нарачам пица и ја јадам дома И уште ако си ја гледам омилената серија или некој убав филм...Ммммм
Сендвичите во Енрико. Хамбургерите во 7ца. Сладоледот во Палма. Лазањите и пицата во Балила. Пилешките прсти во Торос. Топло-ладен десерт во Дал Фуфо (Пелистер).
Има да ве манијачам сите што одите во Балила! (kiddin') Пробајте ги и пастрмајлиите, одлични се, иако лазањите кај нив се секако божествени Ми текна патем на една сендвичара карши Јосип Броз Тито која се викаше Ташкент - кој се сеќава или јадел таму, сигурно до ден денес се сеќава на најубавите тостови и сендвичи кои ги правеа таму. И ги затвори инспекција. Се чудам зошто
Пица и палачинки - Енрико Пастрмајлии-Топаз Топло-ладно-кај фуфо Лигњи на жар-кај фуфо Патрмка-Белви на излез од Ск. Сендвичи-7-ца Скара-Боними и Национал
Храната во Еквестриан е преубава, пиците и тестенините им се сон. А кинескиот ресторан си е стандардно супер - слатко кисело пилешко и свинско и месото со црни и бели печурки, ммм... Пржен сладолед, среќното колаче, и тие ролцата со месо и соја сос мора да се пробаат...
И јас во последниве години се во Плаза дел торос јадам. Ми се допаѓа прилично, многу не само заради храната, а бидејќи можам слободно да се изназборам со човекот со кој седам, без да се извикуваме, заради гласната музика. Ми се допаѓаат такви места, бидејќи ми изгледа токму како шпанска таверна, единствено би им препорачала да си измислат некој добар начин на вентилација во тоа кујната, бидејќи ужасно, ама ужасно тешко ми мириса. А, најмногу од се им сакам салатите, пржените компири и не заради компирите, а заради тој сосот од домати, салцата, што им наљутнува.
Се гледа кој е гурманот - правилен посетувач сум на темава Го додавам на листата и мексиканскиот ресторан на улица Македонија Минатата недела му направив солидна инвазија. Доволен е изборот на 3 - 4 предјадења ако сте друштво, има да се прејадете до пукање. И секако, без strawberry daiquiri - не иде Таму го прават едноставно совршено.
Еквестриан и 7ца дефинитивно. Еквестриан ми е до г* што се вика, па затоа повеќе сум таму него ли во 7ца, иако и двете места подеднакво ги сакам и подеднакво ми се омилени. Пиците ваму ми се фантастични, сладоледот исто ми е преубав, а за сендвичите од 7ца сите знаеме, затоа не пишувам ништо. Уф, како ми се пријаде, што ми требаше ова..
Има повеќе ама на прво место далеку над сите ми е Тајландскиот ресторан во Прилеп, секогаш кога одам кај моите, не заборавам да го посетам ова прекрасно место , а храната?? ммм најубава
Ресторанот Света Софија и вилата Света Софија во Охрид. Во ресторанот храната е каква што не сум пробала никаде - препревкусна. Ама само за специјални пригоди е, бидејќи е некаде дупло поскапо . Вреди. Еднаш бев и уште го чувствувам вкусот на вешалицата во сос од портокал. Вилата е сосем друга приказна. Храната таму не е нешто специјална - обично мени, но многу е вкусна. Атмосферата е она што го карактеризира овој ресторан како посебен. Староградска чорбаџиска охридска куќа - многу автентичен ентериер кој секогаш ги одушевува гостите од странство . А и мене, затоа таму ги носам. Преубаво е. Инаку, носат исто име затоа што и двата се наоѓаат близу црквата Света Софија, а не е тоа истиот ресторан поделен на две. Колку за појаснување
Пастрмајлии-Фотка,а и мезињата не се лоши. Палачинки и пици-Енрико. Пици и Балила(многу сум емотивно врзана за овој ресторан). Спојлер Тука маж ми на најспонтаниот начин ми предложи брак.Ехе,кога беше тоа,пред едно 9-10 години. Ања има најубав бифтек. Морска храна во Три Бисери. Атмосферата пријатна во Балканика. А за џингрлака Боними. Се зависи од расположение.