Во Велес, во Официрски имаат доста убава храна. А за во Скопје, обожавам да јадам во Кинеското ресторанче во Рамстор. уфф кинеските печурчиња
^Јас вчера јадев таму, ништо посебно, типична скара ко што ја има во секое маално биртииче дури и полошо може мене така ми се погодило
Дај кажете некој ресторан за вечера, сакам за роденден да го носам дечко ми на вечера ама незнам каде. Споделете мислење ако сте биле некаде и како било?
Зависи што сакате, јас би ти ги предложила Стара куќа (спроти МНТ), вкусна храна и убав амбиент, потоа Чардак (само што тој е надвор од Скопје), а интересен избор (индиска и др. егзотична храна), но и класични, а вкусни јадења има и во Еквестријан (а има и многу вкусни десерти ).
некоја од околните бурекџилници најчесто Вегера или Специјал, Весна бурек во Бисер има прекрасен бурек и секако Ѕвезден Океан кинеското ресторанче во Рамстор, фаст фуд најретко јадам и тоа некоја од овие карши Портата, најчесто НИНО, а скара ХХЛ (СИФ) во Бисер, но многу ретко конзумирам ваква храна најомилена ми е домашната и не сакам многу по ресторани да се шетам, тоа ми се случува само на празници и најчесто седнувам во кафанче или пицерија и тоа во Ања.
Два Елена, Барбакан, Енрико, Рагуза, 14ка, а ако сте расположени за надвор од градот би ти препорачала Етно Село
Барбакан,Фиренца,Костарика,Џино,Дион...Го фалат и новиов кафич и ланч ресторан Арабеска,па ке се посети и провери
Луѓе бил ли некој во Пица бар Еври Деј? Го гледам сега на нет и чудно ми е што е многу големо, а убаво е средено а гледам скоро е отворено па затоа не сун слушнала. Изгледа интересно. Ако бил некој нека пише како -што. Спојлер http://www.restorani.com.mk/restoran/Pizza_Bar_Every_Day/86
дал мет фу, највкусна храна, додуша малку скапи се ама се исплати , морате да пробате блага палачинка од кај нив...Огромна е и мислам ке треба да ја делите со некој)