Ги има повеќе, затоа што скоро секогаш периодично ми се менуваат. Пример, во последно време го тупам со Арабеска. Ептен ми е фино, и амбиент и храна и се! Особено преку ден, кога нема нешто ептен гужви, па ручече со другарка, абе милина! Јас обично во предвид ја земам и атмосферата што ја има, а тука ми е баш погодена. Исто и Амигос, секогаш гледам горе да се качам некако пофина и поприлагодлива атмосфера ми има, не ги слушам сите како ламотат цело време .
Омилениииииииии места за јадења ми се Енрико и Рагуза - супер атмосфера + вкусна храна Исто го сакам и мексиканскиот ресторан но поретко одам таму.
Плаза де Торос. Иако некогаш знаат да направат утка, а и келнерите не се најуслужливите, сепак обожавам да јадам таму. Амбиентот е прекрасен, топол, пријателски... а ми се допаѓа и менито. Најголем впечаток ми има оставено ѕидот со книги и малите, интимни сепареа.
Бил некој во новиот индиски ресторан во Скопје? Тој до Ван Гог, карши општина Центар. Впечатоци? Цени? Баш ме интересира...
Бирократ-фурнаринките со сос од сирење тука им се прееубави Еквестријан, Амати, Белависта-пицата највкусна ми е тука Енрико во Лептокрија, Мартини-ах палачинките нивни најубави...ќе ме здебелат и ред други места. Ама па што да правам,толку вкусно ми е тука, леле ко меченце ќе станам.
7ца за брза храна ,,кај злате,,најубаво јаденје за цело семејство и многу ефтино ресторан ,,скопски мерак,,многу е убаво ама таму е малку скапо
Старо Скопје и Соул Паб. Едното со прениски цени а солиден избор на храна и вино, а другото со прекрасна атмосвера и вкусна храна само не е баш најефитно. Ја сакам и Стара градска куќа 2 Елена, Воденица, Лира, Дуомо али ти ми се малку поскапи за често одење и јадење, ама со преубава храна и атмосвера. Од оние на кеј Ања и Торос ми се океј, но не нешто спешл за цените кои ги наплаќаат. Тренд порано имаа повкусна храна, иаку цените им се уби боже имаа убав избор на појадоци наутро. Рулет исто го сакав многу порано, ама откако поскапе месото, почнаа плескавиците на соја да ги прават, и ме неривраат ептен. Рагуза ми е најпреценитиот ресторан со ужасна храна барем мене таков впечаток ми остави.
Поздрав до сите што јадат брза храна... омилено место нормално за мене е „Пастрмајлија Грил & Хаус“ - Аеродро, одлично место.... Внимавајте летово на храната... еве за што ви зборувам, проверете на линкот... пазете се особено летниот период! Поздрав!
Хмм омилено место за јадење, пред кампинг шатор некаде на плажа или во планина со домат, парче сирење, леб а можи и една паштета во рака