Плаза де Торос и Харизма, и за солено и за благо поготово со клуб сендвичот во Торос да се најадеш во човек, за благо вафлите се сон, башка келнерите им се многу љубезни за разлика од оние во Ања. Само во Харизма мнооогу чекаш да ти донесат, тоа единствена замерка, и што ги поскапеа палачинките. Фаст фуд 7мица без конкуренција, иако и Жужу не се лоши. Сладолед дефинитивно Палма.
Па во Ања треба да имаш голема среќа ако ти ја донесат нарачката за пола саат. Некогаш знаат и по цели денови да не ти донесат кафето. Услугата им е крш. А и летово гледам сите ставиле хостеси, девојчиња некои, овие од Ања ставиле некој циган, го нашле на семафори.
Џовани во Лептокарија моментално ми е меѓу омилените. Пристапни цени, многу пријатен амбиент и услужливи келнери Мартини, исто во Лептокарија. Најубавите вафли во Скопјево. Red Caffe во Аеродром - Одлична храна. Ама џабе резервираш, ќе ти речат "почекај да се ослободи некое место" а во меѓувреме те седнуваат на најрандом место и тотално забораваат на тебе. Повремено има пијачки на сметка на куќата.
Женски каде да одам на суши, ама да е вкусно и да е добар амбиентот? За Скопје прашувам. Освен суши бар Нобу и Суши ко, има ли некое друго место?
Многу сакав да одам во Goodys ама денеска ми кажаа дека многу нехигиенски било и на некоја девојка и ставиле ЖИВ полжав во салатата или во сендвичот...
Бирократ дефинитивно најомилено- послбно пилешкото со сланина-го обожавааам и не можам да дишам од пренајаденос после а само 180 денари е. и Плаза де Торос исто така мн често го посетувам. Порано седев цело време во Ања- меѓутоа престанав-ем услуга ужас ем цени набиваат астрономски
какви се цените во златно буренце на пијачки а и на јадење? а воедно и некоја друга ефтина кафана/гостилница да ми предложите?
Енрико- пиците и сендвичите им се најубави а исто и палачинките Мартини- најубавите вафли Старо буре- скарата Дион-клуб сендвичот
Нјаголеамта конкуренција во Бисер СИФ и XXL имам јадено во двете но можам да кажам дека во XXL имаат сто пати пубава храна ,услуга а и во амбиентот има голема разлика затоа сме почести гости таму
Битола - Најдобра таверна убедливо е El Greco. Добри пицерии има повеќе, би ги издвоила Bure, Metro и Ravenna. Сите три се на Широк Сокак, на убава локација. Во bure го прават најубавото топено сирење, во metro пилешките прсти се ептен добри, а од ravenna печурките на скара ми се highlight. Го препорачувам и Слатко Солено. Фино ресторанче, отворено сега брзо, со пристапни цени, добра услуга и преубава атмосфера. Се наоѓа на веднаш наспроти Millenium, над казиното. Од низата на ресторани ќе ги издвојам Premier центар и De Niro.