Омилени продукти на месецот

Дискусија во 'Тело' започната од frutini, 25 февруари 2011.

  1. frutini

    frutini Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2010
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    252
    Инспирирана од многубројните видеа на Youtube со наслов Favourites of the month, сакав да ја отворам оваа тема каде сите ние можеме да споделуваме продукти (шминка, козметика, нега на тело, лице, коса, нокти... се) кои навистина ни оставиле впечаток, ни помагаат. Немора да се однесува на омилените продукти за месецот, може на денот, неделата, или пак оние кои постојано се наоѓаат во вашето козметичко катче :)
    Но воедно сакав и да даваме подетален опис зашто некој продукт толку ни се допаѓа, како ни помогнал, и која е разликата во однос на другите продукти кои ги имате користено за иста намена.

    Знам дека има тема како - Продукти од кои сте задоволни и од кои не сте. Но сепак мислев тука да им дадеме поголемо значење на оние продукти кои ни се допаѓаат, со опис зошто. Ако сметате дека темата е вишок слободно избришете ја :) (се надевам нема хахаха :$ )

    Еве да почнам јас. Овој месец, благодарејќо на вас девојки го открив најдобриот шампон кој досега сум го користела. ТА ДАМ....
    [​IMG]

    Најпрвин ми се допаѓа тоа што навистина ми помогна против првутот, за разлика од другите шампони кои ја правеа ситуацијата само полоша!!! После ми ја прави косата свиленкаста без употреба на регенератор! А воедно и повеќе не ми се мрси косата после 3 дена :D јухууу :D хаха Иначе да напоменам јас овие проблеми ги немав до пред некое време кога почна косата да ми се мрси, ми се појави првут! Претпоставувам дека е од некој производ кој сум го користела но навистина кој, никако не открив :|
    Иначе ПРЕЗАДОВОЛНА сум од шампонов, поубав неможев да најдам. А воедно и сите Дове шампони ми се преубави :)

    Ајде чекам одговори од вас! И јас ќе ја ндаополнам листата наскоро :)
     
    На AhThatFemaleProblems, Phyramide, FBI и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. frutini

    frutini Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2010
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    252
    Втор продукт од кој сум презадоволна се сенките од Seventeen. Пред неколку месеци си купив 2 нијанси (251 Star Shine, 284 Hot Cocoa) , а предходно имав уште една (238 Rosy Peach). Ги обожавам, и воопшто не се скапи во однос на некои други сенки, по 200 денари се! Ги има во два вида Silky Shadow и Sparkling Eye Shadow. Има неверојатен избор на прекрасни бои.
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]

    Пред се ми се допаѓа пигментацијата. Навистина се пигментирани, и не треба да земате многу сенка за да има убав изглед. Лесно се нанесуваат, и остануваат долго (без употреба на база или прајмер). И плус во едно кутивче добивате навистина многу сенка и ќе ви трае долго време!!! :D

    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
    А еве се и оние кои ги имам јас
    [​IMG]251 Star Shine
    [​IMG]284 Hot Cocoa
    [​IMG]238 Rosy Peach
     
  3. ubavicata123

    ubavicata123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    9
    јас си купив цела колекција од Clear Face на менхетен, за проблематична кожа.Многу се добри антибактериолошки се.
     
    На frutini му/ѝ се допаѓа ова.
  4. frutini

    frutini Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2010
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    252
    За четките од Аура се изнапишав. Но сакам пак :D хахахаха
    Комплетот содржи три четкички-2 за очи и една за руменило. Од четките за очи едната е помалецка и јас ја користам за нанесување на сенка во работ на очниот капак (eye crease-не ми текнува македонското име :| ). А поголемата четка за нанесување на сенка на целиот очен капак. Сите се од природни влакна. Супер е тоа што се убаво спакувани и секогаш кога одите на патување можите да ги ставите во куфер без да се грижите дека ќе се уништат.
    [​IMG][​IMG]
    Тоа се моите први четкички за шминкање :) И сигурно ќе речете дека има 100 пати поубави четки, но за парите за кои ги земав се преубави. Навистина се квалитетни. Од природни влакна, меки, убаво нанесуваат сенка и руменило. Јас таа четката за руменило ја користам и за бронзер :)


    Ајде чекам коментари кои се вашите омилени продукти - споделете искуства, пофалете некој производ, зашто ви се допаѓа :D Па може и на некој друг ќе му се допадне и ќе го купи, па ќе му помогне и на него. :D поздрав :*
     
    На Origjanska му/ѝ се допаѓа ова.
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.270
    Ајде вака мојот производ за фебруари е дефинитивно Maybelline satin liquid!
    [​IMG]

    A зoшто?
    Епа затоа што ми се истроши минатиот месец после речиси 1 година користење на таа нијанса и јас речиси цел фебруари експериментирав со нови пудри божем да сменам, за на крај да си го исфрлам лицето и да ми се појават повторно лишаи.
    Поточно пробав дебора која ми е многу тешка пудра па и ја вратив на мајка ми.
    Купив Менхетен пудра од која лишаите и мозолките ми се појавија и ја џитнав, очигледно менхетен се најтапа за сува кожа пудри.
    Па земав тестери на Боржуа Хелти Микс, ни таа пудра не ми се допаѓаше.
    За на крај да си ја земам старата Мејбилајн Сатин Ликвид и конечно си имам пак пудра со порцеланско лице. И си го вратив сјајот на лицето.
    Не ја менувам и не експериментирам веќе со пудри, крај! :wasntme:
     
    На Origjanska, crazylady, FBI и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    6.195

    А колку ја зема пудрава? Повеќе е за сува или мрсна кожа?
     
  7. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.270
    Maца пишав дека имам сува кожа.
    Исклучиво за сува кожа се мислам дека, добро може и на тие што имаат нормална а сакаат посветкав изглед.
    Даваат сјај, хидратација и посветкав изглед, она што и фали на сувата кожа.
    Не дека свети многу не се приметува тоа дека сувата кожа бара сјајност бара влажност, ова и го дава Мејбилајнот.
     
    На MacaLove му/ѝ се допаѓа ова.
  8. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    526
    Имам комбинирана кожа односно проблем со Т-зоната (поточно челото и носот) иако не е ништо страшно сепак ми претставува нервоза тоа мрсење на овие делови.
    Не се приметува многу, но сепак ми пречи. Минатиот месец од Орифлејм ја купив Essentials balancing face cream оваа крема за комбинирана и мрсна кожа. Јас сум многу задоволна. Го чистам лицето со хлоракол лосион за лице и веднаш потоа го мачкам лицето со оваа крема. Истата постапка ја повторувам секое утро и пред легнување. Кремата навистина ми прави баланс на кожата и немам никаков проблем во текот на целот ден. Си ја има потребната влажност, лицето не ми е ниту суво, ниту мрсно.
    Кожата конечно ми стана онаква каква што посакував да ми биде. Можеби и годи на моето лице, а можеби Орифлејм навистина направиле полн погодок овојпат. Кој знае!?
    Инаку еве сликичка да видите за која крема станува збор:
     
    На M.a.r.i.l.y.n и frutini им се допаѓа ова.
  9. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.917
    Допаѓања:
    671
    овие ми се нови и моментално омилени

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG] :inlove:
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.882
    Mи ја пуштија од Mкд и феноменална е :inlove: [​IMG] и исто така овие лакчињава многу траат,ги обожавам :emo: [​IMG]
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    [​IMG]
    Ја омекнува косата, полесно се расчешлува и дава убав сјај и убаво мириса. Многу поубаво изгледа косата и посвежо :inlove:
    [​IMG]
    До сега еднаш имам користено маскара од оваа фирма и бев презадоволна па решив да земам уште една нивна маскара која има три ефекта т.е. може да се подеси волуменот и густината на трепките и сите три ефекта се прекрасни и се приметува разлика.
    [​IMG]
    Ја добив на подарок и решив да ја пробам и многу ми се допадна. Прво ја омекнува кожата и мириса прекрасно...
     
  12. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    [​IMG]
    Мајка ми ја купила маскарава,а јас бидејќи сакав да сменам малце,ја пробав и останав ваква :o
    Толку добри ми ги направи трепките и тоа само со 1 нанесување.
    Не планирам да ја сменам уште долго време.
     
    На frutini и femina90 им се допаѓа ова.
  13. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.360
    Редактирам ... ова само за тело било а јас тука портокали си ставив :tmi: Сега видов :wasntme: се извинувам за офф топик :wasntme:
     
    На Juicy03 и frutini им се допаѓа ова.
  14. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    153
    моментално омилени продукти ми се млекото за тело на елдена овде во ср го нема никаде и ми го донесе другарката од друг град а решив да си го земам откако ги прочитав постовите на оние кои го користеле и стварно не згрешив прекрасно е убаво мириса и за мене што е најбитно ми ја негува сувата кожа потоа омилена купка е џенерата со мирис на капини и мошус прв пат го купувам и само пофалби за неа а исто така омилени ми се и косметиката на есенс посебно кармините.
     

    Прикачени фајлови:

    • c_big1941999.jpg
      c_big1941999.jpg
      Големина на фајлот:
      15,7 KB
      Прегледи:
      681
    • 4_1283858126.jpg
      4_1283858126.jpg
      Големина на фајлот:
      38,6 KB
      Прегледи:
      681
    • kupka_roze.png
      kupka_roze.png
      Големина на фајлот:
      15,9 KB
      Прегледи:
      680
    На frutini и FBI им се допаѓа ова.
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.100
    Допаѓања:
    74.429
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    одамна е порачано чудово, ама немав појма дека толку прекрасно мириса и вчера се изнауживав во топлата купка, дури и собата ми мирисаше на бела лилија :inlove:
     
    На AnGeL4e009, Mina_Z и frutini им се допаѓа ова.
  16. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    4.725
    Допаѓања:
    61.662
    Пол:
    Женски
    Самооштречките моливчиња од Авон, преубави ми се, а и ми стојат по цел ден.
     
  17. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.294
    Aцикловир 5% во производство на Алкалоид (бе успеав да најдам оригинална слика на интернет)
    Многу ефикасно сретство против херпес. Мојот го среди за еден ден (само не претерувајте со ставање, многу ја суши кожата)
    [​IMG]
     
    На ines.h, Beautiful_girl.. и frutini им се допаѓа ова.
  18. spanko

    spanko Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    521
    Ова би можело да се проба! мака мачам со херпесите, доволно е само да ми застуди малце повеке и оп ете херпес, а понекогаш и по 2,3 на едно место! :devil:
     
    На GuitarLover и snegulka21 им се допаѓа ова.
  19. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.811
    Допаѓања:
    2.100
    Лосион за тело на Гарниер, прекрасно мириса, веднаш се впива и убаво ја омекнува кожата. Го земав од новото Веро, пишуваше дека е нов производ, има неколку различни за различни типови кожа, ама сите убаво ми мирисаа :)

    [​IMG]
     
    На b.monroe и frutini им се допаѓа ова.
  20. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    490
    Омилени продукти за февруари:

    [​IMG]
    Совршено и одговара на мојата кожа!

    [​IMG]
    Му нема замена за вадење на маснотијата на мојава кожа! :)