Пак јас со кремчињата Барајќи Павловичева по сите маалски продавници кај мене, наидов на Беколино крем и маст за бебиња, ми се виде убава кремата и ја зедов. И откритие на месецов ми е Со цинк оксид е(не сум упатена дали е тоа лошо или добро ), ама за лице е фантастична, малце тешко се размачкува, ама ич не е мрсна, се упива одма, посебно за спиење кога ставам, насабајле сум со ептен меко и нежно лице не свети, не се масти кожата, некни баш цел ден бев излезена по сонце, ниту се испотив, ниту засјаев, ептен убава. Еве две недели ја користам, и лицево мое кое има претрпено милион креми, секој ден разна, ме моли да го одморам со бебекрема летово И да, ни „а“ од акна нема Не најдов друга слика, еве моја
Oмилени продукти за месец јуни Hа прво место ми е моливчево на боржуа,одлично е со четкичето,замислете си сте на излегување и се брзате,а немате време за шминка,тука е моливчето smokey eyes веднаш си креираш бронзеров на боржуа,одличен е,плус прв бронзер ми е,и каков сјај дава на лицето ролончето за подочници од гарниер и овие четкиве,нан шега ги купив за 15 долари,изгледаат како четки за по ликовно,но одлични се и со нив ми е полесно да се шминкам и научив нови изгледи,а и подобри се од тие од body shop-што ги платив 40 долари за 4,мислам и дека од природно влакно се,ама овие се 100 пати подобри Спојлер
Аура коректор-можам да кажам со сигурност дека е најубавиот што сум го користела до сега. Посебно нијансата си ја погодив,не се познава на лицето како кафено,туку прекрива и се со некоја светло крем боја.Пријатно се изненадив,а е и со пристапна,да не речам,ниска цена. Течната пудра на Лореал...Цената и е,според мене,малку повисока од другите,но сепак за ваква пудра не е премногу.Убава е,сега засега сум задоволна.Додуша не се ни сомневам во Лореал.
Eѕе вчера заборавив да го постирам ајлајнерот за очи,многу ми е убав,јас како што сум трапава за ставање ајлајнер,овај е одличен
Феноменоменално е гелчево. Ете вечер 3 пат ќе го користам, изедначува, чисти, освежува неверојатно. Со тоа што, пишува 2-3 пати неделно, а и за секојдневна употреба. Јас за секој ден ова ни случајно не го препорачувам, од причина што е пилинг. Па уште и со гранули чим е, никако секој ден. Иначе си ја врши работата беспрекорно. Овие Аура вакви онакви, за нокти змај испаднаа. Кремов е прекрасен, исто и лакчето за зацврстување и раст, па и во боја лаковите. Преубав мирис. Трае онака... Многу. Кога ќе излезам од бањање и после 2 саата влегувам пак во бањата, труе на гелов, многу е убав. Меко, нежно.
Еднаш веќе го пофалив кремот за лице на Nivea Visage, но пак ќе го пофалам пошто лицето ми е беспрекорно чисто...го немам дури ни тој проблем со бубулици пред менструација. Го ставам еднаш само, на сабајле-секој ден. Прво го мијам лицето со млака вода (ладна вода не вади нечистотии, а топлата е штетна за порите на лицето) и ставам од овој кремов... Прекрасен е, едноставно сум пресреќна со моето лице (конечно) пошто секогаш имав барем по една бубулица и лицето ми беше многу осетливо но со кремчево го немам тој проблем. Неможев да спуштам слика па еве ви линк... Го има за различни типови на кожа, а јас го користам ова со плаво капаче.
Моите омилени продукти за јуни: 1. Шампон и балзам Еlseve-total repair 5 Предобри се и двата продукти! Навистина сум задоволна од нив! Ги купив двата во исто време и шампонот целиот го истрошив и сега купив уште еден! Особено балзамот е преубав! 2. Ноќна крема за лице од Korres Оваа крема ми помогна со проблемите кои ги имав со лишаите на лицето. Сите магично изчезнаа само после 2 или 3 користења! 3. Лак за нокти од Debby colorPLAY - 38 Посветкав и појак лак не сум имала! Морав да го ставам на листава затоа што стварно е прекрасен. Има толку многу светки! Еднаш го ставив врз светол лак и изгледаше преубаво, нежно. А вториот пат врз темносин лак, изгледаше како да имам ѕвезди на ноктите! ПРЕКРАСНО хахах сигурно ми се чудите на паметот! Ама морав да ја доловам атмосферата, т.е. ноктите
Овој шампон Изненадена сум од тоа што стварно ја прави косата сјајна и не се масти за еден ден Свежо делува, и што ми е најбитно, содржи екстракт од липа, природен лек А само 71 денар од Тинекс, на акција
Заглавив со едно поткожно мозолче кое стана раничка која никако не сакаше да заздрави и по малце се ширеше постојано. И си седев дома и доаѓа мојата супер бабичка и кога го виде екпресно отиде да ми донесе некоја крема и раната ми зазраве за помалку од ден.
Вчера го купив чудово, после толку многу позитивни коментари кои ги слушнав и воопшто не се каам. Не одолеав да не ја пробам и морав да ставам од пудрава во 23:00 часот( па пак да се измијам пред легнување) Сабајлево пак ставив ама од крајниот резултат сум презадоволна, не ми светнува лицето цел ден, не ми се познава пудрата ( намерно одбрав natural mat) и прекрасно се вклопи со мојот тен (земав нијанса 70) Дефинитивно е мој производ на месецот, на овој и на следниот, се додека не ја потрошам
Мислев нема поубав црвен кармин од мојот, ама имало. Фантазија, не се брише цела вечер, јака боја, преубав вкус. Сјајче, ама уште потраен од карминот е! Најголемиот проблем ми е што боја не можам да си погодам, од овие имам неутрален сјај, ептен малце накај розово, нешто како усните што ми се, беспрекорно стои. Одлични се. Само шо јас бордо имам, неќам дречави.
Јас морам да ја пофалам колекцијта Glam Shine 6hours сјаеви на Лореал.Ги имам во три нијанси,сите се прекрасни и што е најважно трае.... И трае...и трае Може не баш 6 саати ,ама 3-4 саати сигурно ,што мене ми беше вистинско чудо. Ни еден сјај до сега не ми траел повеќе од пола саат-саат,ни Dior ни YSL... Taка да им го препорачувам топло на сите Oва се моите нијанси 106forever young, 103forever nude и 201loyald wild rose. Првите две се посебна приказна.И третата е добра,ама овие две повеќе ми се свиѓаат лично мене
Јогуртот за тело Ванила од Авон... Кожата ми ја прави перфектно мазна и мирисот трае цел ден ! Би го изела ,да не беше штетен
Која од форумџиките го препорача, да е жива и здрава 100 години Не сум имала до сега проблеми со кожата, ама сега дека бремена многу ми е мрсна кожата, а ово ми го прави лицето меко и мазно како на бебе газе