Мои фаворите за изминатиот месец, а воедно и овој се: 1. Eau de Lacoste Sensuelle Lacoste никогаш досега не ме разорачале со своите прекрасни мириси, со нивната трајност и постојаност. Карактеристично за овој парфем, како и за многу други е тоа што не мириса исто на сечија кожа. Парфемов е женствен премногу и многу ми е тешко да ви ја доловам вистинската негова нота, па затоа препорачувам сами да го намирисате. Трајност - презадоволителна. Кошулките и после перење мирисаат на него, што прави уште повеќе да го обожавам парфемчево. Нека не ве буни имево, не е тоалетна вода, туку е парфем. 2. Calvin Klein - Euphoria Liquid Gold Уште еден парфем во мојата колекција, на кој приоритет му давам навечер, т.е. го користам за вечерни излегувања, зошто е за нијанса-до две појак од Лакост. Убава блага, но воедно и остра нота. Ми мириса ептен луксузно и отмено. Траен - исто задоволително. 3. Avon lipstick - Bare impact Карминчево ми е сензација и откритие на векот! Nude боичка која совршено одговара на нијансата на моите усни, без притоа да прави да изгледам бледо. Трае добри 3 часа и не се собира во бела линија на устата, што е мое искуство со многу nude кармини кои сум ги користела. 4. Maybelline Baby Lips lipbalm - Pink punch Совршено лабелце кое остава нежно розева боја, притоа заштитувајќи ги и хидрирајќи ги усните. Воедно и мнооогу убаво ми мириса, поради што чуствувам дека долго ќе се "дружиме".
7. Catrice Camuflage Cream - После толку многу пофалби, морав да го пробам и не се покајав што го купив иако имам многу други коректори што не ми се ни до пола потрошени.Има одлична покривност и трае доста долго, доволна е многу мала количина да покрие голем дел од недостатоците на лицето. 8. Clarins Gloss Prodige - Многу ретко користам сјај за усни, ама со овој имав многу добро искуство. Не остава лепливо чуство на устата како другите што ги имам користено, премногу е траен на устата и усните ги прави по меки и изгледаат по полни. 9. Isadora Face Scupltor - Има малце по висока цена ама вреди за секој денар! Ги користам секој ден сите 3 производи и сум презадовола, мислам дека брознер хајлајтер и руменило нема да купам наредниве 2 години, значи премногу бавно се троши трае ненормално многу на лицето и изгледа предобро. Повеќе кај мене на блог, сакам со се слики ама ако ги преземам се многу големи еве линк http://rosee96.blogspot.com/2015/01/monthly-favorites.html#more
Одамна не пишував тука, па сега би да издвојам производите за ладново време, кои најмогу ги користам. Периодов значи сува, те. сега дека сум бремена и пресува кожа за мене, па со овие најмногу се шлапам Ајде прво од косата: Орзен шампон и регенератор за сува коса. Тука на форумов читав пофалби за орзен па го земав и сум задоволна. Косата ми има живост и сјај, убав мирис, лесно се фенира. Алверде пилинг гел. Мада е за нормална кожа, го користам одвреме навреме, многу убаво ми го чисти лицето. Ноќна крема афродита - невен. Периодов само оваа крема користам, и за ден и за ноќ. Мирисот и е очаен, густа е како павловиќева, ама ми го оправи лицето. Толку ми беше исушено, дури кај носот ми се перуташе, па се вцрвенуваше, кремава навистина ми го смири лицето и некако како да го измазни. Не дека имав брчки, ама какво ми беше суво, дури и ко линии некои да приметував на челото. Сигурно нема да ја користам штом малку се стопли ама за сега ми е погодена, дури брзо ми ја впива кожата и ја користам дури и како подлога под пудрата. Пилинг гел Балеа - го користам почесто неголи во лето, токму поради сува кожа која на некои места ми се перута, за подобро да ги отстранам мртвите клетки. Мирисот ме освежува. Кокосово масло/путер биолајф Го користам за тело. Брзо се впива, одлично ми е. Ем и органско Афродита невен крема за рацете Без крема за раце не се живее Ги омекнува и хидрира.
GIVENCHY PLAY INTENSE - Моето ново откритие..неколку месеци по ред барав некој " сладок парфем " и случајно кога бев во космо го помирисав и толку беше,се заљубив во парфемов..Добив многу комплименти на него,незнам како порано не сум го приметила со оглед на тоа што одааамна е излезен.Ама ете, it's mine now ! ESSENCE SILKY TOUCH BLUSH-60 LIFE'S CHERRY- Преубава боја, доста пигментирано,премногу ми се се допаѓа како стои,дава некоја убава розево-портокаловка боја на јаболкниците..бидејќи е многу погментирано треба да се внимава со количината на нанесување,сосем малку е доволно и дава убав и свеж изглед на кожата . ESSENCE SOO GLOW CREAM TO POWDER HIGHLIGHTER-10, LOOK ON THE BRIGHT SIDE- Многу добар хајлајтер кој дава преубав сјај на кожата.Не е мат,малку е светкав ама си ја врши супер работата. ЕSSENCE LIPSTICK- 12,BLUSH MY LIPS - Совршена розова боја,се заљубив,буквално секој ден го имам на себе.Можеби на некому би му била пренападна за преку ден,бидејќи бојата е стварно интензивно розова..ама јас обожувам вакви боички и не го симнувам од мене BABY LIPS-PINK PUNCH- Повторно нешто розово Фала богу што дојдоа и во МК..преубаво лабелце,преубава боја,усните ги прави мнооогу меки,со еден збор совршено е ! А да,и има препрепреубав мирис Па во деновите кога не ставам кармин,си го нанесувам лабелцево-ем ми ја заштитува устава и ми ја прави мека,ем остава преубава розева боја.
чудово е за целулит, и јас сум фрапирана од него, го користам повеќе од два три месеци, и еднаш дневно после туширање се масирам со него, видливи резултати имав после 2 и пол недели, дава мекост на кожата, ја затегнува и не немам целулит благодарение на него. Го препорачувам.
Loreal 4d architect mascara- Уште еднаш потврдувам дека маскарите на Лореал се најдобрите што сум ги користела. Маскарава на моите трепки им даде многу волумен и ми се допадна што бојата е интензивно црна ,дефинитиво би пробала и други маскари од Лореал Essence mattifying powder 10 light beige Иако се уште ја имам камената пудра на Есте што за џабе лупнав 38 евра за неа , решив да пробам некоја многу поевтина пудра,ја земав да пробам некоја на Есенс и не зажалив , лицето го матира и стои 4-5 часа сигурно на лицето
1. Mixa Bi phase Cleanser Прв пат користам производ од оваа марка и веднаш ми се допадна. Откако ми се потроши Лореалот се двоумев дали да го земам истиот или да сменам, ама таков човек сум па сакам да пробувам нови работи, ретко купувам ист производ повеќе пати. Се одлучив за овој отстранувач на шминка од Mixa, го користам за отстранување на шминката од очите и можам да кажам дека е многу ефикасен. Наменет е за сензитивни очи, можат да го користат и луѓе кои носат леќи. Ми се допаѓа што е нежен за очите, содржи масла и не ги иритира и брзо ја вади и маскарата. Препорачувам 2. Misslyn Luminous make up Ја купив пудрава за секојдневна употреба, за многу пристапна цена, околу 490 денари и позитивно ме изненади. Доста е покривна, а не е тешка, го изедначува тенот и одговара совршено за мојата сува кожа. Трае по цел ден и дава некој здрав сјај на лицето. Одлична ми е за на работа и за денски излегувања. Јас ја имам најсветлата нијанса 04 и ми одговара на тенот. 3, Chen Yu Compact Powder Бидејќи имам сува кожа, немам некоја потреба за камена пудра, но понекогаш сакам матиран изглед и за таа намена ја имам оваа пудра на Chen Yu. Ја имам купено од Космо, не се сеќавам на цената но знам дека не беше ефтина. Позитивната страна е што многу бавно се троши и ќе ви трае долго време. Кога ја користам лицето ми стои мат цел ден, најчесто ставам на Т зоната и не светнувам воопшто. Доколку сте во потрага по добра камена пудра, пробајте ја 4. Mac Heroine Lipstick Kaрминов е OMG. Долго време бев во потрага по оваа боја, ја обожавам посебно за зима и кога бев во странство си го купив ова чудо. Луѓе карминов е совршен. Мат е и долго останува на усните. Единствена мана му е што е дури и премногу мат и после некој час ги суши усните и тогаш го бришам и нанесувам одново. Но тоа не ми е и некој голем проблем во споредба со предностите. Боја - совршена, трајност- одлична, комплименти- безброј Доколку ви падне во рака, купувајте го без двоумење
Најдоброто што и се случило на мојата косав ) Го купив заради сјај, а тоа и стилизира, локните ми се секогаш прекрасни како да сум излегла од фризерски салон, а косата мека..
Не за месецот, за годината! 1. Orzene shampoo. Толку е убав, свеж. Од кога дознав за него, не сум престанала да го користам. Косата ми е како свила! 2. Giordani Gold mascara. Многу е добра. Трепките ми ги праве така како што сакам. Е малце е поскапа, но вреди.
Долго ме немаше...морав да се повлечам малку од форумот. Да не одам оф-топик. Првин за четката од Бај ин Коинс Не е марка,но е многу убава. Влакненцата се меки и нежни и што е најважно не боцка. Морав да ја ставам во оваа категорија, јас ја користев пред некој ден прв пат при нанесување на бронзер и бев презадоволна. Можеби не е за таа намена, но може да се снајде и за оваа работа. Avon Luxe камена пудра Воопшто немам навика да порачувам пудри од Авон. Од течни па до камени. Мислам дека со оваа пудра го скршија мразот. Јас сум презадоволна, се прилагодува на лице и е високо прокривна. Јас ја зедов преку @lovemme по цена од 270 денари со маска за лице. Тоа беше промоција во каталог 01/2015. Од друга страна делува како луксузна пудра и навистина е тоа. Вреди за парите. Гел-туш за очи Го обожавам, лесно се нанесува и долготрае. Интензивна боја остава и не се размачкува воопшто. Едина мана е што шминките ми стојат во мојата соба па кога е топло тушот се топи. Го спасувам така што повеќе ми стои во фрижидер. Сега иде лето, па нема таков проблем. Го порачав од бај ин коин со четче. Четчето не ми се допаѓа. па го нанесувам со друга четка. Како и да е, не е скап. Може да се проба и нарача. Маскара Rimel Extra Wow Lash ( ја заборавив па морав да редактирам) Незнам зошто се жалите,маскарава е супер. Супер ги прави трепките само што маната и е дека не остава интензивна боја. Јас ја користам за секојдневно излегување и солидна е за тие пари. Јас зедов на попуст во ДМ за 139 денари.Ми се допаѓа четчето, мене не ми ги лепи трепките. Сепак има разлика од трепка до трепка. За сега, толку. Се гледаме нареден пат.
ПРЕДОБАР!! Немам зборови да го изнафалам. Чисти се што се наоѓа во порите, вади буквално секаква нечистотија. Никогаш немав проблем со бубулици, ама сега и тие пред добивање што ги имав - ги немам, а и да искочи некоја, ја суши за еден ден. Предобар, ќе се дружиме уште доооолго. Имам масна т-зона и ептен сум задоволна од тоа како производов матира и држи едно 5-6 саати да не светнам. Одличен е стварно, и природно изгледа на лице Не ми е поголем фаворит од мат кармините на Голден роуз, ама со оглед дека најмногу овој го користев месецов и се покажа како одличен, заслужува да се најде тука. Има одлична кремаста структура, трае 3-4 саати ( со јадење, пиење во меѓуреме). Ми се допаѓа, сигурно ќе купам уште некоја боичка. Одлична крема, посебно за ладниве денови. Ги смирува рацете, ги негува.. Одлична
Епа ајде и јас да споделам со вас кои се моите омилени производи за месец јануари. Да не бидам пристрасна ама имам некои на список кои се омилени подолго време и ќе останат се додека не престанат да се произведуваат, но има и некои кои сум ги користела за прв пат месецов и сум поприлично задоволна но би си сменила со цел да пробам нешто ново. Ајде да почнам.... 1. Парфем La rive cashmere Парфемов го добив на поклон и можам да кажам дека ми се допадна. Искрено јас би го сместила во групата на зимски парфеми. Има некој пудрести тонови кои ме пленија. Инаку цената е околку 450-500 денари. За трајност не е нешто баш траен, околку 2-3 часа и после не го чувствувам. Инаку дојдов до информација дека овој парфем е копија од Диор- Кенди. Искрено не би го купила повторно. Од мене 8,5/10. 2. Catrice Ink Eyeliner Долго бев во потрага по нов туш, со цел да го сменам тој на Голден розе со тврда четка, па налетав на овој кој ме плени со неговата цена првенствено. Инаку околу 200- 230 ден. Има мека четкичка која служи за лесна апликација. Бојата е црна како најцрна ноќ што е доста позитивно. Го користам веќе 3-4 месеци и уште не е засушен. Лесно се мие, а на суво се лупи само. Се на се задоволна сум го него. Од мене 9/10. 3.Balea универзална крема Нешто најпрекрасно ако станува збор за амбалажата и мирисот според мене. Го купив само заради огромниот број на коментари од Вас феминки, си реков да видам што е ова слатко мало сенаменски и можам да кажам дека не згрешив. Цената е колку 80 ден. Станува збор за мултинаменска крема која е добра секоја дама да ја има во својот несесер. Јас ја користам за рацете и усните, пробав неколку пати на лицето ама не ми се свиѓа затоа што првенствено нема некоја солидна хемиска структура и заради тоа што мојава мрсна т зона не ја прима и уште повеќе светнува. Има многу убав црешов мирис кој трае одредено време. Од мене 8/10. 4.Rosal Sensitive LipBalm Едно од подобрите лабела кои сум ги користела. Ми го купи мајка ми и и пуштам рака за одличниот избор. Цена сигурно околку 100 ден. Лабелово е доста хидратантно и не остава боја што за мене е огромен плус. Нема некој мирис туку онака дискретно се чувствува мирисот на камилица. Не сум некој голем фан на лабела ама може да се каже дека ми стана омилено. Лабела обично користам по потреба. Од мене 10/10. 5. Шампон Wash and Go со екстракт од квасец Го купив скоро пред 2 месеци кога бев во потрага по шампон кој би и дал волумен на мојава коса и малку да ја опорави од фарбите. Го земав на акција 750 мл плус 200мл за 200 ден во Веро. Можам да кажам дека добро ја чисти косата, се осетува свежина после капењето, мирисот не останува на косата, но и онака нема некој јак мирис шампонов. Пишува дека е за волумен кај мене ни В од волумен незнам зошто но сепак како шампон добро си ја вршеше работата. Јас го искомбинирав и со таблети Б комплекс па и така го бива. Искрено не би го купила повторно. Од мене 8/10. 6. Бекутан бебешка крема Јас оваа крема ја користам за лице бидејќи на моите 20 години сметам дека не треба да го оптоварувам моево лице со некои тешки креми. Имам доста чисто лице, само во мензис по некое мозолче, па доволно ми е кожата да ми се навлажнува со кремот да е мека и сјајна. Цена искрено незнам подолго време го имам кремов. Искрено не би купула друг крем барем во наредниве 2-3 годни. 10/10. 7.Здраве крем Ова кремче не ми е за секојдневна употреба туку како што и претходно кажав само во период на мензис кога лицето има по некое мозолче. Ставам еднаш дневно само на мозолчето и за 2-3 пополека се суши и не останува како лузна. Интересен производ а ефтин. Цена околку 60 ден. Од мене 10/10. 8.Balea soft and young гел за миење на лице Интересен производ кој долго се мислев дали да го купам. Станува збор за гел со ситни гранули кои го пилингуваат лицето и ги отстрануваат нечистотиите и мртвите клетки. Наменет е за комбинирана младешка кожа со екстракт од овошни киселини. Мојава мрсна т зона ја стабилизира солидно. Цена 132 ден. Го користам веќе 2-3 месеци и многу сум задоволна. ОД мене 10/10. 9.Гарниер 5 protect Омилен производ за сите времиња. Љубов најголема. Верност до бескрај, Од толку испорбани антиперспиранти овој е мојот спас. Не остава бели траги на облеките, одма се впива, не еритира, и плус остава убав мирис на пудра. Не дозволува да се испотам верувале или не цел ден. Цена околку 160-180 ден. 100 од 10 хехехех.
Golden Rose velvet matte lipstick 13 Многу добро карминче,за бојата да не зборувам ама и многу трае,јас еднаш од вечерта си ставив да го испробам и дури сабајлето сеуште ми стоеше.А за тоа дека е мат голем плус Dove soap И од сапунчево сум задоволна бидејќи многу ми се исчисти лицето откога го користам заедно со пудра од дерматолог.
Од млеково за тело сум презадоволна. До сега не сум користела производи на Гарниер и сум позитивно изненадена. Имам многу чувствителна кожа, а од овој производ не ми се појавува никакво црвенило или пецкање.
Месецов имам само два нови производи кои ги сместувам во омилените Avon perfect eyebrow kit (нијанса soft brown) Долго време користев моливче за веѓи, ама сакав да пробам некоја ваква палета. Прво ја барав онаа на Есенс со две нијанси, ама не знам зошто не успеав да ја најдам. Па кога ја видов оваа во каталогот на Авон, си реков ќе ја пробам, зашто и онака не беше многу скапа. И презадоволна сум! Прво се нанесува балсамот, а потоа сенката. Има убава пигментација, прилично е долготрајна, а и нијансата си ја погодив. Споро се троши, така што се исплати секој денар. Единствена замерка имам за четката - некако премногу е тврда, првиот пат кога ја пробував буквално заринкав во сенката. Ама имам други такви четки за веѓи, така што тоа не е проблем. Balea сув шампон Обично многу ретко се случува да не ми е миена косата, зашто и онака секој втор ден вежбам, а после вежбање задолжително следи туширање. Ама ете, некогаш се случува да треба на кратко да излезам, а да немам време да ја измијам косата, па на помош доаѓа шампонов. Досега користев бебешка пудра за такви потреби, ама решив да пробам сув шампон. Го начекав во ДМ на некаква акција, така што и да не ми се погодеше - ќе ги прежалев парите. Ама задоволна сум. Има убав мирис, за кој се плашев да не биде премногу интензивен, ама не е. Лесен е за користење и во неколку потези имате чиста коса
Омилени за месец јануари: 1. Planet Spa маска за лице со минерали од мртво море Прв пат користам маска за лице, а кај оваа посебно ми се свиѓа мирисот и чувството што и го дава на кожата кога ќе ја нанесам на лице, некако ми ја разладува и освежува кожата. 2. Seventeen Time Plus течна пудра Пудрава ја имам подолго време, за моево лице конкретно ми треба мала количина колку да го изедначам тенот, а според мене доста покривна е па не ми треба многу Јас не ставам пудра секој ден т.е. ставам 1 до 2 пати во неделата, а оваа од Seventeen ми е најдобрата што сум ја користела до сега. Има SPF15 и пчелин восок и некако многу убаво ми легнува на лицето, убав и свеж изглед ми дава. 3. Essence молив за усни нијанса ~ Satin Mauve ~ Е моливчево ми стана најдобро другарче, сегде си го носам со мене и го користам скоро секој ден. Бојата е совршена баш како што барав, прво мислев дека нема да ми стои на тенот али испадна обратно. Би сакала уште некое да си купам, за 75 денари И ТЕ КАКО ВРЕДИ! 4. Aura Moods мини сенка за очи Последниот пат кога бев во ДМ влегов само колку да прошетам и да разгледам што има, ама како и секогаш - со празни раце од таму не можам да излезам. Земав 2 сенки, 1+1 гратис за 100 и нешто денари не ми текнува точно колку беа. МНОГУ се убави, боиве ми се нова љубов (ќе ставам слики од моите сенки пошто на интернет не успеав да најдам). Едина мана им е што се ронат кога ги нанесувам ама и за тоа има чаре, си ставам палома под очите и без гајле си се шминкам. 5. Четка за течна пудра и виткач за трепки од Oriflame Четкава не ми беше нешто омилена се додека не и ја најдов цаката , претходно ја користев со тоа што ја влечев надоле размачкувајќи ја пудрата и не ми се свиѓаше ефектот што се добиваше така, па пробав да ја тапкам како со сунѓерче и испадна супер. А виткачов за трепки е топ, ми ги отвара очите и ми ги витка и крева трепките па дури и да не ставам маскара пак ми изгледаат преубаво. Ова ми стана омилена рутина, без да ги извиткам трепките од дома не излагам.