Одамна, многу одамна не сум пишала тука. Ќе издвојам дел од производите кои ги „напнувам“ периодов, зашто крај ќе нема постов ако ставам сè што ми е омилено. Да започнеме со ред. 1. Пена за чистење и крема за лице, Alverde. Производиве намерно се во комбинација, зашто ми се како комплетче, едно без друго не идат. Уште кога видов дека „постојат“ и дека се за мој тип на кожа, си кажав оти мора да бидат мои. А, тука се зашто за кратко време ми станаа фаворит. Имаат нежен мирис на лимета и јаболко, навистина освежуваат. Кај пената ми се допаѓа тоа што не суши и не иритира, а сепак преубаво ја чисти и освежува кожата. Кремата е исто многу убава, лесно и брзо се впива и не остава масни траги. Одлична и како подлога за под пудра. Сè на сè, одлични производи за евтини пари. 2. Део рол-он без алуминиум хлорид, Alverde. Од Аlverde викаат дека содржи екстракт од ориз и алое вера гел. Го купив ролончево по препораки тука на форумов. Иако ич ама ич не бев љубител на рол-они. Ама, ептен пристапна ценичка и си викам: што да не? Искрено, првите два-три пати бев онака: хм... што е ова толку посебно?! Некако... имав чувство како да не ме штитеше доволно. Арно ама, се фаќав себеси како почнав редовно да го употребувам и покрај мојата своевремено омилена Рексона. И не го менувам веќе, прекрасен е. Убаво штити, убаво мириса, не содржи алуминиум хлорид и можеби за некој најважно - многу е економичен, ептен споро се троши. Го имам три месеци, а секојдневно го користам. Колку за споредба - две Рексони купував месечно. Има уште два мириси од ролончево, тие не ми се пробани и не знам како мирисаат. Overall, oдличен производ. 3. Масло за коса од арган и бадем, Alverde. Маслово мириса цитрусно, а е од бадем и арган. Кутивчето ми е фрлено за да видам на што се должи тоа. Фино масленце, ја скротува и смирува мојата пресува коса, а и љубител сум на вакви „интересни“ мириси. 4. Коректор во стик, Catrice. Многу е темен на сликава. Јас ја имам нијансата 040 Sand Beige која мене ми се чини најсветла, а и чудно некако им се распоредени нијансите. Го користам како хајлајтер под очите, има некакви дискретни светки низ него, а на кожа изгледа баш онака сјајно. Пак би го купила. 5. Крема/маст од невен, Balea. Одлично за поправање на грешки од типот на неспретно депилирање. Мачкам на надусниците кога имам црвенило и исчезнува многу побрзо. Негува сува кожа на било кој дел од телото. Испукани раце, лакти, колена. Крема која обавезно мора да ја има во сечиј дом. 6. Дневен пилинг за лице, Clean&Clear. Многу, ама многу си го сакам овој пилинг. Одличен за секојдневна употреба (нагласено е!), многу нежен и не ја суши кожата. Одличен за тие на кои пилинг еднаш/двапати неделно не им е доволно. 7. Шмпон за коса, Sunsilk 2in1. Секогаш користам најразлични шампони, експериментирам доста, ама поубав шампон од овој за мојата коса нема. Единствен со кој мојата коса станува мека, сјајна и единствен со кој сама успевам да се исфенирам. Го сакам! 8. Двофазен спреј за сува коса, Sunsilk. Го обожавам спрејчево. Има екстракти од масло од арган и бадем. Многу убаво ми мириса. Ја отплеткува косата, ја омекнува и ја остава сјајна и миризлива. 9. Гел за туширање, Нивеа. Овој месец уживав во класичната Нивеа, пакување од 750 мл. Генерално најомилени Palmolive & Nivea, од кои благодарение на мајка ми, секогаш имам барем 3-4 различни видови по дома. Колку и да експериментирам, нив секогаш им се враќам. Форева' ин лов! 10. Лосион за тело Hypnotic Poison, Dior. Не знам со кое име да го опишам лосионов. Ништо не е доволно. Уникатен. Култен. Диор. И трае, и трае... 11. Forbidden Euphoria, Calvin Klein. Римејк на класичниот Euphoria, CK. Овој и парфемов подолу најмногу ги напнувам периодов. Овошен и сладок, но сепак оние „посекси“ ноти од мистериозни пачули и „дрвенастиот“ мирис преовладуваат. Би го купила повторно и повторно. 12. Парфем и лосион за тело She WOOD Velvet Forest Wood, Disquared2. Исто римејк, овојпат на првичниот She Wood на Disquared2. Иако Гугл вика дека имат различни состојки мене, искрено, скоро ич не ми се разликуваат. Пудрест и дрвенаст. Унисекс, буквално. Би додала и рокерски. Дефинитивно парфем кој не би го носел секој. Парфем кој не ни одговара секому. Мој стил, дефинитивно. Јас сум јас кога го носам парфемов. И дечко ми е вчудоневиден, а обично сака „посекси“ парфеми. Толку народе засега, многу препаратива, малце декоратива. Таков ми беше и месецов, по дома бев повеќе, спремав испити.
@senza.parole зарем уште ги има шампоните на sunsilk по продавниците? Кај го купуваш? Памтам уште многу одамна користев неколку од нив и ми беа топ.
Биотен СС крема Позитивно: - Текстурата на кремата е онака густичко кремава, не е течна. - Лесно и рамномерно се нанесува и бленда. Јас ја нанесувам со четка. - Супер ниска покривност, која се надоградува со нанесување на втор сло и при тоа нема да изгледа тешко. Покрива некои полесни црвенила, не совршено ама онака задоволително ги покрива порите, ситни брчки. - Ја хидратира кожата. - Дава ептен природен и свеж изглед, баш го измазнува лицето, го прави ко фотошопирано, само да напоменам дека моментално не ми е совршено чисто лицето ама немам којзнае што до толку потреба да покријам. - Не ми предизвикала алергиски реакции бубулици. - Трајна е, ми издржува 9,5 10 часа без да е ни најмалку избришана, за повеќе ја немам тестирано. - Има пријатен мирис кој не е преинтезивен. - Највеќе одговара за нормална и сува кожа. Јас имам комбинирана кожа (нормална со мрсна т-зона) па обавезно ставам и камена пудра одозгора. За два три часа светнувам, за 9, 10 саати колку што е на мене два до три пати го тапкам лицето со палома, и плус да напоменам дека ставам обична дневна крема под оваа крема, што се мислам дека можеби и доаѓа премногу хидратација на кожата. За зимово ми е супер кремчево дека ми е малку посува кожата од ладното ама за летно време ич нема да ми одговара. - Пластична туба со мало отворче, погодно да си извадите колку ви е потребна количина - 50ml - Цена 157 ден. Негативно: - Достапна во две нијанси: Light i Medium. Ја земав light нијансата бидејќи сум бела џоа сирење + бледа. Мене ми е темна па морам обавезно убаво да изблендам и на вратот. Според мене мислам дека највеќе ќе им одговара на девојќи што обично бираат беж нијанси на пудри, значи не е за они е што бираат ивори или порцелан нијанси. Нијансата е за луѓе со жолт подтон. Бојата изгледа убаво, значи не изгледаш ко жутица да имаш. - Без да се допирам не ја осеќам на лице ама кога ќе се допрам со прстите има лепливо чуство и треба да внимаваш кога се гушкаш со некој да не му оставиш флека. Balea 3in1 чистење пилинг маска Првите два три пати кога се миев чуствував како благо ладникаво лутење на кожата особено на порите, и од тогаш навака ми се нема повторено тоа чуство. Се си мислам дека најверојатно убаво ми ја прочисти кожата па затоа веќе го нема тоа чуство или па самата кожа се навикна. Како и да е овој гел-пилинг навистина убаво ми го чисти лицето, ја освежува кожата и ја измазнува. Го користам секојдневно некогаш и наутро и навечер или пак сабајле со дав сапун, а навечер со него. Има освежителен цитрусен мирис. Пред него еднаш неделно правев пилинг со шекер и лимонов сок, ама со ова нема воопшто потреба, пилингов е доволно нежен и доволно јак за секојдневно користење.Го користам околу месец ипол и да ви кажам можеби е од него, а можеби и не е, ама лицево баш ми се подзачисти, дури и кога имав добинено не ми се нафрли кожата. Ми стана омилено средтсво за чистење на лицето. Цената не ми текнува колку беше ама не беше скапо околу сто и нештo. Catrice eyebrow set Прекрасно пакување со огледалце и фиокичка во која има чупалица и двостарно четче за веѓи. Сетот содржи и две кафени сенки, една посветла и потемна. И двете сенки се ладно кафени, значи не маваат ниту на жуто или портокалово. Имаат одлична пигментација, ако имате како мене бебешко плави веѓи и изгледате ко да сте без веѓи, треба да внимавате да не се зацрните ептен. Јас не ја користам четкичката од сетов, некако ми е незгодна бидејќи е мала, си ја користам закосената четка за туш на есенс. Цена 275 ден. за 4g.
eveline x-treme gel effect top coat Ова е прв top coat што го користам и сум презадоволна од него.Генерално на Евелин овие лакови ептен ми се погодени,предходно долго време го користев тој 8во1 што е за зацврстување на ноктите и од тој како и од овој бев презадоволна.Овој го зедов по препорака на другарка и не се покајав.Се ставаат максимум 2 слоја на предходно налакирани нокти и исушен лак.Дава убав сјај на лакот на ноктите и го задржува многу подолго него што вообичаено би траел без него. Може да се користи и само како безбоен лак а може и како top coat.Го купувам од Дм по цена од околку 132 ден. ако не се лажам. Balea trend it up Спреј за заштита на косата од топлина и пукање.Лично не знам колку заштитува од оштетување бидејки се зависи од тоа колку често ја третирате косата со преса,фен или ја виткате.Јас не ја пеглам често и не ја виткам но затоа најмалце еднаш неделно ја фенирам.До сега немам се покажал убав спрејов од кога ке го напрскам на коса ,косата ми станува свиленкаста ,лесно се рашчешлува и имам забележано многу полесно се облкува и се фенира. Има многу убав и пријатен мирис иако не е траен и се губи многу брзо. Како што кажав за заштитата не можам да зборувам многу бидејки да бидеме реални ако некој секој ден е со пеглата за коса во рака ни Господ нема да му помогне да ја сочува здрава и убава а не па некој козметички производ.Го купувам од Дм по цена од околку 160 ден. Balea Feuchtigkeits-Shampoo Mango + Aloe Vera Шампонов го користам со години иако не знам за точно каква коса е наменет.Има преубав мирис и многу убава пена прави па косата ја чисти совршено.Мирисот се задржува долго на косата и и дава некој свиленкаст и нежен финиш. Лично сум презодовлна од шампонов никогаш не ми направил проблеми со скалпот на главата и не ми предизвикал некакви иритации.Го купувам од ДМ по цена од околу 100 ден. Balea body lotion -White passion Лосион за тело со преубав мирис.Штета што е лимитед едишн бидејки јас постојано би користела.Има убава хидратантна формула која брзо се впива во кожата но мирисот останува да трае и трае. Од лимитед едишн на Балеа го имам и тој дијамантен траум од кој исто сум презадоволна.
Најупотребувани овој месец: Прекрасна колекција,единствена маана им е нанесувањето,практично би било да имаат пумпичка или ролон. Ми се допадна тоа што не содржи алуминиум. Како и сите нивни лосиони за раце,солиден квалитет за таа цена.
Benefit They're Real Не е залудна целата галама што се крена. Совршенство од маскара. MAC Rebel Во потрага бев по нов кармин со темна нијанса, и си го земав овој. Вреди за тие пари, нема лош мирис, не мрда со саати а бојата е прекрасна. Asso Derm Секогаш се навраќам на сапунов, на мојава осетлива кожа и тоа како и одговара.
1. Catrice Nude Illusion пудра за лице Кога ја купував пудрава бев мноооогу скептична, ама пак многу сакав да пробам некоја од пудрите на Catrice. Пред да ја купам оваа ја користев L'oreal True Match. Во споредба со таа пудра, оваа ми е многу подобра. Пудрата има средна покривност, лесно се размачкува и мирисот и е сосема океј.. Пудрата има нормален финиш кој не е ни мат ни dewy. Јас сакам мат финиш, па затоа си додавам камена пудра која ми ја продолжува и трајноста на пудрата. Ја немам носено без камена па не би можела да кажам колку е трајна така, ама со камена пудра без да светнам издржува околу 4-5 саати. Со мали поправки (тапкање со палома/додавање камена пудра) издржувам и по 8-10 саати. 2. Catrice camouflage коректор Мислам дека нема потреба да навлегувам во детали. Одличен коректор! 3. L'oreal triple active крема за нормална и комбинирана кожа Ова ми е второ пакување од оваа крема. После користење на секакви креми можам да кажам од оние drugstore производи дека оваа ми е омилена, Секако дека не може да се спореди со кремите на Eucerin и Avene. Но, барајќи поефтина варијанта ја открив токму оваа крема која ми е верно другарче во последниве 4-5 месеци. 4. Балеа серум за лице Искрено појма немам за каква кожа е наменер серумов. Најчесто налетував на критики сека е за цува и нормална кожа, но и многу девојќи со комбинирана или мрсна кожа имаат напишано позитивни рецензии. Го користам скоро 1 месец и навистина ми е омилен месецов. Оваа зима кожата ми е многу посува од обично, а и бев болна па кожата околу носот ми беше партал. Серумов ми го спаси лицето. Кожата на носот и околу него за 2 дена ми се обнови. Го користам наутро и навечер и не ставам крема после него. Доволен ми е серумот. Го немам пробано под пудра, мислам дека нема да ми одговара. 5. Балеа 3 во 1 гел за миење лице Овој гел за миење не за џабе е толку фален по форумов. Две недели го барам во сите ДМ додека конечно не го најдов. После 1 месец користење можам комотно да кажам дека одлично си ја врши работата. Го користам скоро секој ден, наутро и навечер. Приметив дека порите ми се малку намалени и многу помалку ми се масти лицето во текот на денот, а и доста флекички ми избледеа. Во комбинација со серумот споменат погоре, лицето ми е изгледа многу освежено, кожата ми е поздрава и помека. 6. Sleek Storm палета со сенки Палетава ми стигна пред 1 недела и морав да ја ставам во омилени продукти без разлика што ја имам користено само краток период. Ја нарачав од sleekmakeup.com по цена од 10тина евра. Ми стигна за 1 месец поради празнициве и лошата организираност на нашата пошта, а инаку стига за 2 недели. Количината на сенките е навистина мала, но доволна за да трае барем 5-6 месеци со постојано користење на палетата. Со оглед на тоа дека цената и е смешна, јас сум задоволна и од количината на сенките и од бројот на сенките и од боите. Не можам да издвојам некоја омилена боја/нијанса, бидејќи си немам многу играно со палетата, но до сега што имам ги имам пробано, последната од првиот ред и првата од вториот ред ми се омилени. Пигментираноста и трајноста им е супер. Има 12 сенки од кои само 3 се мат (трета од првиот ред и последните две од вториот ред), а останатите се седефасти, но не со онакви сељачки светки, туку баш како што треба. 7. H&M палета Мала слатка палета што морав да ја купам додека очајно ја чекав палетата од Sleek. За цена од 6 евра јас сум позитивно изненадена од пигментираноста и трајноста на сенките, а послебно на руменилата. Не можев да најдам поубава слика каде што боите изгледаат многу пореално. Руменилата не се воопшто темни како на сликава, туку се убава корално портокалова нијанса и розева нијанска со ситни неприметливи светки. Одлични се и во комбинација заедно. 8. Dolce & Gabbana Rose the one Не знам баш да опишувам парфеми, па затоа и нема ни да се трудам. Ќе кажам само дека Долче си е Долче. Трае цел ден и е прекрасен, нежен и елегантен. 9. Гарниер млеко за тело за сува кожа Оваа зима кожата на телото многу ми се исуши, што не е нормално за моето тело. Во принцип имам нормална кожа на телото, со малку суви нозе. Но овој период се соочив со прилично посува кожа која почна дури и да ми се перута, Откако го користам ова млеко за тело кожата ми се нормализира и ми стана премногу мека. Презадоволна сум, пре! Мнооогу добро млеко за тело, со дискретен мирис кој трае доволно долго и дава чувство на чистота и свежина. Мх.
1. Субрина шампон со макадамија Ми се чини дека од сите шампони достапни кај нас, ги немав пробано само оние на Субрина. Месецов приметив дека се почесто ги фалат на форумов, па побарав на интернет и прочитав доста добри критики за шампонов. Се решив да го купам и можам да кажам дека конечно најдов шампон кој не е против првут, а не ми создава иритација на скалпот. Прво го имав купено шампонот против првут на Субрина, но не е добар како овој. Одлично го хидрира и негува скалпот и косата ја прави свиленкаста. Убаво мирса, приметив дека мирисот е скоро идентичен со шампонот на Гарниер од авокадо и шеа путер. Дури не ми е потребно пеглање, само со фенирање добивам ефект на права коса. 2. Балеа регенератор за коса Прекрасен регенератор, добро ја негува косата и мириса....прекрасно. Штета што шампонот од истата линија воопшто не ми одговара, во спротивно постојано би ги користела овие производи за нега на коса. 4. Балеа серум за коса Немам зборови со кои би го опишала серумов. Перфектно ги негува врвовите, не дозволува косата да се електризира или разлетува, презадоволна сум. Прекинав со користење на спрејовите на Глис, серумов има милион пати поголем ефект. 5. Балеа лосион за тело Мириса преслатко, комбинација помеѓу чоколадо, марципан и карамела Бидејки е маслен лосион, далеку е похидратантен од останатите лосиони на Балеа. Она што ми остави најголем впечаток е дека мирисот трае и трае....дури и облеката ми мириса слатко од него
1. NYX Eyebrow cake powder - Dark Brown/Brown Сет за веѓи никогаш немав користено, имам темни веѓи и мислев дека немам потреба од ваков препарат. Се додека не го пробав овој сет. Предобар е . Веѓите изгледаат баш природни, не како пијавици закачени над очи. Има во него и четче со кое се нанесува, има и гел за на крај да се фиксираат веѓите. Одличен производ 2. Artdeco Glam Stars Eyeshadow- Champagne Star Станува збор за оние малечки сенки на Артдеко, со магнет што се одпозади. Многу е добра, пигментирана, и не се рони под очите. Ја користам за вечерни излегувања, затоа што е доста светкава, супер изгледа во комбинација со темно кафеаво или црно. Само оваа сенка ја имам од нивната колекција, сигурно ќе пробам и други 3, KIKO False Lashes Concentrate Mascara Ја сакам козметиката на КИКО Милано, штета што ги нема кај нас. Солиден квалитет, по доста пристапни цени. Оваа маскара е повеќе од одлична за секојдневна употреба, не дава некој WOW ефект, ама им дава волумен на трепките и ги издолжува. Четката е доста интересна, прво е послаба па на крај подебела, дури и успевам малку да ги свиткам моиве прави трепки. Најважното за мене, лесно се вади со отстранувач за шминка, не мора 20 мин да ги трзам очите и да ми попаднат пола трепки. 4, Victoria's Secret Bombshell Set Сетов е составен од гел за туширање, млеко за тело, парфем и мини парфемче за патување. Многу ми се допаѓаат сите производи, посебно парфемот. Доста е траен и покрај тоа што е со цитрусни ноти си го користам за зимава. Малото парфемче е совршено за на пат, да не носам големи пакувања, секако често патувам со Wizz Air каде е дозволено само течности до 100 мл вкупно. Млекото за тело е доста парфимирано, па го користам само за вечерни излегувања, во комбинација со парфемот.
1.Млеко за коса Балеа Продукт на годината.Имам најлоша комбинација:масен скалп и суви врвови.Млекото ептен ми се погоди, дава хидратација на косата и притоа не ја мрси дополнително.Го нанесувам на влажна коса,но и на сува за скротување на непослушните влакна.Брзо се впива и остава убав мирис.Косата е сјајна,смирена и не се бушави многу на влажно време.Чини 160 денари 2.Серум за коса Балеа Серумов и млекото ми се најдобра комбинација за вакво влажно време кога косата ми има 2х волумен.Ја смируваат и ја држат под контрола.Ми се допаѓа тоа што серумот не ја масти косата.Но ефектот не трае долго и го нанесувам повеќе пати, не само после сушење. 3.Гел за туширање Најефтин и најдобар гел до сега.Не ја суши кожата.Чини 44 денари за пакување од 300 мл и го има само во Кам.
Оваа крема е совршенство. Рацете нежни како свила, миризливи... 79 денари е . Само страв ме фаќа да не престанат да ја произведуваат...
1. Спрејот од LOREAL - Elnett Satin за измазнување на косата и за заштита од топлина Прекрасно ја измаснува, омекнува и расплеткува косата. Го купив од Космос (Грција) од љубопитност да го пробам и жалам само што не купив повеќе, беше 4 € на попуст од 9 €, не знам дали кај нас ги има. Ако има дефинитивно пак ќе купам. Ефектот е веднаш видлив 2. Млекото од DALTON - Basic Cleansing за нормална и комбинирана кожа со боровинка, алое вера и витамин Б5 Го користам веќе две недела и сум презадоволна. Убаво ја вади шминката, никакви траги не ми остануваат од маскара, а кожата ми станува мека како памук. Ми се допаѓа што ја негува и не ја суши кожата, а масните делови ми се регулирани. Прекрасно е!
Ke se slozam so @tinka-mace ,i mene kremava mi e predobra.Definitivno omileni ovoj mesec. Jas gi koristam za race pretezno,no i ustata ja namackav nekolku pati.Odlicni se i dvete.I ovaa od lavanda i ruza i dr.od cresa. Gelov za mienje na liceto e super.Jas go koristam 2-3 pati nedelno ,pretezno pred spienje.Go osvezuva liceto i mn.ubavo mirisa. Ovie dve mali sapuncinja preslatki se i mn.ubav miris imaat.Koga ke gi izmijam racete so casovi mi mirisaat, pogotovo na toj od jagoda. Ubavi sapuni,ne se topat vednas. Vo plan sum i dr.mirisi da gi isprobam(kokos,praska,malina,kapina,med...). Samponov i regeneratorov odlicni se.Kosata ja pravat mn.meka i prekrasno mirisaat.I sto e najvazno organski se.
Барав било каква маска за коса која ќе си ја врши функцијата и оваа ја здогледав,ем е ефтина ем количински е многу голема а богами и си ја врши функцијата.Прво сакав од тие на Лореал ама тие се поскапи и помали и викам ај.Инаку 115 денари е и малку да ставиш е доволно бидејќи прави пена.Така да за долга употреба е и се исплати.
1. Шампон Garnier ultra Doux По употребата на шампонот од лаванда продолжувам да ги користам производите за нега на коса од овој бренд. Конкретниот шампон е детски со јаболко и киви и ги има скоро истите квалитети со претходниот со таа разлика што создава помала пенеста смеса. Цена: 115 ден. во пакување од 250 мл. 2. Коректор The One EverLasting од Орифлејм По долготрајната употреба на коректор во стик, ова е првиот течен коректор што си најде соодветно место во секојдневната употреба. Добро го покрива единствениот недостаток што го имам, црвенило на образите и има солидна трајност. Достапен е во три нијанси ( light nude, fair beige, deep beige). Цена: 199 ден. во пакување од 10 мл. 3. Лосион за третман по депилирање Silk Beauty Soothing од Орифлејм Овој производ го прогласувам за производ на сите времиња. Можеби звучи изненадувачки, но навистина се запазени сите особини што се наведени во описот. Ја смирува и хидрира кожата по депилирањето. Содржи природен комплекс за минимизирање на влакна кој помага да се забави растењето, протеин од свила и екстракт од орхидеја за омекнување и заштита. Нежен и лесен мирис кој не создава лепливо чувство. Цена: 299 ден. во пакување од 200 мл. Го препорачувам!!! 4. Гел за туширање Discover Parisian Delight од Орифлејм Искуството од употребата на пилингот ме поттикна да направам комплет на производите од оваа линија, па ги земав шамопонот и сапунот. Мирисната сензуалност од тофи и лаванда создава нежно и освежувачко чувство кое ги разнежнува сетилата. Цена: 99 ден. во пакување од 250 мл. 5. Лабело за усни Labello Hydro Care Кога станува збор за нега на усни ова лабело е незаменливиот производ на кој му се враќам по уоптребата на некои други брендови. Со ниту еден од тие не можам да постигнам добра и интензивна хидратантност како со овој производ. Секојдневната нега спакувана во состав од воден комплекс и алое вера овозможува меки и глатки усни заштитени од временските услови. Цена: 115 ден. во пакување од 4,8 гр.
Јануари: Морам да кажам дека месецов бев ориентирана кон природни производи за нега на кожата, а ќе продолжам и понатаму да бидам. Колку ќе издржи срце јуначко да не проба се што е ново низ парфимериите ќе видиме. 1. Сапун меден кокос Наменет е за лице и тело, може слободно и коса да се мие со него, сенаменски значи. Јас го користам само за лице, за тело и коса би земала посебен затоа што некако ми е шубе да го користам истиот сапун за се. Составот мислам дека може да го прочитате од сликата, значи се работи за исклучиво природен производ, наменет е за сува и осетлива кожа. Јас сум задоволна од тоа како ми го чисти лицето, малку неверојатно за органски производ ама сепак сум задоволна. Секако пудрата прво ја вадам со млеко за чистење шминка, па потоа се мијам со сапун и остануваат само мали нечистотии кога ќе поминам со тоникот. Има многу убав мирис, нежно мириса на кокос, мед и ванила. Дефинитивно ќе продолжам да го употребувам т.е. ќе ги пробам сите видови. Купен од: La soy Цена: 160 мкд. 2. Глина Сина Ума Сестра ми ја купила од некој човек што и дошол на работа, вели дека и бил пратен од Господ. Она си пати од дерматитис, а одкако почна да ја употребува глинава чешањето и е доста намалено исто и црвенилото. Она ја нанесува на критичните места (вратот, позади колената, на преклопот на рацете и на пределот кај бутовите под задникот), држи 15-20 минути, а потоа ја плакне со ладна вода. Ефекти има уште при првото нанесување. Да кажам за мене, јас ја користам за лице. Прочитав некој дали во оваа тема или во некоја друга ја пофали и случајно ми дојде дома па ајде да ја пробам. Од првиот пат не видов некој ефект освен совршано исчистена кожа, но со секоја наредна употреба гледам подобрување. Порите ги чисти совршено, црнките исто така ги чисти одлично, црвенилото се губи, кожата е помазна и освежена некако. Се нанесува на чисто лице, се држи 10тина минути за сува кожа, за мрсна околу 20. Може да се употребува еднаш неделно за сува кожа, а за мрсна може и два пати (така пишува на упатството). Купено од: непознат човек, ако некој го интересира можам да му дадам број да си нарача, најверојатно ќе дојде кај што ќе му кажете, дава и фискална Цена: 250 мкд 3. Молив за усни Gosh Во потрага по ефтина варијанта на кармин каков што сакав си го пронајдов ова моливче кое сум го имала дома Бог знае од кога, никогаш не сум го употребила до сега . Мислам дека на многу жени што кукаа во темата за боја на кармин ќе им се допадне. Нијансата е wild cherry, кај мене на усни излегува вака: Потемно, како што е на краевите на усните, незнам зашто гугл ми дава дека црвено излегува на усни, дефинитивно не е црвен. Да ми помине чудово што ми е на усните tmi ќе се сликнам и ќе ви го покажам во соодветната тема. Баш е темно виолетов каков што се фура периодов ептен. Пред да нанесам моливче ставам лабело ама мала количина за да биде поинтензивна бојата, потоа ја исртувам устата и ја бојам. Ако ви е многу сува одозгора со прст натапкајте уште малку лабело. Трае со часови, мат е доколку не ставите многу лабело. Мек е, лесно се нанесува. Купен од: најверојатно Космо Цена: незнам, најверојатно е околу 200 мкд. Толку од мене, Јануари е најскап месец, немаше буџет за повеќе експерименти.