Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Омилени продукти на месецот

Дискусија во 'Тело' започната од frutini, 25 февруари 2011.

  1. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Isto i mene mi se dopaga ja obozavam maskata i voopsto ne mi kape kosata od nea kako sto velat nekoi ovde :D
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Kakva nijansa e karmonot ?
     
  3. Beti82

    Beti82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Ako moze br. za glinata
     
  4. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    984
    Допаѓања:
    17.166
    Пол:
    Женски
    @mims-89 јас ја пофалив сината ума и ме прашаа неколку феминки ама не успеав да најдам контакт од човекот, зошто и јас преку другарка случајно ја земав. Ја имам само адресата што е на амбалажа, што не е баш и од некоја голема корист, па ако не се смета за рекламирање сподели го бројот тука, ако не во пп.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Beti82

    Beti82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Za sro ja koristese ovaa glina?
     
  6. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    984
    Допаѓања:
    17.166
    Пол:
    Женски
    @Beti82 јас најчесто ја користам 2-3 пати неделно како маска за лице. Кога ми се појавуваат акни, особено пред циклус, ставам директно на акните, така спијам и другиот ден скоро и да ги нема. Може и да се користи и како маска за коса, против целулит, за опекотини и слично, но за тоа ја немам тестирано и не знам каков ефект има. Мултифункционален природен производ, кој мене ми стана незаменлив за негата на лице.
     
    На duffi и mims-89 им се допаѓа ова.
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Повелете бројче женски: 070/803-092 и 2434-579
    Еве ви и веб страна каде што може подетално да се информирате за производот: www.sinauma.mk
    Напоменувам дека не правам реклама! :)
     
    На ivancekitty, Papillon.Papi, sia.bella и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Kako se koristi ova cudoo :D
     
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Ако прашуваш за шампонот - прскаш врз косата, оставаш малку да се исуши, па поминуваш со пешкир и ја чешлаш. Остатоците од пудрата можеш лесно да ги средиш со фен, макар што мене никогаш не ми се случило да ми треба фен. Нема некоја филозофија. Откако ќе почнеш да го користиш, сама ќе си стекнеш некоја рутина како ти е полесно и како ти изгледа поубаво :)
     
  10. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    balea-trend-it-up-beschuetzendes-spray_bild-cropData1.png Спреј за заштита на косата од топлина. Се користи пред фенирање, пеглање или виткање на косата. Скоро секој ден го користам бидејќи или ја фенирам, или ја виткам косата, и многу ми одговара. Откако ќе го нанесам уште поубаво се чешла или витка косата, дефинитивно ќе го купам пак.
    csm_29588_680616fa78.png Essence сенка за очи 22 dance all night
    За мене е убедливо најубава сенка. Нежна, дава убав сјај, посебно дење. Мора да најдам бар уште едно пакување, бидејќи наскоро ќе ја снема од продажба.
     
    На mackica1, naturally, A-j-a и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Samo se prska susi i cesla a ne se mie neli aha razbrah a koi ostatoci od koja pudra
     
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Мене ми паѓаше косата од неа. Сите ги имам пробано и ужас се.
     
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Таков е самиот шампон - како бебешка пудра. Па ако ти се познава бело на косата, можеш да го средиш тоа со фен.
    Има тема на форумов за сув шампон, таму можеш повеќе да прочиташ. Само што сега од мобилен сум уклучена, па не можам да ти пуштам линк. Побарај ја во категоријата Коса.
     
  14. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    106.336
    Пол:
    Женски
    Benefit They are real push up liner

    [​IMG]

    Веќе 1 неделa гo кoристaм oвoј гел туш вo вид нa пенкaлo, пред тoa читaв мнoгу рецензии нa нет, пa решив дa гo земaм и нaвистинa е мнoгу трaен , првo гo прoбaв вo сефoрa и се изненaдив дoјдoв дoмa јa триев рaкaтa сo сaпун и не излезе вooпштo , истoтo е и зa oчите, стoи цел ден и кoгa ќе сaкaм дa гo извaдaм не се вaди целoснo, кoгa гo купувaв ми пoнудијa гел oд истaтa линијa зa вaдење нa шминкaтa нo кaкo не 18 еврa зa тoa не дaвaм. Истo се нервирaм штo немoжaм убaвo дa гo нaнесaм aмa ќе се нaвикнaм:) гo земaв нa пoпуст oд 27 еврa нa 21
     
    На anuskaNESTLE, crimson, duffi и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Овојпат природна козметика :)

    1. Mixa мицеларна вода за осетлива кожа и очи

    Феноменално чисти и вади шминка, без притоа да предизвика ни најмала иритација. Содржи Витамин Б5 и екстракт од рози. Мириса исто така на рози, меѓутоа нежно и ненападно. Јас го мразам мирисот на роза, но за чудо, кај производов не ми пречи, дури и убаво ми мириса. Пред некое време решив дека е време да се преориентирам на поздрава, поприродна и органска козметика и да водам сметка за здравјето на кожата колку што е можно повеќе. Mixa e медицинска козметика, не содржи парабени, ниту алкохол, а и цените им се прифатливи. Не се сеќавам точно колку беше водава, ама знам дека беше околу 450 денари. Поскапа од Гарниер и Лореал, тоа да, но сепак прифатливо според мене, а и многу поздрава алтернатива за кожата. Природното и здравото секогаш чинат повеќе, за жал.

    [​IMG]

    2. Лавера органски рол он за чувствителна кожа

    [​IMG]

    Нежна нега за чувствителни кожа со органски невен и алое вера. Производов е комплетно огрански и вегански, како и целата Лавера козметика всушност. Не содржи алкохол и алуминиумски соли. Мирисот, кога прв пат го употребив, ми беше многу силен, overpowering, така да се изразам. Мириса на свежи билки, непреработени, очигледно заради тоа што содржи природен невен и алое вера. Меѓутоа, откако ќе се нанесе и исуши, речиси сосема се губи силниот мирис и останува само пријатно чувство на заштита. Многу сум задоволна, ама морам да спомнам дека јас не се потам речиси воопшто, дури ни во лето (што е всушност многу лошо, бидејќи отровите ми се задржуваат во телото), и според тоа немам проблем со непријатна миризба, па од аспект дали ролонот ја неутрализира истата или не, не можам да зборувам. Мене ме штити одлично, ме остава сува и свежа и после цел работен ден. На него пишува дека нуди 24 часовна заштита, но вистината е дека штити колку што кажав - еден работен ден, односно околу 8-9 часа, барем моето искуство е такво, а и природните производи како овој секогаш имаат помала моќ на заштита од хемиските, баш затоа што се со само природни состојки. Цената на производов беше околу 450 денари ако добро памтам.

    3. Himalaya Purifying Neem Face Wash - прочистувачки гел за лице
    [​IMG]
    Фантастичен производ, повторно природен, на билна база, без сапун (првиот од лево). Наменет е за чистење на нормална до комбинирана кожа и кожа склона на акни. Кога го купив не ни забележав дека е и против акни, меѓутоа го користам и покрај тоа што немам акни, затоа што е прекрасен и природен, пред се. Не знам што растение е neem, не успеав да најдам превод на нет, ама познато е по своите антибактериски својства, особено корисни за проблематична кожа. Гелов чисти одлично, исто така супер вади шминка и не ми ја суши кожата. Ја користам и пената (во средина на сликата), наизменично со гелот, и двете се подеднакво добри. Мирисаат исто и двете, на билки. Мирисот не е нешто wow, ама не е ни лош, имаат баш мирис на природен производ. Сите такви производи мирисаат специфично, ама мене не ми пречи. Цената на гелот, а и на пената е околу 350 денари колку што ме држи сеќавање. Ќе ги купам пак дефинитивно.


    4. Reviva Labs Throat and Eye Cream
    [​IMG]


    Најдоброто за крај. Нека не ве лаже евтината амбалажа, се колнам дека ова ми е производ на векот! Подобар ефект ми даде и од Клиник All About Eyes Rich. Исто е мрсничок како Клиникот (благодарение на изобилството на природни растителни масла во него) и многу малку е доволно за да се нанесе околу очите и на вратот. Ми ги измазни сите ситни линии, исто како што ми делуваше и Клиник, со таа разлика што кремов чини само 9 долари на iHerb, а е 40 мл. и е двонаменски, и за околу очи и за врат. Мислам дека овие 40 мл ќе ми траат цела година, го користам секоја вечер, а внатре изгледа како да не е пипнат. Да се вратам на дејството. Значи, на вратот имав две линии кои речиси станаа невидливи, а исто и тие околу очите, по само месец дена користење. Нема шанси да го сменам кремов веќе, имам дома и Есте Лаудер околуочна крема, а предност му давам на овој. Не мора да напоменувам дека и ова е природен и растителен производ богат со масла, восок, рузмарин, лимон и некои природни киселини во составот. И нема парабени. Не мириса на ништо посебно, има слаб, незабележлив мирис и бојата му е жолтеникава. Многу е густ, како павловичева маст, а се размачкува многу лесно. На почеток е доста мрсен, му треба некое време да се упие, ама не ми пречи, резултатите се фантастични. Не е за под шминка, тоа сигурно. Значи, употреба исклучиво навечер, на чиста кожа, со тапкање околу очите, а на вратот со масирање нагоре, накај брадата. На него пишува дека тонира, стимулира, ги измазнува брчките и ја подобрува еластичноста. И најдоброто од се е што нема старосна граница за користење, а мислам дека на лица со сува кожа особено ќе им се допадне. Всушност, наменет е за сува кожа, ама мене и покрај тоа ми дејствува фантастично! Еве линк
    http://www.iherb.com/Reviva-Labs-Th...with phytostimuline plant e&rc=1&sr=null&ic=1
     
    На LaraSolare, kravce, softy1 и 22 други им се допаѓа ова.
  16. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    106.336
    Пол:
    Женски
    Sephora - glossy gloss - multicolored candy 14

    Не сум љубител на сјаеви ,но овој ми беше подарок за роденден од Сефора :D и викам баш убаво немам пробано нивни сјаеви за усни па си викам да пробам. Сјај ко сјај-лепи но овој не толку немаш чувство дека имаш `зејтин` на устата и она ко да ти тежи нешто , има некој розов сјај со светки и многу убаво стои ако го ставиш и врз кармин , нема некој јак мирис (мириса на нешто слатко:nod:) но ако го лижнеш мислиш шеќер имаш на устата толку е сладок хахах незнам стварно што имаат ставено внатре. Јас сум задоволна од сјајов оцена му стаавам 10ка
    [​IMG]

    [​IMG]

    Clinique eye cream all about eyes

    По подолго користење имам позитивно мислње за оваа крема за околу очи (на почеток мислев дека не прави ништо) но со секојдневна употреба очите изгледаат поодморени ,јас немам некои подочнаци но барем си гледам некоја разлика во тој предел кај очите. За цена незнам која е јас таа што ја имам ми ја дадоа 5мл тестерче од Сефора :lol:
    [​IMG]
     
    На anuskaNESTLE, Giovanna, mims-89 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Ana-Marija24

    Ana-Marija24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2013
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    203
    Конечно некој да напише повеќе од збор за четкава за сенчање. После твојов пост сигурно ќе си ја купам. ;)
     
  18. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    5.158
    Пол:
    Женски
    1. Бадемово масло

    Периодов некако се заситив од користење креми за лице, се заинтересирав за природни масла и прочитав доста позитивни работи за бадемовото масло и за тоа како влијае на косата но и на кожата.
    Веќе извесно време откако ќе го измијам лицето и откако ќе го исчистам со тоник ставам тенок слој бадемово масло и нежно го масирам лицето додека не се упие.
    Најчесто го нанесувам навечер пошто сепак е масло во прашање и му треба подолго време да се абсорбира во кожата.
    Лицето ми е мазно, меко, и значително помалку ми се мрси... се зачудив бидејќи очекував повеќе да ми светнува но сосема спротивно. (y) :)

    getImageThumbnail.jpg

    2. Планет Спа Маска за коса со маслиново масло

    Го обожавам мирисот на маскава, ме потсеќа на свежина, на лето...
    Не ми ја омекнува косата нешто значително, али затоа и дава еден сјај преубав не можам да ви опишам.
    osetrujici-maska-na-vlasy-s-olivovym-olejem-planet-spa-hair-mask.jpg

    3. Балеа Тоник за лице

    Тоник за секојдневна употреба, со екстракт од лотосов цвет и провитамин B5.
    Убаво ја чисти и освежува кожата, и остава нежен мирис на лотос.

    balea-erfrischendes-gesichtswasser-normale-mischhaut--10016630_B_P.jpg
     
    На Amaris, cooll, EMoonlight и 11 други им се допаѓа ова.
  19. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    1. Catrice conclear camouflage cream
    После толку пофалби на форумов морав да го купам и не се покајав. Потребна е мала количина за да прикрие црвенила и подчњаци. Го нанесувам со прст, некако најпрактично ми е. Прво ставам од коректоров, па после тоа пудра. На почетокот ми се собираше во пределот кај очите, ама тогаш не ставав крема на лице - директно го нанесував. Сега е друга ситуација. Ќе си ставам крема и нема проблем. Ја имам нијансата 025 Rosy Sand и не е толку темна колку што изгледа на сликиве по нет.

    [​IMG]


    2. Балеа секојдневен пилинг за лице
    Има преубав мирис на малина, ми иде да почнам да го јадам. :mm: Одамна не сум користела пилинг за секој ден, па ефектот од овој е одличен. Ми се измазни лицето и многу полесно ја нанесувам пудрата. Тргнав во ДМ за да го купам гелот 3 во 1 исто на Балеа, ама завршив со овој од малина. Примамливо ми изгледаше, па морав да го земам, а и со цената беа тука негде, околу 180 денари.
    [​IMG]

    3. Балеа крема за раце, лице и тело
    Со мирис на цреша. Месецов ми е за миризливи работи, дефинитивно. Љубов на прв поглед (прво отварање:D). За евтини пари имам преслатка крема и меки раце. Некогаш и на лице ја ставам и ми одговара. Наредно влегување во ДМ ќе ја земам и другата крема, со мирис на лаванда и роза ми се чини беше.
    [​IMG]

    4. Пилинг за раце и пети
    Со шеа путер. Комбинација од пилингов и кремава погоре е еднаква на премазни раце. :clap:
    [​IMG]
     
    На LaraSolare, BabyStyle, cooll и 14 други им се допаѓа ова.
  20. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    5.158
    Пол:
    Женски
    За каква кожа е пилингов?
    Ме примамува мирисот на малина сакам да го пробам само не знам дали би ми одговарал... имам комбинирана кожа.