На декларацијата пишува дека е за секаква кожа. И јас воглавно имам комбинирана, ама периодов додека е поладно нормална ми е. Би требало да ти одговара.
За месец февруари: Јас не порачувам маскари од авон зошто секогаш после долга употреба стануваа вода, како разлеани. Сега си реков дај втора шанса. и јас порачав Big Darling со оглед на тоа дека имам мали трепки, јас сум воодушевена од тоа како ми ги прави и подигнува. Остава интензивна црна боја и мана и е што тешко се брише. Не ги слепува трепките и не се рони. Сенките Meis ги имам пробано. За апсолвентско табло ме шминкаа со виолетова сенка и видов дека добро ми стои, па решив да си купам. Не е нешто нај нај да кажеме, но за 80 денари се солидни. Се ронат да, сенка како сенка но се долготрајни со база за сенка. Можам да кажам дека стојат на вашите очи дури и до 6 часа. Во авон излезе нова колекција на кармини. Велеа дека се хидратантни и дека ја негуваат устата. Јас ја порачав нијансата Spring Lilac, но не очекував дека тоа што го пишува во каталогот е вистина. Навистина е долотраен, тешко се брише и е хидрантантен.
Ммм едно од најомилените нешта овој месец. Мирисот фантазија 10/10 Крем за раце од орифлејм предобар е рацете се мазни... 10/10 Предобар мирис имаат јас го имам бр 111 мат се и долго стојат. 10/10 Luck Тоалетна вода предобар нежен мирис ... 10/10 И за крај откритието на овој месец светкав лосион за тело од авон од бобинки 10/10
Sanitas cleansing brush -електрична четка за чистење на лице Оваа електрична четка ја земав за само 8 евра ,а долго време го меркав Clarisonic но 200 евра воопшто не ми се даваа за вакво нешто. Прво-чиста копија е на Кларисоник-от , во кутијата има уште две четки за менување зашто се оштетуваат влакната па потоа е потребно да се смени четката. Лицето го чисти темелно , не останува ниту една трага од шминка по негова употреба, бев толку среќна што го најдов за евтини пари еднинствено негативно е тоа што кога ќе ги употребам сите четки , незнам каде би можела да најдам исти такви , но тоа ќе си прашам од таму кај што го купив
Prvo, izvinete za kirilicata ama skoro sekogas od telefon pisuvam Kako omilen produkt moram da go navedam Balea kremav piling za lice 2 vo 1 (150ml). Eve kratko za nego: So salicidna kiselina gi cisti zatvorenite pori. Ima antibakterisko dejstvo, gi ostranuva necistotiite na kozata i izumrenite kletki. Mikro cestickite gi otvaraat porite i deluvaat protiv akni i miteseri i go sprecuvaat nastanuvanjeto na istite. Od ovoj proizvod poveke sum zadovolna odkolku od balea 3vo1 ama toa e najverojatno bidejki imam koza sklona na akni i miteseri. Ama od istata linija kupiv i krema za lice ama ne sum bas zadovolna. Vtor omilen produkt mi e max factor skin luminizer foundation. Pudrava nema nekoja golema pokrivnost ama toa jas go sakam za sekoj den na dnevna svetlina, mesto BB krema sakam pudra sto ke mi go izednacuva tenot ama da moze da mi se vidi svojata sopstvena koza. Inaku imam kombinirana do mrsna koza i sekogas imam po nekolku akni, sto ja pokrivam so korektor ama ne znam zosto nekako stvarno mi odgovara pudrava ni jas ne znam da objasnam zosto bidejki vakvi pudri obicno apla ne mi odgovaraat. Iako imam mrsna koza sakam dewy look, a na T-zonata malku kamena i super e, bas prirodno izgleda. Eve od internet odprilika kakva e pokrivnosta: Tret omilen produkt mi e l'oreal rouge careers lipstick (mislam deka vaka se vikaat). Karminov isto taka za sekojdnevna sminka go koristam, vo posledno vreme vecerva sminka voopsto ne sum stavila, nitu iskocila . Bas e hidratanten ne e mnogu dolgotraen ama iskreno bi go kupila pak zosto mnogu mi se dopaga bojata i sjajot sto go ostava. Isto taka si go stavam kako ruz ponekogas za priroden i zdrav sjaj na liceto. I ovoj karmin na Manhattan mi e od poodamna ama sega pocnav da go koristam. Koga sakam pointezivna boja definitivno ovoj mi e omilen, imeto se si kazuva da ne objasnuvam soft mat, dovolno dolgotaen e i bojata e super prirodno izgleda. Eve odprilika kako izgleda: Omilen preparat za kosa mesecov mi e alverde haaröl (mandel, argan) i go koristam kako zamena na silikonskite kapki, kombinacija e na bademovo i arganavo maslo, ne e cisto maslo voopsto ama mi ja smiruva kosata od razbusavenost, posebno koga e vlazno vremeto. Vrvovite mi se prilicno suvi taka da sum zadovolna od rezultatot sto go dava. Ova bi go preporacala samo na tie so suvi vrvovi ili suva kosa i mnogu mala kolicina e dovolno bidejki inaku ja masti kosata. Ceni na proizvodite sakav da napisam ama na nisto ne se sekavam konkretno. Pozdrav
Na kolku vreme spored upatstvoto treba da se menuvaat cetkita. Inace jas go poracav od germanija od rodnini da mi go kupat, go ima samo on line i e 13 evra. Samo neznam so cetkive dali gi ima kako rezervni delovi.
Beti82 - внатре во кутијата има уште 2 резервни четки, изгледа се менуваат од кога ќе се оштетат влакната, а ќе гледам колку што можам подолго да ги употребувам зашто незнма од каде може да се порачаат резервни четки,тоа ќе морам во лидл да прашам
Ја користам поинтензивно во лето кога кожата ми е мрсна и пред циклус како некоја наводна превентива против акни. Не и` е тоа намената, ама откако почнав да ја користам така, акни ретко кога ми се појавиле. Не знам која е цената кај нас, уште ја немам купено од тука, а мислам дека е околу 800-900 денари, не сум сигурна. По слична цена си ја набавувам и јас од Србија.
Омилени за Февруари: Кокосово масло,за секаква употреба, за масажа на лице, третман за коса, врвови, за испукани петици, стрии, масажи против целулит со справии... број 1 чудо на земјата Ebelin сунѓерче за блендирање, нанесување пудра, стварно нешто незаменливо, подобро од четка 100 пати Loreal eyeliner, го добив за Валентајн и искрено не знам за цена, но е преубав и црн црн И Dolce & Gabbana Light Blue, не ми е омилен месецов, туку година време, неможам а да не го споменам, го зедов од Еликсир, на попуст за 8ми Март, ако некој е обожавател да си знае
број еден ми е овој месец долго трае не мрда од лице... за 180 го земав од една женска која нарачува од страната на mua и сум презадоволна... исто така и од пудрата сум задоволна ја земав за 250 ден но руменилото е број еден Пријатно сум изненадена од оваа козметика и сл недела планирам сама да направам нарачка.
Lancome Grandiose - Една од најдобрите маскари кои некогаш сум ги корситела. Доволно е само еден слој за да добиете волумен и должина, а ефектот трае со часови. Четкичката е доста практична и лесно може да нанесувате. Иако имам 10тина дома најкористено млеко за тело од Victoria's Secret - Amber Romance. После долго меркање на парфемот пред 2-3 месеци си го начекав на попуст. За сите оние кои се љубители на појак мирис им го препорачувам.
Пред да почнам, сакам да кажам дека оваа отсекогаш ми била омилената темичка Ми наликува на огромен блог за рецензирање козметика од стотици различни авторки. Во постов ќе рецензирам дел од козметиката која веќе сум ја спомнувала некаде низ темиве, или сум се распрашувала за неа, за на крај да ми остави супер впечаток Aura Glorious Cheeks Powder Blush Производите на Аура многу позитивно ме изненадуваат Мат кармините, хајлајтерот, а сега и руменилото, се` што досега сум земала било без утка. Листајќи по нетов, случајно наидов на вино-црвено руменило, и иако нијансата е прилично есенска, веднаш посакав едно такво Мишелка ме упати на правото место, штандот на Аура, а нијансата што ми ја препорача беше Deep Wine. Спојлер: Deep Wine Руменилово го користам само неколку дена, но јасно е како стојат работите - одлична пигментираност, ги задоволува моите високи мат критериуми, стои со часови (денес го носев околу 8 часа). Толку е пигментирано што дури треба внимателно да се нанесува, лесно може да се претера. Засега ја имам само оваа нијанса, но ги испробав и другите (вкупно се осум) и не се сомневам дека се подеднакво добри. Цената е околу 200 денари (чинам беше 206). 11/10 Catrice Absolute Matt Palette По долга потрага, конечно ја најдов палетава и веднаш ја зграпчив! Дојдов дома и веднаш ја испробав. Мислам дека ова е најдобра мат палета што може да се најде на нашиот пазар за цената. Ја користам секојдневно на различни начини: првите две нијанси за истакнување на коската под веѓата или осветлување на внатрешноста на окото, вторите две за додавање длабочина на окото во crease-от, а претпоследната е одлична за веѓи! Имам мала забелешка во однос на пигментираноста, можело да биде мааалку попигментирана, но и покрај тоа е одлична. Цена - околу 330 денари. Balea White Passion Bodylotion Во последно време некако се заситив од лосиони и креми за тело, сите ми мирисаат тешко и загушливо, густи се, ми лепат, не можам да ги поднесам. Некое време паузирав и не користев ништо, но зима е и кожата ми е сува, па морав повторно да почнам. Случајно го мириснав лосионов, затоа што редовно ги душкам сите нови Balea limited edition прозиводи, го бендисав, решив да го земам. Ми се допаѓа мирисот, но уште повеќе структурата, лесен е, не е мрсен, лесно се размачкува и впива. Вообичаено не сум воодушевена од Balea лосионите/кремите, најчесто само добро мирисаат, а за хидратација се тапа, но тоа не е случај со лосионов, кој мислам дека подеднакво добро мириса и хидрира Цена - 109 денари. Balea универзална крема Ги купив кремчињава како и сите ние, поради пакувањето, но не зажалив Симпатични се и компактни, секаде си носам по едно. Пристојно хидрираат и најчесто ги користам за раце и за усни. Попривлечно ми мириса првата, на слатки цреши, додека втората има подискретен, понезабележлив мирис. Цената мислам дека беше 79 денари.
Sephora waterproof eye makeup remover Ми се потроши мицералната вода на Гарниер и плус ми се здосади зашто 5ти пат по ред истата ја користев,па реков да пробам нешто за водоотпорна шминка. Го земав ова на Сефора , со едно мало памуче вади се од очите, водоотпорна маскара немам пробано но ми гарантираа дека вади , дури во предност го ставам од тоа на гарниер , единствена маана е тоа што е малку за некој што секојден се шминка 125 мл а го земав околу 8 евра , кога ќе го потрошам би пробала некое на Bioderma.Се на се презадоволна сум