Avon шампон за коса со скапоцени масла Nutri 5 Јас ретко менувам шампон, имам 2-3 испробани што ги вртам, зашто ако не ми се погоди некој нов, веднаш ми се јавува првут. Многу сум скептична за шампони од Авон, Орифлејм и компанија, ама овој ми го препорача другарка ми и не зажалив што го купив. Вака на прво пробување мирисот ми делуваше малку тежок, ама не се чувствува толку откако ќе ја исушите косата. И некако ја прави свиленкаста, дури мислам дека немам потреба од маска за коса. После е мерак за пеглање Balea универзална крема со мирис на лаванда После толку прочитани пофалби на форумов, морав да ја купам. И притоа морам да прашам - само мене ли мирисот ме потсеќа на боја за кондури? Не знам зошто, ама уште првиот пат кога ја мириснав ми дојде тоа во глава. Јас во принцип одбегнувам вакви пакувања на креми за раце, зашто многу ми се нехигиенски. Затоа не ја носам во ташна и ја користам само кога сум дома, со чисти раце. Најмногу ми врши работа за стапалата и лактите, а рацете ги мачкам само пред спиење бидејќи е малку мрсна. Во секој случај не е лошо кремче, има симпатично пакување и уште од сега знам дека ќе ми се најде кутичето (најверојатно за обетки ). Кремаст кармин Luxe (нијанса lustering nude) Не дека ми требаше кармин, ама овој ми дојде во евтина понуда, па што да не Нијансава не можам да ја опишам, во каталогот на Авон делува поинаку, некако мава на розево, ама не е толку јака бојата. Има убава текстура, сјаен е, а особено ми се допаѓа пакувањето. Кога ќе ја отворам кутијата со шминки, веднаш паѓа во очи од редот на кармините Јас задолжително користам балсам пред кармин, така што не можам да кажам колку е хидратантен, ама на интернет има позитивни коментари за тоа. Luxe Volume Extravagance маскара Генерално не сум задоволна многу од маскарите на Авон, барем оние што сум ги пробала (сега веќе не се ни сеќавам што сѐ сум пробала). Ама оваа маскара е исклучок. Особено со два слоја, делува како вештачки трепки да имам ставено Да не ја полнам темава со слики, ама ќе најдете reviews на google, пред и потоа. И за крај два производи што ги купив кон крајот на февруари, ама сепак ќе ги ставам на листава (зашто ми се најомилени од сите што ги спомнав) Garnier крема за лице Искрено, да не беше акцијата во Тинекс, немаше ни да ја купам. Се спремав Нивеа да си ја земам, ама оваа ја видов во каталогот и ајде си реков ќе ја пробам. Мојава комбинирана кожа не ми дозволува многу експериментирање со производи за лице, неброени промашени креми, пудри, лосиони сум фрлила или подарила зашто не ми одговарале на кожата. Е па фала на Тинекс што ја стави кремава на акција, зашто ми е пре пре предобра за кожава!! Ми се чини најпогодена крема за лице што сум ја пробала! Дури подобра и од Нивеата. Има пријатен мирис, веднаш се впива во кожата, а т-зоната ми е како матирана. Полн погодок ми е. Единствено не ми се допаѓа пакувањето, такво лесно кутиче што личи на евтин лампион Јас сакам убави кутии за креми, што после ти е жал да ги фрлиш (затоа шкафот во купатило ми е полн со сѐ и сешто, ама не давам мајка ми да ми ги фрли ). Garnier Express 2in1 eye make up remover А-у, како го немам видено ова порано? Предобар производ, чиста петка! Јас не користам некои многу јаки бои на сенка, повеќе сум за неутрални тонови, ама често користам туш за очи и мразам кога ќе ми се размачка додека го чистам лицето Кога прв пат го пробував овој производ на Гарниер, дури смешно ми беше тоа што го прочитав на етикетата - нанесете 2-3 капки на туфер и држете неколку секунди на очниот капак. Пф, 2-3 капки, па и неколку секунди да држам, си викам ова живи глупости, џабе дадени пари. Ајде го држам туферот, го тргнувам после неколку секунди - шминката ја нема Толку педантно никогаш не сум ја извадила шминката, особено тушот. Е сега малку повеќе се потрудив за маскарата, ама два слоја имав ставено, тука не можеше само со држење така магично да исчезне. Во секој случај многу брзо ја извадив, а она што забележав е дека не ми направи иритација на очите, иако несакајќи допрев во окото. Секогаш ми реагираат очите на вакви производи, почнуваат да ме печат, да ми солзат, ама со ова не. Дури се изненадив. И после тоа некако кожата ми беше многу мека, најверојатно заради самите состојки во производот. Башка многу интересна структура има - виолетовата течност плива горе и е како масло, а проѕирната стои долу. Па ги мешаш и ставаш на туферот. Абе мераци
Bioten крема за сува и чуствителна кожа Според мене ова е најдобрата крема според цената, чини 150-160 денари. Јас ова време имам прилично сува кожа, не е исперутена но е затегната поготово образите. Оваа крема за 3-4 дена ми ги опорави образите, предходно неможев ни пудра да ставам ми се собираше. Структурата и е лесна, веднаш се впива, мирисот ми се допаѓа но брзо ми се здосади. Плус Биотен е добра козметика, имам користено и тоник кој исто беше прекрасен. Пишува без парабени, искрено незнам колку е така не ги проучив многу состојките. Од истава линија има уште два вида, зелена и лилјакова за различен тип на кожа. Garnier micellar water После прочитаните добри критики на форумов, решив да ја купам но не ја најдов. Конечно ја најдов и тоа на акција со плус крем за лице, кремот уште не сум почнала да го користам зошто го користам на Биотен сеуште. Со две памукчиња целосно ја вади шминката, пудрата како да ја топи, маскарата малку потешко но сепак ја вади. Што е најважно воопшто не ја суши кожата, исто како ништо да не сум ставила. Нема мирис, сигурна е за очите ич не ги пече. Luxe Gold Blush Поодамна пишав и во соодветната тема, но морав и овде да го спомнам. Иако повеќе е пролетен јас и сега си го користев, прекрасен цветен мирис, нежен, траен е иако искрено не очекував.
Продукт на месецот - МЕД Поради настинките и грипот се гушкав со него цел месец и фала богу добро сум На второ место крем кој што се грижеше за моето лице во студените денови - сатва со овошни киселини. На трето место новиот член во фамилијата - рол он со кристал со кој преминувам на природна козметика помалку штетна.
Фаворити за Февбруари 1.Лак за нокти rimmel london rita ora nail polish lets get nude Лаковите на римел се долготрајни и имаат убав сјај, а ова е најсовршената нуд нијанса што сум ја имала 2. Нivea in shower body lotion, одлично решение за мрзливи денови или туширање на брзинка. 3. Hemel lip care- најмрсниот и потхранувачки балзам за уста што сум го користела, мирисот е специфичен и не е за сечиј вкус, но негата е незаменлива 4.Nivea hand cream- класичната нивеа крема е универзална, а мене секоја зима ми помага со суви дланки
Моето откритие на месецот. Најдоброто нешто што и се случило на мојата кожа во последниот период. Исто така за мојата кожа ја најдов идеалната пудра барем сега за сега...
-Балсамот од Авон. Јас го користам исклучиво за нега на усните. Ладниов период ми е кобен за усните, покрај тоа што ми ги суши, имам и лоша навика, а тоа е постојано да ја оближувам и гризам устата.. Малку ми е непрактично пакувањето, затоа преферирам кога сум по дома да ставам. Веднаш ми ги смирува усните, и ги прави меки. И една од предностите секако е дека бавно се троши. На сите со испукани усни, го препорачувам. Често може да се начека на попуст, за цена од 99 денари. -Спреј за осветлување на косата од Балеа. Иако скоро модата на омбре коса помина, јас тек дури сега имав таква желба за мојата коса. Имам природна коса, до сега ја немам фарбано. Со оглед на тоа дека ми е премногу сува, а долга, не сакав да ја третирам со фарба, затоа го избрав помалото зло, а тоа е спрејот за осветлување на косата. Го нанесувам на врвовите на мокра коса, а потоа со фен ја сушам. До сега го имам нанесено околу 5,6 пати, и разликата е воочлива. До сега врвовите ми се осветлени за околу 4 нијанси, од природната боја на коса. Бавно се троши, а цената му е 180 денари. -Спреј од Балеа за заштита на косата при пеглање, виткање или фенирање. Искрено, спрејов го имам користено, околу 2-3 пати, дека релативно скоро го земав, по прочитаните позитивни коментари тука. Ама тоа не ме спречи да го ставам во категоријата на омилени производи, кои не се сомневам дека и во иднина ќе го користам. А резултатите беа видливи веднаш. Се прска на водена или на коса просеушена со пешкир. Пред пеглање или пак виткање, се нанесува на сува коса. Кога ги споменав резултатите, мислев на сјајот кој го има мојата коса после пеглањето, слаткиот мирис и најбитното-не ми е разлетана и наелектризирана, како обично. Има преслатко пакување, пријатно за око. Цената на спрејов е 165 денари. -Крема од Балеа за сува и чувствителна кожа. Мислам дека ја имам најсувата кожа на светов. Летно време е само сува, ама зимото ми е..пресушена. Се перути на одделни делови од телото. Исто, за кремава прочитав тука. Ја користам буквално за секој дел од телото, посебно за критичните места-лактите, рацете и петиците. И најдоброто-ја смирува иритираната кожа и црвенилото, после депилирање. Цената му е..не се сеќавам точно, ама во глава ми се врти цифра од 160 денари. -Christina Aguilera-By night. Парфемов го добив на подарок, уште за Нова година, од предрага личност. Првото мирисање ми беше-бљак! Значи, како поодвратно нешто да немам помириснато. Но нели, подарок ко подарок, се заблагодарив и реков ми се допаѓа. Пред скоро месец, не знам од која причина се мириснав од него, и првичната реакција ми беше-кивање! Премногу јак..ама по 10, 15 минути додека да изветрее малку..преубав! Впрочем, јас не користам некои ептен скапи и марки парфеми, и за овој навистина добив многу комплименти. Го користам повремено, сепак сум верен фан на Наоми, и мислам дека до скоро така ќе остане.
1. L'occitane Lemon Ultra Foaming cleanser Уште еден производ од палетата на L'occitane од кој сум задоволна. Многу добро го чисти лицето, дури и успешно ја отстранува шминката. Иако бев скептична бидејќи е наменет за кожа која е мрсна, а мојата е комбинирана, со суви делови, не зажалив што го купив. Не ја суши дополнително кожата, но доколку не ставам крем по миењето ја чувствувам затегната. Тоа не ми е проблем, бидејќи секогаш по миење си ставам крем. Мирисот е свеж и освежителен, пакувањето е привлечно и доволно е малку пена за да се измие цело лице. Негативна страна- цената. Доста е скап, но бавно се троши, ќе ми трае подолго време 2, Bourjois 123 Perfect CC Creme Презадоволна ! Користам шминка секој ден и затоа сакав нешто лесно а покривно, што нема да ми ја суши кожата и го открив овој цц крем. Ова ми е прв ваков производ, досега имам пробано BB крема, но ова е каде каде подобро. Покрива секакви црвенила, мали акни дури и подочниците не ми се познаваат толку. Лицето го прави како свила, мазно а не ги затвара порите како покривните пудри. Нијансата ми е 32- Light beige и совршено ми одговара на тенот. Препорачувам на сите кои користат шминка секојдневно, а не сакаат да го оптеретуваат лицето со тешки пудри. 3. Lush Caca Rouge Henna Бев очајна за некаква промена на косата , а не сакам да се фарбам па неодамна почнав да користам кна за коса. Ми беше страв да купувам пазарски, па ја одбрав оваа на Lush. Читав многу рецензии и решив да ја пробам. Мојата коса е темно кафеава, и резултатот потоа беше темно црвена коса, на сонце со бордо сјај. Косата ми ја направи многу мека, преубава. Е сега подготвувањето е друга приказна. Исто и мирисот- многу е јак. Не ја купувајте без на лице место да ја мириснете, може да го мразите мирисот. Подговтувањето е комплицирано и мачно, треба да стоите со часови со кната на глава, но можам да речам дека вредеше.Другите не забележуваат некоја огромна разлика, но јас ја чувствувам 4.Kokосово масло Не знам дали го имам спомнато, но зимскиов период интензивно го користам, па вреди да се спомне. Го користам за се- како третман за коса, го нанесувам на влажна коса пред миење, стојам што е можно подолго, па ја мијам, - како замена за силиконски капки, помиење на сува коса нанесувам малку на врвовите, ефект предобар, - како млеко за тело, по туширање, во зима кога ми е сува кожата ми ја омекнува премногу.. Ефектите се видливи брзо, косата е мека, кожата е хидрирана
Ќе ги споделам производите кои најчесто ги користев месецов, сите дел од препаративната козметика Многу убаво и лесно шампонче за секојдневна употреба, погодно за чувствителен скалп. Мирисот е како и останатите производи од оваа линија на Балеа, неутрален и мириса на чисто. Во комбинација со шампонот, дава совршени резултати. Косата е мека, лесна за стилизирање и мириса убаво. Мирисот на регенераторот надвладува над мирисот од шампонот Долго време го користев розевиот тоник за чувствителна кожа, па се решив да сменам и да го испробам овој за комбинирана. Подеднакво е добар како првиот, убаво вади остатоци од шминка и ја освежува и хидрира кожата. Лосионите за тело на Биотен се....совршенство! Имаат многу интересна структура која веднаш се впива во кожата, а мирисот е феноменален. Дискретен, нежен и многу пријатен Посебно ми е погоден за летен период, кога не поднесувам тешки мириси. И за крај, спреј за тело од Викторија Сикретс. Го купив пред два месеци отприлика, но овој месец поинтензивно го користам. Тврдам дека спрејчињава се исплатат за грамажата и со оглед на тоа колку бавно се трошат, се многу добра инвестиција. Мириса преубаво. Еве краток опис за него: A seductive, warm fragrance. Fall into a Moonlight Dream, provocative with honeysuckle and an aquatic orchid kiss. Refreshing formula is infused with conditioning aloe vera and calming chamomile. Spray on for a touch of scent. Презадоволна сум и би го купила повторно. Или можеби нареден пат ќе купам друг вид, никогаш не се знае За крај, да не го заборавам кокосовото масло на Биокулт, кое го користам за се и ми ја препороди кожата. Најчесто го употребувам како третман за коса, за сува коса и скалп е рај
Од биотен сум пробала само кремата за лице од памук за сува кожа, па можам да кажам дека ми беше одлична.Планирам да го испробам гелот за миење лице, млекото за чистење лице, и тоникот наменети за сува кожа.
Јас дојдов да го пофалам лакчево. Искрено сум презадоволна,со витамин Ц и калциум содржи во него. Имам многу меки и кршливи нокти,се обидувам да ги оправам еве веќе 2-3 месеци скоро. Прво почнав да го користам тој лакот што е на Евелин 8 во 1. Но ништо од него,сите се презадоволни а кај мене воопшто не покажуваше никакви резултати ниту ми ги зацврстуваше ноктите,ни ништо. А го користев според упатството,тоа што ме болеа ноктите си е друга приказна. После тоа го добив лакчево на поклон. Го користам скоро две недели и можам да кажам дека сум презадоволна. Се лакирам по еднаш до два пати во неделата...Но има добри резултати,можам да кажам само позитивни зборови. Ноктите ми се значително многу зацврстени,а притоа не чуствувам никаква болка на ноктите,како што беше со предходниот тој на Евелин. Структурата му е течна и има некој пријатен мирис. Брзо се суши. И не е розов или праскаст не знам точно што боја е,а и од блицот не е убаво доловена бојата како што изгледа на сликата туку е безбоен. Дава супер сјајен изглед на ноктите. Лаков го нанесувам без предходно да имам друг лак ставено Значи директно на ноктот. Цена искрено не му знам,но не верувам дека е повеќе од 100-150 денари. Инаку е од фирмата Мисс Спорти.Али стварно е супер производ,ќе продолжам да си го користам. Оценка 10\10 од мене !
1.Losionov za telo e odlicen,a mirisot prekrasen. 2.Mn.traen i ubav miris. Pojak e,no jas takvi obozavam. 3.Dr.Hauschka mleko za cistenje na liceto. 10/10 I dosta dolgo trae sisevo,ne se trosi brzo.Dovolno e malce da se nanese na pamukce. 4.I na kraj ovoj lak na L'oreal.Go dobiv na poklon,i mn.se iznenadiv od trajnosta na lakot,a i bojata e preubava.Dovolno e samo eden sloj da se nanese za da dojde bojava do izraz.
Последен пат го купив од Рамстор маркетот во Капитол. Не е многу скап, не ми текнува на точната цена, ама помалку од 150 денари беше.