Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Омилени продукти на месецот

Дискусија во 'Тело' започната од frutini, 25 февруари 2011.

  1. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.978
    Допаѓања:
    10.217
    Ај да си ги одвојам моиве производи за изминативе 2-3 месеци. Имав и доста утки направено, ама за тоа во другата тема ќе пишувам. Пак ќе ве удавам со реферат, се насобрале :sweat:

    1. Ноќна крема со невен од Афродита

    Зборувано е за кремава на форумов, јас ја земав кога беше на акција во Тинекс некаде пред Нова година и од тогаш активно ја користам. До тогаш не правев разлика помеѓу дневна и ноќна крема и имав само една што ја користев и како подлога за шминка и како хидратација за пред спиење. Благодетите што ги почувствував од кремава се големи и дефинитивно никогаш повеќе не би користела само дневен крем. Конкретно оваа крема е многу густа, тешко се размачкува и поспоро се упива, но тоа не ми пречи затоа што ја ставам некој пола час до час пред да си легнам да спијам. Повеќе е хранлива отколку хидратантна што ми одговара, а лицето наутро буквално ми блеска, го чувствувам меко, негувано, поеластично или со еден збор - здраво. Имав и еден убав и троа подлабок зачеток на брчка на челото, ја пополни после 2-3 користења и еве ден денешен ја нема да се појави, а таман се мислев што чаре да и барам. Малку ме збунија некои информации што ги прочитав тука на форумов дека ноќната крема не треба да биде на база на масла, но како и да е, додека да најдам некоја соодветна замена што ќе ми дава ист или подобар ефект од оваа, не планирам да ја менувам. Мирисот и е многу пријатен, а цената е и повеќе од разумна, секој може да си ја дозволи без да си го оштети буџетот, цели 166 денари во Тинекс и во Космо. На други места не сум видела колку е, а на попуст се наоѓа и за 120 -130 ден. Инаку имам нормална до комбинирана кожа, сега зимава повеќе ми одеше до нормална, со повремено чувство на дехидрираност, ама како што реков, разликата е воочлива од кога почнав со употреба на кремава.
    [​IMG]

    2. Дневна крема со невен од Афродита
    После толку позитивно искуство со ноќната решив да ја земам и дневната, некако сигурна бев дека доколку им ги спојам силите дека нема да зажалам. Кремот е во исто пакување од 50 мл, само бојата на капачето се разликува. За разлика од ноќната оваа е доста полесна и потечна, делува многу лесно и поводлесто. Од хидратацијата засега сум задоволна, убаво се впива и не остава мрсен сјај, а пудрата не ми се „лизга“ од лице. Потребно е многу мало количество за да се нанесе на цело лице и врат, којзнае колку време ќе ја користам. За матирање не може да се пофали, а додуша и никаде на кутијата не пишува такво нешто, но барем не ми предизвикува додатни мрсења. Не знам за повисоки температури колку ќе биде погодна, но додека тера ќе ја користам. Пишува и дека невенот ги намалува црвенилата, но јас немам некој таков проблем па не знам да кажам, но општо сум многу задоволна од целокупната состојба на кожата. Мирисот е ист како и на ноќната, само не е толку интензивен. Цената е иста 166 денари во Тинекс и во Космо, а се наоѓа некогаш и на попуст.
    [​IMG]

    3. Himalaya пилинг за лице од кајсија
    Го земав на акција со дневната Energizing крема, од таа нешто посебно не бев воодушевена, но пилингов ми се погоди доста. Нема некој посебен мирис, скоро и неосетлив е, има доста гранули и е густ. Гранулите не се премногу груби, но не се ни многу нежни, мене ми се таман. После кратко време триење веднаш почнуваат да се испуштаат маслата од гранулите и се добива супер ефект на измазнето и потхрането лице и воопшто не ја суши кожата како што знаат да прават некои пилинзи. Црнки немам, не знам како делува на нив, но општиот впечаток ми е дека супер измазнува се што е вишок. Не ми се јавиле иритации и би го земала повторно ако го начекам на некоја акција. Не му ја знам цената го начекав во комплет како што кажам, но е некаде помеѓу 250-300 денари за 75 мл продукт. Го има сигурно во Космо, за други места не знам.
    [​IMG] [​IMG]

    4. Aura руменило - 211 Vintage Peach
    Да не должам многу и за руменилава, фалени се сто пати. Јас сум верен корисник на хајлајтерите, а ја имам и вино нијансата, па си ја зголемив колекцијата со уште едно таман за времево. Мислам дека ќе одговара на секаков тен и на посветол и на потемен и за пролет и за лето на исончано. Руменилото како што знаете е комплетно мат, доста пигментирано и лесно се бленда вишокот. Многу малку е потребно за убав изглед, економично е, не се праши и чини околу 200 денари во ДМ и Космо.
    Еве ја нијансата
    [​IMG]

    5. Mybelline color drama моливчиња за уста
    Моливчињава ми се откритие. Скептична бев кога го земав првото, а од кога го пробав веднаш се вратив по уште 2 нијанси. Боите се прекрасни и интензивни баш како што изгледа и самото моливче. Нема потреба да се бориш со нив за убаво да нанесеш, меки се и со лесен допир оставаат боја. Ми се допаѓа што не се стандардна дебелина туку се од пошироките и лесно може да се маневрираат во зависност од тоа дали сакам попрецизна линија или поголема површина за боење и пополнување. Воопшто не ја сушат устата и можат да се носат самостојно како замена за кармин. Трајноста им е задоволителна, но сепак се бришат ако се јаде и сл. па јас најчесто ги комбинирам со некој кармин или сјај. Да не заборавам и убаво мирисаат.
    Би ги купила сите нијанси без размислување, се надевам дека ќе донесат повеќе што поскоро.
    Јас ги имам првата, четвртата и петата нијанса. Инаку ги земав по цена од 75 денари и ич не ми текнува дали тоа беше цена со попуст или регулана, како и да е водена сопред цените на другите производи од оваа линија не би требало да се многу скапи.
    [​IMG]

    6. Manhattan color splash liquid lip tint
    Во Космо се моментално на акција намалени од 300 и нешто на 230 од прилика. Јас сум ептен задоволна и ќе си набавам и други боички. На рафтот беа пишани како долготрајни сјаеви, ама не би можела да се солгасам дека се по структура слични како сјај, па затоа овде го ставив целосниот англиски назив за поубаво да ги доловам. Структурата им е доста лесна и разредена да речам, не се воопшто густи како кармин или лепливи како сјај што мене особено ми се допаѓа. Бојата е прилично интензивна со еден слој, а со втор станува уште повеќе. Ако немате трпение целосно да ви се досушат како јас што немам на пример, можете нежно да го извадите вишокот со парче салфета меѓу усните и после тоа немате гајле, не остава траги никаде и не се размачкува ниту малку. Ептен е швалерски :makeup::lol: Долготраен е и стои со часови без разлика дали пиете, јадете, или сте активни со некои други активности :D Ќе си стои додека не го извадите, ако воопшто успеете да го извадите. Јас лично дома немам доволно ефикасно средство за да го извади во целост и треба доста да се помачам со комбинирани методи за да го извадам. Во текот на денот после неколку часови можно е само минимално да избледи бојата, но само малку, далеку од тоа дека ќе ја снема.
    Единствена мана што можам да им ја најдам, е тоа дека после некое врем најверојатно оксидираат, затоа што тестерите од истото бројче беа друга нијанса од таа во амбалажата, додека пак и таа боја што ќе ја видите вака однадвор врска нема со таа што ќе ја извадите на четката...не знам дали се изразив ко што треба (facepalm) Како и да е, јас си ја погодив нијансата иако мислев дека купувам некоја сосема трета, така што бидете претпазиви во однос на тоа. За се друго се чиста петка и баш ми е мило што така на рандом решив да го земам. Обично не сум толку импулсивна, особено не па за сјаеви, ама ете виша сила :rofl:
    Еве и по некое сликиче
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    Последна измена: 19 март 2015
    На mims-89, only44you, kala21 и 15 други им се допаѓа ова.
  2. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.978
    Допаѓања:
    10.217
    Извинете за едно подруго мислење, но предолга ми била целата порака за да ја пуштам во едно, системот ме сумња за спамер :D(facepalm)

    7. Bioten CC крема
    Мислам дека @A-j-a имаше доста опширна рецензија за овој ЦЦ крем и во целост се согласувам со се што беше напишано, освен можеби за долготрајноста затоа што не би рекла дека се задржува 8-9 часа на лицето. Сепак ЦЦ кремава доста позитивно ме изненади, има минимална покривност каква што ми е потребна за преку ден, или за натаму-наваму кога не сакам многу да се шминкам, а сепак сакам да имам изедначен тен. Достапна е во две нијанси light и medium, јас ја имам првата. Не би ја препорачала за девојки со снежно бел тен затоа што ќе им биде темна. Мене ми се прилагодува на тенот иако за секој случај нанесувам и на вратот за да не ми двои ниту пола нијанса. Доколку се нанесува со четка, минимално се зголемува покривноста, но како и да се нанесе убаво изгледа. Лицето го прави свежо и по малку му дава дискретен сјај како на здрава и негувана кожа. Мирисот е преубав и нежен иако се губи после кратко време. Особено ми се допаѓа тоа што има мислам 15 спф, но од друга страна треба да се пази како се нанесува околу очите затоа што поради спф-от може да почнат да солзат. Пакувањето е практично, кремот е густ и многу лесен па индивидуално е тоа колкаво количество ќе ви биде потребо, но сепак лесно се дозира и истиснува. Јас го користам над крем за лице иако е доста хидратантна кремава и засега ми одговара комбинацијата
    Споро ми се троши и одлично ми легнува за секој ден, навистина сум задоволна и ја препорачувам на оние што немаат некои посебни проблеми со лицето, затоа што во спротивно ќе се разочараат од покривноста. Цената е 157 денари и ја има скоро секаде.
    [​IMG] [​IMG]

    8. Bioten тоник за лице од дуња

    Од кремата од истата линија не бев воопшто задоволна, воопшто не беше хидратантна, но тоникот е сосема друга приказна. Мириса свежо, убаво го хидрира лицето, а кремата подобро се впива после нанесување на тоников. Доколку останале некои минимални нечистотии после миење на лицето успешно ги вади и инстантно ја освежува кожата. Одличен тоник за евтини пари. Цената му е околу 100 денари и го има секаде.

    [​IMG]

    9. Ebelin силиконско четче за миење лице

    Господ да ја поживее @Doozy што го препорача пред неколку месеци, одма го купив да го пробам. Ова е прво вакво нешто што го користам и ми се промени целосно поимот за тоа како треба да се негува лице. Разликата е огромна и веднаш воочлива и им препорачувам на сите да си го земат ова прекрасно четкиче без разлика на тоа каков тип на кожа имаат. Јас прво мислев дека боцките ќе бидат груби но се излажав. Многу е нежно и ептен помага за ефикасно чистење на лицето во комбинација со вообичаеното средство што го користите. Друга работа освен тоа што чисти е тоа што убаво ја масира кожата и ја зголемува циркулацијата со што влијае на тоа да се подобри општата состојба на кожата. Искрено не би можела да се замислам повеќе да мијам лице без ова или нешто слично.
    Има едно како цуцле позади за закачување на огледало или плочки во купатило и е повеќе од практично.
    Цената му е околу 105 денари во ДМ маркет.
    [​IMG]
     
    Последна измена: 19 март 2015
    На papillonP, mims-89, SV1911 и 14 други им се допаѓа ова.
  3. b.u.tt.e.r.F.L.Y

    b.u.tt.e.r.F.L.Y Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    152
    Пол:
    Женски

    КОлку пари и од каде е парфемот?? :)
     
    На mirandaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    10.111
    Иако не сме завршиле со месецот јас завршив со козметичото пазарење за Март и ова се моите фаворити:
    1.artdeco lipstick high performance 497,Мека сјајна текстура и убава розевкаста природна нијанса, цена 480 ден.
    image.jpg
    2. Seventeen non-oily make up remover, убаво вади шминка за очи и не ги иритира капаците и кожата околу, цена 180 ден.
    image.jpg
    3.Bourjois volume glamour ultra care mascara, имам многу осетливи очи и посебно преку ден ми пречи маскара, оваа маскара без проблем ја користам и преку ден. Четката и бојата се ок, цена 500 ден.
    4.Curaprox ultra soft, совршена четка за заби за осетливи непца, меки и густи влакна, цена околу 240 ден. image.jpg
     

    Прикачени фајлови:

    • image.jpg
      image.jpg
      Големина на фајлот:
      19,8 KB
      Прегледи:
      31
    На only44you, Mama25, rainbowec и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.181
    Допаѓања:
    156.673
    Црната и кафената, другите не ги користам.
    Длабоки бои, ми се свиѓа. За блендирање малку потешко, ама интензивни се и се прилепуваат на капакот, што е нешто што барав.
    [​IMG]

    На секои две недели, кога кожата ми е преуморна и преистоштена. Утредента, како нова.
    Откритие!
    [​IMG]

    Нема потреба од дополнителни лосиони за чистење лице кои дополнително ја малтретираат кожата. ПраЕубо.
    [​IMG]
     
    На bliznaci05, mims-89, tinkerbelll и 8 други им се допаѓа ова.
  6. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.673
    Допаѓања:
    2.922
    Пол:
    Женски
    Овој спрејот од Балеа за осветлување на косата врска нема, ова е исто Фарба само во состојба на течност за прскање, спреј. И јас прскав и сега ми стана портокалова косата не излегува со месеци...
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Модо

    Модо Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    90
    Пол:
    Женски
    Мене фризерката ми кажа дека можно е некои да им се со поминат рок, зошто и доаѓале доста девојчиња со вакво да им ги осветлува косите и се случувало голема разлика да има од шише до шише.
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    @IamSexyAndIKnowIt , ко што спомена феминката погоре, да не е со поминат рок..али пак тоа ќе приметеше најверојатно.
    Или косата со фарба/бланш/кна да не ти била третирана претходно, па да има некој удел и тоа..
    Што знам, јас навистина имав позитивно искуство со спрејов, и откако по 5 прскања ја добив посакуваната нијанса, не го користам веќе.
    А за тоа дека има разлика од шише до шише, не знам, мојот е од Германија купен.
     
  9. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.673
    Допаѓања:
    2.922
    Пол:
    Женски
    E toa od germanija i mkd ima golema razlika, ne e ist kvalitetot, inaku ne mi bese ni farbana ni blansirana kosata...mozebi e do pigmentot...
     
    На sadgirl21 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mirandaa

    mirandaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    24.750
    Пол:
    Женски
    Color Drama molivcinjata za usni gi ima li i kaj nas ?Ili od stranstvo si gi nabavila ?Obicno retko zastanuvam vo posledno vreme pred standovite na Maybelline,porano poveke kupuvav od nivnite proizvodi,no sega poveke se orientirav kon Max Factor.
    Mi fatija oko nude nijansata i temno violetovata. :) Ako gi ima i kaj nas denovive da odam da si kupam stom se dobri.
     
  11. mirandaa

    mirandaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    24.750
    Пол:
    Женски
    Se izvinuvam duri sega gledam deka si me prasala za parfemot.Neznam od koja pricina ne mi stigna notifikacija za ova.:smirk:
    Go kupiv od prodavnicata Yves Rocher sto ja imaat vo GTC ,na prvi kat. 2200 den. Mn.e traen i ubav.
    Imaat i mnogu dr.parfemi.Pojaki,ponezni,letni,zimski ... Cenata obicno na site im e taa ,od 1500 do 2000 i nesto,3000.
     
    На b.u.tt.e.r.F.L.Y му/ѝ се допаѓа ова.
  12. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.040
    Допаѓања:
    3.479
    Да, ги има. Јас ги видов уште пред Нова година но не ја забележав цената, вака евтини се ќе си земам и јас некое :)
     
    На cooll и mirandaa им се допаѓа ова.
  13. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.978
    Допаѓања:
    10.217
    @mirandaa гледам ти одговориле, еве и јас да ти потврдам. Инаку и јас прв пат ги гледам, не се вртам многу околу нивниот штанд, ама сега сакав да ги ѕирнам руменилата што се на попуст па случајно ги приметив и овие. Ги земав од Космо во Зебра, секогаш се снабдени и затоа одам таму кога имам време. Во ГТЦ можно е да ги нема затоа што таму е многу мал просторот и се е некако хаотично напикано, ме фаќа клаустрофобија кога ќе влезам.

    Инаку не знам зошто сум напишала дека моливчињава мирисаат убаво кога очигледно сум мислела на сјајчињата од Менхетен. Моја ненамерна грешка, се извинувам :)
     
    На mirandaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Во врска со спрејот од Балеа, еве една слика од сестра ми за да видите дека има ефекти. П.с. се надевам нема да дознае дека ставам нејзини слики по форуми :rofl:
    Ribbet collage.jpg
     
    На Nausicaa, kjukli, AGIrlNamedMarija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    72.661
    Пол:
    Женски
    После долга потрага добар туш прочитав дека некои од феминките го фалат гел тушот од Лореал. И го купив да го пробам и него.Фала им на феминките што го препорачаа значи тушот е прекрасен и го препорачувам. Веќе три месеци ми е омилен продукт. Четкичката е со средно тврди влакна кои не се виткаат додека нанесуваш од тушот. Има убава интензивна црна боја и после 10 часа уште ја имате интензивната црна боја. Бидејќи е гел туш и многу споро се троши и по три месечно користење на тушот со секојдневно отварање затварање структурата му е непроменета. Многу лесно се нанесува, па конечно и јас станав експерт за нанесување туш :D Тушот е 590 ден.
    [​IMG]
    Исто така производ кој го користам долго време е Uniq One за коса. И покрај тоа што никогаш не ја сушам со фен косата, ретко ја пеглам бидејќи имам природно виткана, косата ми изгледаше доста оштетено. Овој производ го видов кај многу блогерки и го барав низ продавниците но го немаше, па го најдов кај фризерката и решив да го пробам. Го користам веќе неколку месеци, а од резултатите сум презадоволна. Косата сега ми изгледа поздраво, има некој сјај , полесно ми се чешла косата, помека ми е и кога ја пеглам не ми е разлетана. Го купив 800 ден.
    [​IMG]
     
    На Bajaderka, lovelife, Kom.pot и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    И од кога ке го нанесеш колку трае оваа чудо ден два или недела месец ? :o
     
  17. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Трае исто како фарба, не паѓа бојата со миење туку си потерува коренот.
     
  18. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Јас да прашам што е тоа пигментација?И има ли разлика помеѓу пигментација на лице или на коса?
     
  19. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    1. Beauty matte foundation течна пудра од Орифлејм
    По многу прочитани рецензии на форумов, за течните пудри од Bourjois perfect 123 и Max faktor face finity 3 во 1, сепак се одлучив за пудрата која долго време ја користам и можам да кажам дека е создадена за мојата комбинирана кожа со масна т-зона во однос на структурата и нијансата.
    Лесна, свилено мазна пудра за долготраен мат финиш со средна покривност и природен изглед.
    Содржи микро зрнца од силициум диоксид за постојано апсорбирање на вишокот маснотии. Формула на база на вода совршена за комбинирана/мрсна кожа.
    Цена: 349 ден.
    [​IMG]


    2. Сунѓерче за шминкање од Орифлејм
    Првпат користам ваков производ за декоративна козметика и навистина сум пријатно изненадена од ефектот.
    Цена: 99 ден.

    [​IMG]
    3. Професионална двострана четка за сенка за очи од Орифлејм
    Идеална за креирање на различни ефекти при нанесување на сенката за очи. Помалата кружна четка ја користам за лесно аплицирање, а со четката со подолги влакненца ја дефинирам линијата на нијансата.
    Цена: 179 ден.

    [​IMG]


    4. Хидратантен балсам за усни One Lip Spa од Орифлејм
    Балсамот е со двојно внатрешно јадро кое овозможува меки, нежни и хидратантни усни со аква комплекс и спф 8 достапен во три нијанси ( transparent, nude, natural pink). Јас ја користам транспарентната.
    Цена: 199 ден.

    [​IMG]
    5. Лак за нокти за француски маникир The One од Орифлејм
    Бисерни нијанси со висок сјај за природен изглед на ноктите и изедначено нанесување.
    Ги препорачувам!!!
    Цена: 199 ден.
    [​IMG]
     
    На b.u.tt.e.r.F.L.Y, EMoonlight, Giovanna и 3 други им се допаѓа ова.
  20. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    5.751
    Пол:
    Женски
    Maрт

    1. St. Ives Green Tea Face Scrub
    ова е многу релаксиран за миење лице ааах mother of gods :inlove::inlove:, преубаво мириса и кога ќе се измијам лицево ми е прееемеко, не е обичен сапун face scrub e
    и да напоменам дека имав мала црнка на нос, и ми е очисти
    [​IMG]

    2. Wet N' Wild eyebrow pencil
    не е најдобриот молив за веѓи :?:, ама арен е за мене дека имам темни веѓи, иста боја е
    [​IMG]

    3. PINK warm and cozy perfume

    преубаво мириса
    [​IMG]

    4. Dove go fresh deodorant
    никогаш не ги купував деодорантите ( така ли се вика на мк ? ) на затоа што
    1. прескапи се за еден мал деодорант
    2. има поголеми кутивчиња за поевтино :nod:
    но овај ги купив за да го пробам , и најмногу затоа што се потам ПРЕМНОГУ независно какво е времето, и мраз да е надвој јас пак се потам
    и овај има 48 часа формула и навистина ја запира потта

    [​IMG]

    5. Rimmel Match Perfection Concealer
    [​IMG]
     
    На EMoonlight, Annath, only44you и 5 други им се допаѓа ова.