пријатно се изненадив а воедно сум и среќна што конечно нешто се погоди за мојата проблематична кожа .
Иако месец февруари измина, јас сепак да си ги споменам производите кои ми беа омилени или најкористени сеедно, во тој период. -Rosal LipBalm Blueberry Dream Иако пред некое време го споменав и пофалив балсамот од Авон за суви и испукани усни, и се уште стојам зад тоа, сепак ми беше потребно нешто попрактично. Од таа причина што ми е невкусно кога сум излезена да 'брцнам' со прстот во кутивчето, и да се намачкам, решив да си земам успат и 'подвижно' лабело, кое без проблем ќе го користам кога не сум дома. Обично не сакам да експериментирам со ништо, особено не со лабела, затоа одев на сигурна и веќе проверена варијанта-Blueberry dream. Лабелово го користам, најверојатно 2, 3 години наназад, и не планирам воопшто да го менувам. Најголема предност му е што е не остава никаква трагa, ги омекнува и хидратира усните, а мирисот му е пријатен ко и самото име. Цена: 78 денари. -Baby Cream, Fresh Baby care Со оглед на тоа дека имам многу сува кожа, неминовно е и рацете да ми бидат груби. А и фактот дека секој ден мијам садови, минимум двапати, придонесе кожата на рацете да ми биде, некако, многу збрчкана, сува и да се перути. Подолго време користам крем-маска од Eveline, кој воопшто не ми одговара ниту ми ја подобрува кожата, а не знам од кој причина не го менувам. Навечер, пред легнување, ги мачкам рацете со кремата од Балеа од невен, со оглед на тоа дека е мрсна кремата, а за дневна употреба си најдов едно детско кремче, може во стандардно пакување, ама мене некако ми е преслатко за око. Најверојатно до бојата е. Станува збор за детска крема, која е наменета за осетлива кожа, и не предизвикува било какви алергиски реакции. Доволно е само малку да ставам, за да ги намачкам и двете раце. Иако на декларацијата пишува дека е наменета и за секојдневно употреба на лицето, јас се уште ја немам тестирано. Ја користам исклучиво за рацете, веднаш се впива, не е леплива, и рацете добри 2,3 часа ми се меки и мазни, со некаков сјај. Важно е да напоменам дека има сладок бебешки мирис, додека се нанесува, потоа не се чувствува ништо. Но тоа не ми е ни толку важно се додека си ја извршува првичната функција-мазна и мека кожа. Јас веќе го трошам второто пакување, што е чудно за мене, дека после потрошена крема за раце, никогаш повторно не ја купувам истата. Пакувањето е практично за во чанта, големината му е 75 ml, со сосема прифатлива цена од 45 денари. -All night, Naomi Campbell Искрено, парфемов не е користен само месец февруари, туку веќе цела година го користам. Моментално го трошам шестото шишенце. Пред некоја недела ептен пријатно ме изненади, и затоа сум мотивирана да го споменам. По перењето на раце, капутот го заборавив во омекнувач добри 3 саати. По неговото сушење, омекнувачот не се ни чувствуваше толку, колку што парфемов! Мене ептен ми е пријатен, и се сомневам дека некогаш ќе престанам да го користам. Цената е 10e за 15 ml.
Gi imam poveke mesecov ,no eve ke gi izdvojam onie naj. 1.Coconut Passion. Preubav miris,mn. me potseka na leto,more ...I mnogu e traen sprejov. 2.Baby Lips ,Dr.Rescue (Menthol) Odlicen miris,gi neguva usnite,prezadovolna sum. 3.The Body Shop-body butter.Prekrasen miris na jagoda i na med .Prekrasni se i dvata,kozata ja pravat mn.meka i mirisot trae dosta dolgo.
Gliss hyaluron mask Презадоволна сум од оваа маска на Глис , косата убаво ја омекнува и потоа многу полесно се расчешлува Too faced - Chocolate bar palette Палетава т.е. боите се сон , пигментирани , трајни ( јас секогаш ја користам палетава со прајмер), воопшто не зажалив што дадов 39 евра за палетава , ја користам скоро секој ден и за утринско и ноќно излегување.
на темава немам пишано 100 година милам ама некако приметувам дека подолго време користам едни исти производи пошто ми одговараат повеќето, еве некои новитети што имам да ги пишам 1. Пенава ја користам најчесто за миеше лице, за мешовита коша е наменета, не ми го суши лицето воопшто, баш го прави нормално, ко што треба да биде . Отсекогаш повеќе сум сакала пилинзи ама лицево стварно ми е многу поубаво откако ја користам пенава, немам воопшто црвенило. 2. До пред некој дена ја користев кремата за лице на Mixa и во поглед на хидратација ми беше ок, многу брзо упива ама конкретно мене мирисот ме убива кога ја ставам, ми се слошува буквално, мирис на хемикалија ми има, а и веројатно алкохол има пошто ми се појавуваат и црвенила од неа, и голем проблем ми беше што ако имам некоја рана или нешто на лицето буквално ми ја цпршува кожата околу. И така јас се решив да си земам нова крема и сосема случајн и непланирано ја земав кремава на Биотен и се одушевив. преубаво го хидрира лицето, а мирисот и е сон, ми иде да си лизнам од кремава жими се . Преубав мирис хидратација топ, нема црвенила, нема пецкаше, ма ништо. Лепота е. 3. Маскава (aussie) доста ми помогна да ја опоравам косата, некогаш ја ставам на сува коса и ја оставам да отстои и обавезно секое бањање ја користам 5 минути неа и 5 минути loreal anti breakage. Косата ми е супер со двете маски истретирана, краевите ми се многу многу помеки. 4. Моментално користам две маскари зависи што сакам да постигнам, првава ги издолжува трепките и баш им дава ефект на вештачки, а вторава преубав волумен. 5. Прајмеров го добив како тестер во naked палетата, и презаљубена сум, не е нормално колку е поинтензивна бојата со прајмеров и колку долго стојат сенките. Ја имам тестирано од 7 сабајле до 1 вечер и не мрдна. Тестерот богами има бајаги јас веќе 6-7 пати имам ставено и сигурно има за уште толку, а плус имам 4 тестери од сите прајмери така да обезбедена сум до наредна прилика кога ќе одам негде да го купам. Љубов е стварно 6. Најубавата црвена боја што некогаш сум ја виделааа. Постојан е многу, дури и тој сјај некој што го остава кога ќе се избрише останува бојата. Ги хидрира убаво усните неколку часа после треба да се поправи пошт се засушува малку. Бојата е флоросцентна некако со некој портокалов подртон, преубав е. 7. Иии пудрава е последната љубов, некако како се разведри малце времево изгубив желба за мат мат изглед. Секако камена пудра ставам за да не светнам али преку неа ставам и од пудрава и преубав здрав сјај му дава на лицето. 8. Како се појави сонцев така јас си се шлапкам со хајлајтеров и ефектот е WOW Преубаво нешто, не знам што ќе правам без него кога ќе се потроши така да го штедам баш за посебни прилики
Продуктиве ги користам веќе подолг период, и навистина ми се погодија за да ги ставам во омилени. 1.Planet Spa Chinese Ginseng Revitalising Face Mask Маскава за лице ја имам веќе година дена, така што цена и не и паметам веќе, но не верувам дека е повеќе од 250 денари. Пишува дека го освежува и обновува лицето, се става тенок слој на чисто лице и се чека да се исуши, а после следува задоволувачкото чувство на лупење на маската Ја ставам еднаш во две недели, по вадење на маската лицето ми е навистина свежо и ми дава некој природен сјај. Веќе при крај ми е, и треба да проверам дали уште ја има, за да си земам резерви. 2.Bioten Skin Moisture CC All in 1 Skin Perfection Light Не сум љубител на пудри, мразам да се шлапам најискрено, ама како и на секоја девојка, има денови кога лицево ми е лом и морам нешто да ставам, и на крај се одлучив за ЦЦ кремов. Пишува дека е без парабени, што лично ми е голем плус, и вика дека трае 24 часа. Е сега за трајноста, не би рекла, до кај 6-8 саати максимум ми траела. Во однос на покривност, не е како пудра, нормално, ама солидно прикрива црвенило, делумно подочњаци и акни. Ми се чини на кутијата пишува дека доколку сакате поголема покривност може да се стави и втор слој, ама јас лично ретко го ставам. Ми дава некој природен изглед на лицето, конечно ми се погоди со бојата на кожата, а прилично бледа сум, и цената и е сосема солидна 180-190 денари. Втората тубичка почнав да ја користам, а првата ми траеше доста долго, околу 7-8 месеци. А да, и ЦЦ кремава ми има многу пријатен мирис. 3.Balea Mattierende Creme mit Fruchtsaure Крема за лице со овошна киселина, која ги измазнува порите, за комбинирана кожа. Јас воглавно имам нормална кожа, ама во периодот на ладно многу ми се исуши Т-зоната, што дури и кожата ми се лупеше, и бев во потрага на крема што ќе ми ја опорави и прочитав доста рецензии за оваа и решив да ја пробам. Ја ставам наутро и навечер, брзо ми се впива и го има оној мат ефект, а и мириса многу пријатно. Кожата ми се нормализираше, и ми одговара. Цената е околу 230-240 денари, ако не се лажам. 4. Rebul EAU De Cologne Jasmine, Mandarine & Ice Минијатурни колонски води, со мирис на Јасмин, Мандарина и Ice-ментол по мое Мајка ми ми ги донесе од Турција, и навечер ги ставам на перницата и многу пријатно ми мириса за спиење Плус, малечки се и компактни па ако не ви се влече парфем, погодно е да се има едно вакво во ташна.
Еве сум после скоро два месеци и кусур. Таман да спојам два месеци во еден (февруари и март) и онака извесно е дека нема да заспијам од возбуда вечерва, па свратив ваму. Арно ама решив да скратам на време и да не барам слики на Гугл, ами дирек да ја средам сликава. Да започнеме со ред, или продукт бр.: 1. Крема за лице од невен, Afrodita. Кремава ја купив уште во Јануари кога кожата на лицето ми беше скоро пресушена од ладното и баш ја погодив. Не ми беа на ќејф Афродита, заради моето терсене лице, ама овојпат ја погодив скроз. Одлична ми беше на ладното, а и сега богами на (по)топло. Иако е густа и "тешка" на изглед, смирува веднаш, храни и не ги затнува порите. Ја купив и сестра и од маслинка, што е и баш без парабени, парафини и силикони, ама оваа за нијанса повеќе ми се допаѓа, можеби од причина што подобро се впива, а мене, рака на срце, тоа ми е во топ 3 квалитети кои ги барам од една крема, со оглед на (пре)мрсната кожа што ја имам. 2. Антибактериски гел за раце (без употреба на вода), Cien. Е без ова не можам, и по дома, и за надвор стално ми се наоѓа, особено ако излезе да јадам додека сум надвор од дома и миењето раце во тој момент е "комплицирана ствар". 3. Лабело за усни, Labello. Најомилено евр. Што и да купам нему пак му се враќам. Стара љубав, тоа ти е. Ама реално многу имам пробано, еве и Мелем последно, ама не бре тоа прегусто ми е некако, не можам така. Ова ми е идеално. И не го менам веќе, ама најозбилно. 4. Пудра за лице, Face Finity, MF. Иако има помалку од недела откако редовно ја користам, ќе се "осудам" да ја ставам во фаворити на месецот бидејќи ме фасцинираше. Очекувања пред ја купам, просечни накај лоши. Пусто ме копкаше, па и на попуст се погоди, и викам ајде. Како реагира на моето лице: Покривност висока со еден слој. Нијанса идеална со мојот тен. Постојана е, мат е и не се брише и размачкува во текот на денот. Со сунѓерчето од Ebelin ми се топ погодени. Ќе скратам тука, зашто многу има за пудрава да се пишува. Нискобуџетна пудра на која вреди да и дадете шанса. 5. Кармин GR, нијанса 12. Го напнувам карминов периодов и заедно со Cute Pink моливчето од Essence ми се одлична комбинација. Топла розева нијанса, која мислам дека му личи на мојот жолтникав тен. 6. Серум за лице, Dr. Scheller. Го купив серумов на попуст од Космо за некои 300 и кусур денари, а цената му е околу 700-800 така нешто. Би платила и дупло од реалната цена, многу квалитетен производ. Прво и основно, ова е прв производ кој го имам пробано а успеал иритираната кожа да ја смири истата секунда. Хидрира и освежува, башка може да се употребува и самостојно, ако мислите дека нема потреба отпосле да ставате крема, не мора. Не содржи синтетички бои, парабени, парафини, минерални масла и ГМО. За чувствителна кожа и нема старосна граница. Одличен 5! 7. Масло од арган, VitalCare. Не е 100% арганово масло и да, содржи силикони. Ама, причина зошто го сакам е фактот што освен тоа што мириса преубаво, е единственото нешто после кое пегланата коса ми ја задржува формата. Огромно е и ептен бааавно се троши. 8. Двофазно водоотпорно средство за отстранување шминка, Balea. Го сакам зашто е нежен, преефикасен, а и отворот му е тесен таман ми се дозира ако треба со стапче за уво да го "пречекам". Предобар. 9. Средство за чистење четки, Ebelin. Многу се наоѓа при итни случаи. Јас најчесто за четката за коректор го користам. Ама открив поефикасен начин на искористување. Го одвртувам спрејот и сипувам во мала чашка од сретството, па брцнувам со четката и настрана ја чистам. Вака прскајќи многу во "воздух" ми оди и време се губи. 10. Парфем, I Love Love Cheap & Chic Moschino. Одмна го знам парфемчево и баш ми беше онака слаткасто. Ама не се осудував да го купам, си викав леле кој би сакал цел ден на портокали да мириса. Арно ама, последен пат кога си прснав, ме опи. Лето, море, сонце, мирен ден, позитивна енергија... Мириса прекрасно, ма неодоливо. Не е онака sweet spicy, туку совршена композиција од овошки која не мириса ниту премногу цитрусно, ниту премногу слатко. Таман. И многу е траен. Марамите, облеката, се мириса на него. Се фаќам како го ставам дури сум цела во црно и темно, а знаеме дека тој "аутфит" не трпи цитрусно. Е па, ова доволно кажува. 11. Креми за околу очи, Alverde и Nivea. И двете се тука, бидејќи сметам дека се подеднакво добри. Почнав да ги користам во ист период и го оправив сувиот дел околу очите. Алвердето е малку погуста и мириса поубаво, ама во секој случај и двете се одлични. 12. Крема за раце, Libera e Bella. Многу, многу убава крема за раце. Мириса онака "остро" на бадем (најверојатно ) што е ептен мој тип на мирис, башка преубава структура, веднаш впива, омекнува, ствара како некој заштитен слој, а од друга страна не лепи воопшто. Прекрасна. 13. Четка за коректор, GR. Многу убава и практична четка. Секој ден ја употребувам. Цврсто споени влакна и одлична прецизност. Предобар производ за смешни пари. 14. Маскара, Go Extreme Maybelline. Првпат кога ја пробав после купувањето, помислив дека се заебав што сум ја купила од причина што четката ми се виде огромна и цела се ушлакав дури ја ставав. Арно ама, тоа беше само првиот пат. Дали навикнав, дали друго работава... појма неам. Во секој случај, многу добра. Интензивно црна, издолжува, дава волумен, витка... Одлична. 15. Камуфлаж коректор, Catrice. Јас го користам за прекривање флеки/акни на лицето. Го немам тестирано под очите, ама сметам дека не ни има таква структура. Повеќе ми е како за сè друго, освен за таму. Во комбинација со четчето од GR го користам и за истакнување околу устата и веѓите. Одличен ми е. Иако сакав уште работи да ставам, сметам дека за нив треба малку време да помине. А, и рака ме заболе.
Нов месец дошол, ајде и јас да си пишам во темава Број 1 производ за месец март ми беше Max Factor Face Finity Извесно време пред да биде попустот во Космо, се консултирав со Мишела бидејќи бев во потрага по нова течна пудра. Ми предложи три, сите беа тука некаде со цената и искрено некако ме влечеше Bourjois 123 Perfect. Aма кога ја видов Max Factor на попуст, си реков таа ќе ја купам. Малку ми беше проблем да одберам нијанса, имаше само 4 во Космо во ГТЦ, па се туфкав, па споредував со Менхетен нијансата што ја користам и на крај таа што ја избрав испадна дека исто се вика - sand. Само што кај Менхетенот е малку потемна. Совршено ми одговара на тенот, покривноста е солидна, а и од трајноста сум задоволна. Ја нанесувам строго со четка, некако ми е премногу течна за со прсти. Менхетенот е многу погуста, па ако немам време некогаш и со прсти ја мачкам. Само пофални зборови за Max Factor. Eдинствено некаде прочитав дека оксидирала, ама јас не добив таков впечаток. Производ број 2 ми беше фиксаторот на шминка од Авон Во тесна конкуренција беше со пудрата Апсолутен хит ми е, не знам зошто порано не сум го испробала. Пресудни беа пофалбите на интернет, а и попустот што го начекав - земав две шишенца за 269 денари. Сега гледам дека веќе е покачен, ама сигурно пак ќе има акција. Никогаш немав користено фиксатор во форма на спреј, па не знаев што да очекувам. Многу бев смешна првиот пат кога го испробував Се испрскав како што пишуваше во упатството, се гледам после во огледало и си викам леле што направив, се избањав цела, отиде шминката Ама без паника, така треба. За брзо време се исуши и некако ми ја измазни шминката. Инаку, малку остава чувство на затегнатост, како лак за коса да сте ставиле, ама без гајле, за брзо време се губи. Јас имам мрсна т-зона и било каква пудра да користам, за 4-5 саати малку ми светнува челото, па ставам камена пудра. Ама со фиксаторов шминката не ми мрдна 8 саати, покрај топло-ладно-дожд-ветер и други временски (не)прилики. Значи кога дојдов дома и се видов во огледало, шминката изгледаше иста како што ми беше пред да излезам. Само да кажам - препорачливо е фиксаторов да го нанесете пред туш и маскара, зашто инаку ќе добиете панда ефект И за крај го оставив Авон лосионот од јасмин Цела зима со поминав со кремата од какао путер, па бев желна за некој пролетен мирис. Кога го помирисав во каталогот бев решена да си го порачам, и покрај тоа што има светки. Е тоа му е единствена мана. Мирисот е многу свеж, па и долготраен, ама светките ме нервираат. Мразам кога ми се лепат по облека, после мачкање рацете морам убаво да ги измијам за да не се фатам за лице. За среќа нема премногу светки, па можам да замижам пред тоа
Sephora mud mask purifying mattifying - zinc & copper Најдобрата маска што сум ја користела евер! Ми ја дадоа како тестер и за двапати имаше внатре , инаку има специјална четка од Сефора за нанесување на ваков тип креми , четката е како за течна пудра само со потврди влакна (секако четката не се продава заедно со кремата ) маскава буквално сите пори ми ги исчисти , кога ја нанесов за неколку секунди се стврдна стоеше 10минути и потоа го измив лицето со топла вода. Јас сум презадоволна , малку е поскапа од останатите (околу 15 евра) но има доволно внатре за многу пати ако ја најдам на попуст сигурно ќе ја земам
Не знаев кое да издвојам бидејќи сите нијанси ми се омилени. Палетата од Estee Lauder месецов ми е најкористена палета на сенки.Прекрасни бои,нежни, а сепак долготрајни. Исто така би го пофалила и Ice Cream keratin. Откако го користам производов косата поубаво ми се расчешлува, мека е, а најдоброто е што има и сјај.
Омилени продукти - МЕСЕЦ МАРТ: 1. Балеа коректор. Презадоволна сум, го купив затоа што немав пари за поскап, но сега не би купила друг. ги покрива темните кругови, акните одличен е. Нијанса: 03 SAND 2. Руж Essence silky touch blush Го купив средината на март неколку пати го имам користено, но многу сум задовона и нијансата е предобра. Нијанса: 70 kissable 3. Шампон и регенератор на балеа за кадрава коса. Ги користам пола година, препрезадовна сум, добивам прекрасни локни без да ја виткам косата, но за жал не трајат повеќе од два дена. 4. Здраве универзалена крема. Универзална. Тоа кажува се. Хидратира одлично, ја користам и за лице и за тело. 5. ББ крем на Гарниер. Го користам повеќе од една година, во замена за пудра и одличен е. Само штета што нема повеќе нијанси, во текот на зимата кога сум најбледа, не ми одговара најмногу. 6. Молив за усни. Essence 08 RED BLUSH 7. Essence brown молив за веѓи. 8. Зацврстувач за нокти. Многу брзо се суши и е многу добра основа + ги зацврстува ноктите.
Колку што памтам коректоров не е наменет за подочњаци, туку за акни и црвенила, дури и на кутијата пишува да се избегнува пределот околу очите. Прочитај уште еднаш.
Моментално во Зегин, на празничен попуст се производите од оваа колекција.Баш пред малку ја гледав маската за сува и оштетена,207 ден.е.Планирам да си ја земам,па ќе кажам резултати
Make up forever rouge artist intense Карминчево од MUFE го земав можеби пред 1,5 месец (а не се сеќавам дали го имам ставено некаде на темава ) и сега кога доволно го испробав морав да го ставам во омилени продукти. Овој кармин е еден од најомилените во мојата колекција , го користам и преку ден и навечер , бојата е една дреч розева со син подтон можам да кажам , полумат е , иако не е 100% мат стои буквално додека не го избришеш (освен ако јадеш нешто мн мрсно се брише нормално) цената му е 19 евра , а јас го земав 12 со попуст што не е скапо воопшто ,не очекував дека ќе е толку добар карминов искрено , сега сакам некој црвен да земам , кој оди во Сефора нека ги проба карминиве заборавив да пишам дека нијансата што ја имам е #36