Благодарам што ми кажа, јас кутијата ја фрлив, и сега се пишува на германски. Значи ќе треба да барам друг коректор за подочњаци.
Парфемот го добив на подарок и преубаво мириса,го истрошив повеќе од пола,а лакот ми е all time favourite.
1. Шампон за фарбана коса Многу сум задоволна од шампонов , косава ми е како преродена , дава волумен и косата ми издржува дури до 2- 3 дена без да ми се измрси. ' 2. Еssence brown Прекрасно моливче за веѓи.
Wet N' Wild Mega Last Lipstick Дефинитивно меѓу најомилените кармини што ги имам во мојата колекција. Долготрајни се и 100% мат , има многу убави нијанси , јас досега имам 4-ри и тоа : Dollhouse pink , Vamp it up , Cherry bomb , Raivin raisin ги порачувам од ибеј но сега ги наоѓам во една маалска продавница кај што живеам (на ибеј се 5,50 евра аовде кај што живеам 8 евра) Им завидувам на тие што живеат во Америка и ги наоѓаат по 2 долара Sephora - 8hr mattyfing pressed powder Пудрава е супер , баш мат , трајноста и е околу 8 часа како што и пишува , убаво мириса има некој нежен бебешки мирис
1. Крем за за заштита и измазнување на косата Eugene Perma Artiste Heat Smoothing Cream Од производите на Eugene Perma за нега на коса, овој посебно го издвојувам. Одлична емулзија за мек, сјаен и измазнувачки финиш на косата кој го намалува волуменот и со помош на топлината при фенирање ги подобрува перформансите на препаратот. Се нанесува на полуводена коса во мала количина и се поминува низ неа од коренот до врвовите, а потоа се обликува косата во посакуваната форма. Јас го користам исклучиво за фенирање. Составот од mix complex и витамин Е дејствува против заплеткување и на потенко влакно. Има пријатен мирис кој се забележува при сушење на косата. Незаменлив производ за стилизирање кој ја одржува формата на косата и по неколку дена. Го препорачувам на сите што сакаат да ја задржат правата коса по фениарње. Пакувањето е од 150 мл. со густа структура и многу бавно се троши поради постигнатиот ефект со мало количество крем. Цена: 620 ден. 2. Крем за заштита од сонце Bubshen kids spf 50 Прозивод број 1 меѓу сите осатнатите што ги користам. Поради чувствителната кожа склона кон пецкање и појава на црвенило на образите, по препорака на дерматолог го користам континуирано во текот на целата година пред нанесување на препаративна козметика. Всушност, ова е еден вид подлога која не ја менувам за ниеден друг производ. Има лесна структура која добро се размачкува и впива во кожата создавајќи сјаен изглед кој подоцна се губи и го матира лицето. Се добива убав и природен тон со задоволителна трајност во текот на денот. Мирисот е нежен, детски и за брзо време исчезнува. Толку е добар матирачкиот ефект што не се познава коректорот против црвенило што го нанесувам врз него. Единствен проблем ми претставува потрагата по него затоа што тешко се наоѓа. Последен пат го купив од аптека на Еурофарм по цена од 670 ден. 3. Детска пудра за тело Becutan Го впива непотребниот вишок воден слој што постепено испарува од телото по туширање и ја заштитува чувствителната кожа од појава на воспаленија и црвенила. Се нанесува на чиста и сува кожа по што се добива свиленкасто чувство. Посебно е погоден за негување на кожата во летниот период. Парфимираниот состав овозможува лесен, нежен и долготраен пријатен мирис. Пакувањето е од 100 гр. по цена од 65 ден.
Дефинитивно месец април најомилен и употребуван производ ми се моливчињата на Есенс Лесно се нанесуваат, трајни се по 3 часа, и има преубави нијанси. Омилени Кремата за раце од малини на Бубхен, мирисот не можам да го опишам, ме опива доволно мрсна е, ми се допаѓа и пакувањето, мало и слатко, не излегувам од дома без неа. И маската на Гарние со авокадо, абе милина за косава, ја омекнува, мириса преубаво, се расчешлува брзо, а за мене најбитно не мора повеќе од 3мин да се држи на коса и одма се измива. После неуспешното барање на омилената маска за коса, оваа е одлична замена.
Pak,pak i pak.. Kokosovo maslo. Ne mozam bez nego!Za kosata najmnogu go koristam i mi ja pravi najubaba,a isto taka i za teloto go koristam.Go probav dva pati na leb i ne bese voopsto loso. Samponov na Keune. Predobar e!Prekrasno mirisa i kosata ja pravi mnogu meka.Eden od najdobrite samponi sto sum gi koristela. Ampulava za kosa. Italijanska e i mnogu e dobra.Edna ampula e za edna upotreba.Se nanesuva na mokra kosa i ne se plakne.Edna ampula e okolu 60 den.Jas stavam ednas do dva pati vo nedelata,a taka obicno i se preporacuva. I na kraj,dezodoransov na Chloé. Nekolku meseci go koristam i ne bi go ni menuvala za sega.Preubav miris koj trae dosta dolgo.Iako ne go sodrzi stetniot antiperspirant sepak trae dosta dolgo.Koga ke nanesam sabajle od nego,do vecer mi stoi.
Го има во сите поголеми маркети и во биона -продавницата за здрава храна.Во беверли знам ја имаше(капиштец) наспроти охридска банка. Се надевам @mirandaa не сд лути што се замешав во муабетот.
Sekako deka ne se lutam. Ke se nadovrzam na tvoevo,da kazam samo jas go kupiv ova od DM,295 den. @macka91
Се што е за коса добро морам да го имам...имам премногу препарати за коса ама мислам дека џабе ми е што и да ставам пак многу брзо ми се оштетува косата
Ova e super,sigurno ke ti pomogne. @b.u.tt.e.r.F.L.Y Od Cosmos,vo Grcija,okolu 25€ 100ml. e dezodoransot,no cesto e i na popust.Ne se trosi brzo,bidejki dovolno e ednas na den da se nanese,mnogu e traen i koga ke se ispotis ne ostava beli tragi na maicite/bluzite. Kaj nas,vo Skopje mislam deka go nema,ne sum go zabelezala.
Алверде шампон за коса со Авокадо без силикони. При првото миење косата беше премногу остра,но со тек на време се поубава и поубава. Маскарата на Алверде XXL volume- мене ми е омилена но јас имам природно долги трепки, што значи како што можам да приметам само визуелно ги прави погусти, а на должина не. Не ја препорачувам на тие со пократки трепки, инаку преубава е. L'oreal infalible течна пудра, омилена ми е, по трет пат ја купувам и баш ми е погодена и нијансата. Сега е намалена и ја препорачувам. Четката на Голден Роуз за нанесување течна пудра, преубава е, само за околу очите сепак користам прсти инаку за разлика од неколкуте кои ми се испробани, има најнежни влакна и супер се блендира
Alverde beauty and fruity limmete apfel 3in1 Ја земав оваа пена за лице во јануари месец и дури сега ми заврши прекрасен производ мириса преубаво на зелени јаболки , за жал немаме овде дм но кога ќе одам пак во мк ќе си земам повторно The Body Shop Body mist strawberry Мириса преубаво , на свежи јагоди , трајноста е супер како за мирис за тело , пак би го земала но друг мирис ,наредно би пробала од ванила или кокос
Производиве и мартот и априлот ги користев 1. Nutri-Repair Treatment Shampoo - Yves Rocher- Досега најдоброто нешто што и се случило на косава. Има масло од јојоба, без силикон е. И многу ми се допаѓа како мириса. Би го купила повторно. 2. Malasyan Coconut Silky Body Lotion - Yves Rocher - Мирис на кокос кој ми трае цел ден, дури и облеката ми мириса на него. Брзо се впива, не е леплив, би го купила пак 3. Balea Klärendes Waschgel - Добро познатиот Го изнафаливте тука гелов, па реков ај ќе го земам, веќе второ пакување користам и сите црвенила што ги имав, поткожни, црнки буквално ми ги исчисти. Да не се подрекувам, одамна не ми испаднала некоја бубуљица. 4. Professional Gesichtspeeling + Massage Pad - Ebelin - Во комбинација со гелот од Балеа го користам, тоцкаво е, а врши огромна работа. Баш добар тандем се со гелот 5. Make up for ever Smoky Extravagant - Ја добив на поклон и сум презадоволна. Ми се допаѓа и четката, зашто во последно мразам гумени четки, ме грепкаат. Им дава волумен и ги подигнува, два слоја ми се доволни. 6. Aura Mate Velevet Feel - Добив едно на поклон, па отидов по уште 3 да си купам. Во последно ептен пари трошам на кармини, овие ми се откритие на годината. Ги имам 602 Ring a bell, 606 Pink a color, 611 Time for Selfie, 612 Matte Mess.