Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Омилени продукти на месецот

Дискусија во 'Тело' започната од frutini, 25 февруари 2011.

  1. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    Уште едно прашање, дали кокосовото масло ја прави косата покрута или помека? Пример ставав рицинус на мојата и ја правеше покрута што ми одговара за обликување ми е полесно, мразам кога ми е мека ми оди на сите страни, а виткана коса имам.Сега се мислам дали да купам кокосово гледам многу го фалат сите, па и за повеќе намени да си го користам :)
     
  2. delevingne

    delevingne Популарен член

    Се зачлени на:
    26 август 2014
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.018
    колку пари е пудрата и дали е за мрсна кожа и четката колку пари е ?
     
  3. mirandaa

    mirandaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    24.750
    Пол:
    Женски
    Kruta ne ja pravi vo nikoj slucaj.Mene licno mi ja pravi meka,a vrvovite preubavi,ne se suvi nikogas.No isto taka vo nikoj slucaj ne mi ja ni pravi razletana,tuku bas ubava i so ubav sjaj. :)
     
    На LaraSolare му/ѝ се допаѓа ова.
  4. loreddie

    loreddie Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    67
    Каде може да се најде кремава ? :)
     
  5. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Sampar foaming cleanser (дневен гел за миење лице)
    [​IMG]
    Sampar е француска козметика врз база на масла и е без парабени.Овој гел/крем за миење лице е прв производ што го имам купено од оваа козметика.Презадоволна сум,потребна е мала количина,а отстранува шминка перфектно.Нежен е и не ми ја суши кожата иако овој јас што го купив е за комбинирана кожа,а мојата е нормална до сува.Предобар производ,би го купила повторно.

    Nuxe dry oil
    [​IMG]
    Суво масло наменето за коса,тело и лице.Предобро нешто,прекрасен мирис и кожа како свила.Го користам претежно за лице,обично навечер пред спиење,го нанесувам одкако ќе го измијам лицето со гел. Nuxe е исто така козметика без парабени и врз база на масло,ова суво масло содржи 6 видови на масла во себе (Macadamia, Hazelnut, Borage,Sweet Almond, Camellia and St. John's Wort).
    96% природни состојки.Уште еден одличен производ кој ми стана омилен.

    L'oreal infallible (течна пудра)
    [​IMG]
    За мојата нормална до сува кожа,пудрава ми се покажа супер.Средна покривност,хидратантна е,супер се блендира на лицето,не е тешка и има одлична трајност.Јас бев презадоволна од Лореал Луми,а сега и од оваа.Би ја купила повторно,плус има одличен избор на нијанси.

    Aussie 3 minute miracle (регенератор за коса)
    [​IMG]
    Пре пре предобар е,пишува дека е за долга коса,тоа што мене ми треба.Косата лесно се чешла,не сезаплеткува,лесно се фенира и е лелеава и сјајна.Мириса преубаво,мене ми мириса на детски мастики :lol: Презадоволна сум,во план сум да си земам и шампон да го пробам.
     
    На anuskaNESTLE, simoncelicius, EMoonlight и 12 други им се допаѓа ова.
  6. bejli

    bejli Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2015
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Женски
    Crystal-Kiss-Baby Lips Crystal-Pack.png :inlove:
     
    На EMoonlight, macka91, b.u.tt.e.r.F.L.Y и 5 други им се допаѓа ова.
  7. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    5.158
    Пол:
    Женски
    Аууу па јас одамна не сум пишала во темава... можда последниве 2 месеци.
    Како и да е, ова се моите омилени продукти периодов:

    1. Coco Chanel Mademoiselle

    Совршенство од парфем, најдобриот до сега што сум го користела.
    Прскам еднаш и мирисот трае и трае и трае... :inlove: Уффф го обожавам!
    original.jpg

    2. Too Faced Chocolate Bar Palette

    За палетава не знам што да кажам а не сме го кажале до сега.
    Преубави неутрални бои + неколку нијанси за погламурозен изглед, лесно се комбинираат и блендаат, башка мирисот на какао си го прави своето и секогаш кога се шминкам се чувствувам преубаво.
    Ја препорачувам на сите што имаат можност да си ја земат, многу добра инвестиција е! :inlove:
    web_chocolatebar_open.jpg

    3. Catherine Arley Terracotta Blush

    Руменилово го земав од Golden Rose поодамна, ама не го користев многу често.
    Сега последниов период ми стана хит, има убава розева боја и дава малку сјај пошто е baked blush.

    PicMonkey Collage.jpg

    4. Лакчињата од Малена

    За само 39 денари (толку се во Жито Маркетите) имате лакче за нокти што е доста трајно, има убави нијанси, и лесна апликација.
    Јас сум многу пријатно изненадена и задоволна од лакчињава.

    946344_181045378720084_625342840_n.jpg

    5. Orzene Beer Conditioner - Hydration + Repair

    Многу добар регенератор!
    Јас имам суви врвови па го користам за таа намена и ептен ми помага, косата ми е мека и мазна и не ми се плетка.
    41B97Xcae2L._SY355_.jpg
     
    На EMoonlight, Bajaderka, Mishela и 13 други им се допаѓа ова.
  8. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.964
    Четката е 295 денари, а пудрата е за мрсна кожа, средно покривна и чини моментално 650 денари на попуст, инаку е околу 850
     
    На delevingne му/ѝ се допаѓа ова.
  9. viviette

    viviette Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Женски
    Здраво tinkerbelll. Ќе можеш ли да ми кажеш од каде ги купуваш производите на Aussie дека ги немам видено кај нас, а имам многу слушано за нив? Фала ти :) :*
     
  10. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.576
    Допаѓања:
    106.342
    Пол:
    Женски
    viviette да се надоврзам , во мки ги нема овие шампони и маски за коса , јас од грција ги купувам околу 6 евра се шампоните околу 9 маските од супермаркет ги земам , имаат често и попусти. Баш нека пише и тинкербел таа од каде ги зема :)
     
    На viviette и tinkerbelll им се допаѓа ова.
  11. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    И јас не ја купив од МКД а ни од соседна земја,знам дека се продаваат во Грција,а во Бугарија ги нема сеуште.
     
    На viviette му/ѝ се допаѓа ова.
  12. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.734
    Допаѓања:
    145.156
    Noxzema рол-он најомилен!

    [​IMG]

    Имам изострено сетило за мирис, па повеќето од антипреспирантите навистина ми сметат. Ова откритие е на мајка ми, го земаме од грчкиот Лидл, а го има и низ грчките маркети.

    Цената му е околу 2.50-2.80 ,50мл. Мислам дека е сосема разумна со оглед на големината. Амбалажата е стаклена, со пластично капаче , не е премногу густо , па лесно се ракува, нема потреба да се чека 5мин додека почне да тече.

    Доста е траен, и не остава никакви траги на облеката. Најдоброто од се е што Класик нема никаков мирис, додека другите два вида имаат некој нежен ,суптилен мирис.(Pilot е за мажи).


    L'oreal Caresse кармин


    [​IMG]

    Го имам потемниот од сликата- Ruby&Spicy. Има лесна и нежна структура, нешто како лабело. На средината содржи балзам, што му дава додатен сјај.

    Целосно содржи суптилни светки. Бојата не е воопшто црвена како структурата, на устата повеќе наликува како светло црвен сјај за усни. Доколку не сакате да драчите со црвен кармин преку ден, ова е одлична замена.

    NYC сенки за очи- Dinner and a show

    [​IMG]

    Цената и пигментацијата се повеќе од одлични, едниствена мана е што кај нас ги нема. Кафеавата и темно плавата се мат, додека белата и крем сенката се со нежно бисерни, ништо нападно. Во последно време ги користам доста често, ги бев заборавила.
    Сега гледам што сум испуштила.. имам на ум да порачам уште неколку.
    Во пакување се со аплиикаторче, кое за чудо мене уште ми е во употреба, обично на второто користење ми се кинат и ги фрлам.
     
    На joy1, EMoonlight, beatriz и 6 други им се допаѓа ова.
  13. mirandaa

    mirandaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    24.750
    Пол:
    Женски
    Rolonot ne sodrzi antiperspirant taka ? Isklucivo bez koristam,a ovoj mi fati oko,bidejki go pofali.
    :)
     
  14. Valentina.Vaki

    Valentina.Vaki Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2013
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    579
    Пол:
    Женски
    Од каде го купуваш ова масло? и која му е цената? :)
     
  15. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.734
    Допаѓања:
    145.156

    Не Миранда, ниту алкохол.
     
    На joy1, mirandaa и rainbowec им се допаѓа ова.
  16. queen13_

    queen13_ Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Женски
    спас за мојава сува коса и преубаво мириса :inlove:
    fem.jpg

    откритие не за месецов туку за последниве 100 години ]:) Омилено ми е моментално,неможам да разберам како сум нанесувала пудра без оваа :?:
    femm.jpg

    Откако мајка ми ми го порача неможам да живеам без него.Има преубав мисрис,мириса на чисто ,на свежо и на лето 8)
    femmmmmmmmmmmmmm.JPG

    И најпосле нон стоп ми е во ташна,моливчето од малена знам дека е број 203 ама неможам сликичка да најдам.. преубаво изгледа и што е најважно лесно се ненесува а приотоа не ја суши устата :* femmmm.jpg
     
    На EMoonlight, Rose96, rainbowec и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Јас многу од производите не ги купувам од МК,а немам информација ни дали се продава во некоја од соседните земји,можеш да го нарачаш од strawberrynet.com ,Јас го купив 46$ ,а цената на странава му е 30eu од 50 мл и 44еu од 100 мл.
     
    На Valentina.Vaki му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.223
    Злато, а не ти ги царинат? Јас два пати порачав од таму, два пати ме оцаринија. Па ми излезе поскапо од овде. Ако има некоја начин да се избегне тоа ај те молам сподели.
     
    На Valentina.Vaki му/ѝ се допаѓа ова.
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас за месец април имам само еден (ама вреден :!: ) нов производ што ми беше омилен:

    Avon Naturals Indulging Chocolate Body Scrub
    [​IMG]
    Многу сакам пилинзи, некогаш купувам, некогаш сама си правам дома, а месецов хит ми беше овој со мирис на чоколадо од Авон. Мириса прекрасно! :mm: Ми доаѓа сама да си се грицнам :D После туширање цело купатило мириса на сладолед :lol: Ми се допаѓа тоа што не ми ја суши кожата, обично тој проблем ми се јавувал со купечки пилинзи. Споро се троши, а јас го начекав на некоја акција, па го земав по многу ниска цена. Да напоменам дека има ситни гранули, така што ако сте љубител на крупни - нема да ви се допадне.
     
    На crimson, Rose96, crazylady и 9 други им се допаѓа ова.
  20. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    10.194
    Пол:
    Женски
    1. Rimmel Scandal Eyes Mascara - Retro Glam
    Маскарава ми е најпогодена од сите до сега што сум ги имала. Четкичката е убава, не е пластична. Убаво се нанесува и со два слоја се добива прекрасен изглед. Плус при вадење не се размачкува низ цело лице, како што ми се има случено со други маскари. Би ја купила повторно.
    scandaleyesretroglam_product.jpg
    2.Garnier Fresh Essentials - Гел за миење на лице со екстракт од грозје
    Гелов е за нормална до комбинирана кожа. Го начекав на попуст и го зедов. Мириса убаво, на свежо и чисто. Ми го освежува лицето и кожата ја прави мека и нежна.
    garnier_fresh_essentials_cleansing_gel_wash1569301-600x600.jpg
    3. Micellar cleansing water - Мицеларната вода на Гарниер
    Периодов се опседнав со производи на Гарниер. Следна е Мицеларната вода. И неа ја зедов на попуст, се крена ука и бука за неа па се решив да ја пробам. Не ставам многу шминка но тоа што го ставам го чисти солидно и темелно. Читав дека и очите ги чистат со водава. Пробав и јас. Првиот пат ме печеше малку десното око но после веќе не чувствував ништо и сега ја користам редовно. Презадоволна сум од Гарниер. :)
    10169115.jpg
     
    На kjukli, Giovanna, ivancekitty и 5 други им се допаѓа ова.