Лаковите на Голден Роуз! Дефинитивно можам да ги прогласам за “мој“ продукт на месецот. Презадоволна сум од нив. Ги има во сите можни нијанси и во помали и поголеми пакувања. Цената е пристапна и секој може да си ги дозволи. А, што е најважно- навистина траат
Со летната сезона, за секогаш прекрасни и убави, со најпривлечен брознен тен би ви ги препорачала сите продукти за на плажа од Авон, посебно уљето за тело со спф 6! Јас сум презадоволна
Ова, дефинитивно! Никогаш не ми биле погодени геловите за туширање на Palmolive, ама ова.... немам зборови... ем кожата ја права фантастично мека и нежна, ем прекрасно мириса
Презадоволна од палетата на сенки и ваквиот сјај за усни на сефора. Едноставно преубави,сенките се нанесуваат лесно,а сјајот ми трае цела вечер.
Многу го сакам, ама многу. И ептен се нервирам ако заборавам да ставам. Знаеме зошто омилен производ периодов дефинитивно, од се друго ќе се откажам ама аутан не
Ацетонов. Убаво мириса(нели,колку што може за еден ацетон),лесно чисти а,кремчето за нега на нокти и заноктици е исто убаво. Јас го имам плавиот,чинам на лотос мирисаше. Го обожавам,целосно Од заштита до мирис.Прекрасно
Преубав ми е лосионот, убаво си мирисам, ми се допаѓа што е така течен и лесно се размачкува. Ах Не постои подобар препарат за нега на коса, вчера си ставив после миење на косата, кај преубаво мириса, ја прави косата лесна за расчешлување, сјајна и убава. Сабајлево кога се разбудив ми беше навиткана на краевите, всушност и мене ми е таква природна, но бидејќи ми е сува и оштетена има најчесто прав и глуп облик. Сега многу си ја сакаам
Нема некој особен мирис, но затоа прекрасно се нанесува, веднаш се упива на кожата и ја прави неверојатно нежна. Цената му е смешка - 140 ден. Најпријатниот летен мирис. М м м Сега има и пакување со 50 мл гратис, едно џамбо шишенце, по цена од 170 ден.
Најубав е! Дигам раче. А бидејќи имам фетиш на гелови за туширање на листата ги додавам. Чинам толку убаво мирисаат и прилично јако, што цел ден си мирисам на нив. Геловиве за туширање се најубав начин да се самозаљубиш I mean damn, if I were you I'd want myself too!
C-thru Black Diamond..Добар е,пријатен мирис..заштита.. Solutions Avon..sensitive botanical... Презадоволна сум од кремот,не е тежок крем..не дозволува да се исуши кожата...