Loreal casting creme gloss 200 ebony black Оддамна ги меркам овие фарби , но поради тоа што еднаш користев фарба од Палете без амонијак и не бев задоволна , си мислев дека сите фарби без амонијак се такви. Ја начекав на попуст во супермаркет од 10 евра на 5,50 и реков сега морам да ја пробам. Прво ја барав нијансата 210 blue black но бидејки овде ја нема (вие што се во МК баш пишете ми дали ја има оваа нијанса кај вас да знам за др пат ) ја земав 200 црна боја. На сликата на фарбата делува како темно кафена но нема врска , се фарбав пред 1,5 недела и излезе баш црна со многу сјај на косата , многу ми се допадна еве неколку пати како се мијам и уште си стои фарбата ,на кутијата пишува 28 миења но ќе видиме дали е така. Сега за сега сум презадоволна , и убаво ми фати што не очекував , мириса на некое овошје , кожата мн лесно се исчисти од црнилата за разлика од др фарби. И давам оцена 10ка Essence - the gel nail polish Презадоволна сум и од ова лакче на Есенс , го земав во саботата поточно 12 mandarine bay , без топ коат дава неверојатен сјај а со топ коат како да имаш вистински гел лак на ноктите. Ми се допаѓа што мн се густи , лесно се сушат и не мора по сто слоја да ставаш на ноктите. Ги препорачувам дефинитивно и др боички ќе си земам
Последниве месец два ме воодушевија следните производи: - Vichy ideala bb cream, одличен две во едно производ за секојдневно користење го користам како замена за хидратантен крем и пудра. Има мала покриеност и одлична хидратација, како и спф 25 што за моите потреби е идеален во летните денови. Ја имам најсветлата нијанса која на прв поглед делува чудно но на лицето изгледа свежо и природно. Цената е околу 1200 ден што е скапо меѓутоа мене ми заштедува пудра и хидратантен крем. Би советувала да ја истестирате пред да ја купите оваа бб крема. -rimmel bronzer, мојот омилен бронзен за оваа пролет/лето сезона, дискретен сјаен и бојата и интензитетот сами ги одредувате со мешање на трите нијанси. Цена околу 6-8 евра. - Моливче за уста од аура, ја купив најинтензивната црвена боја и многу ми се допаѓа. Текстурата, пигментацијата и трајноста. Може да се користи и независно без кармин, јас ставив и црвен кармин кој долго ми траеше и не се разлеа после некое време. Цена 120 ден.
Презадоволна од сувиот шампон на Batiste , јас го земав тој за многу волумен како што и пишува зашто имаше и други типови но незнам што е разликата исто така мириса преубаво
Сапун од козјо млеко Го купив од Веро пред неколку месеци за 100 и нешто денари и си велам - ако не го биде, џабе фрлени толку пари за еден сапун. Го има во повеќе варијанти, со различна арома и за различна намена. Природен и рачно произведен, наменет за сува кожа, за миење на лице и тело, па дури и коса. Јас лично го користам за миење на лице и не би рекла дека е само за сува кожа, бидејќи имам комбинирана кожа на лицето, која е воедно и проблематична, па супер ми се покажа. Пишува дека е против егземи и псоријази, но јас немам такви проблеми со кожата. Пред да почнам со користење, преку пакувањето мирисаше на лаванда, но откако почнав да го користам, по миење се добива некој дискретен мирис кој не пречи воопшто. Изработен е од растителни масла, козјо млеко, витамини, омега-3 и -6 масни киселини, лаванда, има и некои минерали, а „најштетната“ состојка која е основа на секој сапун е натриум хидроксидот. Во мојот има лаванда, која делува антисептички и смирувачки, а може да го најдете и со невен, зелена глина, обичен, Q10, пантенол, за пилинг и слично. Вреди за парите, трае долго и е одличен (барем за мојата кожа). Производ не само на месецот, туку на годината!
Дефинитвно омилениот кармин на годината Mac- Heroine. Преубава виолетова боја, стои по 6 саати нема потреба да доставам. Едноставно заљубена сум во карминот Сите млека за тела од Victoria's Secret ги обожавам ама месецов највише го користев Amber romance.Преубав мирис на ванила и кокос.
Си се почастив, го мислев со месеци. Беше на попуст во Еликсир, и сега му се мерачам. Cleo крем за туширање, мириса на колачиња потопени во пудинг, умирам од среќа додека се бањам. Ми го подарија од Италија, го барав низ нашиве маркети, но има само овошен и со мирис на бомбони. Радост за духот. Бубхен со бадемово млеко и мирис на малина. Секоја вечер пред спиење на цело лице и врат и спијам како бебе.
1. BeautyCycle Тоник за лице Едноставно прекрасен 2. Sephora Rouge Injection Многу добар и долготраен кармин, пигментиран а и има добар избор на бои.
Пошо немам веќе блог,очигледно не бев интересна за читање пак се навратив на темава па накратко ќе ви ги опишам моите омилени продукти Туш nyx - предобар,кремаст,многу брзо се суши и трае 7 часа. Пудра во прав- многу си ја сакам пудрава најомилена ми е долго ми трае течната пудра со комбинација со оваа. Коректор nyx-одличен за оние кои имаат модри кругови околу очите како мене. Покрива одлично и бавно се троши. Cherish авон - нежно мириса, не трае кој знае колку ама еден од омилените ми е овој месец. изненадена сум и од овој дезодоранс од авон мириса препредобро little black dress -ми е најомилен веќе неколку месеци така да овој месец си нарачав мало за на факс.
Loreal Infaillible 24 h matte foundation- Имам пишано и на др место дека ја пробав неколку пати пудрава благодарение на тестерчињата пудрава е доста подобра од старата верзија - оваа е мат и не оксидира на лицето по неколку часа , лесно се размачкува , има доста нијанси (јас ја имав 20ката sand beige) , може да се надоградува , исто забележав дека порите не се познаваат без да имам нанесено прајмер за лице , нема парабени и е доста потрајна , ја регулира маснотијата на кожата , можам да речам дека околу 8-9 часа издржа на моето лице. Лично сум многу задоволна и ептен се израдував што ми дадоа трипати тестерчиња за да ја испробам пудрата. Од поевтините пудри оваа е најдобра што досега сум ја пробала па во иднина може да ја земам во full size цената кај нас и е 13 евра , но сега има некој попуст 10 евра Bioten care moments silky radiance Презадоволна од геловите за туширање и од Биотен , овие две на сликата ги имам пробано , но сега го купив ова лево со какао путер и макадемија , мириса цела бања на какао буквално
http://www.avon.sklep.pl/media/cata...8d6e5fb8d27136e95/z/e/zestaw_avon_cherish.jpg http://4.bp.blogspot.com/-Bp2iR6Esd...-perfect-lash-vitamin-transparent-mascara.JPG http://media-cache-ak0.pinimg.com/237x/26/f1/3a/26f13a967f9cfa6001d320b13064121a.jpg и овие
1. Avon Cocoa Butter Rich Cream Го обожавам путеров, го користам за цело тело па и за лице. Мирисот ми е неописливо добар, ме потсеќа на лето, на плажа, на сонце. Толку ефтин производ, а толку убав. 2. Essence Silky Touch Blush Руменилава на Essence се стварно добри, моето е во нијанса Autumn Peach. Доста пигментирано е, се нанесува многу лесно и убаво се бленда, дава преубав свеж праскест изглед на лицето - баш како што сакав. Има и дискретни светки што даваат сјај но не претерано, баш онака суптилно. Би си купила уште некое сигурно. 3. Aura Studio + Brush Повеќенаменска четка, правиот збор за овој производ. Ја користам за камена пудра, за бронзер, руменило... предобра е! Толку е мека и пријатна на лицето, толку лесно ги бленда прашкастите производи тоа е чудо. 4. Orzene Beer Shampoo И од шампонов сум задоволна, јас имам мрсна коса со суви врвови па зелениот шампон во комбинација со регенераторот за сува коса ми е полн погодок.
Од ДМ ја земав, 400 и нешто денари. Знам дека е скапа ама сакав да вложам во добра четка и не се покајав.
Омилени продукти за месец мај Балеа лосион за тело Не е премногу мрсен, има лесна структура и брзо се впива. Ми има некој „нивеа мирис“, затоа го одбрав Е сега, трајноста на мирисот е нула во споредба со оној на Нивеа (од кој и алиштата и мирисаат), ама тоа не ми пречи толку. Јас и онака бирам лосиони со некој понеутрален мирис. Авон серум за свиленкаста коса Јас сум верен корисник на силиконските капки во зелено пакување, нив ги ставам и по цела коса наместо само на врвовите Овој серум беше на намаление, па затоа го земав да го пробам. Има ист мирис како со силиконските капки, го користам после миење на косата, откако ќе ја исушам. Некако ми ја скротува и ѝ дава сјај, ама не ја мрси. Авон кармин Ultra Color Indulgence (нијанса peach petunia) Мислам дека карминчево ќе ми биде омилено за цело лето Има одлична формула, солидно пигментиран, лесно се нанесува и не ја суши устата. Нијансата е прекрасна, баш каква што сакав. Неколку пати ми има стигнато поинаква нијанса од онаа во каталогот, па затоа од тогаш читам рецензии на интернет и гледам слики пред да одберам. И за крај го оставив Авон гелот за чистење лице Planet Spa Oriental Radiance Прво ми се допаѓа пакувањето, многу сакам вакви шишенца со пумпица, ептен се практични. Мирисот е освежителен, иако веднаш асоцира на чај Го користам само за т-зоната, бидејќи кожата ми е мрсна на тие делови, а на образите приметив дека ми ја суши, па затоа избегнувам целосно да го мијам лицето со него. Мислам дека не сум користела гел/тоник/лосион за лице со кој т-зоната ми останува матирана толку долго време