Во потрага по благ, безачкохолен тоник, за нормална кожа што ќе ми го освежува лицето, во еден супермаркет го здогледав токму овој. Цената беше и повеќе од примамлива, некои 90тина денари за 250мл производ. Тоникот ми се погоди ептен и можам да кажам дека ми е омилен производ неколку месеци последователно. Иако сум личност што сака често да пробува нови производи, токму од овој тоник имам потрошено 2пакувања плус денес купив нов. Мене многу ми се допаѓа и ефектот што го добивам од него, а богами и мирисот. Негативност е што во составот содржи парабан, ама реално мене не ми претставуваше тоа пречка да го купам и користам. Поборници против парабани најдете си друг омилен производ
Истио Истиот ефект овој гел за чистење од линијата на Planet spa го има и кај мене бидејќи моето лице е исто како што даде опис за твоето : ) поздрав
1. Max factor facefinity течна пудра и прајмерот фејсфинити. Комбинација сон, фала на феминките кои ме насочија кон пудрава незаменлива е во секој случај со било која макс фактор пудра. 2. Испробав нова четка, голден роуз, четка за течна пудра и навистина сум воодушевена и од оваа четка, ја препорачувам. Инаку со овој вид на четки, со четката се прават вертикални движења, а не хоризонтални или кружни 3. Моментален омилен парфем на месецот
Clinique superdefence cc cream 30 spf - нема многу да пишам за цц кремава бидејки имав пишувано на темата за ББ креми , ќе кажам дека е прекрасна , со средна покривност и голема трајност. Пишува дека одговара за сите типови кожа , но еве јас имам мрсна и е супер стои додека не ја извадам. Estee Lauder - Daywear cream 15 spf - прекрасна крема , бев пресреќна што ми дадоа тестер од 15 мл , мојата е за мрсна кожа , одма се впива во лицето без да остава мрсни траги и мириса на свежо сечкани крставички MUFE lipstick 42 - уште еднаш кармините на make up forever во темата омилени продуки , овој е втор што го купувам , црвена боја , иако е полумат многу е долготраен , што и да јадеш и пиеш не се брише а и не се чувствува на усни.
1.Презадоволна сум од 'кремава'! 2.Све најдобро за пудрава,све прекрива! 3.И просто сум заљубена во овие
Одамна немам пишано и онака не се многу подновував со козметика. Мислам пробував да се одвикнам да не купувам многу. За месец јуни. MAC пигменти - бели Вчера ги пробав и се изненадив од долготрајноста, пигментираноста и тоа каква убава бела боја оставаат. Не светат многу, ги сенчав малку и се прилагодија доста. Би си купила пак но би сакала друга боја. Оригинал се, ги купив 25евра и не жалам за парите. Препорака од мене да си ги купите. Камена пудра Catherine Arley Со години ја користам,а најсолидна ми е за во лето. Висока покривност и што е најважно долготрајна ми е, барем мене. Висок квалитет за малку пари 120 денари. Туш за очи - Golden rouse Со тврда четкичка, ми се допаѓа што лесно можеш да се нацрташ и што не се размачкува, брзо се суши за сите прилики е погоден. И долготраен. Дефинитивно пак ќе си купам, имам пробано и од Missporty со мека четка и воопшто не ми се допаѓа тој. Aura - молив за усни Јас им спуштам капа на моливчињата од аура. Презадоволна сум и пак ќе си купам, одбрав накај бордо нијанса и го користам и со кармин и без кармин. Најдолготрајни според мене. Не се вади лесно. Лосион за тело - Victoria's Secrets Прв пат купив лосион за тело од колекцијата Сикретс, можам да кажам дека очекував многу што и добив. Кога го нанесов мирисав цел ден и не изветреа мирисот. Ми кажаа од спрејчињата повеќе се ветрее, но немам пробано за да пишам. Нешто што мора значи големо МОРА да го имате во вашиот несесер. Многу малку нанесувате, а многу добивате. Pure Seduction ми е најомилен. Кармин - Extra Lasting Avon Имам и други кармини од авон и покрај нив го имам и овој. Им се дивам на боите, мирисот и долготрајноста. Мана им е што изгледаат како мирсни кога ќе го нанесеш, но долготрајност ќе имате ако ставите моливче за усни па кармин. Нешто што моментално ми е омилено од кармините е овој овој месец. Доволно е сега за сега, се гледаме нареден месец можеби.
Не можам да кажам дека ми е само омилен на месецот, откритие на годината ми е! Интимен гел, кој содржи нане, нежен е, а во исто време ми дава неописливо чувство на свежина. Не знам дали го има кај нас, ама каде и да идете во Европа може да го најдете
@littlevampire од каде ги купи четкиве на Сигма? Јас една за течна пудра ја имам и е предобра незнам дали имам користено нешто подобро ама ја оштетив и не е повеќе за користење па сакав пак да купам ама неЗнам од каде. А од интернет премногу е скапа поштрината.
1. Лак за основа и завршен слој на ноктите The One од Орифлејм Лакот има двојна намена, но јас го користам само како завршен слој top coat. Густ и лесен за употреба, со широка четкичка која го олеснува процесот за прецизно нанесување. Создава сјаен и мазен изглед на ноктите со задоволителна трајност на бојата. Пакувањето е од 8 мл. по цена од 149 ден. 2. Крем за лице за нормална до комбинирана кожа Ziaja Ова е прв производ што го користам од козметичката линија Ziaja. Кремот има конзистентна структура со свеж мирис на краставица кој се задржува по употреба. Се нанесува мала количина која брзо се впива, го матира површинскиот слој и се создава слика на чиста кожа. Го користам наутро и навечер по измивање на лицето. Се чувствува свежина и пријатна леснотија по извесна употреба на кремот. Пакувањето е од 50 мл. по цена од 137 ден.
Си ја најдов совршената пудра за летниот период - DALTON BB Anti-Aging Tinted Cream Убаво покрива, а на дневна светлина не се ни познава дека имам пудра ставено, многу природно делува. Кожата многу мазна и мека ми ја прави. Воопшто не ми ја суши и се чувствува дека ја хидрира и негува. Има богат состав со шеа путер, морска вода, минерали и витамини Е и Б5. Долго трае најмалку 8 саата. Бев на свадба цел ден и што е најважно на таа жештина воопшто не се рамачка. Дефинитивно препорачувам
Ова може да е точно единствено ако имаш многу сува кожа, па дури ни тогаш. Овој крем не е матирачки, нема таква функција и дефинитивно не ја матира кожата туку остава сјаен, но природен (не како лампион ) изглед.
Не викај два пати. И јас го тврдев истото, додека не го видов спротивното со сопствените очи. И кај мене ефектот е ист - не ми матира воопшто и ми се појавува сјај, ама кај мајка ми (имаме ист тип на кожа) сјај никаде нема, лицето изгледа чисто, без масни траги. Не е скроз затегнато од т.н. мат ефект, но е чисто, не сјае, мислам дека знаеш на што мислам. Не знам која е логиката и дали воопшто има логика во ова, ја потрошив одвај и не би ја купила пак.
@OmniaVanitas Ист тип на кожа може да реагира различно на иста козметика. Затоа, не секогаш треба да се водиме од туѓото искуство за нешто што е добро и нешто што може да биде помалку добро за нашето лице. Имам комбинирана кожа со масна т-зона и задоволна сум од кремот. Се сложувам со мислењето на @Mishela.
Овој месец е месец на Sleek. Штета што не ги има во Македонија. Фантастични ми се. Пигментирани и трајни и дозволуваат лесно да си играш со нив и да ги мешаш. И поединечно, но и измешани, предобра комбинација. Го избегнувам само најтемното, но од време на време за контурирање на челото може. На сончано, за лето...сосем нежно на јаболчниците...преубаво! И пред се трајно, многу трајно. Има голем избор на производи. Ми останаа во мисли и хајлајтерите и уште две палети сенки, амааааа... има и друг пат...ваљда.
@Mishela и @poenta Нормално, но треба да се има во предвид дека кремата е наменета за млада кожа, а не за позрела на која покрај оваа крема и е потребна дополнителна нега со различен состав. Затоа не ја зедов во предвид позрелата кожа Туку да не одиме премногу офтопик, ако има дополнителна дискусија, да ја продлжиме во темата за крема за лице
Омилени продукти: МЕСЕЦ МАЈ 1. MAKE UP KIT - H&M 2. PREMIERE LUXE GOLD BLUSH - AVON 3. COCOA BUTTER - AVON Го пишива путер за тело - Прекрасен е
Синото baby lips https://www.google.com/search?q=bab...ip-Makeup%2FLip-Balm%2Fbaby-lips.aspx;400;355 Rexona https://www.google.com/search?q=bab...use.com.au%2Fproduct.asp%3Fid%3D64534;600;600 avon naturals спрејчето за тело од портокал https://www.google.com/search?q=bab...-Spray-Orange-Blossom-%2F141652290724;300;292 Victoria Secret city rush сјајчето https://www.google.com/search?q=bab...t-Bananas-Lip-Gloss%2Fdp%2FB005JSI9VA;300;300 има неодолив мирис на портокал и остава малку светки, прекрасно