Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Омилени продукти на месецот

Дискусија во 'Тело' започната од frutini, 25 февруари 2011.

  1. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.015
    април-мај  .jpg
    Фаворитите за април и мај:

    1. Clarins multi blush cream blush 01 peach

    Руменилово made me a beliver за овој тип производи (cream-to-powder). Дел од Opalescence колекцијата на Clarins. Го има во 4 нијанси: 01 Peach, 02 Candy, 03 Grenadine и 04 Rosewood. Елегантно пакување во златна боја, но многу ме нервира што остануваат отпечатоци од прстите. Нето 4 гр. Дерматолошки тестирано, формула збогатена со восок од роза, мимоза и сончоглед.

    01 е многу убава, праскесто-корална нијанса, нема мирис и содржи мнооогу дискретни светлуцави честички, кои даваат здрав сјај на кожата, лесно се блендира и не е силно пигментирано што го прави погодно за нанесување во неколку слоеви т.е надградување. Го нанесувам над МФ Фејсфинити и стои на лице 6-7 часа, без потреба од корекција. Го користам исклучиво како руменило, не сум го пробала на усни.

    2. Max Factor Colour Elixir Bewitching Coral 827

    Омилен за сезонава. Дел од Colour Elixir линијата, има ми се чини 15 нијанси (нема да ги набројувам). Нето 4гр. Хидратантна формула, збогатена со витамин Е.

    827 е интензивна нијанса на розе – корал. Со малку тен, повеќе до израз доаѓа коралниот дел. (Препорачувам лично да се види и проба од тестер, затоа што описите и фотографиите на нет за нијансава се доста контрадикторни).Кремаста текстура, силно пигментиран, многу пријатен за носење, во ниту еден момент не ги суши усните и не е леплив. Има пријатен дискретен мирис, кој не можам да го дефинирам, но воопшто не пречи. Нема никави светки и сметам дека е погоден и за дневна шминка во лето. А, најдобриот дел е што трае 5-6 часа без потреба од корекција.

    3. L'Occitane Cherry Blossom крема за раце

    Првиот продукт од маркава (заедно со едно сапунче), но не и последен. Крема за раце спакувана во практична тубичка со модерен и женствен дизајн. Може да се најде во пакување од 30 и 75 мл. Формулата содржи шеа путер и екстракт од цреша. Лесна текстура, воопшто не е мрсна, брзо се впива и мириса прекрасно. Следно на листа: млекото за тело од истата линија.

    4. La Roche-Posay Effaclar Duo, крема за лице

    Долго време ја заобиколував маркава, знаејќи дека е под капата на Лореал. Но, точно кремава се покажа дека е правилниот избор за мене. Не е органска, ниту природна козметика, но е без парабени, без мирис и е некомедогена т.е наменета за чувствителна кожа. А keeper.

    5. Yves Rocher Tendre Jasmin EDP

    Креација на Jacques Cavallier (автор на парфеми за многу марки, меѓу кои: Alexander McQueen, Oscar de la Renta, Paco Rabanne, YSL, Tom Ford, Stella McCartney, Giorgio Armani). Елегантниот дизајн на пакувањето е само најава за содржината. Суптилен, но сензуален, лесен, но впечатлив. Јасминот е комбиниран со цитруси, нероли и мимоза. Соодветен за преку ден и на работа. Одличен производ за пристојна цена.

    6. USpicy 10-Piece Makeup Brushes

    Ако барате поефтина алтернатива на РТ четките, ова е тоа. Комплет од 10 четки, спакувани во симпатична кутија, а внатре секоја четка посебно е спакувана во фолија. Има и мало книжуле – упатство за намената на секоја четка, што се покажа како големо олеснување за мене (5 од 10 четки не знаев за што служат). Многу блогерки ги споредуваат со Real Techniques во однос на квалитет. Лично не можам да направам споредба затоа што не сум ги користела РТ, но потврдувам дека се исклучително меки и нежни, а при миење не паѓаат влакненца. Ги купив од британскиот Амазон .

    7. Rituals Rice Scrub (Organic Rice Milk & Cherry Blossom)

    Ексфолијант за тело со божествен мирис. Тоа што содржи оrganic во името е малку подведувачко затоа што не е ниту органик, ниту природен производ, но сепак е во листава поради: 1. прекрасниот мирис и 2. нежните гранули. Одамна користам домашни смеси за ексфолијација и не купувам ваков тип продукти. Ниту овој не го купив, беше подарок со омиленото месечно списание. Добар маркетинг потег за маркава, сега ја сакам и пената за туширање од истава линија.

    8. Le Petit Marseillais регенератор за мрсна коса

    Регенератор со екстракт од бела глина и млеко од јасмин. Многу пријатно изненадување, затоа што набрзина го грабнав во маркет, па и немав некои особени очекувања. Практично пакување, прекрасен мирис, кремообразна текстура и лично за мене, најдобриот дел е што времето потребно да се држи производот на коса пред плакнење е 1 минута. Го олеснува чешлањето, дава убав сјај на косата и ја прави мека.
     
    На joy1, Lovely, hermosa и 17 други им се допаѓа ова.
  2. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Mај/Јуни

    1. Cristina Aguilera Red Sin perfume

    Го добив подарок, нежен парфем, долготраен со преубав мирис, совршен за во лето.
    [​IMG]

    2. Fruttini Peach&Pear shower gel и body lotion

    [​IMG] [​IMG]

    3. Kamill hand cream soft and dry
    [​IMG]

    4. Maybelline baby lipstick cherry me

    [​IMG]
     
    На Lovely, EMoonlight, rainbowec и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Quuen

    Quuen Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2014
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    2.603
    Пол:
    Женски
    Голден Росе кармин
     
  4. Quuen

    Quuen Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2014
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    2.603
    Пол:
    Женски
    Baby lips pink punch,Gabrini sin bel i rozev lak,Golden rose matte velvet lak umbrella lak,maybelline zolta maskara,Mac pudra,Maybelline colo rama lip gloss,body cream little black drees avon,
     
  5. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.012
    Допаѓања:
    51.883
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    1. Benefit they're real маскара
    Никогаш до сега немам дадено толку пари на маскара, и ми беше премногу страв дека нема да е добра, ама испадна најдобрата маскара што некогаш сум ја пробала. Многу ми се допаѓа како стои на моите трепки, ми ги издолжува и дава волумен. Мајка ми има тестер од истата и многу кратки трепки, и таа е задоволна. Плус не се размачкува. 10/10
    [​IMG]
    2. Zara sweetness парфем
    Ги обожавам парфемите на Зара, имаат солидна трајност за цената и супер мирисаат. Овој има прекрасен свеж летен мирис и ми е хит периодов. Плус има најслатко пакување на свет.
     
    На joy1, Minnie 1, galapce и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Rosonerka

    Rosonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    4.481
    image.jpg
    Конечноо хухуу :inlove:
     
    На Lovely, Minnie 1, rainbowec и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Glory123

    Glory123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2015
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Лабелцево го купив и сум презадоволна, евтинко е малку остава розевка боичка, дава малку сјај и ги потхранува усните и преубаво мириса :l: а го купив за смешна цена од 25 денари :inlove:
    [​IMG]
    Лусионов е прекрасен, ја хидрира кожата и ја прави нежна и мека :inlove:
    [​IMG]
    Го користам серумов за суви врвови и сум презадоволна :)
    [​IMG]
    И едно парфемче Luciana незнам зошто, ама неможам да најдам слика :doh:
     
    На Lovely, kjukli, rainbowec и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    5.167
    Пол:
    Женски
    1. Oriflame Professional Make-Up Sponge

    Омилено најомилено!
    Откритие на годината, баталив нанесување пудра со четка откако го открив ова чудо од сунѓерче. :inlove:

    IMG_1478.jpg

    2. Maybelline Lash Sensational Mascara

    Црна, со предобра четка, и со само еден слој доволно е за да ги направи трепките како лепеза.
    Ја обожавам маскарава, мислам дека полека ми станува ултимејт фејворит! :)
    WF_LashSensational_Layers.jpg


    3. Oriflame Rebalancing Face Serum

    Имам напишано рецензија за серумов во темата "Серум за лице" па нема потреба да се повторувам.
    Со причина ми е во омилени продукти на месецот.
    20373_1.png

    4. Yves Rocher Lip Balm

    Да, го имам лабелово само неколку дена ама уште од старт знаев дека ќе ми биде љубов.
    Прекрасно е, мирисот на ванила тоооооолку убаво се осеќа... усните ги прави меки и мазни.
    PicMonkey Collage.jpg
     
    На mims-89, Lovely, the.vampire.girl и 11 други им се допаѓа ова.
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Омилени за месец јуни

    Schauma Fresh it up регенератор
    [​IMG]
    Верна сум ѝ на Шери маската за коса, не ја менувам со години. Ама овој регенератор ми го остави сестра ми, па решив да го испробам. Има многу пријатен мирис и лесно ја отплеткува косата. Не го дава истиот ефект како маската, косата не ми е толку мека и свиленкаста, ама лесно можам да ја исчешлам. До душа, јас немам некоја крута коса, да не се подречам, ама последниве година две ми е многу опоравена и здрава. Откако престанав со бланшови и фарби, многу ми се подобри. Зборот ми беше, не знам колку ќе им помогне на оние кои имаат оштетена коса. Ама затоа еве ќе ви ја препорачам Шери маската ако косата ви е изгорена и крута :)

    Гел-крем Nutra Effects Avon
    [​IMG]
    Иако ептен ми се погоди Гарниер кремата, не ме држеше срце да не го искористам попустот и да не ја пробам кремава после толку пофалби. Структурата е лесна, брзо се впива, а пакувањето изгледа прилично луксузно како за крема од 220 денари :D Сигурно ќе ја купам и друг пат, ама мислам дека не би ја користела кога кожата ми е посува и ѝ треба поголема хидратација. Затоа што сепак, кремава е oil free. Ама во секој случај е супер за матирање на лицето.

    Лак за нокти Gabrini Neon 13
    [​IMG]
    Неон - затоа што е лето! И одлично стои на исончан тен :) Да бидам искрена, не сум голем фан на Габрини лаковите, ги ставам во пакет „пазарски лакови“ заедно со Пацифик, Рапсоди и слични на нив. Ама лакчево ме изненади, и од трајноста и од пигментираноста. Еден слој е доволен, после неколку дена го обновувам уште еднаш, па терам со него и по цела недела. Знам дека ќе ми биде второ омилено лакче за летово (после Golden Rose Rich Color 50, тој ми е омилен лак за во лето).

    Planet Spa маска за лице со бел чај
    [​IMG]
    Ги имам пробано скоро сите Planet Spa маски за лице и од сите сум презадоволна. Омилена ми беше онаа со минерали од Мртво море, сè додека не ја пробав оваа. Многу сакам peel off маски, најинтересни ми се за вадење :D Маскава остава прекрасно чувство на кожата, многу ми е мека, нежна и освежена после тоа. И не е само моментално чувство тоа, таква ми е со денови после тоа :inlove:

    Seventeen Color To Go No7 Silver & Gold сенки
    [​IMG]
    Не успеав да најдам слика на интернет, затоа јас ги сликав. Сенкиве ги имам од многу одамна, ама месецов ми се чини дека најмногу ги користев - зборам за последните три нијанси. За пигментираноста и трајноста им давам петка. Особено во комбинација со Авон фиксаторот за шминка, не мрдаат и по 12 саати. Многу убави нијанси, единствена мана им е тоа што имаат многу светки. Ова зборам за тие што сакаат мат сенки. Дури и по лицето ми паѓаат, ама затоа почнав прво очите да ги шминкам, па потоа го чистам лицето со тоник и нанесувам пудра. Или па можете да ставите картонче под очите кога ќе се шминкате и готово :)
     
    На mims-89, SV1911, joy1 и 11 други им се допаѓа ова.
  10. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    bild-intensiv-lippenbalsam-granatapfel-karit-butter-data.png alvkaritelipfeli25_sw-530x353.jpg
    Алверде Балсам за усни со калинка
    Случајно го најдов барајќи нешто за да ми ги смири усниве кои ми беа толку испукани што кожата сама ми се лупеше. Ставав 4-5 пати дневно и веќе следниот ден ми се подобри. Утредента веќе ми беа како нови :D Презадоволна сум и оттогаш си го користам секојдневно.
    003700012343M.jpg
    Стик Сикрет, најверојатно најдоброто нешто што сум го користела за под пазуви. Нежен, скоро неосетлив мирис, заштитува повеќе од 24часа, и кога ќе се препотам не се чувствува лоша миризба :lol: Трае со месеци, многу ми е криво што го нема кај нас, а ретко ми го носат од Америка. Не знам што ќе правам кога ќе ми заврши.
     
    На joy1, Mama25, EMoonlight и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    1. Catrice concealer palette
    [​IMG]
    Многу ми прилега структурата на коректорите. Ептен ми одговараат со кожата полумрсни структури на било каква шминка. Доста е прикривен, црвеното и зеленото навистина ги прикриваат црвенилата и темните кругови. Солидно потрошени пари, ситна цена 250 денари од Дм.

    2.Christina Aguilera perfume
    [​IMG]
    Го добив за матурата како подарок, но не сум тип што користи оригинални парфеми или некои со познати именца, но овој е прекрасен. Освежителен, женски парфем, ми мириса на лето, на среќа.

    3. Maybeline baby lips - peach
    [​IMG]
    Претходно го имав користено синото, но ова ми привлече внимание во едно списание и решив да го земам. Испушта светло кремово-кафеава боја, има сјај и одлично мириса. Ми се допаѓа зашто е едноставно некако и многу girly.
     
    На mims-89, joy1, Lovely и 4 други им се допаѓа ова.
  12. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    5.751
    Пол:
    Женски
    Јуни , Јуни .. :hai:

    1. Schwarzkopf - Got2B Defiant
    чуден продукт , го видов впродавница и го отворив да видам какво е внатре,. Исто е како вакс {wax) неможам да ја споредам текстурата на ништо што ми паѓа на ум.. исто се чуствува како здрвен мед .. и затоа го купив, косава последно цела ми е разлетана и имам пробано секакви масла и шампони но кога ќе ја исушам со фен ништо не се познава. Ова е единственото нешто што можам да речам дека сум презадоволна што ми ја врати косата во нормала, сакам пак да купам страв ми е да го потрошам :D
    [​IMG]
    2. Wet N Wild - Will You Be With Me
    прекрасна розевкаста боја .. цел јуни го користам омилен ми е моментално :)

    [​IMG]

    [​IMG]

    3. Beauty Blender
    онлајн не ми се даваше пари за ова искрено, другарка ми го виде во продавница пред неколку недели и сакав да го пробам. До сега сум задоволна премногу , го имам измиено 3 пати од кога го користам и ми е страв да не се уништи од водата зошто многу ептен упива и се шири на секое миење, но на добрата страна пудрата се чисти брзо и многу добо си ја врши работата како blender
    [​IMG]

    4. NYC riverside romance lipstick
    неможев да најдам слика од шишенцето , еве слики од бојата .. бојата ми се допадна нежно портокалова пријатна за лето , не е толку сјајна како што се гледа на сликата
    [​IMG]

    [​IMG]

    5. wet n wild 664C fab fuchsia ( lip liner)

    темно лилава боја
    [​IMG]

    [​IMG]

    6. M.A.C purple lip gloss
    ( појма немам ни број ни име на овај ништо не пишува на него , исти како на сликата)
    од M.A.C кармините и сјајовите имаат најдовар квалитет (y)

    [​IMG]

    7. Belle Eyeliner & Crease Brush
    [​IMG]
    [​IMG]



    8. Maybelline Color Show Impeccable Greys

    [​IMG]
     
    На joy1, SV1911, mims-89 и 12 други им се допаѓа ова.
  13. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    10.194
    Пол:
    Женски
    Набрзина да го пофалам млеково за тело. Со бадемово масло, камилица и Д пантенол. Ја прави кожата убава и мека. Мирисот не е јак и не се задржува многу на кожата што мене и не ми смета баш. На рацете имав мали лишаи кои што ме чешаа ненормално и не поминуваа ниту кантарион кога ставав. Откако почнав редовно да го користам млеково за тело, тие едноставно се повлекоа. Јуху. Огромен плус има од мене. Имам и други производи од линијата на SATTWA, но ете не му е дојден ред да пишам збор-два за нив. Не знам колку чини и каде може да се најде затоа што го добив на поклон. Препоставувам дека го има на места каде што се продаваат производи на Алкалоид. :)
    Sattwa-mleko-za-telo-250ml.jpg
     
    На joy1, Annath, Glory123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Kala.

    Kala. Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2015
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Женски
    Целосно ми ги обнови ноктите, супер е!
     

    Прикачени фајлови:

    На mims-89, Glory123, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.624
    Допаѓања:
    106.575
    Пол:
    Женски
    1. Loreal manga punky volume
    [​IMG]

    2. Korres liquorice and urtica - oily hair
    [​IMG]
     
    На Glory123, Sunshine.Sunshine и EMoonlight им се допаѓа ова.
  16. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
  17. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    23804-pur-blanca-blush-kolni.jpg

    DSCN0771z1.jpg

    avon-celebre-body-spray-for-women___2.jpg
     
    На Lovely, EMoonlight, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  18. gumicka

    gumicka Активен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    :hai:кремата е средно покривна и не е многу течна и ја има во 3 нијанси 01,02,03.
    Јас ја користам 02.
    дава многу сјај на лицето и не трае многу долго затоа што после 6 часа чувствувам дека сум светната малку на носот.Но искрено повеќе ми се допаѓаат бб кремите од пудрите затоа што кога ставам пудра од километар се забележува дека сум нашлакана а вака бб кремче по малку ставам и на лицето и на вратот за да ми биде скроз изедначен тенот.Оваа крема исто има и заштитен фактор така да е погодна за во лето.
    Еден совет плус-За да ти биде лицето во ред обавезно користи средство за миење на лицето па после нанесувај ја бб кремата (јас имав многу мозолчиња по лицето и си купив средство за миење на лице против мозолчиња и редовно си го мијам лицето со него и насабајле ја ставам бб кремата ,а навечер крема против мозолчиња -онаа на здраве и тоник си ставам за црнки ).
    ИИИИИИ уште еншто ќе заборав за малце -бб кремава наутро ја ставам скроз на целото лице и по вратот само еден слој и на капаците од очите си ставам од неа и не изгледам уморно.:)
     
    На UnordinaryOne му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    [​IMG]

    1. Planet Spa Perfectly Purifying Body butter - На почеокот тешко ми беше да се навикнам на мирисот, ама сега го обожавам и е еден од најдобрите путери за тело што сум го користела. Одлично ја хидрира кожата и ја прави мазна и мека, најбитно од се и брзо се упива и не остава лепливо чуство на кожата. Тотално го препорачувам вреди за секој денар, незнам како не сум го пробала до сега.

    2. Planet Spa Perfectly Purifying Body Scrub - Исто како и путерот и пилингов има по специфичен мирис, ама сега веќе ми се допаѓа. Одлично ја чисти кожата и ја остава мека и мазна, не е ни премногу благ а не е ни премногу груб за кожата па затоа и ми се допаѓа, исто така и многу бавно се троши, потребна е мала количина за цело тело. Плус помага и со внатрешни влакна, јас имав многу проблем особено на нозете, ама сега многу ми се намалија.

    3. Planet Spa Perfectly Purifying Face Scrub - Многу ми се допаѓа, не ја иритира кожата ја остава мека и чиста, го препорачувам.


    [​IMG]

    Lancome Star Bronzer Intense - Имам многу бронзери, и иако сум светла ги сакам тие во малце потемна нијанса, ама со овој брознер ме освои, одлично го освежува лицето дава исончан изглед ама сепак ништо претерано, многу природно изгледа затоа и многу ми се допаѓа. Нежно ги истакнува котурите на лицето без да изгледа пренапрадно, одличен за секојдневно користење. Исто така и многу е траен.


    [​IMG]

    Isabelle Dupont Long Lash Mascara - Уште кога ја купив имаше премногу заинтересираност за маскарава. Одлична е! Дава волумен и многу должина на трепките, четката е голема па ги опфаќа и најмалите влакненца, оваа ми е замена за Max Factor Masterpiece Mascara! Тотално ја препорачувам, плус и цената е супер околу 200 ден.

    [​IMG]

    Aura matte Velvet 612 matte mess 604 boy oh boy- Дома имам околу 40 кармини, а последниот месец ги користам само овие 2, одлична пигментација, трајност и најважно од се не ми ги сушат многу усните како другите мат кармини. Наскоро посебна рецензија со слики од нијансите.



    Плус уште неколку други производи ги имам на блогот затоа што се поврзани со рецензии, ако сакате да ги ѕирнете еве линк http://rosee96.blogspot.com/2015/07/monthly-favorites-june.html
     
    На joy1, simoncelicius, mims-89 и 17 други им се допаѓа ова.
  20. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.624
    Допаѓања:
    106.575
    Пол:
    Женски
    Sephora pro flawless airbrush #56 - прекрасна четка за течна пудра , не остава линии , влакната се многу меки , мислам дека е најубавата досега што сум ја имала , цената без попуст и е 25 евра а јас ја земав 16 :)
    [​IMG]
     
    На mims-89, kjukli, Rose96 и 2 други им се допаѓа ова.