Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Омилени продукти на месецот

Дискусија во 'Тело' започната од frutini, 25 февруари 2011.

  1. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    1.JPG
    Пријатно сум изненадена од оваа маска од Авон. Со оглед на тоа што шампоните не ми одговараа на косата, маската се покажа како доста добра. Обично имам суви врвови ама со нанесување на маската не ми се толку суви и прекрасно мириса.
    prod_1170485.jpg
    Најиксрено спрејот го земав поради ефтината цена. Исто така се покажа многу добар за мојата сува коса.
    Ја омекнува и и дава сјај на косата.

    IMG_1665.JPG

    Иако го добив како подарок, никогаш не го ни користев од причина што на почетокот ми имаше некој тежок мирис како на ракија. Почнав скоро да го користам и од шишенцето има еден мирис, на телото друг сосема пријатен и убав. Со светки е, ама индиректни се светките. Со оглед на тоа што е спреј, е доста трајно.

    avochew_ddro10_01__2.jpg
    Ролон секогаш земам од Авон, но од овој сум доста пријатна изненадена. Мирисам по цел ден, како од парфемот да сум ставила.
     
    На <3 pleza4e <3, fallenangel, mims-89 и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Гроздова маст на Фитофарм. Откако на многу начини не успеав устата да си ја средам,само ова ми помогна да престане да пука.
    Не само за месецов,омилено за цел живот. (y)
    (Се извинувам за квалитетот,матна е сликата бидејќи сликав со телефон.)
     

    Прикачени фајлови:

    На Minnie 1, joy1, Glory123 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    1. Thalgo - creme detente
    [​IMG]
    Ја добив на поклон од една пријателка на мајка ми. Прекрасна крема, нема некој посебен мирис, но и дава хидратација на кожата и ја омекнува. Веднаш изчезнува, не е многу мрсна, повеќе е како течна. Одлична е. Сум користела повеќе производи на Thalgo, но ова е незаменливо.

    2. Victoria Secret body spray
    [​IMG]
    На паковањево ми пишува дека мириса на праска, незнам зашто, мене ми мириса на јагода и баш заради тоа ми е омилен за месецов. Многу многу многу го сакам, иако малку повеќе го сакав тој што е од кокос, но сепак за овој се одлучив. Има малку светки и кога ќе се прснам, свети и среќно сум. Хихи.
     
    На fallenangel, bubic.k, joy1 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.058
    Пол:
    Женски
    Омилени продукти: МЕСЕЦ ЈУНИ/ЈУЛИ
    1. Ги отвара порите и ги чисти црнките. [​IMG]
    2. Најдобриот- само тој помага.
    [​IMG]
     
    На AnGeL4e009, mims-89, gumicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. BabyStyle

    BabyStyle Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    8.955
    c-1000-plus-tabletki.jpg Мојата најголема зашита од настинки, вируси, после 4 чаши вино да ме средат....нај нај нај :)
     
    На IamSexyAndIKnowIt, joy1, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    За месец Јули:
    Путер за коса од авокадо и шеа путер,путер за стапала со лимета и двете на Алверде,крема за раце авокадо и шеа путер на Биотен и нај новата љубов лакот на Малена 17:inlove:
     
    На EMoonlight, rainbowec и Mishela им се допаѓа ова.
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Омилени за јули:

    Balea млеко за тело за под туш со шеа путер и масло од макадемија

    [​IMG]
    Спас ми е во вакви жешки денови кога се туширам по два-три пати дневно. Јас не можам да функционирам без лосион за тело, ако не се намачкам после бањање имам чувство дека кожата ми шкрипи. Ама колку и да има лесна формула, како дополнително да ме поти после туширање, па се решив да пробам вакво нешто. Многу пријатно сум изненадена од ефектот, иако бев ептен скептична. Ама стварно не чувствувам потреба од млеко за тело, кожата ми е нежна после туширање како да сум се намачкала :) Само треба убаво да се измие после туширањето, јас првиот пат ептен се зашлапав, па не можев да го одмијам :tmi:

    Avon gel finish лак за нокти (нијанса lavender sky)
    [​IMG]
    Многу убава и нежна нијанса што ме асоцира на пролет и јорговани :inlove: Да напоменам дека прв пат користам лак за нокти од Авон, никаков досега немам пробано. Овие со gel finish беа на попуст минатиот каталог, па решив да ги пробам. Задоволна сум од структурата, лесно се нанесува, а има и добра пигментација. Еден слој ми е доволен. Само што не дава којзнае каков gel finish, мене повеќе ми личи на обичен лак. Можеби е малку погуст и евентуално таков ефект би се добил со повеќе слоеви.

    Avon сјај за усни ultra glazewear (нијанса pink watermelon)
    [​IMG]

    Сјај за усни немам користено многу одамна, последниве години сум строго на балсам и кармини. Некако сјајот ме асоцира на средно, веројатно затоа што тогаш користев сјајчиња за во школо :D Откако почнав со кармини ги заборавив, па сега си се почастив со една нежна розева нијанса. Ми се допаѓа што не е леплив и остава пријатно чувство. Конкретно оваа нијанса не е толку пигментирана како што изгледа на сликата, малку е понежна. Порачав уште една потемна нијанса, ама уште ми стои неотпакувана, ќе видиме таа како ќе се покаже. Во секој случај убаво сјајче, бојата не е нападна, па често го користев месецов. Особено како што одбегнував шминка, терав само со навиткани трепки и маскара + сјајни усни :makeup:
     
    Последна измена: 3 август 2015
    На Lovely, SV1911, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 14 други им се допаѓа ова.
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    За месец август може и ќе надополнам...
    1. Пудра во прав Nyx
    Обично не користам пудри во прав, сепак на Нукс и дадов шанса. Првото отварање приметив дека има фолија, што не очекував некои пудри во прав и немаат фолија. Она што го заприметив спрема мојата нијанса е дека ми мириса на бисквити ( хахаха ).
    Шала на страна,зошто ја сместувам во оваа категорија?
    Пудрата многу ми се допадна како фиксира,но не е за летни денови. Јас ја пробав вчера и ја носев цела вечер и цела вечер не ми спадна, иако беше топло. Додуша, во комбинација со светла пудра малку ја затемнува но веднаш се прилагодува на вашата кожа. Ми се допаѓа бојата која се добива ако мешате светла течна пудра и темна пудра во прав.
    Дефинитивно е зимска пудра во прав,но мене сега ми се укажа прилика и ја пробав. Не очекував многу но сепак доволно за да биде во оваа категорија.
    [​IMG]

    2. Бекутан млеко за тело
    Млеко за тело никогаш не сум користела. Но, бев на одмор и изгорев, јас обично не се лупам но сега изгореното си го зема данокот. По препорака на другарка си го земав млекото, ми се допаѓа како хидратира, ја прави веднаш кожата мека и нежна, со редовно користење лупењето ми се намали и бојата ми остана. Го користам секој ден после туширање.
    [​IMG]

    ...ќе се надополнам во текот на месецот повторно.
     
    На simoncelicius, joy1 и duffi им се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.956
    Допаѓања:
    81.284
    Пол:
    Женски
    Немам напишано ништо на темава со месеци, затоа што 99% од случаите кога сум седнала да искуцам текст, завршил со непратено мислење поради тоа што надминувам не знам колку симболи.
    Истото ми се случи и синоќа, а имав преку сила 5 производи кои ги сметам за најомилени периодов.
    Не знам дали е до прикачените слики, зашто текстот немаше толку многу букви, проверив во Ворд.

    Небитно, ова се моите најомилени за месец јули. :)
    IMG_20150804_172359_1.jpg

    1. Bioten млекото за чистење лице; го купив случајно и со намера само да го пробам, ама толку многу ми се допадна, што речиси и го потрошив. :)
    Има лесна формула, многу е течно и лизга низ прсти, убаво вади остатоци од шминка и убаво ја негува комбинираната кожа. Хидратантно е многу, дури би рекла дека подобро ми ја храни кожата од некои креми кои сум ги користела низ годините. Не ја затега кожата откако ќе се впие и е еден од ретките производи со вакво својство, затоа што речси сите вакви производи наменети за комб./мрсна кожа, ми затегаат одредени делови од лицето.
    Многу ми се допадна, би го купила повторно.

    2. Bioten тоник за чистење лице; во комбинација со млекото (и отстранувачот за шминка од очи) ми се дуо-трио фантастико!
    Го освежува и буди лицето, кожата нема масен сјај во одредени делови по третманот и мириса многу убаво.
    Навистина се изненадив од производите на Bioten, не се скапи воопшто, па според тоа и не очекував чуда. Единствено ми е криво што не ми се допадна дневната крема, премногу ми беше лесна за да ми овозможи нега каква што ми е потребна.

    3. Aura Sunkiss бронзерот во нијанса #905, Sunset Brown; не ми остави некој посебен впечток кога го нанесов прв пат, затоа што обично сакам производи кои се целосно мат, а овој бронзер не е таков.
    Дали се навикнав на светките не знам, но видов дека не изгледаат воопшто нападно како што си мислев. Ми се допаѓа како „легнува“ над било која течна пудра со која сум го носела, трајноста му е сосема во ред, а цената е дискутабилна.
    Би го купила повторно, најмногу заради делот со глитер, кој е прекрасен. Го нанесов како хајлајтер, сенка, па и убаво изблендано во склоп со руменилото - изгледаше беспрекорно.
    Љубител сум и на arabic look на шминкање, а со глитерот многу лесно се добива ваков изглед на начинот на кој што сакам - без да изгледам како избањата во светки.
    Нежен е, лесно се чисти со соодветни средства и не се распаѓа по лицето затоа што не е прашкаст, туку има помасна структура, како стик.

    4. Absolute Rose палета - Catrice; никогаш не сум била љубител на розе нијанси, затоа што со мојот блед тен и светла коса ми се асоцијација на Барбика, но за волја на вистината пак, никогаш не сум можела да им одолеам на палетите од Catrice. :)
    Има шест нијанси, од кои две се мат, три имаат суптилни светки, а последната е најтемна, воедно и најсветкава. Многу лесно се добива дневен изглед со било какво меѓусебно комбинирање, а исто така и лесно се трансформира во „понападна“, вечерна шминка.
    Ги немам пробано самостојно зашто имам мрсни капаци и дури ниту Artdeco не се задржува повеќе од три часа на моите очи, но со база за сенка се прекрасни.
    Пигментацијата е супер, пријатно се изненадив, бидејќи цената е сосема пристојна. Ориентационо - далеку подобри од Еssence, би рекла дури и неспоредливи со нив и нешто најслично на моите омилени сенки засекогаш - Gosh quattro.
    Имам неколку палети на Catrice, но оваа ја користев најмногу изминатиов месец.

    5. Pretty Mauve (16), моливче на Alverde; ги обожавам сите производи на Alverde, а од декоративата, секогаш на прво место ми се моливите за очи и усни.
    Бидејќи никако не можев да го најдам моливот во иста нијанса на Essence, се задоволив и со овој, иако подоцна нормално - го купив и другиов. :lol:
    Алверде ми се допаѓа повеќе, затоа што е далеку потраен од оној на Essence, потврд е, но подеднакво добро испушта боја како и другиов и благодарение на тоа, никогаш не ми се растопил, ниту пак ми се скршил „гравитот“ во текот на шминкањето. Ми се допаѓа и кога го нанесувам самостојно, ако брзам, а не ми е карминот при рака, го нанесувам преку целите усни.

    6. Aura Final Matte кармин (701, Guess Who); го купив пред некој месец, по препорака на @marama (Фала ти, Марама) и ретко кога сум нанела друг кармин освен овој. Одлично ми одговара на тенот, не изгледам смешно, како што изгледам со повеќето розе-кармини, па речиси сум сигурна дека потрагата по ваков кармин заврши тука. :)
    Има фина текстура, мат е и по навика секогаш пред нанесување си ставам малку лабело. Траен е во зависност од активностите, со јадење не се брише баш толку лесно, но јас и онака бришам кармин пред јадење, па и не сум некој фактор по кој би се ориентирале околу ова.
    Мислам дека најмногу ми се допаѓа поради тоа што ми дава свежина на усните и го добивам оној познат "no lipstick, lipstick" изглед. :)
     
    На papillonP, Ema.Sk, SV1911 и 17 други им се допаѓа ова.
  10. bubic.k

    bubic.k Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2014
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    3.783
    Пол:
    Женски
    avonmorrocanarganoil.jpg Прв пат го користев производов и сум презадоволна..
    Јас имам вечно заплеткана , крута коса, маслото го нанесувам прво на мокра коса, па потоа уште еднаш по сушењето и истата станува многу мека на допир и што е најбитно не се мрси..
     
    На crazylady, Annath, joy1 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    5.158
    Пол:
    Женски
    Ептен го сакам овој производ, за мојава кожа (поготово за летово) е апсолутен погодок.
    Убаво ја чисти и ја освежува кожата, значително помалку ми се мрси а мирисот ми е аххххх прекрасен.
    Само што ќе го нанесам на лице имам прекрасно чувство на чисто и свежо. :inlove: :l:
    avon-planet-spa-oriental-radiance-borszabalyozo-arctisztitos.png


    Лакчето од Малена ми е хит, сите лакчиња нивни се супер ама ова (бр.51) некако ми е фаворит. :inlove:

    malena 51.JPG


    Се изненадив од маскава за под очи, ја добив на подарок и искрено не очекував ништо посебно ама откако ја користам одреден период приметувам разлика во пределот под очите.
    Некако ми е освежен тој дел а и посветол, не дека имав некои огромни подочњаци али сега изгледа многу подобро.

    Парфемов од Naomi Campbell можда и претходно го имам ставено во оваа категорија, ама дефинитивно пак ќе го спомнам пошто ми е најпрекрасен, женствен, свеж и елегантен.

    nd.9940.jpg ocesna-maska-390x730.jpg
     
    На kala21, nadja.d, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  12. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.088
    Допаѓања:
    12.649
    Пол:
    Женски
    За месец јули:

    gliss.jpg
    Schwarzkopf Gliss, виолетовото
    Му дојде редот и на ова, а како и претходно (со другите производи) сум презадоволна.
    Косата е помека и полесно се чешла.

    foot spray.jpg
    Feetup, foot spray - oriflame
    Кога сум кај спрејот за нозе, обично наоѓам маана за секое, ама ова ми се погоди.
    Ми ги прави помеки нозете и поосвежено се чувствувам, со оглед на тоа што поголем дел од летово сум со патики.

    garnier.jpg

    Garnier mineral Maximum Control 72h
    По предлог на продавачката , кога ме виде како стојам цела исплашена и неодлучна пред дезодорансиве.:lol: Баш планирав да ја сменам нивеата, зашто не ми помагаше ниеден од нив.Малку бев 50-50 кога ми ја препорача, ама ми рече дека нема да се попишманам.Кога се вратив одма тестирање следеше, па и наредните неколку дена.Се покажа како најдобар дезодоранс, дури и не го менува мирисот после некое време.Баш чисто и свежо се чувствував, исто како да сум нанела по прв пат.

    labello.jpg
    Labello Vitamin shake (acal & wild apple)
    Остава нежна розева нијанса, ми ги омекнува усните и не ми се распукани како со било кое друго.Ем боја си имам, ем проблемот е решен :makeup:


    Само не пишав поопширно за мирисите поединечно, туку ќе напишам за сите заедно.Не поднесувам тешки мириси, само исклучиво оние со нежни мириси ми се во кошничката за омилени продукти. Така, Gliss-от, дезодорансот на Garnier, спрејот со мирис на лаванда и лимон и Labello-то се совршенство.Препорачувам :nod:
     
    На SV1911, Jordanovska-K, mims-89 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    1. Потхранувачки путер за тело со минерали од Мртво море Planet Spa од Avon

    Ова е првиот путер за тело што сум го користела и многу сум задоволна од компактната содржина. Лесно се нанесува, брзо се впива во кожата, не создава лепливо чувство и ја прави мека и мазна на допир. Има пријатен мирис со солидна долготрајност и одлична хидратација. Цена: 299 ден.
    Потполно се соглсувам со мислењето на @Rose96.
    Го препорачувам за секој период од годината!
    [​IMG]
    2. Base & Top coat од Oriflame

    Го користам само како завршен слој на ноктите по нанесување на лакот во боја. Има солидна и густа структура која брзо се суши и создава добра пигментација со задоволителна трајност.
    Доволно е само еден слој да се нанесе за да се добие убав сјај на ноктите.
    Цена: 149 ден.


    [​IMG]
    3. Шампон за волумен на коса од Balea

    Првичната потреба од ваков шампон не ми беше за да постигнам поголем волумен на косата затоа што немам ретка коса, туку да направам промена за летниов период од шампоните што до скоро ги користев.
    Со оглед на тоа дека сум скептична околу вистинската намена на шампоните со волумен, одлучив да го земам овој поради безбојната структура.
    Далеку е од можноста за создавање волумен, но добро ја мие масната коса и при првото нанесување се создава пенеста смеса. Имам впечаток дека поретко се масти косата што не било случај особено во топлите денови.
    Цена: 100 ден.

    [​IMG]
     
    На kala21, SV1911, Jordanovska-K и 7 други им се допаѓа ова.
  14. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Lady speed stick :)
     
    На LittlePinky и SimonaTino им се допаѓа ова.
  15. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    8.412
    Пол:
    Женски
    Max Factor бронзер
    Пигментиран, со дискретни сипки, дава многу убав исончан тен, сјај и доста се задржува на кожата.Споро се троши така да ке трае доста, со оглед на тоа што летоска го користам секојдневно.Претходно го користев на Аура, но кога ке ги споредам овој е многу подобар, не мава на портокалово бојата, напротив баш е бронзена.Јас го имам 01.
    28231_l1.jpg
    Со оваа пудра дефинитивно го најдов се она што го барам од една пудра за сува кожа.Многу ми одговара, хидратантна е доста, многу е пријатна на лице, го прави свежо, одморно, го измазнува и изедначува тенот, солидна покривност (имам чисто лице па за покривност неможам мн да се ориентирам) и трајна е, а се вади лесно.Не би ја менувала бидејки сум навистана презадоволна.
    10168511.jpg

    Парфемот го имам користено и претходно и можама да кажам дека ми е евергрин, омилен засекогаш, си се подновив овој месец пак и морав да го ставам во омилени :) .Единствен, женствен, впечатлив, а не нападен и тежок.Парфем кој го користам секој период од годината.Не подсеќа на ниту еден друг, едноставно преубав.Обожавам кога ке станам од сабајле и јастукот ми мириса на Мadmoiselle, мераци :).
    download.jpg

    Лосионов е баш смут сензејшн.Задоволна сум од сите Нивеа лосиони, па му дојде ред и на овој да го пробам.Убаво мириса, нежно, на чисто, хранлив и хидрантен.Ја прави кожата многу мека и мазна, остава убав сјај на кожата, ја негува одлично.Би го купила пак дефинитивно.
    item_XL_5866283_3136028.jpg



    Ultrasun after sun lotion
    Го купив од една аптека на одмор и ми е криво што го нема брендов кај нас, барем јас не сум го сретнала.Колку само ја негува кожата после сончање, ја чувствувам обновена после печење на плажа.Доста хидрантен, со разладувачки и смирувачки ефект.Има убав свеж мирис, навистина го смирува црвенилото и ја прави кожата мека и нежна.Најзадоволна од сите лосиони за после сончање.
    UltraSun_giveaway.jpg
     

    Прикачени фајлови:

    • 28231_l1.jpg
      28231_l1.jpg
      Големина на фајлот:
      14,7 KB
      Прегледи:
      3
    На crimson, SV1911, EMoonlight и 10 други им се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.186
    Допаѓања:
    156.698
    [​IMG]

    Ол тајм фејворит ми е заедно со кремата за тело на Дав, го подзаборавам, па го купувам. Не дека нема подобри и дека сум пробала други што ме бендисале, ама на овие две секогаш и секогаш се враќам на нив.
    Суптилен мирис ( мене ме потсетува и на убави работи, можда и затоа ми е па и прекрасен, ме потсетува на одмор) и баш како што гласи - концентрирано. Кој мака има со сува кожа - нека не се мисли.
     
    На Sahlene, joy1, EMoonlight и 7 други им се допаѓа ова.
  17. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    mousse-de-limpeza-nivea-claudinha-stoco-1.jpg
    1. Нивеа пена за лице - мене ми е совршена не ме иритира, многу е пријатна на лице и не ја суши кожата така да верувам дека ќе се дружиме долго.

    prod_1155434.jpg
    2. Крема за целулит од Авон - за мене засега ова е единствена крема која ми делувала.. Ја начекав на попуст 300 денари и си купив 2.. По 2 месеци шлапање еве при крај е и втората крема и навистина има резултат нормално комбинирано со масажи. Сега ја гледав да ја порачам пак ама 600 денари е, требаше 5 да порачам кога беше на попуст.:D

    eyes-intensifier-liquid-eyeliner-sajt.jpg
    3. Туш за очи од Аура - тушот чини 150 денари и баш е онаков како што сакам, не ми се верува дека давав по 400 денари за туш.. Добра цена и супер квалитет.

    Сега за сега толку.
     
    На joy1, simoncelicius, SV1911 и 10 други им се допаѓа ова.
  18. Aneance

    Aneance Активен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2015
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Пилинк за тело
    Laura-Vandini-Satinizing-Body-Milk-200ml.jpg
     
    На mimidjon и ivancekitty им се допаѓа ова.
  19. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.758
    Безгранично шлапање со обете креми месецов.

    Едната е од Орифлејм, зелената за тело и лице,од краставица. Ми го смирува лицето, хидратантна е и има освежувачки ефект.
    Другата е за стапала, мириса на мохито, стапалцата ми се многу суви летно време и освен оваа крема на Body Shop, ништо подобро до сега немам најдено.
    Oriflame-cucumber-bur-marigold-lijn-Custom.jpg

    peppermint-cooling-foot-rescue-treatment_l.jpg
     
    На Annath, EMoonlight, rainbowec и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    3.PNG
    Подлога за шминка
    32.PNG
     
    На the.vampire.girl, EMoonlight, rainbowec и 1 друга личност им се допаѓа ова.