Ајде и ја да шкртнам нешто од преку океанот 1. Pantene Sheer Volume, шампон и регенератор.. Читав прво ревјус и иако дома не би купила Пантен (нели го има по маркети или ја халуцинирам?) тука им се едни од најпродаваните и најдобрите драгстор шампони. Се мислев дали да го земам Хербал Есенс, изборот беше или тој или овој, ама немаше таков јас како што сакам и на крај го земав овој. Значи косата чудо, мека, се расчешлува, шта да вам причам... А па како мириса, мислам дека три дена да не ја измијам дека три дена ќе ми мириса на шампонот (забелешка: не значи дека треба три дена да не се избањате ако го купите). Сакам да си довлечам залихи ама тешко, пробувам да се воздржам од многу купување глупости оти после три куфера нема да ме соберат. Спојлер 2. Aveeno Nourish+ Condition, спреј за коса за после миење Случајно ми стаса до мене, цимерката го купи, па не ја бендиса, и ми вика го сакаш ли, викам го сакам... Како може да не сакам да пробам се' живо и диво тука. Многу убаво се пегла косата, некако и дава форма, како од фризер да сте испаднале. Не ми мириса нешто посебно, ама додека не ми расцветува косава на оваа температура и сув воздух (жениве тука како искубани се по 2-3 месеца, ја лепршам наоколу ), добро е. Спојлер 3. Suave Advanced Therapy Body Lotion Да ви кажам право, го купив оти беше евтин, некои 3.50 долари сосе данок. Тоа е, ограничен избор и монопол и ги дигаат цените на нормалните лосиони (под нормални од типот на Нивеа, Дав и сл.) до небо, а да работам еден саат за еден лосион, е не фала. И ај викам, какво е такво е, ќе се мачкам. Баш сум пријатно изненадена, мириса мноооогу убаво, на чисто. Брзо си се впива, сега не е некоја нај нај хидратација, мислам сепак станува збор за нискобуџетно лосионче (нешто како тоа плавкото од Кам, така би го споредила). Јас го земав најобичното, што мириса баш на чисто, а цимерката купи со некои цреши ли, и тоа прекрасно мириса. Интересно ми е што е со пумпичка, тек допрва ќе станат популарни овие со пумпички производи кај нас. Спојлер 4. Eucerin Aquaphor Healing Ointment Кремичево го земав заради тоа што не најдов ништо поквалитетно во околинава што ќе ми помогне за кожата на лицето. Си викам премрсно да не е за на лице, па да не е пресилно за лице.... Заради воздухот, почна да ми пука и да се суши, па дури и да ме чеша, а се опремив со бааги ,,тешки,, и мрсни помади од Мк. Прво ми падна чудно затоа што Еуцерин го продаваат во супермаркет, си викам да не е ова некоја фуш верзија на вистинското Еуцерин, ама потоа видов дека си е нормалното. Да речам дека за 2 дена лицето скроз ми се опорави, сега го ставам превентивно во пределот околу очите и на образите, и да не се подречам, пу пу, сум немала пак проблем од тогаш. Спојлер 5. Dove Style+ Care Extra Hold Hairspray Кога го видов, знаев дека морам да го пробам, донекаде сум фан на Дав... Има преголем, значи преголем избор на шампони, регенератори и општо, средства за нега на коса, не знае човек кај да се сврти попрво, мислам дека има буквално пет рафта само со Дав производи... Ептен на место си е лакот за коса, држи ама не лепи, и ако го расчешлаш си се враќа косата во нормала, не ти стои накршена, измрсена, не ти стои со такви белки излепена... Значи на ниво си е. Е малце поскапичок го земав, во Мк не знам кога ќе дадам 600 денари за лак за коса, ама ок, морав да се почастам со нешто. Спојлер 6. The Wet Brush Тука во несвест паѓаат за четкава и за тоа Tangle Teezer, јас се мислев која од двете да ја купам и се одлучив за првата... Некако поубава ми се виде, попрактична, со рачка, овоа тизеров се држи со цела рака за да се исчешлаш, а и можев да ја купам од тука, а тизеров требаше да го порачувам и да го чекам, па бла бла бла.... И стварно си ја врши работата четкава, за двапати пократко време ја чешлам мојата коса, некако посјајна ми е и е стварно расплеткана. Е тука некои се клањаат демек не кубе, значи не може да не кубе, може само помалце да кубе. Сепак задоволна сум, не очекував толку добар резултат. Спојлер 7. Bath and Body Works, Amber Blush Земав гел за туширање, млеко за тело и спреј за 12 долари, на попусти и чуда беа. Мене овие ми се подобри од Викторија сикрет, и ќе гледам дома да си донесам неколку... Ако се истуширам со гелот, се намачкам со млекото и се намирисам после, и по неколку саати, кога ќе поминам позади мене мириса. Сал ме душка некој, леле ама убаво, леле, од кај го купи, леле, кое е, какво е, итн итн. Следно за купување ми е Sea Island Cotton, целата колекција. Хидратација задоволителна од производиве. Спојлер Ве удавив значи, ајде нареден пат ќе допишам уште што има. Следно ми е CoverGirl пудра за пробување и така.
Овие Bath and Body Works се ептен добри, не сум била во Америка ама си имам другарка која кога доаѓа во Мкд не снабдува со по некоја колекција. Подобри се од ВС и јас сум на таков ум.
1. Некаде низ темиве прочитав за гелов дека се задоволни и го земав и јас пред 3 месеци и од тогаш констатно си го користам и сум презадоволна. Откако ќе се измијам лицето го осеќам нежно и меко. Топло го препорачувам производов. 2. Мојот најомилени продукти карминчињата од Mac - Аll fired up и Heroine. Интензивна боја имаат и по 6 часа. 3. Моливчето од Mac half-red. 4.
Дополнување за месец август. 3. Авон - третман за коса. Ова кога ми стигна кога ја видов колку е голема се изненадив. Помала очекував, но добро. Она што е важно од Advanced Techniques сум најзадоволна. После неколку пати користење видов колку добро ми ја негува косата, со оглед на тоа дека мојата е бујна. Можам полесно да ја исчешлам и да ја исфенирам. Дефинитивно пак ќе си нарачам.Убаво ја обликува и не ја мрси, барем според мене. 4. L'oreal течна пудра за лице. Кога ја купив пишав дека нијансата е каде каде со мојот тен. Тоа го пишав апла дека ја пробав на рака, кога ја пробав на лице ми се вклопи со мојата кожа. Презадоволна сум, пак ќе си ја купам. Јас не сум многу по скапите пудри, но од оваа сум презадоволна. Многу покрива и ми стои цела вечер. Она што не ми се допаѓа е што на блиц светлина од апарат и телефон ми го прави лицето бело. Не би ја менувала за ништо, башка потребна е многу мала количина да нанесете.
Дај бизнисче да почнам, ово оно, ти реков ми рече, ќе ви ги наплаќам по тродуплo, повеќе аир ќе видам неголи од црнчењево. Се шалам, нема место во куферот, болна тема багажов... Ептен далеку се изакав, упм. Кој може да си ги купи, да си ги купи, ВС може вода да им носат..... Ете така да ви кажам.
@Doozy се излигавив ко мало дете на постов твој. Посакав за момент да му ја летнам преку барата и да си ја арчам заштедата : ))) Туку дојдов да ти кажам за тоа тубичето мало од Еуцерин. Го имам и јас, мислам дека го имам фалено во темава и стварно потврдувам дека е предобро. Имај го на ум и за благи изгореници на кожа, мене експресно брзо ми смири еден плик, дури не ми се веруваше колку е ефикасно и колку брзо се повлече. Баш е чудо.
1.Nivea in-shower body lotion Спас за летните денови, повеќе не можам да си го замислам секојдневието без него. Задоволителна хидратација и нежен мирис. Јас го имам белиот, за нормална кожа. 2. Aussie 3 minute miracle Еден од најдобрите продукти за коса кои сум ги користела. Предобро ја хидрира косата и разликата е видлива после првото нанесување. Косата во живот не ми била волку сјајна. Не знам дали ги има овие продукти кај нас, знам дека го видов во ДМ во Загреб. 3. Аvene, cleanance gel Стариот добар Авен гел, без сапуни, многу нежен на кожата и не знам зошто толку време го бојкотирав. Shame on me 4.Kiehl's midnight recovery concentrate Откако увидов колку ми пријаат ноќните серуми решив да инвестирам во серум со добар квалитет. Се мислев помеѓу Есте и Киелс и по препорака на другарка се одлучив за вториов. Кожата никогаш не ми била помазна. Да напоменам дека сум млада и немам некои брчки, а после месец дена дружба со серумов немам ни фини линии околу очи и уста. Препорачувам
Имам пишано како се викаат едниот кармин Heroine (лилавиот) и другиот All fired up. А моливчето е half-red. Eве слика да ги видиш нијансите убаво
1.Коректорот на Аура-преубаво покрива,ми се свиѓа четкичката,стои долго време и најважно не ми ја иритира кожата. 2.Maybelline nail polish bleached neons-Јас го имам првиот, ми се свиѓа бојата и тоа што не се лупи брзо.
Не знам дали ја има во Македонија, ама да не беше чудово, јас летово многу грдо ќе си го завршев. Да не објаснувам што и како ми се случи, ама ќе ме имаше на Бочд. Антиејџ е, ама ефектот е феноменален ако имате проблем со повреда на кожата. Дали 2 грама потрошив од неа, остатокот планирам на мајка ми да и го подарам, не ја нанесував на цело лице. P.S. Ако некој ја употребува некогаш, да ве предупредам после неа нема сончање и изложување на сонце. Постоечките флеки ги чисти со упорност, ама може да направите нови ако се сончате одма.
Долготрајни се и многу пигментирани.Мене не ми ја сушат устата некогаш над нив ставам и од кармините мат од голден роуз но и само од нив ако ставиш ќе ти трае бидејќи стварно е мн пигментирано и не се тврди.Цената е 140 денари
Овие последните лосиони Амбеρ.. го имав од Κанада донесено, мислам деκа беше од шумсκо овошје.. Чудо од лосион ми се идеше да го изедам одшто слатκо миρиса и тρае цел ден цела ноќ. А за Pantene шампонот ефиκасен е во поглед на волуменот??
Najdobroto od Rexona. Zastita, svezina, trajnost i neverojaten svez miris. Nikogas poveke nema da go smenam!