Мене лицево ми е прилично масно, а цел ден со неа може да сум и иста да ми биде како и моментот кога сум ја ставила. Подарок ми е од мајка ми инаку, сигурна сум дека има избор на нијанси, а за цената не сум баш најсигурна ама мислам дека е 300 и нешто денари. Не е скапа како и да е, вреди.
@sesilija 370 денари,јас се сеќавам дека ја користев пред 3-4 години дури и нијансата ја паметам 04а незнам зошто престанав
Јас го купив истиот шампон SHEER VOLUME, кај нас е друго пакувањето, ама кај мене нема врска ова што си го напишала, а и нормално квалитетот во МК и во УСА не се споредува.. Инаку косата ми е и онака мека права рамна, само сакав волумен, ама ништо, пак иста си остана како и од другите шампони. . Вакво пакување е..
За месец септември. 1. Nyx молив за усни. Го обожавам, вреди за парите 250 денари, остава боја при брзото исцртување на усните, долготраен е. Јас зедов нуде нијанса за на факс и за на работа. 2. Aura matte течен кармин На почетокот кога бев да ги купам очекував да бидат густи бидејќи се нели мат кармини кои не се бришат. Но беа течни, се разочара но сепак ја замолив продавачката да пробам барем еден ( обично не пробувам ниту еден кармин ). Ми рече дека требало време да се исуши. И навистина беше така. Јас сум задоволна, сакам да си купам и од новите нијанси. Долготрајни се имам забележано дека не оставаат траги. 3. Mysslin кармин + молив 2 во 1 Го начекав на попуст во Шатци, покрај другите кармини и овој исто така е долготраен. Го комбинирам со моливчето од nyx ми се допаѓа бојата и башка не треба острење. 4. Colorama молив за уста Јас го користам и како кармин иако е молив. Ми се допаѓа пигментираноста и бојата која ја остава. Имаше попуст о Шатци. Меѓутоа не е долготраен, би си купила пак уште еден, Јас ја имам виолетовата нијанса, ми се допаѓа како ми стои.
Алверде - део спреј од магнолија и слез Стана моја голема љубов благодарејќи на Лилит која го сподели нејзиното искуство со овие део спрејчиња на Алверде. Ти благодарам што ме "натера" да пробам. - На опаковката пишува дека штити 24 часа што не е точно бар кај мене. На жешково имав потреба да ставам два пати дневно, во спротивно после пола ден би почнала да замирисувам ама не стадиум да ги онесвестиш сите околу тебе. - Не остава бело на кожата ниту дамки на облека. - На декларацијата пишува дека е од природни есенцијални масла, без алуминиум хлорид и без синтетички бои, мириси и конзерванси. - Мириса фантастично, женствено, топло и незнам зошто уште кога прв пат го мириснав ме потсети на зима и зимските празници. Обожавам мирис на магнолија дури и парфемите кои ги сакам обавезно ја имаат во состав. Она што пријатно ме изненади е долготрајноста на мирисот кој се заджува со саати, пр. ставам навечер од спрејов и сабајле кога ќе станам сеуште се чуствува мирисот, а и да спомнам дека мирисот почнува поинтензивно да се осеќа кога ќе се испотам и наместо да не мирисам воопшто или пак на пот, јас мисираам на магнолии. - Убаво стаклено шише со добар распрскувач. Не е френдли за во ташна ама ќе биде практично ако ништо друго ќе се најде шишенцево за точење парфеми. - Цена 145 ден. за 75ml Спрејчево навистина ми е подобро од Дав, Рексона, Нивеа...бар во скора иднина не планирам да го сменам освен да ги пробам и останатите мириси. Крема за раце и нокти на Афродита со бадем - Убав мирис, многу нежен воопшто не е јак, штета што не е долготраен. Ми мириса на Куглов (колач) - Кремата е со средна густина, а при размачкување станува малку маслена. Хидрантна е и хранлива. - Лесно се размачкува, не одма но релативно брзо се упива и создава како заштитна обвивка на кожата што при миење раце станува маслена и со тоа после миењето ги остава рацете меки и нежни. - Ја прави кожата нежна и мазна но не дава екстра нега на ептен сува и оштетена кожа. Кога ја купив баш кожата ми беше сува и оштетена од средство за чистење но за жал оваа крема не ми помогна нешто. Е сега веќе кога кожата ми е речиси заздравена, кремава е супер. - Практично и хигиенско пакување. - Цена 145 ден. за 100ml
1. Deborah 24 Ore Lip Pencil 2.Oriflame – The One 5-in-1 Wonder Lash Mascara 3. Jason Sea Fresh Fluoride Free Toothpaste
Моето откритие на месецот. Презадоволна сум од ББ кремот на Далтон. Убаво покрива, а делува многу природно и воедно ми го хидрира лицето. Исто така, ми трае со часови. Препорачувам
Syoss professional volume - Презадоволна од шампонов. Порано читав многу негативни коментари во врска со производите за коса на Сајос , инаку веќе го тестирам 3 недели и супер е косата не ми се мрси 2-3 дена , и и дава волумен. Толку ми се допадна што вчера си го земав повторно во поголема количина 750 мл Miss magic Blue black 103 - И фарбава влегува во омилени продукти на месецот , може и на годината. Не се измива брзо , мојата нијанса е сино црна стои до наредниот пат додека се исфарбам. Ми се допаѓа многу штои хидрогенот е 6% , баш така треба за темни коси. Не ми се допадна што е многу мала количината на фарба и хидроген , но ипак е евтина (околу 70 денари) и не е проблем да купувам секој месец и 2 пакувања
Чудно изненадена од трајност на овие лакчиња на Голден Роуз Овој шампон не само што ми ја оправи косата туку и убаво ми ја обликува и не ми се толку брзо мрси. Го зедов овој што е за секој вид - нормална коса (мојата е ненормална инаку ) и ми се погоди ептен
Во александер козметик - Скопје. Меѓутоа оваа ми е порачана од една другарка, а истата ја има во и Александер околу 500-600денари е.
1. Дезодоранс Tesori d'Oriente Muschio Bianko white musk Кога станува збор за промена на мирис на кој сум навикната и ми се допаѓа, а од објективни причини морам да го променам, голем скептик сум во изборот и потрагата по нешто што ќе ги задоволи моите потреби, а ќе биде непогрешлива замена за претходниот. По прочитани искуства од употребата на дезодоранси на форумов и споделени мислења со некои членки, го земав овој од погоренаведениот бренд, патем и прв производ од друг производител, освен оние од Oriflame. Позитивно се изненадив од овој дезодоранс кој е многу практичен за летниот период. Чист, дискретен, нежен и долготраен мирис кој се чувствува се до перење на облеката. Со мала количина се постигнува посакуваниот резултат за целодневна свежина. Планирам да го побарам и кремот за тело. Цената е 149 ден. 2. Шампон за коса на Alverde од авокадо и грозје Ова е прв производ од органскиот бренд Alverde кој воопшто сум го користела, но е и прв органски производ за нега на коса. Немам проблематична и комплицирана коса за одржување и негување, така што доволен ми е добар шампон и повремена употреба на масло за задржување на убава, здрава и сјајна коса. Влакното е право, но е многу лизгаво и меко, со должина до раменици, па електрицитетот е неизбежен по миење. Со неколку користења на шампонот степенот на електрицитет се намали, а сјајот е ист и не сум нешто посебно изненадена од задоволството на постигнатите ефекти затоа што имам природно здрава коса. Се забележува добра пенливост со првото нанесување што ми е особено важно при изборот на шампон, безбојна структура и лесно се измива. Цената е 142 ден.