Одамна немам пишувано за моите омилени продукти на месецот, омилена тема ми е, а во последно време згасна 1. На прво место моите долго барани шампон и кондиционер на Алфапарф со кератин, косата ја прават како никој друг шампон и кондиционер и препорачувам, со оглед на тоа што еве во Космо-Тинекс ги има а јас ги носев од ДМ од Белград. 2. Многу добар ексфолијатор за тело со убав мирис, од H&M 300денари, но 250мл е и се исплати. 3. Aura Glorious Cheeks Powder Blush нијанса Deep Wine, есенска супер нијанса за периодот кој следи а јас и летово си го употребував од вечер 4.Спреј од Балеа за заштита на косата при пеглање, виткање или фенирање, веќе многу споменуван немам што да објаснувам за него сите знаете колку е добар 165 денари. 5. И за последно Black Opium - Yves Saint Laurent парфемов ми беше омилен уште кога излезе, го купив за оваа сезона која следи, препорачувам.
Ако сакате да се чувствувате како божица, кралица, госпожа, онда ова е тоа. Мирис за коса. Богат, а лесен, мириса косата до следното миење. Во принцип не е потребна стварчица, ама ако се навлечеш од една лажачка, стануваш роб. Буквално нема друга намена освен да ти ја намириса косата. Нетипичен за мене, ама почна да проаѓа. Ориентално свеж. Ама мамицата, стварно како да отвара чакри. Малку е потежок и е за постари, впрочем и требаше да биде подарок за некаде, ама неврмајнд, си го задржав. Зиме би бил уште подобар. Морам да признаам дека е омилен производ само заради изгледот. Баш само за да пополнува козметичко катче за да се пуфкаш со него, а всушност... изгледот не ја следи функцијата. Сум имала и потрајни и подобро нијансирани руменила, далеку поевтини и далеку немарки од ова. Додека за наредниот производ немам збор, и за трајност, и за пигментираност, а особено за составот на бои, презаљубена. Ни е гел, ни е пилинг, нешто измеѓу. Убав мирис, нежен за сува кожа, но и доволно силен за мрсна. Мојата е комбинирана по цело тело, така што одговара супер. Спас за изгорена кожа. Само толку. Не сум фан на мирисот, ама ако има бог за чудово, јас ќе му приложам курбан, ете толку. Дојде ред да се узобилам летово и да се помирам дека ако продолжам со релативна негрижа околу немачкања ко до лани, до година ќе умрам од канцер на кожа или полошото, ќе ми стане кожата ко картон (се заебавам, секако не е полошото де). Летово си останав релативно бела, ама од друга страна, па не ми се појави онаа задолжителна бела линија над носот и хоризонталните линии или тн брчки на челото од сонцето.
Каде може да се набави парфемот за коса? Баш како што кажа, не е неопходен ама ете јас имам имам слабост за такви работи
Во Македонија го нема со сигурност. Америка, ако имаш некој да ти го испрати од таму. 65 долари мислам дека беше или 56. А што се тиче руменилото, еве утрово ми падна на плочки и се скрши зошто јадам многу трици изгледа. Си рече кутрото, неблагодарна една, првиот пат ти чинев, а сега сум мееех. Буквално како да ми летна од раце, литл пис оф шит. Не ми е криво, ама ми е криво... хм. А стварно убаво изгледа.
Извини, може да ми ја сликаш паковката или да ми ја опишеш? Знам голден роуз имаат едни кармини со приѕирна опаковка, а овој ко црн ми изгледа. И цената ако не е проблем.
@Eli23 опаковкатa e oваа, а сликата ја ставив за да ја доловам бојата, сликите од точно таа нијанса не се исти на пц и во живо http://1.bp.blogspot.com/-iK6R2yqAn...Ct4/_vTPlqM0nKc/s1600/2014-12-19+10.56.48.jpg
Зошто ме прашаа дали мислам на изгореници, да,мислам на изгореници баш изгореници, не после сончање. САМО да НЕ е отворена рана, морам да потенцирам! Не е медицински препарат. Имав голема изгореница летово. Прво ја намачкав со крем со сребрени јони, па со серумов, ама се заборавив, така го открив дејството, а при рака немав кантарион, невен или било каков мелем, ни па за брзо можев да набавам. За два дена ми се солупи изгореницата, ни пушти лимфа, ни остави рана и остана темно розев слој млада кожа, кој го мачкав потоа со гел кремата што претходно ја постирав на темава.
Омилен продукт на годината: Afrodita cream shower gels Значи мирисаат божествено, како колачиња. Убави се, кремави и имаат како зрнца внатре и мирисот останува со саати после бањање. Во дм сега се на попуст околу 120 ден мислам беа.
Балеа гел за лице, ептен сум задоволна 3 пати дневно го користам лицето многу ми се смири. Со него вадам и шминка.Ми дава ладен ефект на лицето после миење Незнам што би правела без гелов. nyx молив. јас ја избрав нијансата pinky, ептен ми се свиѓа остава трајна боја. бојава ми е преубава, сенкава е трајна, лесна за блендирање. golden rose matte овој повеќе ми се допаѓа од др мат кармини. по мек е и не ја суши устата воопшто. Bedroom Eyes сенката од nyx. Имам многу спрејови од вс но овој е најубавиот според мене ! ќе имам дополнување за брзо
1. Авон Лукс Маскара Маскарата ја имам уште од летоска, но овој период интензивно почнав да ја користам. Мислев дека може да и носи вода на Биг Дарлинг, но се излажав. Многу е подобра од Биг Дарлинг, таа прво ми се исуши за кратко време. Многу ми се допаѓа како ми ги прави трепките и ми дава волумен, а додатно и интензивна е. Додуша според мене вреди за парите. Еднаш да нанесете е доволно, а сепак кога се работи за слепување на трепките неможам да кажам дека не ги слепува кога не е вистина. Ги слепува да, но мене ми се допаѓа, со оглед на тоа дека имам мали очи.Најважното е што не се рони. Јас повторно би си ја нарачала. 2. Палета Smokey Look Kit од NYX. Ја начекав на попуст од 5-6 евра. За квалитет оцената е 10 од мене. Нијансите се преубави, оставаат боја,ако сакате можете само еднаш да нанесете доволно е. Мрсни се да и тешко се вадат. Јас додуша со остранувач за шминка или влажно марамче ги вадам. Од мини карминчињата немам пробано. Ќе си ја чувам за специјални прилики. Додуша, убаво стојат на темни очи,трајни се со база за сенка. 3. Гел туш за очи Nyx Јас сум скептична за купување на гел туш за очи, бидејќи повеќе сум по течните тушеви. Вреди за парите, ми се допаѓа бидејќи е потребно малку да земеш а нанесуваш многу на очите. Интензивна боја остава и со база ми е траен, исто како палетата и овој тешко се вади. 4. Течен туш за очи - сребрен NYX Сакам тушеви во боја, но течни да се разбереме. Кога ја правев нарачката за Nyx овие тушеви беа на попуст па си нарачав еден. Земав сребрен. Го пробав само така затоа што сум нетрпелива. Многу ми се допаѓа како остава боја и ми се допаѓа мекото четче. Нарачав уште еден во плава боја. Траен е, а сепак вреди помалку одошто треба. 5. Спреј део Garnier Minerals За под пазуви, ова ми е второ пакување и сум најзадоволна. Не остава траги, најважно мирисам убаво. 6. Сјај за усни Mega Shine Nyx Едно од највкусните сјаеви, незнам дали е сјај или е цреша со карамел ммм. Дефинитивно најомилен производ ми е. Но, да се разбереме не е траен, не е мат, сјај е. Така да, ако сакате нешто што ќе нанесете неколку пати во денот ова е за вас. 7. Garnier шампон за коса Единствениот шампон кој ми е замена за Advanced од Авон од периодот до кога ќе го потрошам и до периодот кога ќе го нарачам и ми стигне Аdvanced. Ми се допаѓа како ми ја прави косата, мирисот долго му се задржува, па и покрај третманите кои и ги правам на мојата коса после шампонирањето мирисот се задржува. Ова што го прави омилен производ е тоа што не ми ја прави косата сува. Мека ми е и нежна, лесно ми се расчешлува и не ми паѓаат влакна. Мана е што ми создава првот, но тоа не е зачестено. Како што кажав во омилен продукт го ставам затоа што и го дава потребното на мојата коса. Во споредба со Advanced се тука-тука немаат конкуренција, но Гарниер не е шампон против првот.
Прв на листата би го ставила овој балсам. Одличен е за преку ден (наместо сјај), ги оемкнува усните и остава нежна црвена боја. Овој ролон го земав од еден маркет за само 59 денари. Сум користела и тродупло поскапи производи со кои сум го добивала истиот ефект како и со овој ролон. Мене ми се покажа како одличен, свежо мириса и што е најважно штити. Препорачувам. Обожавам детска козметика, па тоа беше доволна причина за да го порачам и ова парфемче. Трае отприлика некои 3-4 часа, мириса убаво и слатко. Мислам дека е доста погоден за летен период. Спојлер Кога за прв пат ставив од него, добив коментиар од професорот дека мирисам како мармалад. Го користев ролонот едно време, но за жал веќе го нема низ каталозите. Минатиот месец решив да го порачам ласионот. Преубав е траен и што е најважно светка. За љубителите на светкави ласиони, препорачувам.
Крема на векот , дефинитивно ,наменета за мрсна кожа , ги намалува порите , црвенилата , лицето е мат исто е одлична подлога за пудра... поопширно може да прочита кој сака на темата Крема за лице
1. Diplona шампон и регенератор Баш сум презадоволна и од шампонов и од регенераторов. Порано во неколку наварати го користев шампонов, но сакам да експериментирам и да пробувам нови па го заборавив иако и тогаш бев супер задоволна. 600 мл во одлична амбалажа со пумпичка за некои 170 денари, регенераторот е некој денар поскап 200 ми се чини. Јас ги користам овие за сува коса, има повеќе видови, за волумен, фарбана, нормална коса и незнам дали за уште нешто имаше... Мене косата ми е по природа сува и текно влакно имам, ретка ми е исто така, немам проблеми со мрсењето. Ми се допаѓа како ми ја чисти косата, не е агресивен, не добивам првут или був ефект од шампонов. Регенераторот ми ја скротува косата, омекнува и ја прави лесна за обликување. Одкако се шишав па до сега некои 2-3 месеци косата ми е во одлична сосотојба благодарение на шампонов и регенераторов. Нареден пат ги пробувам тие за волумен. Може да ги најдете во Космо (најефтини се), ДМ и во некои маркети ги имам забележано. 2. Balea крем за миење лице за сува кожа Задоволна бев од друг производ на Балеа за миење лице па се решив да пробам уште нешто. Баш сум изнанадена со оглед на цената околу 150 ден, многу е нежна со лицето, убаво чисти и што е најважно не ја досушува кожата на лицето. Пријатно мириса, убава структура има и некои микрогранули внатре.
Гелот за миење лице од истата марка.. е чудо невидено! За мрсно и проблематично лице е СПАС! Само што неможам да ги најдам во МК, мене ми беа од Шведска донесени, од каде ти е на тебе? Ги има ли и во МК веќе?
Прекрасни се , и гелот ќе го земам сигурно. Па јас во Грција живеам и од овде ги земам , ги има по аптеките , а за нивниот квалитет не се воопшто скапи. А во МК мислам дека ги нема уште
Не знам зошто меѓутоа мислам дека овој бренд го имам забележано во Анни Фарм аптеката во Капитол (можно е да сум грешка), ама ако е некоја во можност деновиве да иде натаму нека провери и нека не извести Ептен читам пофални коментари за кремата и гелот, сигурно се предобри