Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Омилени продукти на месецот

Дискусија во 'Тело' започната од frutini, 25 февруари 2011.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.580
    Допаѓања:
    106.354
    Пол:
    Женски

    Не е ништо чудно , јас не сум барала низ Ск но читајќи постари мислења на темава некои феминки пишуваа дека ја нема козметикава во Мк , но можно е сега да донеле ;)
    кремата е фантастична , јас ја користам скоро 2недели а по месец дена сигурно ќе има повидливи резултати. :nod:
     
    На chiquita1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.188
    Допаѓања:
    156.711
    [​IMG]

    Дојде на ред. Го чував затоа што ми беше жал да му ја уништувам преубавата форма, ама пак не зажалив, уствари зажалив што не го трошев летово. Се осеќам како дама од Париз, нежно.

    [​IMG]

    За одморени денови кога нема што да се покрива, супер е. Лесна и пријатно ми мириса, ама не знам што точно предизвикува кивање кај мене, ама само на почетокот. Сто посто е од кремов. Па може и ќе го поклонам, иако си ја врши функцијата. Не е препокривен, лесен е и дава здрав и природен изглед.
     
    На SV1911, bubic.k, joy1 и 21 други им се допаѓа ова.
  3. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    5.158
    Пол:
    Женски
    Не знам ова на првата слика дали е бронзер или руменило, али НАЈПРЕКРАСНО Е! :inlove:
    Ме интересира која цена е и дали ја има ли фирмава во МК?
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.188
    Допаѓања:
    156.711
    Бронзер е.
    Го нема во Македонија, 30 евра е. (уствари не сум сигурна)
    И да, стварно преубаво е, жал да ти е да го трошиш. За на мејк ап блог е само и сам
    Во Белград мислам дека можеш да го најдеш, а за Загреб ти гарантирам дека го има.
     
    На rainbowec му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    984
    Допаѓања:
    17.166
    Пол:
    Женски
    Ова ми се омилените производи за изминатите неколку месеци, и се двоумев дали има смисла да ги препорачувам и пишувам за нив зошто ги нема овде, но нормално има феминки на кои им се достапни, а и феминки кои често патуваат, па сепак ќе пишувам...
    [​IMG]
    Да се надоврзам и јас на феминките со позитивното искуство од кремот, а и со целиот сет воопшто. Ги користам веќе неколку месеци трите производи, презадоволна сум од ефектот. Лицето никогаш не ми било почисто и помазно, дури и т-зоната која знаеше да ми светнува после неколку часа е мат, некои флеки кои ги имав на виличната коска со тек на време избледеа, порите се минимизирани... За мрсна и проблематична кожа склона кон акни, топло препорачувам (y)

    [​IMG]
    Пилинг со затоплувачки ефект за отстранување на црнките. Го нанесувам 3-4 пати неделно, на влажно лице, со кружни движења на т-зоната каде што имам најмногу црнки и го оставам неколку минути да делува. Досега немав користено производи со затоплувачки ефект и на почеток ми беше чудна таа топлина што се создаваше, но дефинитивно делува со редовно користење. Заедно со горниот сет ми се must have производи за лице, совршената комбинација која конечно ја открив.

    [​IMG]
    Нијансиран навлажнувач, кој лесно се нанесува, го изедначува тенот и изгледа многу природно. Не содржи парабени и има преубав, тропски мирис. Јас го користев цело лето, на исончан тен дава преубав природен сјај, цело лето немав потреба ниту од пудра, ниту од брензер. Сега откако ми падна делумно бојата го користам по потреба, најчесто за навечер.
    [​IMG]
    Најдоброто нешто што некогаш му се случило на мојата коса. Некој да ми кажуваше дека еден производ може така да делува и разликата да е очигледна после неколку нанесувања, немаше да поверувам. Ова е прво лето, после одмор, после долго континуирано изложување на сонце, косата да не ми биде сува, да не ми се двојат врвовите, баш напротив ми остана неоштетена и поцврста од било кога. Преубавиот мирис му е само уште еден плус.
    [​IMG]
    На крај... Нејзиното височество Шанел :inlove: Класика, префинетост, женственост, софистицираност... Се во едно... И само за посебни прилики :)
     
    На bubac, SV1911, bubic.k и 32 други им се допаѓа ова.
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Во темава немам пишано од летоска колку што се сеќавам, така што овие производи се за последните два месеци отприлика, па затоа листата е малку подолга од вообичаено :)

    Alverde балсам за усни со мирис на калинка
    Вакви балсами обично купувам од Авон, ама не знам зошто ги нема во последно време. Овој на Alverde го начекав на попуст, па иако не ми правеше мерак калинката, го купив. Не сум голем љубител на овошни мириси кога е во прашање козметика, ама овој балсам нема многу јак мирис, нема боја, па е одлична основа за кармин :)
    [​IMG]



    Afrodita шампон со лук против опаѓање на косата

    Шампонов многу пати е спомнуван на форумов, затоа нема многу да должам. Го купив зашто косата почна многу да ми паѓа во последно време, а по две недели користење имав забележливи резултати. Мирисот е прекрасен, ме потсетува на пролет и цвеќиња :mm: Цената исто така е одлична.
    [​IMG]



    Nivea лосион за тело за нормална кожа

    Производите на Nivea најмногу ми се допаѓаат зашто немаат нападен мирис на нешто конкретно, па таков е и овој лосион. Не е премногу мрсен, ама кожата ја прави многу мека и таман ми одговара. Мирисот не е толку интензивен како оној на светло плавиот лосион со шеа путер (кој ми е ultimate favorite), ама остава некое чувство на чистота и нежност :mm:
    [​IMG]



    Nivea крема за раце со масло од макадемија
    Кремчево е убавини :inlove: Дефинитивно е една од најдобрите креми за раце кои воопшто сум ги користела. Мирисот е прекрасен, а ефектот е одличен. Јас имам многу чувствителна кожа на рацете, ако фатам прашок или сјај одма ми се иритираат, па постојано купувам вакви креми и се мачкам неколку пати дневно. Од овој крем доволно ми е еднаш да се намачкам, кожата ја прави мнооогу нежна. Малку е помрсен од оние што вообичаено ги користам, ама брзо се впива.
    [​IMG]


    Balea универзални креми (портокал и грејпфрут / темјанушка и фрезија)
    Искрено кремчињава ги купувам само заради интересното пакување :lol: Имам и претходно користено вакви, а овие за прв пат ги видов во DM, па реков ќе си ги купам. Претходно имам кажано дека пакувањето баш не ми е практично од аспект на хигиена, па затоа не ги носам секаде со мене во ташна, туку ми стојат дома. Цветното ми се допаѓа многу, а овошното има малку киселкаст мирис :)
    [​IMG]



    Belea мелем со невен
    Верна сум на вазелинот со невен на Галафарм, ама за овој мелем прочитав добри критики, па решив да го купам. Одличен е, има пријатен мирис, јас најмногу го користам за стапалата и лактите. Ми се чини дека не е толку мрсен како вазелинот на Галафарм, што можеби е подобро, зашто тој па не можеш да го одмиеш :D Сигурно пак ќе го купам.
    [​IMG]



    Avon Nutra Effects матирачки тоник
    Ми беше при крај претходниот тоник, па решив да му дадам шанса на овој, зашто бев задоволна од кремата од истата линија. Тоникот супер се покажа, сигурно пак ќе го порачам. Редовно го користам сабајле и навечер, а и при вадење шминка како последно чистење на лицето пред да ставам крема.
    [​IMG]



    Avon Advance Techniques маска за коса
    Не љубам да експериментирам со маски за коса, си имам една проверена што со години ја користам. Ама оваа беше на акција заедно со тоникот, па што да не :) Ми се допадна мирисот, ист е како оној на силиконските капки и серумот, па таман да не се мешаат мирисите. Не очекував да биде толку густ, па малку е потребно за мојава коса, иако не ми баш кратка. Ефектот е исто така одличен, а пакувањето не е многу големо, па ми се најде за во несесер кога одев на пат. Сепак, не сум сигурна дали ќе ја користам пак маскава, некако сум си приврзана за мојата Шери :wasntme:
    [​IMG]



    Avon 3D испакнувачки кармин (нијанса Revenge)
    Карминов е... убавини! После неколку промашени темно црвени кармини, конечно го најдов совршениот. Структурата е кремаста, лесно се нанесува, јас дури и без балсам се осудив да го ставам :) Трајноста исто така е одлична, а нијансата е прекрасна! Баш е есенска.
    [​IMG]



    Essence течна пудра за мат изглед
    Менхетен пудрата ми е меѓу омилените од кои не се откажувам, ама често експериментирам и купувам различни. Овојпат се одлучив за оваа на Essence, иако не се сеќавам да сум користела нивни производи претходно. Ми се допаѓа што пудрата не е толку густа, за разлика од Менхетен која морам да ја „растворам“ со крема за лице. За тоа колку е покривна не можам да кажам, зашто имам чисто лице, па мене ми врши работа. Е сега, не е баш 12h long-lasting, барем мене не ми траеше толку долго, а немам мрсна, туку комбинирана кожа. Така што, за трајноста малку подвали, а инаку другото е супер. Лесно се нанесува, јас навикната со Менхетенот со четка, па мешај со крема, ми одзема многу време. Оваа ја нанесувам во два потези.
    [​IMG]



    Essence коректор за лице со мат ефект
    Кога веќе ја купував пудрата, си го земав и коректорот. Ми заврши многу работа, во денови кога немам време за шминкање, а треба да се сликам :) Малку ставав околу очите и носот, потоа руменило во форма на крем, маскара и ајт низ врата :D
    [​IMG]


    Christina Aguilera Unforgettable парфем и лосион за тело
    Од сите парфеми на Кристина овој некако најмногу ми се допадна. Се угушив со тестерите додека да одберам :D Беше на акција заедно со лосионот, па не му ја мислев многу. Мирисот е баш како за есен/зима, сензуален, е сега не дека е којзнае колку unforgettable :?: Лосионот сам по себе има интензивен мирис, а во комбинација со парфемот ми трае и по два дена. И пакувањето ми се допаѓа, жал ми беше да ја фрлам кутијата, а шишенцето гарант ќе го чувам откако ќе го потрошам :wasntme:
    [​IMG]
     
    На bubac, Nausicaa, SV1911 и 32 други им се допаѓа ова.
  7. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.558
    Пол:
    Женски
    Дојдов да го пофалам catrice liquid camouflage concealer
    Еден од подобрите коректори што ги имам користено .Течен е со многу убав мирис и предобро се размачкува на лице.Јас конкретно видно од сликата подоле имам ужасни подочњаци и овој е еден од малкуте коректори кои успеале да ми ги намалат.Мислам дека нема да го сменам ни за 100 години.Го има во ДМ цена 235 ден.П.С занемарете ми ја нечупаната веѓа .
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Nausicaa, ivancekitty, lovemme и 11 други им се допаѓа ова.
  8. AGIrlNamedMarija

    AGIrlNamedMarija Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Оваа марка ги има и во Скопје, на наша среќа. Ги најдов во ани фарм во Капитол, баш вчера ги зедов гелот и кремата за лице. Се надевам дека и јас вака ќе бидам задоволна од продуктите.
    Се извинувам што пишувам за истото во повеќе теми, меѓутоа видов дека и овде сме ја спомнале кремата па си реков да одговорам и тука :)
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.486
    Допаѓања:
    42.629
    Пол:
    Женски
    A kоја цена ги зеде?
     
  10. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    @SuperGirl24 јас сум вечен фан на кремастиот, и едвај го чекав овој да го донесат до Македонија! Плус рецензијава ми требаше него кажими за нијансите светли се? :)
     
  11. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.558
    Пол:
    Женски
    Розе има 2 нијанси само.Оваа ја што ја имам е потемната 020 light beige се вика, другата е бааги посветла.Мислам дека треба малце поголем избор на нијанси да има бидејки се малце овие 2.Сега за тоа како би ти одговарала не знам еве спореди со мојот тен на погорната слика ,немам ништо друго ставено на лицето освен коректорот на едното око. Се надевам ти помогнав.
     
    На Rose96 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AGIrlNamedMarija

    AGIrlNamedMarija Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Гелот за миење лице беше 694 денари, а кремата за лице 915 денари. Со цените се нешто слично на биодермата и авен, колку што можев да приметам.
     
    На IamSexyAndIKnowIt, wanderlust и 1209 им се допаѓа ова.
  13. One.Moment

    One.Moment Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    3.545
    Пол:
    Женски
    Го обожавам. Има преубав мирис, густ е и со совршена текстура
    [​IMG]
     
    На oblace1, bubic.k, joy1 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. CoverGirl10

    CoverGirl10 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    2.915
    Пол:
    Женски
    Се изненадив од цената на шампонов. Очекував да биде поскап, а го платив околу стоиосумдесет денари. Имам сува, виткана коса. Го комбинирам шампонов со тој за виткана коса, исто од Yves Rocher, и имам одлични резултати. Косата ми е сјајна, мека, хидрирана, без притоа да се масти за брзо време.
    image-8.jpeg

    Спрејов им дава beachy текстура на моите локни, а и одлично мириса. Не го користам секој ден, сепак го нема кај нас.
    aussie-miracle-beach-waves-spray--10018534_B_P.jpg

    Дезедорант од Француска фирма за која првпат слушнав кога го набавив производов. Органски е, без парабен и алуминиум. Долготраен, со пријатен цветен мирис.
    5167325.jpg
     
    На Nausicaa, oblace1, bubic.k и 13 други им се допаѓа ова.
  15. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.580
    Допаѓања:
    106.354
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Задоволна сум од спрејов на гарниер , двофазен е и е наменет за фарбана коса. Незнам колку ја заштитува косата , но дава сјај и мириса убаво :)

    [​IMG]

    Пред некое време донесоа во Sephora нови lip stains - нијанси , јас сум презадоволна од нив имам пробано веќе три нијанси , а сега ја земав и Marvelous Mauve , нијансата не е баш nude , светла е но со розев подтон. Убаво стои на секоја боја на кожа и со сите нијанси на шминка :smirk:
     
    На Ana-Marija24, Nausicaa, oblace1 и 18 други им се допаѓа ова.
  16. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Не знам дали поубаво постои, оти и немам пробано . Реално
    Мене ми е супер , па и ефтинко.
    download (1).jpg


    Пак почнав да си го пијам, го имав заборавено.
    Многу пријате, интересен вкус. Малку киселкаст. Преубава фузија од овошја.

    good-nature-ovosen-caj-acerola-so-aronija.jpg
    Прв пат почнав да ја користам месецов, и презадоволна сум.



    download (3).jpg
     
    На Nausicaa, bubic.k, joy1 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.580
    Допаѓања:
    106.354
    Пол:
    Женски
    Bourjois flower perfection - Оваа течна пудра ја имав купено пред 3 години прв пат и не ми остави некој голем впечаток а ја подарив на мајка ми бидејќи ја имав утнато нијансата, многу светла ми беше (51) Сакам да напоменам дека решив да ја ставам во омилени производи на месецот само заради тоа што убаво покрива, нијансата ми е погодена , има и работи кои што не ми се допаѓаат , затоа 50/50 :D
    Ја купив во август а почнав да ја користам од септември , ја земав овојпат нијансата 52 од ДМ , ја нанесувам со сунѓерче ,многу убаво покрива , е сега за трајност , зависи како ке ја нанесеш , ако има прајмер стои подолго нормално и на крај нанесувам камена пудра секогаш. Мене лицето ми е мат 4 часа и потоа засветува. Потоа најмногу што ме нервира е тоа што ако зборувам на мобилен , пудрата се пресликува или недај боже некој да гушнеш. Лесно се брише. И да , леплива ми е , незнам зашто , си го фаќам лицето и ко да се лепи. :?: Ме интересира на другите ви се случува ова или? Инаку солидна пудра но не би ја купила пак ова со пресликувањето и лепливоста мислам дека не ми се случуваше со 123 перфект
    [​IMG]

    Sephora gel remover make up 2 in 1

    [​IMG]

    Здоволна сум од овој гел на Сефора , шминката лесно ја вади , но единствена маана е што ми се троши мн брзо
     
    На Nausicaa, bubic.k, duffi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    1. Bioten Skin Moisture CC cream

    Со оглед ан фактот што течна пудра користам во исклучителни ситуации, за тековниот период сакав да тестирам нешто ново, одлучив да земам ЦЦ крем за секојдневна употреба. По многу прочитани рецензии се одлучив за производот на Биотен.
    Ова е првиот таков крем што го користам и навистина сум презадоволна.
    Формулата ALL IN 1 Skin Perfection е збогатена со минерални пигменти и био-активен хидро комплекс кои создаваат природен сјаен тен и и ја обезбедуваат потребната хидратантност на кожата во текот на денот. Со првото нанесување се чувствува лесна текстура едноставна за размачкување и со прсти и со сунѓерче која брзо и убаво се впива со неутрален и пријатен мирис што брзо исчезнува. Има заштитен фактор 20 и е достапна во две нијанси, од кои мене ми одговара светлата. Пигментацијата е слаба до средна, со задоволително изедначување на тенот ги прикрива послаби неправилности на лицето (пеги, флеки и црвенило). Постојаноста не е силна страна, така што т-зоната за неколку часа светнува, па ја корегирам со хартиени козметички марамчиња.
    Цената е 162 ден.


    [​IMG]

    2. Молив за усни Aura 56

    Овој козметички производ нема мека структура, не е кршлив, остава убава боја чија постојаност треба да се постигне со претходно нанесување на балзам за усни од причина што не е доволно хидратантен, но секако користам производ со добар хидро комплекс како подлога, па не ми пречи ваквата структура. Има добра острина со што се постигнува убава форма на усните.
    Цена: 115 ден.


    [​IMG]

    3. Лак за нокти Golden Rose Paris 63
    Кога станува збор за избор на лакови за нокти ова е мојот омилен бренд. За сезоната што престои типични се темните нијанси, а како нивни долгогодишен корисник се одлучив за оваа боја. Интезивна и добро пигментирана со нанесување на еден слој го постигнувам саканиот ефект.
    Квалитетот е добро познат и задоволителен за овој бренд. Цена: 55 ден.

    [​IMG]
     
    На eloves, the.vampire.girl, Nausicaa и 14 други им се допаѓа ова.
  19. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.856
    Допаѓања:
    5.200
    Пол:
    Женски
    Balea trend it up, спреј за заштитна на косата од топлина
    Balea серум за долга коса
    Golden Rose кармин бр.99
    Essence I Love Nude 05 My Favourite Tauping
    Victoria's secret love spell тоалетна вода
    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]
     
    Последна измена: 26 октомври 2015
    На Nausicaa, P.S.love, CoverGirl10 и 14 други им се допаѓа ова.
  20. girl__20

    girl__20 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    1.594
    Пол:
    Женски
    Моите не се продукти на месецот туку на годината

    Маскара од авон - Super full

    tbp500067_v0_l.jpg
    Дезодоранс од нивеа - Pearl and beauty
    Прекрасен е го обожавам има свеж мирис и заштитува
    12575.jpg
    Крема за раце - Glicemille
    Предобар е само неколку пати да се нанесе и рацете стануваат меки и нежни
    krema-za-ruke-palmolive-100ml-glicemille_109165.jpg
     
    На Nausicaa, bubic.k, oblace1 и 5 други им се допаѓа ова.