Ова е мојот пронајдок, мириса цел ден и толку е смирувачко, мммм, за после сончање, со масажа од моето златце, мммм убавина
Ова ми е за месец јуни и јули Многу убаво мириса, не дозволува да замирисам на пот и плус не ме пецка како некои други.
Спојлер Лаванда ми е омилен мирис, значи ко дрога ми е, морам да имам нешто што мириса на неа. а башка лосиончево ми е тоолку овошно благодарение на боровинките, мх, мх, мераци! Да се живи и здрави овие од Орифлејм што го ставаат во брошурите.
Oмилен продукт на месецот,ми се шампоните и регенераторите на гарниер натуралс,толку пари сум потрошила на шампони,а овие имаат неверојатно ефтина цена и прекрасни се,посебно јајцето и авокадото
Преееезадоволна!! Ова кремче ми е откритие на летото . Мириса преубаво и ич не е мрсно, но сепак ја омекнува кожата, и плус ситните мозолчиња што ми се појавија на лицето ми ги исчисти за два дена. Ах, за малку ќе го заборавев...мајка ми ми купи еден шампон од Сапонија, Осијек, во оние фамилијарни паковања што се за смешна цена, со мирис на лаванда и рузмарин ( не можев слика да најдам ). Поубаво нешто јас не сум мириснала до сега и + косата ја прави убава.
Спојлер Презадоволна од овие светкави моливчиња на Авон, не лутат на очи, ми траат по цел ден, црното има прекрасна сиво црна нијанса, и ситните светки ми го освежуваат погледот. Дефинитивно задоволна
Бебешкиот шампон - Бекутан (ми омекна косата од него ) И коректорот на chaterinе arley (ми ги скри подочниците-фала богу)
И кремата на Докторс од прополис. Не можев да најдам слика али од овој тип е. Ми се исчисти лицето ептен! Да заштедам некој денар па ќе купам уште некој од колекцијата Pure Active