@LaraSolare Камо да ја земев оваа од Есте, ја зедов double wear, ама некако не сум задоволна од покривноста, или од ефектот очекував многу повеќе. Наредна прилика оваа би ја земала, која цена ја има оваа?
Мене ми кaжaa декa oвaa пудрaтa нa Есте Мaксимум кoвер ке јa пoвлечaт oд прoдaжбa нaскoрo, дaли некoјa нoвa ќе излезе,немaм пoјмa..
@Rose96 @IamSexyAndIKnowIt @ANGIE1 Ќе се обидам да ви одговорам на сите од еднаш Продуктите не ми се купени од Македонија, најчесто од Sephora ги земам кога патувам.Не пишав цени зошто не ми се купени од тука, но знам дека доста феминки често патуваат па можеби требаше.И јас сакам кога си знам и цена после рецензија. Пудрата на Есте ја има и тука, Роус мене оваа ептен ми се погоди и ме радрма @koritsaki со оваа информација?Па точна ли е , официјална ли е ? Пребарав све живо по интернет никаде не пишува дека ќе ја тргнеле...Роус најубаво ако одиш некаде земи си тестер да ја поносиш неколку пати и да одлучиш да не фрлаш пари за џабе.Мене ми е прекрасна и на тија што сум ги шминкала сум ставала и преубаво стоела.Инаку тука кај нас ја има во Космо и Шатци и е 2900 денари ако не се лажам. Маскарата на benefit ја има во Сефора и чини околу 25 евра, светкавите сенки на stila ги има на beautybay.com и чинат 44 евра една,моливчето на Зерва го има кај Ксенија мејк ап артист е од Битола и чини 430 денари,Сетот за контурирање исто во Сефора и чини 45 евра и моливчињата на essence се по 80 денари ги има во локални парфимерии и ДМ верувам дека за нив сите знаеме *за пудрата на есте коритсаки има спомнато дека во Грција ја има понекогаш и на попуст
@LaraSolare исто и шветска често ја има на попуст следна ке биде оваа или makeup forever HD Ама ке земам тестер пред да ја купам за да не се зезнам пак.
@LaraSolare. Не е oфицијaлнa инфoрмaцијaвa, мене тaкa ми кaжaa вo Сефoрa, пред 1 неделa земaв нoвa пудрa нa Shiseido јa прoбaв и oвaa нa Есте и рече декa имaлo недoстиг нa нијaнси ќе билa демек пoвлеченa. А нaвистинa е пoпoкривнa oд oвaa double wear. Сегa дaли ств ќе јa пoвлечaт oд прoдaжбa бaш ќе видиме Инaку нa пoпуст е честo oвде и мoментaлнo е oкoлу 34 еврa и е ценaтa. Истa ценa се сo double wear
1. Обично користам Dove крема, ама оваа многумина ми ја препорачуваа и плус ја видов на промоција, преубаво мириса. Си ставам навечер од кремева и дури во утрото ја чувствувам. Сепак, најверојатно, пак би се вратила на Dove. 2. Не сум некој стручњак за ова, немам проблеми со потење, го зедов ради мирисот, затоа што е свеж и затоа што е Dove 3. Тета ми го подари, таа не го користела, ама битно мене ми е по ќеф. Го користам за стапала само.
Balea Swirled kisses lip balm - Прекрасно мириса , ги омекнува усните ,мене малку ми е мрснично зашто немам и некој голем проблем со суви усни , го препорачувам Apivita natural serum - Vitamin C & bilberry - серумов е најдоброто нешто што му се случи на моево лице го користам само навечер пред да нанесам крема , и утринта лицето ми е свежо, меко..мириса прекрасно на свежо исцеден сок од лимон и благодарам на @Mama25 што пишуваше во врска со него дека била задоволна , па решив и јас да ја пробам Garnier Goodbye damage - прекрасни производи за коса , презадоволна сум поготово од серумот за коса , толку убаво мириса , моментално ги користам шампонот , регенераторот за коса и серумот , од регенератор не нанесувам многу една мала капка ставам зашто потоа немам никаков волумен на косата и го нанесувам насекаде освен на коренот , сега незнам колку помага во врска со расцветувањето на косата , инаку го земам по втор пат серумот
1.Мирисот е прекрасен. Негата така така, стандардно, ама мирисоооот 2. Откако престанав да се фарбам приметив дека многу побрзо ми се мрси косата, така да шампонов до некаде ми помага. 3. Го земав пафемов на акција гратис во космо пре недела дена. Голем минус за космо што парфемот е тестер (не дека ми смета не знам колку). Мислам дека права акција треба да биде стварно 1+1 гратис а не едниот си го плакам нормално а другиот тестер ми го даваат. Не ја свакам малце ама добро битно се погоди парфемот. Мириса убаво, женствено есенски баш. 4. На форумов имав читано за пената на алверде со зелено јаболко ја земав прво неа, ама искрено не ми остави некој впечаток, некако го мијам лицето и немам чуство дека е чисто. Оваа ја земав следна и сум заљубена. Многу нежно го мие лицето, како памук е пената и после неа е нормална кожата а не пресушена и дехидрирана. 5. Многу пати е пишувано за пудрава така да немам што да додадам. Љубов ми е 6. Секогаш купувам раѕлични маскари ама на крај пак ѕавршувам со оваа. Волумен должина и без размачкување тоа барам, тоа и добивам од маскарава 7. Овие две моливчиња се вртат месецов најмногу, одлични се, не ги сушат уните, петка.
Еве нешто од моите омилени, кои ги користам така поинтензивно месецов, помалку или повеќе. 1. Алверде сенки за очи Со Алверде нема средина. Или ми е нешто ептен крш, или баш погодено. Сенките се супер, одлична пигментација имаат. Баш секојдневно ги комбинирам месецов. 2. Лак за нокти Авон nail pro Навистина презадоволна. Пишува дека бојата трае и до 7 дена и еве, рацете ми се нон стоп во вода и веќе со денови не е мрднат, а немам top coat лакчето. Морам да погледнам и другите нијанси што имаат, задоволна сум. 3. Лак за нокти golden rose 200 и некоја бројка. Ми се избришало бројчето, ама бојата е темно лилјакова. Тоа е тој квалитет, не баш нешто посебен со сите ГР лакови, ама периодов ја користам нијансава која ми се многу допаѓа, а го имам тренутно само ово лакче, е затоа е помеѓу омилените. 4. Lip butter TheBodyshop- blueberry. Веќе го имам спомнато. Одлична хидратација, прекрасна нега. Текстурата му е како кокосов путер, значи густ, и многу бавно се троши. И мирисот е божанствен. 5. Bourjous maskara volume glamour definition Неодамна ја зедов. Барав да ми ги издолжува трепките, да дава волумен и тоа се одлично го прави! Не се рони, не се пресликува, баш ми е омилена. 6. Авон самоостречка оловка за очи Практична, интензивна боја, не се размачкува, не се пресликува 7. Avon planet spa face scrub Најдобар пилинг за лице ( мртво море колекција) што го имам користено. Можам секој ден дури да го користам, воопшто не е агресивен. Баш убаво си ја врши работата. Мирисот ми малку повеќе наликува на некој наменет за машка колекција, ама не ми е тоа толку битно. Може да пројде. И за рацете го користам 8. Алверде family шампон Од сите поскапи и тие наменски за против опаѓање коса што ги земав изминативе месеци, овој најдобро се покажа Го користам без регенератор, маска некогаш ставам, ама коса ми е најмека, и се врати сјај, најбавно се мрси и најмалку ми паѓа. Митисот не е нешто посебно, демек е папаја мирис, ама благ е и не ми смета. Нежен и не еагресивен, па затоа и ми годи. 9. Парфем D&G The one Се знае кај мене: D&G light blue во лето, овој во зимски период. Сите други се успатни, овие си имаат свое место.
За месец Ноември: H&M body splash - vanilla kiss Го земав кога бев сега Грција. На каса го начекав, но многу е убаво, многу убаво мириса, сега ми е криво што не си земав уште едно. Со светки е. Траен. Nyx - плав туш за очи. Препекав за плав туш за очи,бидејќи тој што го имав од орифлеим ми се потроши. Не сакам да должам, еден од омилените ми е,само ми е тешко малку зашто е со мека и тенка четка, а јас не сум навикната со такви да се цртам. Не се размачкува, без база и со база стои. Nyx Copenhagen - течен кармин. Нема што да пишувам за него, сите знаете.
Nyx имаш во Александар Козметик во Капиштец одма до Стокомак. @Rose96 тоа е таа страна што ти ја кажа мачкица.