Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Омилени продукти на месецот

Дискусија во 'Тело' започната од frutini, 25 февруари 2011.

  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Ај да шкртнам збор-два од тоа што имав пробано периодов......

    1. Ревлон колорстеј за нормална/сува кожа (не ставам слика оти веќе мислам е 150 пати напишана во темава, ама МОРАВ да ја спомнам)

    Значи пудрава, немам коментар, толку убаво ми легнува на лице, ете зошто е толку фалена овде. Не верувам да престанам да ја користам, едино ако ми се презасити лицето. Ставам толку малку, ја нанесувам со четка, некако ми добива лицето скроз друг сјај, живост, мекост, абре џоа глумица сум значи... Уште ме нервира што е без пумпица и знам дека нема до крај да ја искористам, во Америка уште барав пумпица да и купам, и на крај баталив. Ете може со тоа капките од Авон ќе смислам нешто... Сега за сега, го тресам шишенцето и од грлото и од капачето собирам со четката, таман е доволна да се пикне внатре. Јас ја купив 12 долари, а тука е мислам 800-900 денари.

    2. Garnier Essentials Cleansing Gel, за нормална/комбинирана кожа

    [​IMG]

    Гарниер ептен ми одговараат на мојата кожа, обично што и да пробам од нив ми е по моја мерка. :) (За разлика од Алверде, сите производи за лице ми предизвикуваат гнојни акни, ама ај, друга тема тоа) Од тука го купив ова, најмногу да беше 250 денари. Го мијам лицето насабајле (со тоа розовкото гуменко од ДМ, кај го открив кај се запустив, хитче ми е, а гледам и на цел форум :D) и не ми го пресушува, заклучив дека веќе мрсна кожа немам, па сега мора да внимавам да ми биде добро исчистено а сепак не пресушено. Шминката ок ја вади, сепак досега немам користено нешто што баш целосно би ја извадило шминката. Задоволна ептен, а пумпицата ми е по мерак, најверојатно ќе го купам пак откако ќе го потрошам.

    3. St Ives Apricot Scrub, Fresh Skin

    [​IMG]

    Ова чудо е најпродаваниот скраб преку барата, цена симболична, 3,99 мислам... Ама луѓе, како чисти, како вади чуда, лицето после меко, неисушено а чисто, чудесии. Ги пробав и Blemish Control и Even&Bright ама ова најмногу ми се допадна и најубав ефект имаше, барем кај мене. Кој може и како можете, снаоѓајте се, нека ви праќаат, одлични се, одлични. Немам сретнатно вакво нешто тука, ако знае некој да спореди некое од европско тло со ова по квалитет и ефект, молам веднаш!

    4. Afrodita Why Mask Extreme Hydration

    [​IMG]

    Не знам дали има поголем фан од мене на Афродита, најверојатно не. Алал им вера, секој производ на место (не сум платена за реклами од нивна страна, иако во постов можеби ќе добиете таков впечаток :D). Маскичево прави чуда, 100тина денари е, го земав од ДМ затоа што лицето ми беше издувано, испукано, исушено, ама греотка дури, ме издуваа ветришта за сите пари, ниски температури... Значи немам зборови, двапати ставив за една недела и ми се прероди кожата. Пакетчето е нели, стандард, за двапати. Јас сега си ставам прво такви ленти за чистење на носот, па маска некоја за чистење на лицето и на крај ова за навлажнување. Резултат - како да сум била на козметичар! :)

    5. Биотен млеко за чистење и тоник за лице, сува/осетлива кожа

    [​IMG]

    Или такозвана розева колекција, игнорирајте ја зелената помадичка. :D Како што реков веќе мислам 10 пати, преминувањето во категорија на нормална/сува кожа мора да се поткрепи со соодветни производи и добриот резултат е неизбежен. Со тупферче го чистам лицето, секоја вечер, без исклучок, без разлика дали сум се шминкала тој ден или не... Имав неколку проширени порички до носот, ми се затворија, челото кај слепоочниците не ми се лупи, а тоникот мислам тоооолку ми ја опушта кожата, чувствувам како лицето ми го ,,пие,,. :)

    6. Афродита шампон против опаѓање на косата со лук

    И овој знаете како изгледа, да не го трупам постот со слики.... 1 литар, 100тина денари, на акција може и за 90 да се фати. :)))))) Нели обично наесен има еден таков никаков период кога се митариме како ненормални, епа кај мене периодот почна уште од август (залади тогаш таму) и косава моја доби знак дека е веќе доцна есен... Па мислам до пред некое време вадев по цели раце коса на чешлање. Сега го користам веќе 3 недели, ситуација стабилизирана, крцка косата откако ќе ја измиеш, баш се чувствува дека е чиста.

    7. Гелови за туширање - 1. Аfrodita Pistachio Cream и 2. Balea Soft Cream
    [​IMG]



    [​IMG]


    Ги ставам двата во ист пост оти и двата ми се убави на свој начин. Првиот сладок, поинтензивен мирис, баш онака зимски... Сестра ми вика ми се пријадува додека се бањам со него. Вториот го има тој типичен нивеа-чист-мирис што одвреме-навреме ми прифалува и морам да купам нешто слично. Намерно купувам веќе мали пакувања од геловиве, оти ако купам големо ми се здосадува на крај и не го дотрошувам. Како и да е, убави, нискобуџетни гелови, па искрено не вреди да лупаш пари за нешто секојдневно што се користи... првиот мислам 150тина денари, вториот дури 80, ама имав попуст, хеееее. :D

    8. Алверде путер за тело, макадамија

    [​IMG]

    Единствениот производ на Алверде што ми одговара, а купам нешто друго за глупости го користам (како на пример, си ги мијам четките со двофазниот отстранувач на шминка оти е ужасен). Путерчево е таман за после туширање со тоа гелчето на Афродита, а имам забележано дека ако ставам пред излегување, подолго ми го задржува парфемот што ќе го ставам над него... Некако па и се претопува, благуњаво мириса, а јас и такви парфемичиња имам во најголема мера и ми се погодува. Сакам да го пробам и тоа од дива роза, здравје да го потрошам ова. Мислам околу 200 денари го купив, а баагички е голема кутијава, јас го користам секој ден после туширање и не сум ни до пола стасана.

    9. Real Techniques Core Collection Set

    [​IMG]

    Уште ова и не ве тупам веќе. :D

    Четкиве ги користам веќе добри два месеца и навистина си вредат за парите. Лесно се мијат, првпат да видам баш како целосно се чистат, а влакно им нема паднато. Сетот сосе тоа несесерчето, плус данок, околу 20тина долари ме фанаа (таму ги купив, не ги порачував овде). Баш ја читав на @Rose96 рецензијата и го имаме отприлика истото мислење со некои мали разлики. Јас ги користам баш така како што се наменети, онаа малата за коректор, ептен убаво ми легнува коректорот околу очите, околу носот и околу устата. Таа за течно пудро ми ја збира во шишенцето на Ревлон и многу убаво нанесува пудро ако се движите нагоре-надоле во брзи потези. Најголемата ја користам на крај за да ми легне пудрото и за камена одозгора... А таа првата од лево чекам да си купам бронзер па да ја сефтосам, или да се контурирам... Битно квалитетот е неспоредлив со што и да сум користела друго.

    Кој дочита, го частам кафе. :)
     
    На tamche995, SV1911, papillonP и 33 други им се допаѓа ова.
  2. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.112
    Допаѓања:
    72.742
    Пол:
    Женски
    Части кафе @Doozy го прочитав цело :D
     
    На SV1911, LaraSolare, Annath и 10 други им се допаѓа ова.
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.216
    Допаѓања:
    56.859
    Пол:
    Женски
    @Doozy давај кафето!

    Јас да си кажам за сетот за сува комбинирана кожа на Клиник. Една од ретките комбинации што ми одговарат, всушност - единствена засега. Имам чувствителна, делумно сува кожа со повремени акни на хормонска/стрес база. :( Производите за акни се многу агресивни и лошо ми делуваат, тие што се благи ништо не прават. За ваков чуден тип на кожа нема нега на пазарот. ;(

    Ова сетче супер ми одговара засега, има разлика во квалитетот на кожата и гледам дека се регенерира подлабоко. Уште не е како што треба да биде, но одам кон подобро после 6 месеци малтретирање.

    [​IMG]
     
    На SV1911, tinkerbelll, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Знаев дека сите за кафето читате, пууууууу. :rofl::rofl:
     
    На tamche995, SV1911, papillonP и 22 други им се допаѓа ова.
  5. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.112
    Допаѓања:
    72.742
    Пол:
    Женски
    Да искористиме чим е бесплатно :D:D:D
     
    На kjukli, Annath, koritsaki и 2 други им се допаѓа ова.
  6. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.653
    Допаѓања:
    8.555
    Пол:
    Женски
    Шала на страна за кафето, ама секогаш имаш рецензии баш рецензии, да ти е мерак да читаш.
    Со цена со се :)
     
    На SV1911, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, sparklie и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.959
    Допаѓања:
    81.291
    Пол:
    Женски
    Препаративата на Клиник никогаш не ме разочарала. Јас го користам сетот за комбинирана кожа одамна, многу ми одговара.
    Не знам дали некогаш сум пишала, ќе напишам нешто можеби наскоро. :)
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Изгледа Дузи мислеше на бесплатното од Веро центарот, затоа така ноншалантно се понуди да чести.:P
     
    На kjukli, koritsaki, Bozica1980 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.112
    Допаѓања:
    72.742
    Пол:
    Женски
    Битно дружење да има :D
     
    На kjukli, Annath, koritsaki и 3 други им се допаѓа ова.
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.216
    Допаѓања:
    56.859
    Пол:
    Женски
    Ај вака да напрајме: една дружба со кафе, секој да си носи козметички производ што не му се погодил. Па прајме размена и муабет и кафе и се’.

    Оф топик, ама ваљда нема да ме пријавите и Рејн нема да забележит. :bandit:
     
    На tamche995, SV1911, sparklie и 13 други им се допаѓа ова.
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Ајде трк да шмркате кафе, да не речете после ваа Дузи вака, ваа Дузи така, а Дузи трча слики на интернет бара со кафе и со шминки. :rofl:
     
    На SV1911, kjukli, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.959
    Допаѓања:
    81.291
    Пол:
    Женски
    Ај дојдете сите кај мене, не мора ништо да носите, скромно дете сум јас.
    Имам XXL лименка „модерно“ кафе, а за ретро-кафеџиките има и турско.
    Вие ми сечете хамери, а од мене гратис - буричкање по несесери и шминкање. :?:

    Што, да не мислевте така ќе ве примам. :D
     
    На SV1911, kjukli, Annath и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    И сега ќе дојде Мадам, да ве каже на Реин за кафето и офф топиците :D
    п.с Ама не ги тагирам, hope they won't notice (fingers):D
    :d::drunk:
     
    На kjukli, Annath, crimson и 4 други им се допаѓа ова.
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.216
    Допаѓања:
    56.859
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На sparklie, Annath, koritsaki и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.959
    Допаѓања:
    81.291
    Пол:
    Женски
    Ајде малку поживо со доаѓањево, не знам кога последен пат сум видела луѓе по дома. :D
     
    На tamche995, Annath, crimson и 8 други им се допаѓа ова.
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.216
    Допаѓања:
    56.859
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Одлично! Усните ги остава меки и негувани, и нема потреба пречесто да се нанесува - хидратацијата трае со часови. Мајка ми ме почасти со оригинал мирисот, ама и јас би го одбрала истиот. Потсеќа на средношколски денови. :)
    135 денари.
    (y)
     
    На tamche995, SV1911, LaraSolare и 13 други им се допаѓа ова.
  17. Penkalce

    Penkalce Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    7
  18. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.216
    Допаѓања:
    56.859
    Пол:
    Женски
    Од маалско продавниче. :D
    Би требало да го најдеш во големите маркети.
     
    На Summerlover му/ѝ се допаѓа ова.
  19. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    1. На прво место ќе го ставам шампонов.
    Обично сум скептична кога станува збор за шампони, дека сум пробала еден куп од кои не сум била задоволна или не ми помагале, а косата брзо ми се мрси и имам првут. Најдобриот шампон што некогаш сум го користела и доста долго се задржува мирисот на косата. Ми ја омекнува косата и немам потреба од балсам, маска или други третмани. Препорачувам.
    Инаку го купив заедно со фарба за некои смешни 87 денари.
    Еве слика.
    1.jpg

    2. Моливчињата од малена. Да не барам слики ќе кажам дека се работи за нијанси 206 и 503. Не се скапи а се убави и долготрајни.

    3. Дијамантско моливче за очи од Авон. Долго време сакав да нарачам едно, па место црно решив да земам некое по како сиво. Љубител сум на светкави моливчлиња, совршено е.
    2.JPG
    22.jpg

    Парфемите femme и unique rose.
    За фем иако прочитав многу негативни критики, деа не трае и мириса сепак го нарачав. Инат сум признавам. :D
    Најмногу заради нежниот мирис, обожавам такви мириси. Мене ми е еден од најтрајните парфеми, го користам заедно со ласионот.
    фемме.JPG
    Овој ќе си го чувам за пролет.
    Има нежен и дискретен мирис на роза и со оглед на цената добра трајност.
    Се за не задоволна сум.
    index.jpg
     
    На koritsaki, crazylady, Rose96 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    81.970
    Пол:
    Женски
    Омилени ми се, и дефинитивно секогаш ќе си ги користам, трајни, меки. Морам да ги пофалам и боите се совршени
    .[​IMG]
    Гел за мозулчиња.Го користев еден месец сега паузирам бидејки лицево ми е кристал. Веднаш ги суши мозулчиња, јас сум препрезадоволна и би го купила пак.
    [​IMG]
    Парфемчево ми е број еден. Нежен мирис, совршен :inlove:
    [​IMG]
    Дефинитивно овој месец најомилен производ ми е clean & clear dual action, има чувство на благо пецкање и ладен ефект.Кожава доста ми се смири. (y)
    [​IMG]
    Течност за уста. Дефинитивно најдобар, нема споредба со никој.
    [​IMG]
     
    На mssuniquee, SV1911, koritsaki и 11 други им се допаѓа ова.