Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Омилени продукти на месецот

Дискусија во 'Тело' започната од frutini, 25 февруари 2011.

  1. Idealista

    Idealista Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2013
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    551
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Три пати ура за коректорот на Катрис! Дефинитивно најдобар коректор кој го имам користено до сега. Јас поубаво го блендирам со прст отколку со сунѓерче, не знам зошто. Предобро ги прекрива црниве дупки што ги имам под очи. Немам зборови, презадоволна сум.


    [​IMG]
    Продукт на годината! Го користам 2 пати неделно и морам да кажам дека лицето ми блеска и е многу меко на допир. Топло ви го препорачувам.


    [​IMG]
    Еден од подобрите шампони што сум ги користела до сега. Косата лесно ми се мрси и ми се сплескува ама шампонов ми помага многу. Не го менувам за ништо друго.
     
    На SV1911, koritsaki, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 9 други им се допаѓа ова.
  2. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Овој гелот Миробакт на рецепт оди или не? Колку пари беше? Ако сакаш пиши ми лп да не пишуваме оф топици, јас пробав ама не можам да ти пишам
     
  3. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.654
    Допаѓања:
    8.555
    Пол:
    Женски
    Не е на рецепт.
    Ќе пишам намерно тука за да прочитаат и другите. Околу 350 денари е, антибиотик е затоа и толку е ефикасен, не е обично гелче и токму затоа бидете претпазливи. Имам пишувано за него во соодветна тема, не смее долго време да се користи.
     
    На SV1911, joy1, lovemme и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    106.380
    Пол:
    Женски
    Wetnwild sugar plum fairy -

    За овие кармини не ме мрзи и милион пати да пишам , имам околу 8 нијанси и мислам дека сите ќе ги купам , прекрасни бои , мат (мене малку ми ја сушат устата но кога нанесувам под карминот лабело го решавам проблемот)

    [​IMG]

    наредно за купување ми се и овие нијанси
    [​IMG]
    [​IMG]
    La roche posay Effaclar gel -
    Презадоволна сум од овој гел , убаво го чисти лицето и го остава мат за подолго време , мириса убаво нежно исто како и кремата ефаклар за лице , не се троши брзо , секако дека пак би го земала
    [​IMG]
     
    На IamSexyAndIKnowIt, Ctete, SV1911 и 12 други им се допаѓа ова.
  5. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.613
    Допаѓања:
    2.472
    wp_ss_20151129_0003.png Каква и крема за лице да имам, и милион млека за тела, задолжително ми е по дома да имам една универзална или јас што си ја викам крема за патување. Многу се нервирам кога треба да се пакувам и со себе да влечам посебна крема за лице, за раце, џа тело. Многу се собира, а жена ко жена се и треба
    По повод едно пократко патување, си ја земав оваа крема и ми стана омилена. За се ја бива. И за лице и тело а и големка е 150мл за цена од 150тина денара. За нормална кожа е и одлично се однесува и како подлога. Не го мрси лицето и телото, само го храни. Мене ми е многу подобра од универзалните на нивеа, дав, и ним сличните. Има и уште една, таа е за сува кожа и е со портокалова налепница. Произведувач е Илирија, Словенија.
     
    На SV1911, papillonP, buba4e89 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Eveline 8 in 1
    И покрај негативните критики за составот, овој зацврстувач мене ми ги препороди ноктите. Претходно ноктите ми се "листаа" и ми беа премногу меки, а сега имам цврсти и долги нокти.
    Брзо се суши, а со 3- 4 слоја добива некоја нежна млечна нијанса, па одлично изгледа и без лак во боја.
    [​IMG]
    Eveline diamond hard
    За разлика од 8 во 1, овој е проѕирен, без разлика колку слоја ќе нанесам, а што се однесува до зацврстувањето на ноктите, овој е за нијанса поефективен.
    [​IMG]

    Во ДМ се 135 денари, а во Космо 149. :)

    П.С. Зацврстувачот го користам речиси цела година и не сум сигурна дали веќе имам напишано дека е откритие не на месецот, туку на годината, можеби се повторувам, се надевам не ви пречи :)
     
    На SV1911, LaraSolare, joy1 и 10 други им се допаѓа ова.
  7. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    1.Гел за миење на коса и тело Corine de Farme
    Во потрага по нов шампон за коса, после оној од Алверде со авокадо непланирано му дадов шанса на овој производ и не се покајав. Има густа скруктура која лесно се нанесува и се измива. Многу добро го чисти масниот скалп и видно се забележува волуменозна коса при расчешлување и сушење. Единствено што не ми се допаѓа е непријатниот мирис што се задржува и по миење кој е занемарлив во споредба со крајниот резултат. За тело не го користам и не можам да споделам мислење.
    За пакување од 500 мл. цената е околу 250 ден колку што се сеќавам.

    [​IMG]
    2. Серум за лице Balea Aqua
    Овој производ го користам во есенско-зимскиот период пред нанесување на крем за лице кога забележувам потреба на кожата од поголема хидратација.
    Цена: 247 ден.


    [​IMG]
    3. Балзам за усни Tender Care Oriflame
    Уште еден производ со испробан ефект на кој му се навраќам во студените денови. Го користам навечер и наутро во домашни услови поради непрактичноста за употреба (се нанесува со прсти) и немам проблем со суви усни.
    Цена: 119 ден.

    [​IMG]
     
    На SV1911, koritsaki, duffi и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.964
    Најпрво, 1. пастава за заби, препорачана од еден од најдобрите стоматолози во Македонија, чудо! Сите жолти дамки ги избелува и добра била за забен камен. Поубава од Colgate, препорачувам.
    [​IMG]
    2. Најдобриот коректор кој го имам користено до сега, поклон ми е за роденден, купен од Сефора, цената не ја знам, ама покривност како никој коректор до сега, особено околу очи. Luminous Ivory е мојата нијанса.
    [​IMG]
     
    На SV1911, rainbowec, Sexybaby86 и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.545
    Допаѓања:
    201.667
    Пол:
    Женски
    Не можам да ја видам сликата од пастата, ама претпоставувам дека се работи за Sensodyne паста, некоја од нив. Предобри се, затоа што не се комерцијални пасти, туку медицински и наменети за решавање на конкретен проблем. Од срце ги препорачувам, бидејќи и мене ми помогнале за проблеми со осетливи заби.
     
    На resenska, Mishela, Chimera и 3 други им се допаѓа ова.
  10. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    81.970
    Пол:
    Женски
    Кажете каде може да се најде и ценичка? :D
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.545
    Допаѓања:
    201.667
    Пол:
    Женски
    Секаде ја има, по маркети и по аптеки, во ДМ... цена околу 200-250 ден. ако не се лажам... секако е од поскапите пасти, ама вреди.
     
    На LittlePinky, lovemme, Chimera и 2 други им се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    За декември:

    1. Авон Лукс подлога за лице.

    Оваа подлога е одлична за комбинирана кожа. Јас jа пробав и со Loreal и со Aura Cover Me пудрите.
    За аура ми држи пудрата со подлогата до кај 6 часа, а потоа веќе почнувам да чувствувам како ми спаѓа пудрата и ми се мрси кожата. Аура бојата си ја погодив, се одлучив за Аура затоа што Ревлонот ја пробав на тестер и многу ми беше сува кожата, дефинитивно не ми одговараше и се разочарав, бев одлучна да ја купам.
    Со Loreal подлогата најмногу ми држи, скоро цел ден и воопшто не ми се мрси и не ми спаѓа. Тоа ми е откритие на месецот бидејќи без подлога бев како лампион, но сега со подлога немам таков проблем.
    Многу е лесна текстурата и густа и мило ми е што првата подлога што сум јас користела во животов ми е со позитивни реакции.
    [​IMG]

    2. Гел за чистење на лице
    Добив препорака за овој гел од една другарка.Го сместувам во оваа категорија бидејќи навистина вреди за парите, многу е ефикасен, ми се намали мрснотијата а и убаво го чисти лицето.
    [​IMG]

    3.Лабело за уста.
    Maybeline baby love најубавото лабело некогаш што сум го пробала. Ми ги оправи усните за само еден ден. Го избрав плавото затоа што хидратира.
    [​IMG]

    4. Бронзени бисери за лице - Авон Glow
    Ги имам и сјајните бисери кои се нежни, за разлика од нив бронзените се одлучни. Пуштаат боја и траат цел ден. Кој пробал знае, да не должам.
    [​IMG]

    5. Лосион за тело со путер од какао.
    Покрај кремата која ми е потрошена до пола, го нарачав и лосионот. Го обожавам, мирисот трае и по неколку дена, најважно ми е што ми ја прави кожата нежна и хидратира.
    [​IMG]
    6. Аура течен коректор за очи
    Незнам дали имам пишувано за него, но мене ми се погоди убаво покрива и повторно собирам пари за да го купам, криво ми беше што го испуштив попустот. Покрај коректорот од Катриц и овој можам да го вбројам тука иако Катриц покрива двојно повеќе од него. Некогаш ги комбинирам и двата заедно и фиксирам со пудра па немам ни т ни к од темни кругови.
    [​IMG]
     
    На Beauchamp, macka91, Giovanna и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Одамна ме немало, ми фалеше темава :) Ќе набројам само неколку производи на кои ми текнува во моментов, бидејќи не сум дома во моето козметичко царство :D и не ми се сите омилени производи при рака. До после сигурно ќе ми притекнат уште мал милион производи од кои сум задоволна, но ќе направам update во брзо време. Епа, одиме:

    1. Nivea Cellular Anti age Serum
    [​IMG]

    Во потрага по серум, им се мерачев на Клиник, Есте Лаудер и ним сличните, но се премислив и за промена решив да истражувам низ drugstore брендовите. Серумчево е екстра, дејствува врз ситните линии и брчки, ја прави кожата кадифено мека, се упива инстант и е доволно хидратантно, така што јас самостојно си го користам, без крема врз него (напомена: мојата кожа е масна, за сува кожа верувам дека ќе има потреба и од крема). Има густа текстура, нетипична за серум - повеќе наликува на крема отколку на серум, но моќноста му е дефинитивно на серум. Концентриран производ полн со хијалуронска киселина, екстракт од магнолија и креатин. Месец дена го користам, редовно секоја вечер, и забележувам разлика на кожата дефинитивно, конкретно линиите на вратот ми се многу помалку изразени од порано. Патем, и на врат и деколте го нанесувам. А мирисот... мириса на оригиналната Нивеа крема во сина лимена амбалажа :inlove: За цена од околу 900 денари, сум и повеќе од пријатно изненадена и задоволна од производов.

    2. Маскара Maybelline Lash Sensational

    [​IMG]

    Да не се повторувам, веќе е се' кажано за маскарава. Само ќе кажам - 10 пати поевтина, а истовремено и 10 класи подобра од Диор, Клиник, Есте Лаудер маскари. Врв.

    3. Кармин Loreal Color Riche - нијанса Julianne's Nude

    [​IMG]

    Прекрасен, нетипичен pink nude кармин што ми дава неверојатна свежина на изгледот. Како што реков, не е баш типична nudе нијанса, малку е потемна и со изразито розов подтон, но на усни изгледа неверојатно природно. Добив безброј комплименти за карминов. Одлична пигментација, а сепак изгледа нежно, одличен за секој работен ден и дневен изглед. Има кремаста структура што во еден потег се нанесува и не ги суши усните, а трајноста е и повеќе од задоволителна за хидратантен кармин. Моментално е на попуст во Космо, не знам точна цена, ама околу 500 ден се кармините на Лореал во моментов.

    4. Мицеларна вода Mixa

    [​IMG]
    Имам пишувано за неа во темава и претходно, ама мицеларнава вода ми е незаменлива. Најдобра од сите што сум ги пробала, вади шминка одлично и не предизвикува апсолутно никакви реакции. Наменета е и за вадење шминка од очи и воопшто не ме иритира во тој предел, за разлика од други мицеларни води (конкретно, онаа на Гарниер). Дури баш напротив, кожава ми се смирува после секое користење. Заборавив исто да кажам дека е наменета за чувствителна кожа (патем, медицинска козметика е Микса). Инаку, водичкава мириса на рози, мирисот е пренежен, а воедно нема алкохол, нема парабени и е хипоалергена. Цената е околу 300 денари за 250 мл.

    5. Макси тупфери за отстранување шминка Ebelin

    [​IMG]

    Не можам да живеам без овие, секое одење во ДМ купувам по 3 пакувања :D Предобри се, ми се допаѓа што се дупло поголеми од стандардните и со две вакви можам цело лице да го поминам, додека со обични тупфери трошам по 5-6 и многу ми се мали, се нервирам :D Цената им е околу 80 денари, некој денар минус-плус, а во едно пакување има 40 тупфери. Порано имаше и поголеми пакувања, мислам дека со 60 парчиња беа, ама одамна веќе ги нема, не знам зошто. Како и да е, овие во комбинација со мицеларната и нема утка ;) Препорачувам топло.

    6. Руменило MaxFactor Creme Puff - нијанса Nude Mauve
    [​IMG]
    Мој тип на руменило, nude кафеавкасто со примеси на mauve :D Не е ниту кафено како бронзер, не е ниту розеникаво, туку нешто помеѓу. Преубава боја, убаво прилега на русокоси, и е совршено пигментирано. Не е претемно, ниту пресветло, едноставно таман, дури и малку повеќе да се нанесе останува природно. Има благ седефаст сјај, кој на кожа не се ни забележува. Остава преубав финиш, ниту мат, ниту седефаст, не можам да објаснам. Преубава нежна секојдневна нијанса, заљубена сум во руменилово, веќе со месеци го немам пуштено од рака, само него го користам додека другите 3075753 што ги имам чекаат подобри времиња :D Цена не памтам, одамна ми е купено, ама сигурно беше над 500 денари.

    Засега толку, во следна прилика повеќе :)
     
    На anuskaNESTLE, SV1911, Beauchamp и 22 други им се допаѓа ова.
  14. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Да напоменам не знам да давам добри рецензии и затоа одбивам да пишувам ама морам да го пофалам производот.

    Само би сакала да напишам за чудово и колку сум му благодарна. Ова е еден вид како субрина/маска како било, го ставам само на врвовите на коса и го оставам по неколку минути. Од кога почнав константно да го користам косата ми се прероди. Како прво мирисиот кој е траен, ми се допаѓа каква хидрација ми дава на косата а не ја мрси косата дополнително. Производот е за high damaged hair, мојата и не беше толку од кога почнав да го користам како да ми живна косата. Мека е на допир, помека не ми била, престана да ми се крши и паѓа(баш периодов си имав проблем со паѓање на косата). Плус приметив дека краевите кои ми беа како суви и расцветани сега не се. Го користам еден месец а косата ми е целосно обновена.
    Инаку не знам дали во има тука кај нас, мене ми е донесено од Словенија, некои викаат го имало шампонот а ова не, како и да е доколку е некој заинтересиран нека провери па може да ме известите, ќе сакам да си купам уште едно.
    [​IMG]
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Nausicaa, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    Ова е едно од малите нешта што многу вредат. Околу 150денари

    [​IMG]
     
    На ванилала, LittlePinky, Lady Phoenix и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    Иако ова е крем наменет за бебиња и деца мене одлично ми се најде за црвенилото и раничките што ми се појавуваат на рацете од ладното време. Незнам дали некоја го има истиот проблем ама мене одлично ми делува. Прво си побарав тестер зошто е поскапо малку (660 денари ја платив, а на некои места кај што прашав беше и 770 и повеќе) и после два дена ми се смири кожата. :)

    [​IMG]
     
    На duffi, Annath, koritsaki и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Primrose.x

    Primrose.x Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    91
    Го има и кај нас, јас ја зедов маската од истата линија пред некој месец од Веро, а би требало да ги има и низ другите поголеми маркети. За разлика од тебе, јас не сум нешто премногу воодушевена од маската, можеби затоа што косата ми е доста оштетена од фарбање.
     
    На simoncelicius и Jenniffer им се допаѓа ова.
  18. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    106.380
    Пол:
    Женски
    Catrice eyeshadow base prime and fine

    Презадоволна сум од базата за сенка од Катрис. Многу се мислев дали да ја купам базава а и дека не сум користела производи на Катрис дополнително се мислев.. ама супер е презадоволна сум, денес шминкава ја носев 7 часа и сенката не мрдна од очниот капак. И подобра е од базата на Есте што ја користев претходно. (y) Ви ја препорачувам да ја пробате

    [​IMG]

    Essence nail booster

    Презадоволна од базата на Есенс, и ја подобрува бојата на лакот и е истовремено база за лакот
    [​IMG]
     
    На Acka22, Oxymoron, Ctete и 14 други им се допаѓа ова.
  19. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Flower by Kenzo - L'Elixir
    Бескрајно сум заљубена во парфемов. Потсетува на Gucci Guilty црвениот со тоа што е малку поинтензивен и прекрасен е за во зима. Го имам само на тестер, многу скоро ќе се почастам и со целото пакувања.
    [​IMG]

    Estee Lauder - Perfectly Clean splash away foaming cleanser
    Презадоволна сум од ова мало чудо. Има кремаста структура, но во допир со вода прави убава пена и длабински ги чисти буквално сите пори на лицето. За мојот тип на кожа е совршено и конечно најдов средство што не ми ја затега и суши кожата после миење.
    [​IMG]

    AFRODITA Why Mask - extreme hydration
    Едноставно немам зборови за маскава, буквално ме препородува. Одлична е за уморна или дехидрирана кожа, особено за вака поладен период. Секому ја
    препорачувам.
    [​IMG]

    Essence liquid ink - matt eyeliner
    Исто како и тој со сино капаче што ми е all time favourite, така и овој туш ми се допадна дури и малку повеќе заради тоа што е со мат финиш. Супер долготраен, прецизен и одлична цена. Штета само што не сум го видела да го носат кај нас.
    [​IMG]
     
    На Mama25, Nausicaa, Annath и 17 други им се допаѓа ова.
  20. mimi****

    mimi**** Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2015
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    3.636
    Пол:
    Женски
    Od kade ja kupuvas maskata za lice i kolku pari?I dali e za suva koza?