Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Омилени продукти на месецот

Дискусија во 'Тело' започната од frutini, 25 февруари 2011.

  1. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Ја има во ДМ и Космо, 100 денари за две употреби.
    Не е назначено за каков тип на кожа е, ама сум убедена дека одговара на сите.
     
    На mimi**** му/ѝ се допаѓа ова.
  2. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    8.571
    Пол:
    Женски
    @Artemission кога веќе го спомна на есенс тушот со синото капаче, дали ти се суши брзо тој туш?
    Не знам што е проблемот со него, пробувам да не "пумпам" воздух во него, ама ептен брзо ми се суши, се осеќа дека е до пола полн ама веќе е сув и неупотреблив.
    Три пати го купувам по ред и истото ми се случува.
    А ептен ми се свиѓаше, ептен интензивна боја остава и си стои цел ден не мрда.
     
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.625
    Допаѓања:
    106.583
    Пол:
    Женски
    Извинете што се уклучувам вака во разговор , ама еве и јас да кажам , немав никаков проблем со тушов , баш до крај го искористив , за тие пари одличен туш и интензивна боја остава и долготраен е , незнам зашто тебе брзо ти се исушил :)
     
    На macka91 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    @simoncelicius немам никаков проблем со тој туш, ми трае сигурно 6 месеци откако ќе го отворам. Обрни внимание да е убаво затворен зошто често фаќа нешто како "талог" од страните што смета при затварање и можеби од таа причина ти се суши толку брзо.
     
  5. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.228
    Пол:
    Женски
    На прошлиот и на овај месец, дефинитивно сапунот со катран на Докторс, презадоволна сум и за коса и за лице, лицето ми е почисто, мозолки тек тук, не како шо беше, косата почнав да ја мијам на 2-3 дена и многу ми е поуба, сапунот ми ја вади мислам цела мрсотија шо е на косата.
    После сапунот ставам шампон исто на Докторс, неможам слика да најдам по нетов, ептен мало паковање го има скоро по сите маркети со силикон, со мед и со уште незнам шо друго.
    (y) нагоре за производиве, ќе продолжам да ги користам.
     
  6. frosyGrc

    frosyGrc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2015
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    1.886
    Пол:
    Женски
    Колку го купи она на Есте Лаудер и дали ја чистиш шминката на очи со него
     
  7. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Не знам дали се продава поединечно (нека пише некој ако знае), го добив во комплет заедно со серум за очи, кармин и маскара. Не ми е земено од тука, од странција ми го донесоа.
    Шминката не ја чистам со него туку го користам еднаш неделно откако ќе ја исчистам кожата и пред да ставам маска. За очи не го препорачувам никако, пече убива :worried:
     
    Последна измена: 18 декември 2015
  8. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.780
    Допаѓања:
    24.006
    Пол:
    Женски
    Јас па од оваа база ич не сум задоволна, го засилува интензитетот на сенката, ама џабе кога се фиксира на едно место и не се бленда воопшто после тоа.
    Вчера ја фрлив да не ја гледам од шо се изнервирав од постојано давање шанса без резултати.
     
    На Rose96 и koritsaki им се допаѓа ова.
  9. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.625
    Допаѓања:
    106.583
    Пол:
    Женски

    Е дa, тешкo се блендa , aмa јaс секoгaш првo стaвaм неутрaлнa беж сенкa нa кaпaкoт пa врз неa други сенки :) и гo немaм oвoј прoблем.
     
    На rainbowec и senza.parole им се допаѓа ова.
  10. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.780
    Допаѓања:
    24.006
    Пол:
    Женски
    ^^
    Истото го правам и јас, али код мене не функционише. :^):D
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  11. frosyGrc

    frosyGrc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2015
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    1.886
    Пол:
    Женски
    Секоја база фиксира, тоа и е поентата :)) Јас ја користам на Артдеко, нема подобра!
     
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.094
    Пол:
    Женски
    Да се наподолнам за месецов:

    1. Кокосово масло за се

    Мислам дека нема што да се објаснувам тука, сите знаете.
    [​IMG]

    2. Сенка за очи Аура
    Бев во потрага по добро пигментирана сенка за очи - бордо боја. Случајно ја загледав на еден штанд и ја зедов за џабе, мислев колку пари- толку музика.
    Искрено ја пробав пред некој ден и сум изненадена од пигментираноста. Остава боја со едно нанесување, можност да се сенча и да се добие уште една поблага нијанса.
    Штета е што неможам да најдам слика од мини сенките на аура кои во поголемите дрогерии се по 80 денари, јас ја зедов за 50 денари ама баеги е длабока.
    [​IMG]

    3. Римел Ластинг Финиш.
    Оваа пудра во оваа категорија заслужува почасно место според мене. Јас имам пробано со обична крема за лице, со и без подлогата на Авон Лукс , со камена пудра и со пудра во прав и пудрата не ми мрдна од лице едно добри 7-8 часа. Ниту ми го прави лицето суво, иако солидно покрива јас не барам некоја што ќе ми покрие се и да ми се познаваат линии. 7/10 за неа.
    [​IMG]
     
    На SV1911, Mama25, macka91 и 8 други им се допаѓа ова.
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Во темава немам пишано од октомври, така што оваа листа нека биде омилени производи за изминативе два месеци.

    Nivea крема
    [​IMG]
    Секогаш во зима користам помрсни креми, најчесто оваа од Нивеа. Го сакам мирисот, мекоста што ја дава, да можам би ја користела преку целата година. Штета што најмногу ми одговара за ова ладно време. Ако излегувам без шминка, особено навечер, кремава ми е must have. Во спротивно чувствувам дека ќе ми распука кожата :| Исто така ја ставам пред спиење, на лицето и вратот, да ми мириса убаво додека заспивам :mm:

    Avon care крема со путер од какао
    [​IMG]

    Периодов мислам дека се обезбедив со лосиони и креми за тело за наредните две години. Нивеа не ја менувам за ништо, ама кремава морав да си ја порачам, зашто ме асоцира баш на зима, на плетени џемпери што ми мирисале на неа :inlove: Иако е наменета и за раце и лице, јас ја користам стриктно за тело.

    Balea део спреј Breezy Touch
    [​IMG]

    Рексона дезодоранс користам цел живот, ама последнава година се обидувам да ѝ најдам замена без алуминиум. Летово го користев Балеа кристалот, ама некако не ми правеше мерак. Не можев да се навикнам без никаков освежителен мирис на мене. Сега се одлучив за овој спреј на Балеа. Мирисот е цветен, во ДМ во Веро немаше многу избор, па затоа го избрав овој. Е сега, не ми се допаѓа што има алкохол (на пример Рексоната нема воопшто алкохол во неа). Некогаш после депилација ме пече, до душа брзо поминува, ама ако можам да најдам дезодоранс или спреј без алуминиум и алкохол, ќе ми биде прав погодок. Засега ќе продолжам со овој, а планирам да ги пробам и тие на Алверде.

    Avon сенки за очи (нијанса smokey shimmer)
    [​IMG]

    Колку што се сеќавам, досега немам користено сенки за очи од Авон, па не знаев што да очекувам. Ама бев ептен пријатно изненадена! Попустот на овие сенки излезе во исто време со попустот на ДМ за Catrice, ама од тие сенки не можев да си најдам нијанса што ми треба, па затоа ги порачав овие. И не се покајав. Одлична пигментираност, супер трајност, особено во комбинација со фиксаторот на Авон. Не мрдаат. Нијансите се прекрасни, омилена ми е темно сивата, веднаш пред црната. Топло ги препорачувам :)

    Avon gel finish лак за нокти (нијанса siberia)
    [​IMG]

    Лакчево си го земав уште летоска кога беа на попуст, ама тогаш терав весели бои, па ја оставив за зимава. И ете, му дојде редот :) Ова е некоја темно, темно плава боја со светкавци, мене премногу ми се допаѓа! Еден слој ми е доволен. После 2-3 дена ставам уште еден слој, па после неколку дена пополнувам само кај што ми се излупил и мавам проѕирен лак одозгора. И така си го носам повеќе од една недела :) Супер лак, стварно ми се допаѓа, се надевам ќе го има повторно во каталогот за да си го порачам. Единствена замерка имам за Авон што нијансите ги пишуваат само на кутичињата, па се изнамачив дур да најдам како точно се викаше оваа нијанса.

    Balea пилинг за тело со путер и лимон
    [​IMG]

    Го земав по препорака од форумов, макар што барав пилинг со крупни гранули, ама и овој има ситни. Во секој случај не е лош, купатилото ми мириса на крофни кога се бањам :lol: А можеби и бладам, ама ми се чини дека ми ја подобри ситуацијата со целулитот :?: Не применувам ништо ново, можеби има врска составот, стварно не знам.

    Oriflame Swedish Spa пилинг за тело
    [​IMG]

    Е ова е веќе нешто друго. Се изначекав додека да ми стигне, ама вредеше. Пилингов е прекраснотии :inlove:Морам да кажам дека првиот впечаток не ми беше најсјаен, можеби затоа што очекував мирис на крофни, чоколади или што и да е :D Овој не можам да проценам на што мириса, ама во никој случај мирисот не е непријатен, а ефектот е одличен. Има крупни гранули и остава толку убаво чувство на нежност и мекост. Си се гушкав сама себе под туш :$ Овој пилинг дури се осмелив да го употребам и за лице, зашто кожата на телото после него ми беше мнооогу нежна. Со сигурност ќе го порачам пак :)

    Avon Advance Techniques Supreme Oils Duo Spray
    [​IMG]

    Немам сува коса, а фала Богу ни оштетена (особено откако си ја израснав природната) ама му фрлив мерак на спрејчево, го начекав на попуст, па го порачав. Од оваа линија со скапоцени масла го имам користено шампонот и бев задоволна од него, а сега и од спрејот. Се состои од две масла, па пред употреба треба убаво да го промешате шишенцето и да испрскате. Само треба да бидете внимателни да не претерате, зашто сепак е масло, па може да добиете спротив ефект. Јас испрскав неколку пати на мокра коса (може да се користи и на сува) и косата ми ја направи посвиленкаста. После фенирање не ми беше разлетана како што обично знае да ми биде. И мирисот е прилично долготраен, јас го чувствував повеќе од шампонот.

    Balea Trend It Up парфем за коса
    [​IMG]

    Уште едно спрејче, по препорака на другарка на која ѝ ја душкав косата :lol: Џабе редовно миење со сите салтанати, кога едно излегување низ врата косата ми мириса на пепељара :puke: Па и при седење во локали каде што се пуши, после тоа косата ми мириса ужасно, а не сакам секој ден да ја мијам, ниту да ја прскам со парфеми кои ги користам за тело. Затоа на помош доаѓа парфемчево за коса. Нема премногу нападен мирис, мириса баш како шампон да речеме, како да е тазе измиена косата. Неколку пати да шприцнете е доволно за да имате чувство на свежина во косата. И после тоа обавезно ставање капа, баретка, што и да е, умотување во шалови, па излегување низ врата :!:
     
    На Acka22, Doozy, SV1911 и 27 други им се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.567
    Допаѓања:
    201.760
    Пол:
    Женски
    Јас имам ваков спреј за коса на Алверде, не го бива ич, само ја масти косата. Овој на Балеа ја масти или не?
     
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам право не сум забележала, може затоа што јас обично го користам вториот ден после миење (првиот ден уште ми држи мирис на шампон, маска, капки и слични работи). На третиот ден и онака косата ја мијам пак, па не сум приметила дали дополнително ја мрси:?: Со тоа што јас не ставам на скалпот, туку ја наведнувам главата и неколку пати прскам врз косата. Мислам дека беше 139 денари, па и да не ти се допаѓа ќе ги прежалиш парите ;)
     
    На only44you и Annath им се допаѓа ова.
  16. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    И јас го имам истиов и сум презадоволна. Не ми ја масти косата иако јас вакви работи никогаш не ги нанесувам на коренот - така што немам никаков проблем. Препорака имаш и од мене.
    :)
     
    На crazylady и only44you им се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.567
    Допаѓања:
    201.760
    Пол:
    Женски
    Фала за препораката. Инаку ни јас не ги нанесувам на коренот, па не знам зошто ми се масти толку брзо. Ќе го пробам овој на Балеа дефинитивно.
     
    На only44you му/ѝ се допаѓа ова.
  18. frosyGrc

    frosyGrc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2015
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    1.886
    Пол:
    Женски
    Балеа за суво миење коса
     
    На LollySky и Elaria им се допаѓа ова.
  19. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    Ана, во врска со спрејовите за тело, доколку бараш некој што е без алуминиум и алкохол, ти го препорачувам овој:
    [​IMG]

    Најдобар од сите досега пробани, не содржи алуминиум, ни алкохол. Ги имам користено и тие на Алверде, убави се, но содржат доста алкохол и имав проблем некогаш при нанесување. Ова спрејче мириса баш неутрално, освежително, на чисто, како и сите производи од линиjата сензитив на Балеа. Поздрав :)
     
    На LollySky, SV1911, CrazyOne и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Ви завидувам дека тука нема Дм.Патем на колку места има Дм, и кажете ми ги адресите.Изгледа дечо ми ќе го малтретирам да ми купи. :D
     
    На buba4e89 и crazylady им се допаѓа ова.