Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Омилени продукти на месецот

Дискусија во 'Тело' започната од frutini, 25 февруари 2011.

  1. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Сапунов ми е откритие! Економично пакување од литро за цена од 90ден! Но не само поради цената туку поради тоа што не ми ги суши рацете зимно време, дури немам ни потреба од крема за раце.
     
    На eloves, joy1, LollySky и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    Das gesunde plus Pantenol

    крема која со години ја имам дома, незнам веќе за што се не ја користам едноставно неможам без неа па си имам залихи:lol: Горе доле знаеме за што се служи да не го тупам, само ке надополнам дека оваа од останатите е подобра во состав нема селикони,парабени и не е парфимирана, содржи 7% повеќе од оние што ги има по аптекиве. Јас го користам по потреба кога ќе почувствувам сувост на лице, раце и останати делови од телото. Малку тешко се размачкува зошто содржи цинк, но кжата перфектно ја упива за многу кратко време. За разлика од другите е поисплатлива и бавно се троши 75ml цена околу 99 ден.
    Мене ми е производ бр 1. останативе 2-3 години. Вреди секој дома да си ја има. 1.jpg

    Dr. Scheller Bio-Hiyaluron & Amalol Nacht

    Кремава против намигнувачки брчки со био хијалурон и масло од амла 40мл. Се води како ноќно кремче ама јас си го користам и преку ден.
    За дехидрирана кожа богата со витамин Ц. Јас ја купив сосема случајно, барав крема за лице и дур дома видов после второто мачкање дека била околуочна крема, среќа немав нус појави по лицето :lol: Доста време и треба да се упие тоа всушност и ми требаше има некој специфичен мирис карактеристичен за кремите на Шелер. Јас сум позитивно изненадена од аспект што ретко која околочна крема ми хидрира доволно а притоа да не е комедогена иако скоро доста од нив се декларираат како такви. Би ја купила пак, цена околу 1100 ден на попуст мислам дека ја купив. nacht_dr.scheller.jpg


    Balea Med 15% Urea Sofortpflege milch 2 in 1

    Mлеко за тело за регенерација и хидратација на сува кожа 2 во 1 со 15% уреа, 250 мл, цена околу 110 ден:wasntme: Го користам веќе доста долг период претежно во зима и презадоволна сум,кожава ми е хидрирана, нема перутање, затегање. Кожава ми го сака и за мене е спас во зимскиов период. За разлика од други производи уреата е на второ место во состојките по потоа следи глицеринот. Затоа и ме привлече да ја купам зошто по обичај кога на производот ќе напишат дека содржи уреа се наоѓа при крај битно буквите очи ќе ти истераат:!: слободно може да и парира на на скапата Еуцерин и мене ми спаѓа во производ кој не го менувам. Доста добро се упива не е масна ни водлеста, миризбата ме потсеќа на класичната Нивеа. Го препорачувам (y)
    balea-med-15-urea-sofortpflege-milch-2in1--10000307_B_P.jpg

    Nuxe Bio Baute by Nuxe BB creme, 30мл.
    Бб кремава се декларира за сува и осетлива кожа, но слободно можат да ја користат и оние со нормална кожа. Спаѓа меѓу првите сертифицирани органски бб креми искрено тоа и ме привлече да ја купам со оглед на тоа што ретко кога појако се шминкам оваа ми е идеална за почесто користење. Јас сум заљубена во производиве на Нукс и кога и да налетам на нив си купувам по нешто, слабост ми се :$
    За мојава осетлива кожа е ко измислена,прекрива солидно со оглед на тоа што е бб крема јас освен подочњак нема што да покријам па мене ми е совршена. Најбитно е што добро хидратизира а истовреено го изедначува тенот подобро и од доста дрогеријски пудри. Ги корегира темните дамки и црвенило ја тестираше другарками пред да ја купи па ова од искуство. Штити од Уве зрачења има SPF 8. Нактжраот финишот откако ќе се упие фино матира. Екстрактрот од органска праска е тој што е задолжен за длабинска хидратација по тоа и си мириса самиот производ на кој неможев да му одолеам:lol: кога ќе се нанесе исчезнува.
    Има тесно грло и е добра за дозирање,хигиенска е за користење.Мене ми е незаенлив производ, штета што го нема сеуште кај нас но моѓе да се најде во соседните земји по цена одприлика 1300 ден колку ме држи сеќавање.

    bio_beaute_bb_velika.jpg

    Eucerin Anti Rotungen сирувачки крем против црвенило 50мл, цена 860 ден.

    Кремава ја добив како тестер во Зегин во Сити мол случајно, бев толку очајна што во последно време неможев да си најдам крема за лицево што се опседнав со читање на рецензии и проучување на крај лекот бил 5 пари:rofl: Деновиве одам да ја го частам женчено во зегин што и го препорача ќе и отидам со една бобмоњера зошто ми го спаси психичкиов проблем. Ме фаќаа нервози,зошто нагло ми се исуши кожава и немоѓев крај да и најдам. Дома имам залихи од креми ќе почнам добротворно да ги делам. Да се вратиме на главното,секогаш сум имала одбивност према Еуцерин незнам зошто ама со кремава сме во љубов се надевам така и ќе остане.

    Кремава е наменета за изразено сува,осетлива и кожа склона кон црвенило. Ја смирува и ја лади извесен период има вкупно 13 состојки. Состојките и се повеќе од добри (0% конзерванси,парабени,парафин,парфем, алкохол,емулгатори,бои). Ме спасуваше маслото од коноп ама ми фалеше крема која ке ми ја среди ситуацијава. Лицево ми го среди во рок од 2 дена,сега ми е стакло. Оценка не 10 , туку 100(y) Ми го нудеа лосионот од истата линија за чистење на лице и дефинитивно го купувам да го пробам. SymSitive е некоја нивна патентирана состојка која е чудесија дефинитивно. Новава амбалажа им била ептен добро заштитена од контаминација и оксидација за разлика од претходните верзии. Ова ми е откритие на месецов блабодарение на кремава се шетам со руменило, маскара и каримин:makeup:
    пс.Од истава колекција има и крема со зелен пигмент за оние кои патат од црвенило е одлична за под пудра доаѓа во комбинација со тестеров од обичната верзија за оние кои ги интересира.
    ecn-hypersensitive-range-podloga-ezbvj.jpg

    Alverde Muskat -Brown 10 ми е маст хев, ми здосадија темниве нијанси и некако ми стана незаменлив. доволно е пигментиран и хидратантен. Ако некоја знае дали ја има лимитиранава колекција во Дм нека извести да се снабдам со уште еден. Цена не памтам купен е кога излезе. P1160610.JPG


    Selver Rain La Praire
    Парфемов не е меѓу поновите но редовно го користам овој период од годината.
    Некако често се презаситувам од парфеми ама во последниве две години се дружиме. Првпат го добив од од сопругот тогашен дечко и тогаш не ми беше по вкус ама изгледа требаше да созрејам за да се усогласиме:D Мислам дека малку е преценет за ценат,но затоа е постојан до бесвест и кога ќе измијам коса ми мириса.Некако е необичен,женствен и секси можеби затоа и му се навраќам.
    lprsrnw_aedp10_02__12.jpg

    Ух...:whew:
     
    На India, anembu, eloves и 25 други им се допаѓа ова.
  3. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Ех, одамна не сум пишала во темава.

    1. За овој месец и во иднина, додека некој друг производ не ме изненади попозитивно: Revlon Colorstay за комбинирана кожа. Лицево ми е препородено, делува толку природно, нежно, исто како мојот тен. Добро покрива итн. Си кажав во темата за пудри.
    [​IMG]

    2. Балзам за усни „Мелем“. Го платив скапо, ама ефектот е преубав. Многу нежно и бебешки мириса, мрсничко е, ама не да се растекува по уста, туку таман да ја хидрира.

    [​IMG]

    3. Neutrogena универзална крема. Хидратантна, мрсна, но не дава лепливо чувство на кожата. Убаво омекнува, а има доста неутрален мирис.

    [​IMG]

    4. Golden Rose Color Expert лакови во разни бои. Откако реков дека обично се лакирам во неутрални бои - како да се урочив. Само менувам бои и уживам во тоа. Терапија со бои за супер расположение во сививе денови.

    [​IMG]
     
    На eloves, Doozy, joy1 и 25 други им се допаѓа ова.
  4. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    10.194
    Пол:
    Женски
    Се откажав од потрагата по антиперспирант за намалување на потењето и се помирив со фактот дека едноставно сум 'потлива' и дека тоа ми е наследно.
    Како и да е, позитивно сум изненадена од ролончево од Palmolive. Има сладок ненападен мирис и тотално ја неутрализира непријатната миризба, за разлика од некои други антиперспиранти ќе прскаш ќе флиташ па бетер ефект се ствара.
    Со ова не. Овде во странција чини околу 70тина денари. Ако може да се најде во Мк го препорачувам. :f:(y)
    deo-roll-on-black-orchid-50ml.jpg
     
    На eloves, crazylady, LollySky и 2 други им се допаѓа ова.
  5. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.625
    Допаѓања:
    106.583
    Пол:
    Женски
    Essence - Merry berry - 02 Pink and perfect lipstick

    Презадоволна од овој кармин , не очекував дека ке ми се допадне. Средно-хидратантен е и долготраен , јадев пиев долго време стоеше на усните. Голем плус добива зашто не ми ги суши. Бојата е баш розева
    [​IMG]

    Purple with purpose - Essence
    Лаков е исто така одличен , го носев 7 дена со топ коат и го извадив зашто ми се здосади не бидејќи се излупи. Бојата е баш лилјакова , и без топ коат има голем сјај :l:
    [​IMG]
    [​IMG]

    Scented Gold Dust Powder 01 I Love My Golden Pumps - ова чудо не знаев што е додека не го пробав дома :tmi::D мислев е мирис со светки но не , внатре шишенцето е полно со светки и со стискање на балончето се распрскува на сите страни , а и плус мириса на колачиња. Шишенцето е многу малечко но има доста светки внатре :inlove::l: Се на се презадоволна сум од целата нова лимитирана колекција на Есенс , не земав др работи зашто имам многу козметика по дома , и хајлајтерот им беше прекрасен за 4,5 евра имаше доста производ внатре. И другите лакови им беа супер штета што не земав повеќе бои :)
    [​IMG]
     
    На buttercup5, Ctete, Doozy и 32 други им се допаѓа ова.
  6. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    5.169
    Пол:
    Женски
    Одамна не сум пишала во темава...
    Фаворити за изминатиов период:

    1. Manhattan eyemazing eyeliner
    Тушов ме воодушеви, се заљубив скроз! :inlove:
    Да не се повторувам, кој е во потрага по добар и квалитетен туш - фломастер нека не се двоуми и нека си го земе овој.

    Manhattan Eyemazing Liner (1).jpg

    2. Alverde lip liner - 15 Aubergine
    Прекрасно е моливчево, го земав чисто за проба и испадна да го користам доста често.
    Го комбинирам со Essence - Satin Mauve и се баш совршен пар.

    APDC1250.jpg

    3. Essence I love nude eyeshadow - 05 my favorite tauping
    Што друго да кажам за сенкава што не е кажано досега? :)

    essence_ilovenude_0.png

    4. Фитогал специјална глицеринска крема за раце
    И оваа зима ми е верно другарче, нон стоп ми е во ташна да ми се најде по потреба.
    Периодов рацете ми станаа многу суви и ми испукаа на одредени места, за 2 дена со кремава ми се оправија скроз.

    d208bafb24.jpg
     
    На eloves, joy1, LollySky и 20 други им се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.676
    Допаѓања:
    79.738
    Пол:
    Женски
    Бидејќи сум од телефон не можам да прикачам слика па само ќе напишам. Омилен производ на месецот ми е виолетовиот кармин што го купив а и останатите кармини во темна боја што ги имам. Ги обожавам. :makeup:
     
    На eloves, AnimalLover, only44you и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.618
    Пол:
    Женски
    All time favorites Vol.2 :l:

    1.Revlon Colorstay течна пудра (за мрсна/комбинирана)
    Нема многу да зборувам за неа, на 90% тука ни е добро позната.На тие што не ја пробале слободно можам да ви кажам дека од сите drugstore производи достапни кај нас, а и пошироко ова е најдобрата пудра што може да ја најдете.Може да парира и на некои high end пудри и ако размислувате да ја смените пудрата, a ви треба нешто со пристојна цена, ова веројатно ќе ви биде најдобра инвестиција.Полу мат финиш, мене на Т зоната со камена/транслусцентна ми е одлична.Со сунѓерче или четка нанесена изгледа многу многу подобро( не сум фан на нанесување пудра со прсти).
    Цена:750 денари во Зегин/890(мислам дека)во Космо.Пробајте си тестер во Космо и земете си ја од Зегин:)
    IMG_3627.jpg

    2.Becca Champagne Pop by Jaclyn Hill хајлајтер
    Имам пишувано за него овде Хајлајтер (Highlighter)

    3.MAC PRO longwear concealer
    И за него имам пишано збор два во соодветната тема Коректор за лице
    Цена:20-1евро
    4.Anastasia Beverly Hills dipbrow pomade: ashbrown
    Ова ми е откритие на векот! Не верував дека ваква леплива/густа структура може да изгледа природно.Ама откако го користам, кога ќе ставам од она обичното сетче за веѓи(имам едно на сефора) ми изгледа како да не е тоа тоа, башка и не е толку трајно како ова кое не мрда.Дефинитивно ако морам да изберам најомилен продукт, ова е тоа.Прави чуда од моите не толку гламорозни веѓи :DНа почетокот додека да се навикнам ми беше малку тешко, се замачкував, но клучот во нанесувањето на овој продукт е никогаш никогаш со четчето од кутичето директно на веѓите да не се нанесува, секогаш тестирајте на раката прво, при секое нанесување, откако ќе нанесете обевезно со оние чешелчиња што потсеќаат на четка за маскара да се помине треба, на тој начин убаво се блендира и добивате бум ефект.Moже да се маневрира со повеќе/помалку продукт за постигнување на саканата нијанса/изглед.Јас препорачувам да не се трупа премногу за природен ефект.
    Цена: 18 долари
    anastasia-beverly-hills-dipbrow-pomade-taupe-robina-hood-1.jpg

    5.MAC A 45 Captive satin lipstick
    Полу мат ефект а сепак не ми ги суши усните.Овој "satin" финиш е главниот виновник за прекрасниот ефект.Многу ми е пријатен на усни ми делува некако хидратантен и дава здрав изглед.Нијансата ми е љубов на прв поглед.Со текот на годините увидов дека нијанси што маваат на виолетово ми одговараат.Овој е нешто како позагасито виолетова/кафенкаста нијанса.Неодредена боја е некако.Не е ни сјаен(мене не ми стојат такви) ни мат, нешто таман измеѓу:D
    Цена:околу 20 евра
    S1620055.JPG

    6.Пилинг од мед и шеќер на пареа
    По препорака на @Biodevojka за некој максимално природен пилинг почнав да го применувам овој и ми стана рутина.Го имате во темата (Пилинг за лице)Едноставен, природен, баџет френдли лицето ми го прави бебешко меко, си го практикувам еднаш неделно со препорачаната маска за комбинирана кожа во истиот пост и си го осеќам лицето препородено, исчистено, меко и нежно.И други луѓе ми забележаа промена на лицето.Не знам дали е до пилингот маската, кремата ама многу сум задоволна :)
    *Биодевојка рече дека идејата ја добила од некој спа центар во Италија, каде целото тело го мачкале со мед и шеќер и така се влегувало во турска бања или сауна.
     
    Последна измена: 10 јануари 2016
    На kim.k, Doozy, eloves и 21 други им се допаѓа ова.
  9. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    @LaraSolare Во прва прилика морам да ја земам таа помадата на АБХ, мислев дека многу поскапа е. :)

    Eucerin Aqua Porin Active
    Кремава ми е откритие на годината, одлично ми ја хидрира кожата без да ја прави мрсна. Текстурата на кремот е измеѓу гел и крем па многу брзо се впива во кожата што е голем плус.
    [​IMG]

    Max Factor Smoky eye drama kit - Sumptuous Gold
    Палетава ја обожавам, ја користам секојдневно, одлична пигментација и трајност, особено златната нијанса е прекрасна за секој ден и одлично пигментирана.
    [​IMG]

    Essence soo glow highligter
    Одличен хајлајтер, мислам дека веќе го нема во продажба и баш ми е жал. Најдобро се нанесува со прсти со тапкање, инаку чудно се собира и не се познава. Дава преубав сјај и е многу пигмениран и баш многу се познава на кожата.
    [​IMG]

    Sleek Contour kit - medium
    Хајлајтерот не го користам ама затоа бронзерот ми е must have. Бојата е кафена со ладен подон, и доволна е многу мала количина затоа што е премногу пигментиран.

    [​IMG]

    Lancome La vie est Belle
    Предобар парфем, мириса прекрасно мирисот е по тежок баш како за зима, премногу е долготраен.

    [​IMG]
     
    На eloves, ivancekitty, joy1 и 24 други им се допаѓа ова.
  10. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Мило ми е што ти се допаѓа и мене многу ми помага овој пилинг, а тек да знаете цело тело во сауна кожата како бебешка :). Инаку малку оф топик ама спремам нов рецепт за чистење на кожата со масла. Го испробав веќе месец дена еднаш неделно и резултатот е фантастичен. Ќе го пишам во соодветната тема. Поздрав.
     
    На Annath, 1209, papillonP и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Calla

    Calla Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    1.515
    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]

    Дефинитивно омилен продукт на месецот, а го препорачувам посебно на оние кои имате сува кожа на рацете.
     
    На eloves, ivancekitty, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  12. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Која е најдобра за сува кожа?
     
  13. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.965
    Женски имам супер вест за вас!! Се отвори Македонски фришоп :sun: имаше фришоп на тоа место ама сега е купен од Германец и фришопов нема утка! Од грчкиот е поефтин!!!! :party:
    Обожавателка сум на l'occitane en provence и многу се поефтини од кај нас. Овој сет го земав, верувам на сите би ви се допаднале ги користам кремиве со години. Вака изгледа сетот и го земав околу 1100. Кремиве не се од најмалите :!:
    [​IMG]
    Втората добра вест е Clinique! :rock: Многу се поевтини и плус на каса изгледа сега заради празнициве даваат околу 5-10% попуст што стварно е супер.
    И трето--- најдобриот body scrub на векот да го изедеш!! [​IMG]
     
    На eloves, Doozy, ivancekitty и 26 други им се допаѓа ова.
  14. Calla

    Calla Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    1.515
    Јас конкретно го имам Fruity Harmony, затоа што прекрасно мириса, ама верувам дека и другите имаат еднакво добар ефект. Сум пробувала и други креми и не помагале, ама оваа не ја менувам за ништо. Како никогаш да сум немала сува кожа на рацете од ладново, со Балеа нема зима. :rofl:100мл. 89 ден.:) 10/10
     
    На Annath и kala21 им се допаѓа ова.
  15. iva345

    iva345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Каде се наоѓа?
     
    На duffi и rainbowec им се допаѓа ова.
  16. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.965
    Граничен премин Богородица, помеѓу нашата и грчката граница. Имаат ставерно огромна кружна реклама, неможе да се утне, во црвено е, ако не грешам Kings duty free shop се вика. Инаку слушнав грчкиот ќе го затвараат летово и плус како што гледам ддв-то по закон нели треба да го нема бидејќи меѓузона, навистина нема, јас до сега одредени производи ни во Сефора ги немам купено по таа цена. Претходниот ''Македонски'' фришоп што беше во истиот простор, цените исто како во City mall им беа, е сега друга прича.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  17. papillonP

    papillonP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    4.544
    Пол:
    Женски
    Колку го зеде скробот? И чие производство е?
     
  18. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.965
    Скработ е 12 евра
     
  19. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.799
    Допаѓања:
    325.277
    Пол:
    Женски
    Од каде го зеде првиот производ и од прилика која цена е?Фала и извини ако некаде веќе си одговорила на истото прашање.
     
  20. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    985
    Допаѓања:
    17.166
    Пол:
    Женски
    @joy1 сетот го земав летото од Грција, не се сеќавам точно, од прилика нешто помалку од 40€ чинам дека беше. Тука кај нас ги има во Капитол мол, во Ани фарм, но поединечно секој производ и му доаѓа нешто поскапо, но вредат дефинитивно за секој денар. Топла препорака од мене (y)
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.