SupraVit шумечи таблети со цинк, селен и папаја против предвремено стареење. Love Nature крем за околу очи од Орифлејм за потхранување на сува кожа со дива ружа. Тоа...
Лицето од ладното ми беше ептен суво, ставам пред спиење од кремава на цело лице и сабајлето ми е како ново. Ама пред шминкање не ставам, тешка е не се впива лесно. Али ко што ми беше суво лицето, на некои места со лишаи дури, ова ме спаси
Alverde aqua 24h balance creme gel Кремава ми го препороди лицето за само неколку дена. Оваа зима од проклетото променливо и никакво време кожата на лицето ми стана ужасна па дури во пределот наречен Т зона од мрсна ми премина во сува со појава на перутење и чешање. Пробав неколку креми, ништо не се менуваше. Во очајот од чешањето сменив и шампон, немој па ајде тоа да е, нели челото го зафаќаме кога шампонираме коса. Ништо не се смени. Кремчево ме спаси, а не чини ни 200 ден. Сега имам пак хидрирана, мека и нежна кожа на лицето, перутењето и чешањето исчезнаа исто така. Essence stay all day 16h foundation Искористив само тестер, а сум презадоволна. Лесна, прилично покривна, одлична за секој ден. Нешто како ББ крема, за нијанса попокривна. Цена некои 300ден. Секако ќе ја набавам во големо пакување.
Нешто предобро! Можеби важам за личност на која и самото пакување на козметиката и е многу битно, самата естетика што не е случај со ова, но навистина е предобро. Ми го испофали пријателка и го земав, мирисот е многу убав, нежен и пролетен, и самиот scrub ми ја прави кожата многу мека. Презадоволна сум!
Гел за туширање и лосион за тело со арган по 400мл ги земав за 260денари. За тие пари се супер а и убаво мирисаат.
Natura Siberica - Maximum Volume shampoo Презадоволна сум од шампонов , органски е (и кога Биодевојка ми потврди дека има супер состав) мириса ПРЕпрекрасно на ананас , кога се бањам мислам цела бања мириса , косата ми издржува и 4 дена без да ја измијам не ми се мрси воопшто и навистина дава волумен. Се мислам и балзамот за коса да го земам ама па ми е страв да не ми ја спласнува косата. Голема 10ка за шампонов. Цена - 7 евра MAC - Candy yum yum Како прво ќе кажам дека бојата е ФАНТАСТИЧНА , неон розева , и стои прекрасно на црнокоси и русокоси со светол тен. Се нанесува лесно иако е мат не е воопшто сув туку баш напротив како путер да нанесуваш на усните. Мала негативност е само што малку ми ги суши усните подоцна кога ќе се исуши така да морам да ставам лабело пред да го нанесам карминов. Исто така е многу многу траен , јади пиј не мрда од усните.Прв пат земам кармин на Мак , а наскоро ќе отворат и e-shop , баш ме израдуваа бидејќи во мојов град нема нивни продавници па така да конечно ќе можам да порачам и др нивни производи. Цена - 18 евра (јас на попуст го земав 13 евра)
Одамна немам пишано нешто тука. 1. Др. Хаушка крема за чистење на кожата, Зегин, 670 денари Спојлер Едно многу интересно кремиче/пилингче кое го користам веќе еден месец. На почетокот бев воодушевена од резултатите, многу ми го осветли лицето некако... После се нафрлав цела, па паузирав малку, мислев да не е од него, ама не е (читај збркани хормони). Сега пак го користам, ама не толку често, еднаш во два дена, затоа што така најмногу ми одговара. Многу интересна работа што не е да земе човек и да се затрие онака крвнички со него, туку треба да се тапкате и да се мачкате, како со помада. Внимавајте, читав дека ако се триете со него, може да се јави црвенило, иритираност, не дејствува ова на таков начин. Се мие после и лицето е меко, хидрирано, не е исушено... Не знам дали би го купила пак, сакам да пробам и нешто друго од типот на Виши, Авен и слично. Ама би инвестирала во некое малку поскапо средство за миење лице. Не за друго, уште некоја година па за брчки ќе треба да почнам да купувам. 2. Нивеа помада за лице, стандардна крема - 160-70 денари Спојлер Да, знам, малце контрадикторен избор со пилингчето од горе, ама чувствував потреба за оваа крема, не знам зошто. Гледам многу луѓе во зима се враќаат на помадичево, класика ми е некако. Многу убаво ми лежи на лице, за под шминка ја ставам дневната на Афродита, ама за вака, секојдневно, си се шлапам со оваа. Ме потсеќа на детство, на чист мирис. Убавко ми е и на раце да се шлапам, дефинитивно најомилен мирис, незаменлив со ништо друго. 3. Дав путер/крем за тело, јас го купив од Жито маркети за 199, во ДМ е 549 Спојлер Искрено го купив оти ме фана некое беснило и морав да си купам нешто за да си излечам нервоза, беше касно, ништо друго не работеше, ми се смачи од благуњави мириси што имав по дома... Сакав нешто чисто и така, плус намалено беше. Кожата многу мека, пижамите и алиштата ми мирисаат на чудово, критериумот да задржува парфем исто така исполнет. Ми се свиѓаат мене вакви работи во кутиче што се, гледам дека повеќе ги користам така неголи ако се во шише. Би го купила пак, веројатно нема пак за брзо затоа што сакам да пробам нешто друго, ама фина промена. Само не вреди за цената од ДМ, не е толку убаво де. (Ова ми е прва антиреклама на ДМ, се надевам ќе ми биде простено). 4. Пилинг за пети од Авон со чоколадо и калинка, 120-30 денари Спојлер Како не многу голем фан на Авон, пријатно сум изненадена. Ретко нарачувам и уште поретко ми се погодува нешто, ама сега се изненадив. Резултат видлив по прва употреба, јас си ставав на камчето за стругање и така си правев пилинг, убава, мазна кожа. По некое време не ни морав да ги стругам толку упорно со камен, доволен си беше и пилингот. Е не ми се допадна што е мало пакувањето, јас за некои три недели го исцедив, со секојдневна употреба правиме муабет, ама јас сум малце забегана за тие работи, така да... Мирисот зимски, да си малце пофлексибилен (читај послаб) да седиш и да си ги душкаш нозите по цел ден. 5. Крема за пети од Балеа, околу 100тина денари Спојлер Е многу сум забегана за кремиве и за шлакање, посебно пред спиење. Ама кремичево таков ќеиф ми направи, није могуќе. Многу е фино и лесно за употреба, практично е пакувањето, ја сакам да си го чувам до мене и пред да си легнам, да си ги намачкам петите. Предупредување - замијте ноџињата пред мачкање. 6. Нивеа дезодоранс, 170 денари Спојлер Јас сум обично верен фан на Рексона, ама веќе ми се смачи мирисот, морав да пробам нешто ново. Како што заклучивме, изминатиот период се навраќав на чистиот мирис на Нивеа. Немав прилика да го тестирам во екстремни услови, ама вака секојдневно, добро си ја врши работата. Задоволна сум, а не сум човек што експериментира со антиперспиранти. 7. Гарниер маска за раст на коса, 300-350 денари Спојлер Да ви кажам, ја купив на тепка, нова беше, мирисаше убаво, ја земав и ми се погоди. Косата не ми е воопшто расцветана, мириса убаво, нешто не ме бендисува формата каква ми е, ама тоа е веќе тема за фризерај. Нареден пат ќе земам некоја друга да пробам, мислев дека се пофуш. 8. Аура дуо руменило, 200-300 денари, не памтам точно Спојлер За ова многу мерак ми се направи кога го купив, 858 го имам јас. Јас сум потемна и бојата ми стои баш убаво, не е нападно кафено, убаво е и за денски и за навечер. Само внимавање треба колку ќе ставите, првите неколку пати бојата е поинтензивна, не сакате да се шетате како боени со кал. Убаво, трајно, не се брише лесно, цел ден ако сум излезена, ми стои, издржува. 9. Голден роуз, карминчињата што се како моливче, 130-150, така нешто Спојлер Вака сега кога го загледав, мислам дека ова е моето, евентуално една нијанса потемно. Фино боиче, убава текстура, сега за тие пари, не очекувам да стои 10 часа, нормално, треба да се освежи и помине повторно по устата по некое време, ама ништо страшно. Значи им нема рамни на Голден роуз за нискобуџетни карминчиња и моливчиња за уста, стварно ги погодуваат, бар и со нијанси и со мат и со се'. Ајдееее, пак кафе ќе треба да давам за да читате.
Ајде и ја прв пат во темава Пудрава на Дебора, се премислив за ревлонот ја земав оваа, не е тешка, и не светнувам брзо. Околу 650-70 денари беше. Каменава пудра од истата фирма, супер е, за чудо и покривна,но има една маана. На слика ме истава како дух. Околку 320-30 денари. Лакчињава кој ги измислил, Алал му вера. За 50 денари не можат да ги заменат ни оние од Есенс Гел лаковите. Го имам на мене веќе една недела, само на еден прст ми е излупен ептееенн малце.
Лаковите ги има и во Cosmo, најчесто стојат до касите. Многу ми се допаѓа што дијапазонот на бои е доста широк, и може да се најдат повеќе нијанси од една боја. Јас купив околу 5 лакови пред некоја недела, и исто како @jovana03 сум многу задоволна од нив. Претходно ги имам коментирано како Paris Memories, сега го смениле името во Paris Fashion. Доста се издржливи, јас ги нанесувам во два слоја и потоа го нанесувам gel top-coat-от на Golden Rose, и можам да кажам дека ми здосадуваат бидејќи издржуваат и до недела дена без да се излупат. Цената во Cosmo за еден лак е 40 денари. Ги препорачувам.
Секако дека може, еве слика од лакот, и ако не се лажам, цената беше 80 денари. Го купив во локална парфимерија.
Essence nail art - express dry drops- Долго време се мислев дали да купам ваков нешто , зашто некои лакови навистина треба да почекаш долго време додека се исушат. И не згрешив. Прво се нанесува лакот јас бидејчи нанесувам по 2 слоја чекам едниот да се исуши па потоа од кога нанесов втор веднаш нанесов и од капкиве , по една на секој нокт. Се се суши за 1 минута и потоа немаш гајле,лакот не се брише ниту се собира. Цена - околу 3 евра Gabrini eyebrow pencil - 102 - Вакво сивкасто моливче прв пат наоѓам и меко е многу убаво црта , мене многу ми се допадна и го комбинирам со гелот за веѓи ако сакам да ми се нијанса потемни. Original beauty blender - По неколку користени сунѓерчиња за нанесување шминка , се одлучив и да го земам оригиналното бјути блендер. Искрено толку пари за едно сунѓерче не ми се даваа. Сунѓерчево нема врска со останатите сунѓерчиња на пазарот , толку е меко , еластично немам зборови , единствена маана е што тешко се вадат флеките , но сепак има разни начини на миење и треба се да испробам. Толку е меко , нежно , навистина не се каам за дадените пари , веќе четки за течна пудра , камена , пудра во прав , коректор ретко кога ги користам. Цена - 17 евра (јас на попуст 15 го земав) Golden rose concealer brush - Прекрасна четка со меки влакна , убаво го нанесува корекрторот под очите , за тие пари е одлична. Цена - околу 180 ден Wet n wild megalast lipstick - Red velvet Немам некој посебен коментар да пишам за камрините на Wetnwild.Прекрасно пигментирана црвена боја , траен кармин , и копија на познатиот Ruby woo на MAC. Цена - 4 евра