1.Dove ролонот со виолетово капаче,многу убаво мириса,како некој парфем да имам ставено 2.Кармините S he од Дм,евтини се и траат долго. 3.Гарниер лосионот.
Крема за тело од Балеа. На мојата пресува кожа, совршено и одговара кремов. Иако при нанесувањето има малку 'потежок' мирис, за кратко време се интензивира, и мириса слатко и дискретно. Дополнителен плус е што и облеката прекрасно мириса, дури со денови. Презадоволна сум од првичната функција-и дава свежина и еластичност на кожата. Инаку кремава ја користам веќе една година, дека пред некој ден повторно ја купив, си реков ајде и во темава ќе ја пофалам. Цена 180 денари. Крема за раце со екстрат од цреша. Премногу проблематична кожа имам и на рацете, и константно морав да користам многу мрсни креми за раце..ми се перутат, суви се..дури на моменти имав и чешање. Секојдневно морав да користам мрсни креми. Пред легнување ставав Бекутан, а денски оваа крема. Има преубав мирис, доволно ми ја хидратира и омекнува кожата на рацете. Цена 55 денари. Терапијата од Eveline за нокти. Нема повеќе лупење на слоеви на ноктите и кршливост. За еден месец навистина имам долги и цврсти нокти, какви што од секогаш посакував. На сите со проблематични нокти го препорачувам! Цена 125 денари.
Одамна немам чкртнато тука 1. Aura correct me - течен коректор Спојлер Го купив на тепка, немав течен коректор, ај реков ќе го пробам овој. Задоволна сум ептен, зашто ми се случи 2-3 пати само на подочњаците да ставам и да излезам и не мрда 5/6 саати сигурно. Мислам го има во 6 нијанси, јас ја зедов 303, која ми е ептен погодена Цена: 220 во локална парфимерија. 2. Bioten BB cream - Medium Спојлер И кремава на тепка ја зедов, нит читав рецензии ништо буквално. Ми беше здосадено од пудри шлапање и купувајќи глупости од Тинекс ја земав и нејзе. Нијансата исто ми е многу погодена, само не ми се свиѓа што има малку сјаен финиш и мора да ставам камена, зашто мислам дека после 1 саат ќе светам ко лампион. Цена: 190 ден. 3. Maybelline - The colossal volum еxpress 100% black Спојлер Класика. Мразам гумени четки што ме грепкаат додека ставам, па оваа ми е идеална Околу 310ден. 4. Catrice - All matt plus Спојлер 5. Balea luxury golden glamour - крема за раце Спојлер Трето пакување користам. Брзо се впива, не е мрсна, и премногу ми ја омекнува кожата на рацете. Цена 89ден. од ДМ. 6. Kallos _ маска за коса Спојлер И маскава ја зедов на тепка ко и пола од производиве овде. Маскава е закон. Јас го земав малото пакување за 75 ден, 250 мл од Жито Маркет. Косата после маскава ептен лесно ми се чешла, мека е и свиленкаста. Плус споро се троши
Се изненадив од покривноста и трајноста Спојлер Број еден кожава ми е мека,нежна... Спојлер Откритие за кожа и за коса нешто предобро Спојлер Масло за тело од авон, мислев дека ќе бидам мрсна но одма се впива и дава хидратација. Спојлер Имам чувствителни непца, мојот стоматолог ми рече правам рани од што трзам на заби многу. Од гелчево непцата ми се смирија многу. Спојлер Најубавиот мирис го има лосионот од авон Спојлер Омилен овој месец Спојлер
Natural crystal deodorant stick - Производ на годината е овој кристал за под пазуви , веќе се откажав од обичните дезодоранси/рол он , содржат разни хемикалии и сето тоа оди во порите на кожата па низ лимфните јазли.. Овој кристал не мириса воопшто и содржи само две состојки од која првата состојка е вода. Се употребува така што прво го мокрам кристалот под чешма и поминувам низ пазувите двапати. Потоа слободно можам да кажам дека не мириам лошо во наредните 24 часа колку и да се испотам. Го земав од аптека по цена од 10 евра
Не сум баш сигурна што сè користев месецов, ама ќе спомнам три нови производи од кои сум презадоволна Avon 3D Plumping кармин (нијанса Mad for mauve) Не дека ми требаше уште еден кармин ама беа на попуст, 2 за 239 денари ми се чини, па си земавме со другарка ми по еден. Одбрав нежно розе нијанса, баш како за пролеттва Кога ми стигна малку бев разочарана, зашто ми делуваше многу блед, ама со два слоја се постигнува убав ефект. Имам и претходно користено кармини од оваа линија на Авон, така што останатите пофалби се исти - фино пакување, убава кремаста формула, не се суши и е пријатен за носење Има кармини што ми „тежат“ и толку ми се непријатни, што едвај чекам да ги избришам од уста. Ама овој не е таков Balea крема за раце со маслиново масло и путер од маслинка Влегов во ДМ по едно, излегов со друго И така си ја најдов кремава Беше на некоја акција за 69 денари, имаше различни видови, ама ја одбрав оваа со маслинка зашто мислам дека никогаш претходно немам користено таква. И ептен ми се погоди! Ја земав ко божем да си ја оставам на работа, таму да ми стои за да ми се наоѓа, ама си ја земав за дома Мирисот многу ми се допадна, а ефектот е одличен. Дури многу повеќе ми се допаѓа од Нивеа кремата за раце со шеа путер, која досега ми беше омилена. Ептен ја препорачувам Balea део спреј со алое вера Без алуминиум, без алкохол. Од пред повеќе од година ѝ откажав љубов на Рексоната и користев Балеа и Алверде спрејчиња без алуминиум. Арно ама, сите од нив содржат алкохол, па некогаш знаеја многу да ми ја иритираат кожата. Тука на помош дојде @UnordinaryOne на која ѝ упатувам еден куп благодарности што ми го препорача овој спреј Прво го барав оној во проѕирно стаклено шишенце, ама тој го нема кај нас, па затоа го земав овој како дезодоранс. За истиот спреј се работи, само во различна форма и пакување. Мирисот мене ми е прекрасен, ми мириса баш на чисто и на ништо конкретно. Е сега, трајноста не му е 48 часа сигурно, помалку трае од Рексоната на пример, ама некогаш го носам со мене за да се прснам уште еднаш во текот на денот и немам гајле
Премногу ми е мило што успеав да помогнам и мене дезодорансот ми е моментално омилен, мирисот е многу нежен, го обожавам, заштитата е добра и се изненадив колку не иритира и е нежен за кожата. Јас секогаш ја имам и патната верзија, прекрасна е за во ташна и за патување. Голем поздрав
Golden rose matte liquid lipstick - 10 Бојата е прекрасна , од поевтините кармини немам сретнато ваква нијанса кафена со ладен подтон , од кога ќе се нанесе на усни пиј јади не излегува со саати , единствена мала негативна забелешка е тоа што ми ги суши усните малку но затоа како што имам пишувано и претходно си нанесувам лабело во дебел слој и потоа немам никаков проблем. Цена - 5 евра Maybelline eyestudio lasting drama gel eyeliner - black Мислам дека си го најдов совршениот гел туш , прекрасен е има црна интензивна боја , седи додека не го извадиш (тешко се вади) јас ги имам најмрсните капаци на свет и дури без база за сенка ми стои по цел ден..не се копира , една голема десетка Цена- 10 евра Organic shop body scrub - organic coffee and sugar Колку само се израдував кога видов на фејсбук дека овие производи пристигнаа кај нас во Гр , Органик шоп спаѓаат под Натура сиберика (фирма со 99% органски производи) , така да одбрав пилинг со мирис на кафе. Прво мирисот е ПРЕ-КРА-СЕН , мириса на свежо мелено кафе , пилингот е многу густ и шеќерот внатре многу убаво ја чисти и масира кожата. Сигурно ќе ги испробам сите останати пилинзи Цена - 4 евра
Го купив шампонот поради тоа што косата почна многу да ми паѓа и да ми се масти почесто, претпоставувам од секојдневното миење на коса, па решив да купам поприроден шампон. Во последно време ги избегнувам шампоните на база на коприва/бреза, бидејќи кога и да ги имав користено, ми ја сушеа косата ужасно многу и не бев воопшто задоволна. Да напоменам дека Афродита шампоните имаат променет состав, па решив за таа цена да му дадам уште една шанса на шампонов, бидејќи ми се допаѓа тоа што не содржи силикон, парабени и парафини. Не очекував да бидам толку задоволна, воопшто не е агресивен како претходниот, не ја суши и не ја заплеткува косата за време на миењето. Темелно ја чисти, што ми одговара бидејќи во последно време редовно користам масла пред миење. Го комбинирам со регенераторот на Балеа од кокос и праска и на крај ставам од маслото на Балеа за суви врвови. Само со фенирање косата изгледа убаво и има сјај (тие што имаат сува коса знаат колку е тешко да се постигне ефект на сјајна коса). Позитивно изненадена и презадоволна Морам да го споменам и маслото на коса на Балеа, кое е мелем за суви врвови и буквално ми ја препороди косата откако го користам. Го обожавам.
1. Балеа пената за миење лице, ја користам редовно веќе 2 месеци, наутро и навечер, тестирано, испробано, предобро нешто, ете лицето ми сјае едноставно одкога почнав да ја користам. 2. Во комбинација со пената, го земав и пилингот, го користам еднаш до два пати неделно. Мало пакување е, да имаше и големо, големото би го земала, преубав е и нежен 3. Lancome nude miraclе, морав да ја споменам, не светнувам со камената пудра на Римел над неа, единствен минус е што нема пумпица и како би ја искористила до крај не знам 4. Lancome hypnose star mascara не е нормално колку издолжува!! Најдобрата маскара до сега што ја имам користено во животот, добиена како подарок, инаку не се исплати да даваш толку пари. Единствен плус ми е четката инаку ништо преспецијално, бидејки според мене четката ја прави целата работа околу трепките. 5. Коректорот на сите времиња, знам дека сто пати е споменат ама вреди 6. Кога го немам Кетрис го користам и Артдеко, поскапа варијанта ама иста покривност, така да сепак останувам на тоа дека Кетрис е пред Артдеко
Коритсаки да не знаеш , или некој друг да знае дали го има кај нас во Скопје gel eyelinerot na maybelline ?
@vogue.and.vogue јас мислам дека го нема во Мк овој туш на Мејбилин , бар зборувам за последен пат кога бев во Ск пред 3-4 месеца , го барав тогаш и го немаше. Ако сакаш да ги порачаш го има овде (имам порачувано од овде неколку работи , и за цел свет е бесплатен шипингот) http://www.lookfantastic.com/maybel...ama-gel-eyeliner-various-shades/10830479.html
Многу ми се погоди ова чудово. Нема некоја бог да чува покривност (додуша и јас имам подуени подочници што ништо на овој свет неможе да ги сокрие), но делот под очи убаво ми го осветлува и освежува. Најдобрата маскара што ја имам некогаш користено. Црни, издолжува, волумен значи се се супер. Единствено што не ми се допаѓа е непрактичноста на четката. Ја имам од нова година и уште не е засушена, додека за споредба новата (таа сивата) маскара од Авон ја купив пред еден месец и сува и грутки и се има на неа.
Дојдов да го пофалам коректорот на Eveline professional make up artist . Презадоволна од покривноста,кремаст и лесно се размачкува. Цената и повеќе од приступачна 180 денари. Во прилог слика на едното око немам ништо освен бесен подочњак а на другото имам ставено од коректорот.
Знам дека го имаш користено и течниот коректор на Катрис па како би ги споредила кој ти се допаѓа повеќе?