Прекрасен гел за туширање после секое туширање кожата ми е мазна и преубавоо мириса а и нема потреба да ставам крема за тело. Овие парфемчиња се парфемчиња од рајот пре убаво мирисаат и мирисот трае прилично долго цел ден и плус минатиот пат блузата што ја носев ја вратив во плакар и кога ја извадив денес се уште ја имаше миризбата значи дефинитивно омилени а се и прилично достапни за сечиј џеб ,цената им е околу 300 денари.
@Rose96 за покривноста тука негде се можеби тој на Катрис малце да е попокривен. Кај Катрис не ми се допага тоа што нема избор на бои, мислам 2 бои се преограничени за различни тенови. Јас го имав као тој потемнеиот ама џабе ми се познаваше многу бело околу очи. Не знам можеби јас не знаев да го нанесам како што треба или да го камуфлирам со некоја потемна пудра одозгора, што знам. Исто многу се растекуваше тој. Памтам зимоска од ладно ми се насолзија очите надвор и коректорот по цела линија на лицето ми се растече, онака буквално линија од него се направи и се познаваше. Исто така се собираше во брчите околу очите ама тој проблем со сите го имам така да... Овој на Евелин има барем поголем избор на нијанси не се само 2. Мрсничок е и убаво се размачкува . Е сеа за разлика од Катрис не ми се растекува по лице ко што кажав горе, ама овој ко да се собира па повеке во линиите под очите и на самиот капак пошто ја и капакот го мачкам со коректор дека и тој ми е црн ко ноќ ( се гледа од сликата горе). Покривноста е тука негде како што реков , а долготрајноста не можам да ја коментирам пошто ја во главно се шминкам коа искачам у град а преку ден онака полабаво за на работа колку да заличам малце на човек. Едино така попозитивно за разлика од Катрисот ми е тоа што кога ке се собере под очи полесно можеш да го корегираш т.е да го размачкаш пак со прст па дури мислам дека можеш да го надоградиш со уште еден слој, што со Катрисот нема шанса уште толку бел ке го напраи тој дел од лицето и на ништо нема да личиш. Се надевам ти помогнав.
1.Maybelline пудра (за пределот под очите) 2.Кристалот за под пазуви кое е мое откритие,презадоволна сум 3.Спрејот за стапала на Scholl 3.Шампонот на Head & Shoulders
Цената е 390 ден.Мирис нема.Сосем е природно,работи на принципот -каменот се навлажнува со вода и се става на чисти пазуви.Искрено вреди за парите,точно е дека е поскрап од другите дезодоранси но нема силикони/алуминиум или други тетни состојќи.Пред да почнам да го користам имав проблем со миризбата на потта.После првото користење имаше резултат.Битно е на чисти пазуви да се става и да се одржува хигиентата.Може да се дели уште некоја личност.Мене мајка ми ми го земала во Веро можеш таму да провериш.Истотака може и на стапалата да се користи.Се надевам помогнав малку.Еве линк какви дезодоранси/кристали има. Спојлер: Crystal http://www.thecrystal.com/ го ставив во спојлер бидејќи незнам дали смеам да рекламирам.
Се троши таму пишува дека трае 1 година,зависи.Мене ми се троши повеќе бидејчи ставам 2/3 пати дневно.Ама не жалам и побрзо да се истроши бидејќи вреди секој денар верувај ми.
Natura Siberica Sophora Japonica - day and night cream (oily skin) Се мислев долго време дали да ја пробам дневната крема на Натура сиберика за мрсна кожа , претходната на Боди шоп ми беше ок но барав по-хидратантна крема и наменета за мојата возраст. Ми се допаѓа што е во вакво шишенце , не се пренесуваат бактерии како со класичните пакувања , треба прстот да го ставаш внатре , милимитражата е 50 мл, има спф 15 што е супер бидејчи некои пудри за лице што ги користам немаат спф па така да со ова малку ја штитам и кожата од сончевите зрачења. Кремата е густа , ми падна на памет што ако ми ги направи додатно мрсно лицето - но не е воопшто така кремата веднаш се впива во кожата , потребно е малку да се стисне пумпицата и кремата се нанесува во мала количина. Ја користам веќе 2 недели лицето ми е прекрасно , исто така помага и во намалувањето на порите. Ја земав и ноќната крема , исто 50 мл само без спф. Исто е како дневната , брзо се впива во кожата , не ја осеќам масна во никој случај. Топло ја препорачувам ако имате можност да ја најдете (ги има производиве во Грција , во Србија по аптеките) не се воопшто скапи произодите а се органски (не содржат силикони , парабени , нафтени деривати итн). Има и други креми за лице , за сува кожа како и за чувствително лице. Цена - 11 евра и на двете креми
навистина помага за оние кои имаат акни добра е обична хидратантна крема супер ми ја отплеткува косата и уште овој шампон супер е за оние кои имаат проблеми со опаѓање на коса
@Love...music дали би можела да ги сликнеш состојките на шампонот ако не ти пречи,бидејќи шампонот е со подобрен состав :3 И како си задоволна од истиот,дали ти ја сушеше и заплеткуваше косата?