Oвие сјајчиња на GoldenRose ми се многу убави , лесно се нанесува, може да трае и 2 часа ..сакам потемни нијанси на сјаеви Исто и лаковите за нокти се совршени. Kремов го користам како подлога за шминка и добро ми ги затвора порите а кожата диши ..најмногу го купив заради тоа што мириса преубаво на некои билки растенија , јас би рекла на природа
Како почна косава да ми паѓа, ужас, ама верувам дека им е на сите така некој месец после породувањето. Што убаво си се навикнав, ич да не ми паѓа косата додека бев бремена, па сега ми е тешко. Ама затоа, најдов шампон што е одличен против опаѓање финтава е што кај нас го нема (ако некој го видел тука, или во некоја соседна земја, плиз, плиз, кажете ми), а купен е случајно, мажот ми го собрал од некој италијански маркет во Кабул, исклучиво поради мирисот, ама мене ми е ептен погоден. Не само што не ми паѓа косата, туку и ми ја прави супер мека, сјајна и поцврста. Не морам ни да се фенирам Ако најдете... плисссссс (смајли што моли со рачињата) кажете ми
Кремава Здраве ми е феноменална, случајно ја пробав кај баба, па си ја купив пред десетина дена... абе лицето џам, ем ја купив за 50 денари Исто така и шампонов ми се погоди, и плус не ми ја мрси косата
од каде ја зема кремава? сите ја фалат сакам да ја пробам ја видов на тезги случајно ама ми беше страв да ја зимам дека од тезги
Омилен продукт на месецот ми е гел за туширање од FA, mistique moments, не е можно колку убаво мириса. Да можам, по цел ден би се туширала А мора да го пофалам и Fa млекото за тело. Кожата ми е преубава, премека... А и преубаво мириса. Значи, месецов сум најзадоволна од производите на FA
Кремата ја земав од еден маркет жито, а и јас ја имам забележано исто и по тезгите ама мислев некоја фушарска е(дека нели бугарска)... ама никоја крема не ми се погодила како оваа, магична
THE BEST за месецов Лосион за тело [ Маска за лице (глина) Гел за лице ИИИИ немој да се изненадите вазелинов пробајте да го ставите на лице за 2 дена ќе ви биде стакло, многу добро регенерира
Ги одбегнувам Орифлејм и Авон производите, но ова го земав по препорака. И конечно цело лето си поминувам со убави мекани стапала и без груби пети. И јас и моите стапала се презадоволни, за само 1 минута потрошено време секоја вечер .
1.Шампон кој го користам многу одамна, а сум премногу задоволна и од мирис, и од трајност и од ефективност. Темноплавиот за првут што е и зелениот. Најубав мирис имаат. Спојлер 2. Најефективен во случаеви кога кожата се лупи. Не е премногу мрсен, но е доволно течен да ја хидратизира кожата. И има прекрасен мирис. Спојлер 3. Карминчево од Есенс си го земав од Албанија. Има многу убав мирис и ги прави усните меки. Иако има бледичка боја, не е од оние на кои бојата брзо им се губи. Спојлер 4. Можеби не трае 2 дена како што пишува (до сега не сум сретнала некое да трае 2 дена), но цел ден и тоа како држи. Воопшто како да не се потам. Чиста 5ка. Спојлер 5. Издржлив мирис кој трае. Не многу јак да не се издржува, многу е опивен. Прво го купив кафеното шишенце, а пред некој ден ги купив и црното и сивото. Спојлер
Луда сум по лосиони за тело . Од Авон и Орифлејм ги имам пробано скоро сите ( освен последниот од лубеница ама во план сум ) ...Овојпат решив малце повеќе да се ,,оштетам ,, и вредеше . Навистина овој е феноменален ,мириса фантастично , ексик парите што ги дадов ама барем го пробав и јас на своја кожа .