Дојдов да ја пофалам четкичкава. Прво многу е мека и нежна на допир, а во практика многу убаво бленда. Ова ми е прва четка од аура. Ви ја препорачувам. И спаѓа во омилени продукти.
Ве молам кажете ми што е разликата меѓу овие ми ги препорачуваа ама неможам да се одлучам никако....како да видов дека во голд i sunsataions има плу светки а во портокалевиот обичниот нема...според вас кој е најдобар и што коментар имате да кажете ?
Разликата е само во светките. Во овој голд има ситни светки и кога ќе се намачкаш на плажа ќе светкаш. Јас не го земав поради тоа. Го имам обичниот, портокалов. Нема светки, има структура како гел, малку потврдо. Треба убаво да се размачка. Јас почнав прво со 30ка фактор од КАМ, после продолжив со 6ка масло во спреј од Блек Ап,па на крај со Каротенот веќе кога добив боја. Инаку ако имате Тера Маркет или Кит го таму е најефтин , околу 380. Јас го земав од Џамбо 6е, во ЛИДЛ беше околу 10. Значи разлика драстична. Исто и на туристичките места е толку.
ЗНачи така а овие со светки што се геловиве глдам и ги нема баш послабо се во маркетиве..кај можам нив да ги најдам да не знаеш,оти обичниве сегде ги има?
Во Џамбо ги имаше и Лидл. Во Џамбо околу 8е беше, Лидл може и 14, не се сеќавам. Види во наше Џамбо, во Космо или некоја парфимерија подобро снабдена, Тинекс и др големи маркети.
уште немам купено денеска разгледав по маркетиве искрено сакам со светки ама никаде го нема во мојот град она со светки така да обичен каротен без светки заинтензивно ќе си земам...а многу го сакав ефектот со светки па и навечер за излегување shimmerin legs mmm extra би билоо хаха
Golden rose blush/bronzer brush - Изненадена од квалитетот на четките на ГР , решив да не давам толку пари за четка и ја земав оваа за бронзер и руменило. Влакната се меки , ја мијам скоро секој ден и нема паднато ниедно влакно. Ги препорачувам , четките се многу квалитетни. Цена- 3,5 евра Avene fluide matifiant - Кремава е спас за моево лице поготово во лето кога станува по мрсно на т-зоната. Се нанесува сосема малку исто така е добра подлога за шминка. Ја користам и наутро и навечер. Не содржи спф. Цена- 11 евра Avene cleanance gel - Гелот за лице секако дека неможе да отсуствува од мојата секојдневна рутина. Бев презадоволна од гелот за миење лице на Ла роше , ама решив да го пробам и овој на Авен, убаво го чисти лицето , го регулира лачењето на себум , секако е наменет за мрсна кожа. Го препорачувам. Цена- 6,20 евра - гоима и на акција 1+1 за 13 евра по аптеките Organic shop body desserts - Strawberry jam - Најдобриот пилинг за тело што сум го користела во животов. Изгледа како вистински мармалад , внатре има и вистински јагоди , а за мирисот да не зборувам ти доаѓа да земеш една лажица и да почнеш да јадеш Цена - 9 евра
Крем со заштитен фактор Eco cosmetics 50 Ова е производот со кој безгрижно го поминувам летово под врелите сончеви зраци и високиот фактор на зрачење. Го земав по препорака на дерматолог за алергиски проблем од сонце. Одлично се покажа и не го оправда мојот сомнеж дека ќе биде уште еден од низата несоодветни за мојата пречувствителна кожа. Има густа структура со карактеристики на пудра за лице и од таа причина неопходно е подобро размачкување за да се нанесе рамномерно на деловите изложени на сончевите зраци. Многу пријатно мириса, но малку создава непријатно лепливо чувство кое подолго трае во што се состои ефикасноста од заштитниот филм. Претставува висока минерална заштита од сонце (UVA/UVB) за екстремно чувствителна кожа со органски бобинки на волчји трн („Sea Buckthorn“) и органски маслинки. Кремата е ефективна веднаш по употреба и водоотпорна. Поседува ECOCERT сертификат за природна и органска козметика. Со континуирана употреба периодов имам впечаток дека лесно се добива боја и на градскиот асфалт. Се нанесува 20 мин. пред изложување на сонце. Го прогласувам за незаменлив производ во сезоната кога факторот на зрачење енормно ја пече кожата. Пакувањето е од 75 мл. по цена од1550 ден.
1. Nivea In-Shower Smooth Lotion Го користам кога се брзам и кога ми е претопло за да се мачкам со обични лосиони. Има убава текстура и мирис, ми ја омекнува кожата и не е премногу мрсен. Трае цела вечност иако јас знам да се замачкам со голема количина. Го користев тој на Авон и не ми беше толку добар како Нивеава. 2. Balea гел за бричење - Coconut Kiss Слабост имам кога ќе прочитам на некој производ дека пишува „кокос“. Имав пишувано за синиот гел за бричење, но сепак овој е подобар. Не ги споредив составите, сигурна сум дека се променети. Немам чувство на лепење на кожата како кај предходниот и похидратантен е. Имам во план да ги испробам сите гелови, одлично си ја вршат работата и сум презадоволна. 3. Fleurance nature - Hydra-matifying Fluid Преубав матирачки флуид за проблематична кожа! Иако бев решена за Виши, од аптека ми го препорачаа бидејќи предходно го користев флуидот од Логона и кожата ми се навикна на органско. Има лесен и освежувачки мирис, не е премногу густ и кога ќе се нанесе на лице веднаш се добива тој матирачки ефект кој трае по 6-7 часа. 4. Balea пудра за стапала Не ми ги поти стапалата и ниедни балетанки/патики ми се немаат замирисано. Очекував дека ќе мириса на ментол или нешто прејако, но мирисот е пренежен и дискретен. Must have за преку лето. 5. Golden Rose Terracotta Eyeshadow - 136 Љубов на прв swatch (не ми текнува на нашки како да го кажам). Збеснав по постот на @Rose96 и морав да ја поседувам сенката. Ја користам како хајлајтер бидејќи не ми се допаѓа многу како класична сенка. Ситни честички и одлична пигментација за малку пари, кога не можам да си го дозволам Glow Kit-от на ABH.
Ај,ако можеш од кај го го купуваш матирачкиот крем,и која цена е,за комбинирана кожа е,така?И колку се овие теракота сенки за очи?
@SAMIRA Матирачкиот флуид го купив од Зегин 899 денари. Имам мрсна кожа и супер ми се покажа. Terracotta сенките се околу 180 денари.
Одамна не сум пишала нешто овде... Периодов експериментирав со нови производи, без претходно прочитани рецензии, онака ги земав, и да не се подречам не направив некој кикс... 1. Bioten CC крема Ја открив пред некој месец, тогаш ја земав посветлата нијанса, сега второ пакување трошам, ја земав потемната. Совршена ми е за летниов период, има средна покривност, убаво го изедначува тенот и кожата изгледа многу природно и свежо. Содржи заштитен фактор спф20, а не содржи парабени. 2. Eveline Big Volume маскара Случајно ја земав маскарава, откако ја видов четката која е идентична како мојата all time favorite маскара, но тродупло поефтина. Спојлер Презадоволна сум од тоа како издолжува и истовремено дава волумен. Преку ден доволен е еден слој, а со два слоја се добива ефект на вештачки трепки. 3. Golden Rose Longstay Liquid Matte кармин Кога конечно ја најдов нијансата (10) што ја барав долго време, се разочарав од тоа како ми стои - мат ефект и помодрени усни. Но, тоа ми беше првичниот впечаток а воедно и шок. Сега таа нијанса ја мешам со нјуд моливче за усни и изгледа многу подобро. Ја земав и нијанса 1, неа буквално цело лето ја носам. Презадоволна сум од трајноста, не мрднува од уста со часови, јадам, пијам, зборувам и кога ќе се погледнам изгледа како штотуку да сум ставила. 4. Essence 2in1 Base and topcoat Чудово го користам или како база или како топкоут, затоа што нанесено како база, лак, па на крај како топкоут ми беше некако премногу, па дури ми се појавуваа и некои ситни грутчиња на ноктите. Тестирано ми е и со поефтини и со поскапи лакови, и едните и другите не мрднуваат се дури не ми здосадат и не ги избришам сама. Спас ми е стварно, смачено ми беше секој втор ден да се лакирам. И не знам дали е до ова и состојките кои ги содржи, ама еве откако го користам ми се нема поткршено ниту еден нокт. 5. Calvin Klein Down Town Ова ми беше љубов на прв мирис. Убав, нежен, ненападен, женствен... Си го открив совршениот парфем за во лето.