Прв пат слушам за овој сајт..мене Mecca ми е у маало, затоа никад не сум нарачувала онлајн. Инаку цената е доста повисока и во Mecca и на online store-от на Mecca. 100ml е 163 $, 50 ml е 72$. Али штом е волку поевтино од сајтов, ќе си нарачувам и ја Сега видов на lookfantastic.com, пишува дека е 140 £, што е многу повеќе од 60 евра. Вака испаѓа поскапо од Австралија
За месец септември Лабело Мелем Лак за нокти Малена бр.38. Кармин Дон Жуан 604 Пудра Божуа еар мат Молив за очи Гош, водоотпорен Дезодоранс Нивеа стрес протект
http://m.lookfantastic.com/eve-lom-...59.html?_ga=1.217130837.2101140993.1452019488 Eve poglednete 100 ml 68 evra
Мене ми го дава 55 £ сега на линков...не знам, мене може ми дава различни суми зашто пребарувам од Австралија... Лелеее па ова ептен се исплати! фала ти Beti82
1. Jonson baby losion Кога станува збор за нега на кожата во есенско-зимскиот период овој лосион ми е задолжителен во козметичкото катче. Пријатен и долготраен мирис, задоволително хидратантно својство без лепливо чувство и ефект на мека и нежна кожа е нешто што ми е најпотребно во студените денови . Пакувањето е од 300 мл. по цена од 159 ден. 2. Golden Rose Ice chic 24 Сезоната за потемни бои покрај облеката ја започна в со овој избор на лак за нокти. Прв од оваа линија на единствениот бренд што го користам е токму овој. Имав потреба од некоја поинаква боја што нема да биде стеротипна за претстојниот период, а добро ќе се комбинира со постоечките нијанси. Задоволителна трајност, лесно отстранување (без траги) и добар сјај по цена од 60 ден.
La roche posay creme moussante purifiante - Од овој гел за миење лице сум презадоволна , лицето го чисти многу убаво , гелот е густ во бела боја и кога го измивам лицето со вода го осеќам мат , идеално за масна кожа. Го користев и тој од 400мл со проѕирна боја , но овој повеќе ми се допадна. Цена - околу 9 евра NYX Taupe blush - Руменилово го користам 2 дена како бронзер на лицето и сум презадоволна од нијансата , кафена со ладен тон , не е воопшто портокалова на лице , се мислев дали да го земам бронзерот на Benefit Hoola или на The balm hot mama, но едниот ми изгледаше малку портокалов а другиот претемен за мојава светла кожа , така да одлучив да го земам овој на NYX. Прочитав на нет дека општо го повлекуваат од продажба , штета што секогаш добрите производи ги повлекуваат од продажба.. Цена- околу 7 евра Frezyderm matte effect cream - Кремава ја добив на тестер од аптека , ја истестирав 1 недела и се воодушевив , кожата ја остава толку мат , толку кадифена , пудрите се нанесуваат прекрасно што не треба дополнително да се нанесува прајмер на лицето , единствена мала негативност е тоа што не ја хидратира воопшто кожата , бидејќи лицето навистина го прави многу мат со сигурност можам да кажам 5-6 часа воопшто не светнува кожата. За сува , нормална и комбинирана кожа не ја препорачувам бидејки навистина може да направи проблеми на лицето да го пресуши. Кога ќе ми заврши кремата што ја користам обавезно оваа ќе ја набавам. Цена - 16 евра
Не темава ме немало одамна али никако да ми се соберат некои супер производи кои ги користам константно. Го користам за вадење шминка и совршено е. Два пати се мијам со него и ја отсртанува 99% од шминката, Уште еднаш после тоа го чистам лицето со мицеларна и тоа е тоа. Совршена ми е за течна пудра, рамномерно ја нанесува доволно е голема, најчесто ја користам неа. Имам проблем со темни кругови околу очите, коректоров совршено ги покрива и ми го осветлува тој дел, а не е воопшто тежок, можам да кажам и дека е еден од најлесните коректори што го имам користено, идеален е и за секој ден и за некоја потешка шминка, не се вовлекува во линиите околу очите воопшто. За неа немам што многу да коментирам, веќе е константа кај мене, ова ми е 4то шишенце и презадоволна сум. Одкако го земав мислам дека друг кармин немам ставено. Совршен е со дискретна боја, Убав дискретен сјај, одлична нега. Совршен е Ова ми е второ пакување од путеров, сите се запоставени покрај него. Совршена нега, лесно се упива, а мирисот му е совршен, на права свежа праска, цела куќа мириса на него кога ќе се намачкам буквално.
Дезодоранс Balea Soft Rock Дезодорансот го добив на подарок од Дм и требаше да напишам рецензија на нивната веб страна. Дезодорансот ги има сите позитивни критики и сите 5 звезди на подиумот. Остава свеж мирис колку и да се испотени, без траги на облеката. Презадоволна сум, веќе го купив второто паковање.
Tea Tree Oil го користам некои два месеци речиси секој ден и сум многу задоволна. Се исфрлувам на периоди поради разни причини, но маслово ми помага да ги отстранам бубулиците многу брзо. Дефинитивно е производ што ќе го купам повторно. На линкот има подетални информации за составот. Byphasse Cleansing Gel овој гел го користам секојдневно уште од средината на јули, кога беше на промоција во ДМ. Многу убаво го чисти лицето, а притоа не ја суши кожата воопшто. Со него отстранувам шминка, обична (не водоотпорна) маскара, а кога носам пудра користам силиконска четка слична на оваа. Пакувањето не е баш најдобро, бидејќи гелот е густ и мора странично да се наведне додека се отвара за да не истече вишок. Gillette MACH3 Razor најдобриот брич кој што некогаш го имам користено. Со редовно одржување ова мислам дека може да трае вечно. Го користам нешто повеќе од пола година и ниту еднаш го немам сменето сечилото бидејќи нема потреба. Го мијам убаво после секоја употреба и го оставам да се исуши така што водата ќе истекува од сечилата, не да се собира таму. Не ми прави никакви иритации (со многу други имав таков проблем), презадоволна сум од овој производ. Маска за лице за сува кожа од Алверде ми стана омилена маска по која што посегнувам доста често. Прави разлика, кожата ми е поздрава благодарение на маскава. Mask of Magnaminty ја користам до три пати неделно веќе два месеци за да ми ја избалансира кожата, бидејќи ми беше и мрсна и сува истовремено, а маслата и кремите кои ги нанесував често не се впиваа добро. Сега го немам тој проблем повеќе, кожата ми е моментално нормална накај сува поради времево, што сметам дека е нормално. Планирам да пробам и други маски за лице и тело од Lush наскоро. Bio Argan Shampoo Alverde веќе ми е при крај па можам да кажам со сигурност дека ми се допаѓа. Скалпот ми беше зависен од head & shoulders и никако не можев да најдам нешто што ќе го замени на долг рок бидејќи од секој шампон после горе споменатиот, или косата ми се полнеше со првут или пак ми се мрсеше премногу бргу. Ќе продолжам да ги користам шампоните на Алверде. Balea Bodylotion ѝ дава хидрадантност на кожата, а не е премну мрсен. Доволно е мала количина за целото тело. Често после лосионите за тело кожата повторно но ми е доволно хидрирана, што може да се должи и на други фактори кои не се поврзани со лосионите, но откако почнав овој да го користам, кожата на телото ми е постојано хидрирана. Rainforest Shine Conditioner ова веќе ми е второ пакување од маскава. Ми се допаѓа како ја хидрира косата, мирисот ми е пријатен (читав дека на некои им пречи) и ѝ дава сјај. Косата изгледа поздрава и попријатна на допир кога ја користам маскава.
за кокосовото сите си знаете ( ми излечи лишаи на рацете , го ставам на коса пред да се бањам , отсранувам шминка со него и што уште не ) (го користам недела ден и можам да кажам дека е најдобар сапун што сум користела до сега) (Одлични ми ги прави трепките со само две нанесувања ) ( мат е , многу добро се нанесува и е доста траен исто така )
1. Golden rose Ball Blusher Пигментирано е и доволно е нежно да поминеш со четка и да нанесеш на лице. Мислам дека цел живот има да го користам. Цена: 250. 2. Golden Rose Velvet Matte 31 Воопшто не ги суши усните, има мека, кремаста текстура, а бојат е сон. Цена: околу 120. 3. Golden Rose Rich Color 45 Планирав да купам посветла нијанса на црвено, но кога ја видов оваа боја тоа беше љубов на прв поглед и морав да го купам. Има дискретни светки, со Top Coat ми стои 3 дена, потоа почнува да се лупи по малку на некои места, што е единствена мана. Цена: 60
The body shop tea tree oil targeted gel treatment - Како и од маслото од чајно дрво , ПРЕ задоволна сум од ова гелче на Боди шоп , има апликатер и со него се нанесува директно гел на акните. Овој период ми се јавија доста акни на лицето на брадата поточно и овој гел многу ми помогна , едниот ден имам бубулица - другиот немам , акните исчезнуваат за еден ден. Бидеки многу ми има помогнато овој производ , сакам да ја набавам цела колекција од tea tree oil. Единствено негативно е што има мааалку производ внатре , само 2,5 мл , така да брзо ќе ми заврши Цена - 6 евра The body shop - Satsuma body polish - И овој пилинг (гел) со мирис на портокал - грејпфрут влегува во омилени производи на вој месец , мириса ПРЕкрасно како и сите производи на Боди шоп , прави убава пена , внатре има ситни зрнца и парчиња портокал , читав рецензии на интернет повеќето викаат дека им мириса на мандарина , мене баш спротивно ми мириса по киселкасто Од кога ќе се избањам потоа 1 час мириса внатре бањата , на пилингот Само нареден пат би земала од обичниот пилинг во тегличе бидејќи мене лично покрупни зрнца повеќе ми се допаѓа во еден пилинг за тело , осеќам дека послабински ја чисти кожата. Цена - 10 евра Sephora Brillance shine - top coat - Немам нешто посебно да кажам за топ коатот на Сефора , му давам 10ка , се суши брзо , лакот сјае и дава голема трајност , околу 7 дена овојпат ми стоеше лакот на ноктите. Цена 7,50 евра
@havai 123 за жал нема Боди шоп во Македонија а нема ни др држава што доставува до Мк , баш сега проверував