Alverde fix sprey / limited edition / - Спрејов за фиксирање на шминка од Алверде е прв досега спреј што сум користела , цената беше околу 200 денари , шминката останува на лицето подолго време а мирисот многу ми се допаѓа , мириса на рози најмногу ми се допаѓа што е природен. Незнам дали го има сеуште во продажба јас го земав негде септември месец кога имаше некоја лимитидирана едиција. Golden rose kabuki brush - Прекрасна , мекана четка , камената пудра ја нанесува многу добро , и досега ниедно влакно ми нема паднато. Цена - 6,50 евра
Прекрасно мириса гелов за туширање од Авон секогаш го начекувам за 100 денари а е 500мл. Најдобра маскара дефинитвно. Презадоволна сум. Донесено ми е на подарок , прекрасно мириса на цреши и ванила. Омилен ми е мирсов на какао а и одлично ја хидрира кожата. Масло од Арган за коса. Презадоволна сум , ја прави мека косата сјајна а и убаво мириса. Го купив цел овој комлет(шампон регенратор и серум за коса ) пред 1 недела и морам да го пофалам дефинитвно нема утка со Пантен
Се ближи крајот на Декември последен месец за крајот на 2016 година 1. Kallos шампон за коса - Кератин Нешто неоописливо за мојата коса, се борев со првот и опаѓање, суви врвови, од кога го користам тоа се веќе заборавени поими. Презадоволна сум, 1000мл - 150 денари во поголеми маркети. Косата ми е мека, ми свети и најважно е нежна како свила. Не би го менувала за ништо. Одличен квалитет. 2. Eveline капки за коса од арган Жалам не можам да ви доловам со слика, не можам да пронајдам. Топло ги препорачувам, одличен спас за после шампонирање ама не се става на коренот бидејќи ја мрси косата во тој предел. 3. Full beauty volume Bourjois - маскара. Маскарата ми е апсолутно секојдневна овој период. Дава волумен ама ги сплеткува трепките. Мене ми се допаѓа поради интензивната боја и поради тоа што ја купив на лето и ја имам скоро 3 месеци, што е поен + дека не се суши брзо. Ја купив во комбинација со пудрата Air Mat така да не знам колку чини само маскара. 4. Make up eye remover Sephora Одличен производ. Го зедов од Сефора во Прага за нешто помалку од 4 евра. Се зезнав малку, но тоа е. Одлично ја вади шминката од очите и не пече, потоа можам слободно да исплакнам со млака вода. Би си го купила повторно и овој пат поголема милитража . 5. Ziaja гел за туширање од какао путер. Иако малку го користам доволно ми е да го пофалам. Презадоволна сум и е прв ваков производ кој сум го купила ефтино, а да не се чешам после туширање. Мирисам на чисто низ цело тело, акциски производ 1+1 за 199 денари во Космо Тинекс. 6. Farmasi моливчиња за усни Морам да ви ги пофалам, одлична пигментираност, лесно исцртување, а можете да ги користите низ целата усна. Јас имам темно бордо и некогаш го користам така без кармин. Супер производ
1.Кармин за усни Rimmel Kate Moss 105 Оваа е првиот кармин што го користам од Rimmel и многу сум задоволна. Иако не сум некој љубител на кармини го земав поради компактниот состав што многу ми е важен поради изразено суви усни. Пред нанесување задолжително употребувам лабело. Трајноста не е многу изразена и ми одговара таквата карактеристика. Многу побитна ми е бојата што долго време ја имав како визија, а сега е дел од моето секојдневие без посебни планови за потрага. Барав друг производ, но најдов нешто што не очекував дека ќе биде достапно како производ со конкретната боја. Цена: 200 ден. 2. Крем за раце Balea со минерали од мртво море и алое вера Понесена од личното искуство од употреба на производи со ваков состав го земав кремот од Балеа. Ми беше потребен за овој ладен и студен период кога кожата без соодветна и континуирана нега може да биде во лоша состојба. За одржување на меки и нежни раце потребно да се употребува почесто во текот на денот особено кога рацете не се подложни на вода. Ја земав со конкретна намена и за таа цел ја носам во чанта. Има дискретен и долготраен мирис што посебно ми се допаѓа. Цена: 89 ден. 3. Гроздова маст од Bones Farm Усните се посебно чувствителен дел. Надворешните фактори како ветерот и сонцето можат да ги направат суви и да го забрзаат процесот на стареење. За време на летните и зимските периоди потребна е дополнителна заштита за усните. Има мека и масна структура, ја одржува негата и ја користам исклучиво во овој период. Малку чини, а многу значи. Не можев да најдам соодветна слика, па го прикачив пакувањето. Цена: 16 ден. Спојлер: . http://www.danaifarm.com.mk/sites/default/files/bonlipBalsam-_0.png
Еве ја и мојата листа со омилени производи за декември, мислам дека не заборавив ништо. Dove купка со шеа путер Некако ми досадија Senses геловите за туширање од Авон, а со години ги користев, па овојпат одбрав Dove, иако нивните купки никогаш ги немам користено. Одбрав набрзина во маркет, купувањето ми беше буквално како мачка во вреќа, не го ни помирисав, само го одбрав според етикетата. И искрено не се покајав, добив многу нежен мирис, кој на мое изненадување прилично трае. Тоа никогаш и не ми било битно, зашто задолжително користам лосион после туширање, ама уште после првото бањање осетив дека кожата ми мириса на купката Balea пилинг со екстракт од лотосов цвет Од оваа линија прво го пробав гелот за лице за кој имам само пофалби, а потоа и тоникот кој воопшто не ми се допадна. Бев на два ума дали да му дадам шанса на пилингов, ама и онака го начекав на попуст, а ми требаше пилинг за лице, па си се убедив да го земам Мириса исто како гелот - прекрасно! Многу ми се допадна што има малку покрупни гранули за разлика од други пилинзи што ги имам користено, а кожата после тоа ми е како на бебе Искрено да можам би го користела и почесто од два пати неделно, како што му пишува во упатството. Wilkinson Sword Quattro брич Во принцип го избегнувам бричот, ама некогаш кога немам време за депилирање (користам депилатор), морам набрзинка да се средам на ваков начин. Досега има користено обични шарени бикчиња на Bic, ама ајде си реков ќе пробам некои од овие во machete стајл И морам да кажам дека сум многу позитивно изненадена од ефектот. Стварно има разлика во тоа какво бикче користите, а овие ептен ви ги препорачувам. Кожата мазна и нежна Ниту еднаш не ми се исфрли после тоа, ниту еднаш не се расеков, сè на сè - супер Balea гел за бричење со алое вера и масло од авокадо Стварно мириса на авокадо Никогаш немам користено гел за бричење, само пена, па не знаев ни што да очекувам. Го земав за проба и сум презадоволна! Мислам дека ќе ми трае многу подолго од пената, затоа што е потребно сосема малку, стварно многу мала количина. Имав мака со тоа првите неколку пати, ставав повеќе од потребното, па после не можев да се измијам Ако претходно не сте користеле гел, ви препорачувам првиот пат да пробате со што е можно помалку гел, прво да видите колку се распенува, за да не претерате Planet spa ревитализирачка маска за лице со екстракт од црн кавијар Планет спа ми е омилена линија на Авон, особено ги сакам нивните маски за лице, а бидејќи сум љубител на peel off маски, без размислување ја купив оваа. Маската е како течно злато кога ќе ја нанесете, се суши брзо и лесно се одлепува после тоа. Од истава линија ја имам и маската со бел чај, исто е peel off, ама оваа со кавијар некако повеќе ми се допаѓа. Таа со бел чај има поосвежителен мирис, ама оваа некако почисто ми го остава лицето, помеко и понежно. Како и да е, на другата маска не и откажувам љубов, и таа често ја користам.
Omileni produkti mi se labelata na Burt Bees i losionite na Victoria's Secret. Drugi proizvodi sto kontinuirano gi koristam bas i nemam. Ne znam dali vazi za proizvod koj bi se spomnal vo ovaa tema megjutoa najnov del od mojata rutina e pienje na tecen kolagen. Go pijam samo nekolku nedeli, no zasega mi deluva kako da ima dobri efekti na mojata koza.
Веќе пробав многу различни производи како од препаратива така и од декоратива, а одамна немам пишано во темава. Однапред се извинувам за долгиот пост 1. Balea пена за лице Предобра. Порано го користев пилингот од истата колекција но пенава е многу подобра. Споро се троши. Одлична за секојдневно користење, малку го суши лицето но ништо страшно со крема се решава. Исто така многу добро служи за отрстранување на шминка од лицето доколку немате друга алтернатива. Цена: Околу 160 ден. 2. Nivea крем за лице Кога сме веќе кај хидратацијата оригиналната крема на Нивеа највеќе ми одговара во овој зимски период . Иако имам мрсна кожа, ми треба хидратација а кремава ми е супер. (на лето неможам да ја користам) Цена: Во зависност од големината,цените се различни. 3. Balea пилинг за лице Да се надоврзам за негата на лице. Пилингов го користам еднаш неделно бидејќи ми е многу јак за почесто користење. Одлично го чисти лицето. Препорачувам. 4. Balea шампон за суво миење на косата Производ без кој едноставно неможам. Ми се погоди највеќе од сите суви шампони што сум ги пробала, предобар е. Не ја лепи косата, се впива и не го чувствувам после нанесувањето. Спас за мојата мрсна коса. Цена: 120 ден. но често може да го најдете на попуст за 99ден. 5. Pantene repair and protect шампон за коса Овој највеќе ми се допага а ги пробав Aqua и оној за првут. Темелно ја чисти косата и не ја мрси дополнително. Цена: Околу 160 ден, зависно од маркетот. 6. Afrodita гел за туширање со масло од јојоба Омилен веќе некое време. Споро се троши, многу е густ со оглед на маслото во неговиот состав. Кожата ја прави толку мека што немам потреба за лосион. Цена: Околу 130 ден. 7. Bourjois Air Mat пудра за лице Што се однесува до пудрата за лице имам два фаворита, во однос на секојдневно користење и користење за посебни/специјални прилики. Првата е Аир мат од Боржуа. Веќе спомнав во соодветната тема дека конечно сум ја пронашла пудрата која што ми одговара за мојот тип на кожа, и стојам зад тоа. Прекрасна пудра. Долготрајна, одличен избор на нијанси (јас ја користам најсветлата), не се чувствува многу на лице. Заради цената, и заради тоа што е за нијанса потешка од другата пудра што ќе ја споменам, оваа би ја сместила во категоријата на пудри за специјални прилики. Цена: Мислам дека редовната и е околу 830 денари, додека често е на акции. Јас ја купив 550. 8. Catrice HD пудра за лице Ова е другата пудра за која што сакав да зборувам. Одлична ми е за секој ден. Исто така долготрајна, стои додека не ја избришам. Единствено нијансите се проблем. Ја земав најсветлата и за чудо ми е малку светла а мислев дека ќе ми одговара. Има слаб избор на нијанси . Цена: Околу 450 ден. 9. Make up revolution палета од хајлајтер, бронзер и руменило Одлична палета во која добивате се што ви е потребно за убав изглед на лицето. Бронзерот не е темен туку и совршен за контурирање. Руменилото е со убава розева нијанса, не прејака, одговара на светол тен, а додека пак хајлајтерот ми е омиленото нешто од палетава. Одлична сивкаста нијанса, му дава убав сјај на лицето. Цена: 4 фунти од страната на Superdrug во Англија. Не сум сигурна дали може да се најде кај нас. 10. Malena течен кармин бр. 119 И за крај нешто на кое што душата му ја извадив. Го носам секој ден. Одлична нјуд нијанса што одговара на секоја шминка, дали секојдневна или вечерна. Не е многу кафен нити пак блед. Не ја суши устата, долготраен. Совршенство. Цена: 120 ден.
1. Свежина која трае во текот на целиот ден и не пропушта 2. Дава природен изглед на веѓите 3. Не се брише воопшто 4. Мириса преубаво и вреди за цената. Го земав од Авон од минатиот каталог 5. Убави топли тонови имаат бронзерите на голден роуз и доловуваат сосема природен изглед.Топло ги препорачувам
Alverde cover and stay - 10 cashew - Оддамна сакав да пробам некоја органска пудра , но бидејќи имам масна кожа често ги одбегнував нивните производи , никогаш не застанував пред штандот на Алверде. Ја земав пудрава на Алверде пред 3 недели и од тогаш ја тестирам скоро при секое шминкање , се изненадив од тоа колку покрива , дури ни коректор не е потребен , треба да се нанесе малку за целото лице во спротивно се чувствува `тешка` на лицето Највеќе се израдував што нијансата 10 одговара на мојот тен. По мое мислење одговара за сите видови на кожа , без пудра во прав ја немам пробано а инаку околу 4 часа на моево лице , доволно за преку ден. Цена - јас ја земав со попуст на крајот на декември над 250 денари не беше Gamarde sebo control cream - Оваа крема ја имав користено и лани летото , по што почнаа да ми излегуваат некои чудни бубулици и престанав со користење , но имав хормонси проблем па џабе ја ставав кремата во темата за производи што нема да ги купам Кремата е одлична , мат , потврдувам дека од кога почнав да ја користам кожата ми стана нормална и веќе не се масти како порано. А плус органска е составена од 12 различни масла Цена - околу 900 и нешто денари со попуст Alverde mineral powder 01 porcelain Пудрата во прав ја земав заедно со течната на Алверде , убаво ја матира кожата и мириса многу многу убаво. Нијансите исто така се само две , првата порцеланска баш ми се погоди
Лакчињава ми се откритие на месецов, убави бои за периодов, убава четка за нанесување, брзо се суши и стои нечепнат на ноктите сигурно 4дена ^ ги имам овие две нијанси, другите не можам да ги најдам ги разграбале Цена 119ден. ^ сликата со бројчињата дека се металик како други бои да се, но 115 е сивиот, 130 е бакарниот @buba4e89 сега гледам, да руменилата погоре се на Буржоа
Ќе го издвојам млекото за тело на Бекутан ( со пумпица, попрактично) . Убав мирис, лесна текстура, и убаво хидрира. Во принцип не менувам работи, се ми е исто со години, ама млекото за тело Dove го сменив со Бекутан ( Dove многу непрактично пакување, секогаш останува на крај , неможе да се дотроши, тубичето се витка по неколку стискања и не стои право)
Дојде ред за омилени производи за јануари Ќе почнам со моето откритие на месецот, па и на годината Batiste шампон за суво миење (за бринети) Нешто стварно прекрасно! Претходно го имам користено сувиот шампон на Балеа, ми вршеше работа, ама единствено што не ми се допаѓаше беше тоа што ми оставаше бели траги кои после делуваа како првут. Сакав да пробам некој ваков шампон за бринети, ама овојпат се решив за Batiste зашто многу повеќе пофалби прочитав за него. И стварно не можам да се пожалам од ниту еден аспект. Од стратегиите кои јас ги имам испробано во врска со сувите шампони, како најдобра ми се покажала следната постапка - прво прскам од шампонот на различни делови од косата, оставам така да отстои околу 5 минути, после ја чешлам, поминувам со кабуки четка низ прамените и voilà - имате чиста коса што многу убаво мириса Воопшто не ја сплеснува косата, дури некогаш го користам за да додадам волумен. Пред да го купам шампонов косата обично ја миев секој втор ден, сè додека еднаш не си реков дека морам некако да го пролонгирам миењето, па тргнав во потрага по некој добар сув шампон. Сега веќе ја мијам на 3-4 дена. Balea бисерен балзам за усни Вакви балзами користам наместо лабело, а бидејќи во последно време почнав ептен да ги губам по џебови и ташни, ова прво ми фати око во dm кога пребарував во тие производи. Нема некоја конкретна боја, плус ми се допаѓа што не е леплив, а остава убаво чувство на мекост. Го користам и како подлога за кармин. Golden Rose Dream Lips моливче за усни (нијанса 511) Барав нијанса слична на еден убав кармин што го имам (и што го изнаносев периодов) а ова беше последно од таа нијанса, па претпоставувам дека доста се троши Многу ми се допаѓа, некогаш го користам и без кармин, само во комбинација со балзамот од погоре. Има убава пигментација и кремаста структура. Е сега, за трајноста не можам да кажам, зашто јас и онака на секој 10 минути пијам вода, кај мене вакви работи тешко да издржат Ама затоа цело време ми е во ташна Melem крем Иако летоска пишав на долго и широко во соодветната тема, морав и овде да го ставам мелемот, зашто како што и претпоставував - зимава ептен го користев и многу ми помогна за сувата кожа. Од ладното кожата на рацете ми пука, па мелемов ми беше спас. Исто го користев и за лактите и стапалата - после пилинг и турпирање, ги мачкам, облекувам чорапи и до сабајле ми се како на бебе. Стварно само пофалби имам за овој производ. Delia антицелулитен путер за тело Обично избегнувам да пишувам за вакви производи, зашто секогаш очекуваме чудо од вакви креми, без да припазиме што јадеме и колку вежбаме. Сепак решив да го ставам меѓу моите омилени производи за јануари. Го купив сосема случајно, беше на некоја акција во Космо ми се чини. Не очекував ништо посебно, ама имам навика пред вежбање да удрам една масажа на нозете со некоја ваква крема, а претходната од Solutions ми беше при крај. Структурата на кремава баш е како путер, уствари повеќе личи на маргарин Мене многу убаво ми мириса, баш како кафе После некое време забележав дека ми се измазнува кожата на нозете, баш делуваше убаво затегната (сепак да напоменам дека редовно вежбам и пијам минимум 2 литри вода дневно). Мене многу ми се допадна кремава, во план ми е пак да ја купам, башка не беше многу скапа ако добро се сеќавам.
AnaKarenina,Батист сувиот шампон остава ли боја? Кафеав ли е или безбоен? До сега го користев обичниот,ама баш како што викаш остава многу бел прав по косата што не делува баш убаво. Па се мислев за овој.
Јас прво мислев дека е безбоен, ми делуваше како лак за коса кога прскав, ама после приметив дека остава кафена боја. Малку посветла кафена од мојата коса, ама во секој случај не се познава откако ќе поминеш со четка, далеку подобро од белиот
Леле те молам кажувај од каде го купуваш, зошто ме излудува оваа моја мрсна коса.... Денес ја мијам, утре мрсна е веќе