@only44you јас од dm го земав, евентуално може во Космо да го има Можам да ѕирнам па да ти кажам. Или ако некоја знае каде го има освен во dm - нека пише.
Vi blagodaram mnogu..... A DM samo vo Skopje imaat prodavnici? Vo Bitola da ne imaat slucajno da znaete ?
На Јануарското мени, па и на менито веќе подолго време: 1. Маската на Планет Спа од мароканско арганово масло. Подобро нешто, нема! Маската се нанесува на чисто лице, ја оставам 20 минути да стои. По боја е кафеава, дури како некоја потемна нијанса на пудра , а на мирис е како некој парфем, предобро. Но, секако, најважно, мене ми е предобра за лицето. Освежува, омекнува, чисти, смирува, опасно добро e чувството после неа Сега во план сум да ја пробам онаа од бел чај 2. Класичниот Дав сапун. Ми одговара многу за телото и миење на лицето. 3. Исто производ на Планет Спа, крема за раце од лаванда и јасмин. Може мирисот на секој нема да му се допадне, повеќе мириса како на ментол, но дефинтивно на нешто чисто. Во однос на ефикасноста, исто ми е одлична како и глицеринските креми за раце. Малку да се стави, доволно е и рацете ги прави ептен меки. 4. Голден Роуз, сатен-мат. Не можам да престанам да го носам Спојлер: Тонот на нокт како стои :) 5. На крај на менито, фрагрантски избор Каде Сунчица без Поемата?
@Rabbit Сега двојче. Првпат имав земено тој тип на лак и ми се потроши и тргнав да купам нов, без да видам која бројка е. Таму кога стасав, гледам две исти, 1 и 2, ептен мала видлива разлика имаа, па зедов двојче, мислејќи дека тоа е тоа Кад сам се вратила кучи, видов дека уствари сум имала 1, ама и двојчето не е лошо Мене currently ми одговара на расположението Ни сјајно, ни во боја, ама пак, не е ниту проѕирно, да речеш дека си без лак. Си го вметнав во класиката
Golden Rose stick foundation Ја користам пудрава уште од летоска и од сите (поскапи) пудри и со позвучни имиња кои ги имам пробано оваа ми е најпогодена до сега. Ми има солидна покривност и што е најбитно не се ни познава на лице дека ја имам. Многу често добивам пофалби дека многу убаво ми изгледа лицето кога сум нашминкана со нејзе и дека конечно сум ја погодила правата пудра. Исто така голем плус ми е тоа што има повеќе нијанси а не само 3-4 па мимслам дека секој може да ја најде соодветната за него. Цена 190 ден. Golden Rose Longstay liquid matte lipstick Иако во една тема се пожалив од карминиве дека пуштаат некоја чудна течност после некое време сепак ми се омилени бидејки имаат неверојатна издржливост на усни. Иако се мат и ја сушат устата за мене се најдоброто нешто од кармин што го имам пробано. Цена 250 ден Byphasee млеко за чистење лице и очи за сите типови кожа Млеково за чистење на шминка ми е откритие на веков. Пренежно е, многу убаво ја чисти шминката од лицето и што е најважно не печат очите од него за разлика од други вакви производи. Со еден тупфер цело лице ми исчстено и што е најважно после тоа ми е нежно како бебешко газе. Шишето е 500 мл и мене лично ми трае со месеци а го користам секој ден. Цена 200 ден Ebelin Maxi Pads Тупфери за отстранување шминка. Убавото кај овие тупфери ми е тоа што се големи и со еден можам да го поминам цело лице. Структуираната страна им е наменета за отстранвање шминка а мазната за нанесување креми. 100% памук се и многу се нежни и мекани. Цена околу 70 ден
Кокосово масло Го употребувам веќе месец дена на скоро цела коса (не на коренот) , нанесувам од маслото и ја држам косата во крпа околу 1 час. Немам зборови колку убава ми ја прави косата , сјајна мека иако имам масна коса не ми ја мрси во никој случај , а порано ја избегнував неговата употреба баш поради ова. Цена - околу 320 денари ( зависи од аптеката) Nuxe Huile prodigieuse - масло за коса , лице и тело - При првото нанесување на маслово , мм ме праша кој парфем сум ставила буквално маслово мириса неверојатно прекрасно , го нанесувам на косата и телото по бањање , косата ја прави сјајна и секако треба да се внимава да не се претера. За преку лето планирам да го земам тоа со светките Цена - со попуст го земав 12 евра Natura siberica - Northern soap for deep cleansing - Пред некоја недела го земав конечно црниов сапун - маска на Натура сиберика , и сум презадоволна.Лицето го осеќам навистина чисто по неговата употреба. Ова нешто најчудно што го имам ставено на лице. Воглавно е составен од активен јаглен , длабинско ја чисти кожата. Со сапунот има и едно сунѓерче што кога ќе се намокри е мекано а кога ќе се исуши станува тврдо како камен. Сапунот се нанесува со помош на сунѓерчето се прави масажа и во зависност на кожата се остава на лицето - ако е масна кожата се остава како маска 5 минути да се исуши и се вади со помош на сунѓерчето , а ако е сува од кога ќе се нанесе се мие лицето веднаш со помош на претходно исплакнатото сунѓерче. Еве најдов нешто и на српски , кој го интересира може да види и повеќе слики http://bobica.rs/natura-siberica-severni-detoks-sapun-za-dubinsko-ciscenje-lica/
1. Ги негува ноктите и ги омекнува кутикулите. 2. Четкава е многу нежна и многу убаво нанесува (јас руменило нанесувам). 3. Има лесна текстура, содржи масло од јојоба и лесно се впива.
@Elence93 сега гледам дека си ме тагнала за жал го нема сеуште сапунов во Мк , јас го земав од Грција од аптека 16 евра
Најдобро нешто што го имам ставено на лицево до сега. Very, very nice, прв кармин од Авон што ми се допаѓа искрено. Едно време се откажав од авон, но чудово дојде во иста боја ко во каталогот, и не знам како е мат а хидрантатно. Мислам дека целата мат линија им е добра
Пишав за палетата во темата Хајлајтер.Хајлајтерот ми се премногу допаѓа а руменилото и бронзерот се просечни,сепак ми се допаѓа концептот и големината така помалечка е и можам да ја носам на патување притоа да не носам 3 различни производи.Компактна е и со одличиен квалитет,а и со одлична цена. Омилена четка за блендирање.Совршено се нијансираат боите иако малку е тврда.Исто одлична за хајлајтер. Ефтини ама палетата е одлична особено светкавите сенки.Имаат одлична пигментација освен сивата таа ми е малку бледа ама сепак не е толку лоша.За парите е супер а единствени замерки ми се тоа што се малку правливи и има само 2 мат сенки па морам да комбинирам со сенки од други палети Ми ја прави косата мека и покрај тоа што ми е оштетена од пеглањето.Имаат огромен избор за секаков тип на коса,топло препорачувам. Ставам од овој серум кога се пеглам и не ми се толку суви врвовите како порано единствена маана е што многу брзо се троши бидејќи имаат поводена текстура,ова ми е второ шишенце. Го добив на подарок и се вљубив во него.Имам уште многу малку.Прекрасен парфем
1. Lush, I Love Juicy - шампон за мрсна коса Полека се вљубувам во производите на Lush. Конкретно шампонов си вреди за секој денар! Убаво го чисти скалпот и остава дискретен мирис на манго. 250 грама шишенце го користев три месеци. Најтопло го препорачувам на сите што имаат мрсна коса. 2. EOS, Sweet Mint Smooth Sphere - балсам за усни Чудово ми беше спас за оваа зима!