Кога носев фиксна Др.ми препорача да ја земам од истава колекција ама Орто специјална за фиксна протеза со кратки влакненца во средина и мн убаво го чистеше просторот меѓу брикетитеоткако ја извадив непцата ми беа доста по чувствителни што е и нормално по долго носењеи повторно по препорака од Др.ја земав оваа ултра софт многу понежна е од другите т.е не е како оние грубите,тврдизатоа посебно ја препорачувам посебно на оние кои имаат проблем со осетливи непца склони на крварењаи што е најдобро и по 6 месечно користење четката останува во иста форма изгледа како нова,не се разделува како другите што сум ги користела
Потврдувам. Имам многу осетливи непца и имав голем проблем околу пронаоѓањето на идеалната четка за заби. Medium ми ги прават непцата пуздер, a soft-четките имам чувство ко воопшто да не ми ги чистат забите како што треба. Curaprox е најмека на свет и чисти феноменално. Јас моментално имам Valentine's edition, со пола срце отсликано на површината од влакненцата. Од каде ги купуваш 3 за 600 ден? Извини ако си спомнала, не се сеќавам дека прочитав некаде.
Јас супер софт ја имам и сакам да знам од каде да купам три за 600денари тагнете ме за одговор фаламногупријатно
Последен пат мислам видов во Дм и Космо,провери мора да имаПлус во Дм имаше пакување две црни со светки демек лимитед едишн за неа и него Ако има некој незадоволен од четкава нека се јави на рапорт @kravce И друго сакав да кажам ама ќе излезе ептен ги рекламирам пастите им се многу добри и многу скапи околу 500 денари
1. Clinique Take the Day Off Cleansing Balm - маслен балсам за вадење шминка Спојлер: Clinique Take the Day Off Cleansing Balm Чудово е феноменално. Густа паста е, се нанесува на суво лице (врз шминката), и веднаш се претвора во маслен гел што вади буквално се', до пудра, маскара, лајнер, долготраен кармин... Буквално. Не ја иритира кожата, многу е нежен, нема мирис, и лесно се измива и покрај тоа што е масло. Иако е доволно јак да ја извади шминката од лицето скроз, јас сепак после него го поминувам лицето со гел за миење, иако нема потреба воопшто. Откако ќе се измие, не остава масен слој на кожата, и истата е буквално мека како бебешко газе. Го земав од фришоп, 22 еур. 2. Morphe 35T (Taupe) Palette Спојлер: Morphe 35T Palette Обожавам taupe нијанси, со ладен подтон и розово-виолетови тонови, а палетава е токму тоа. Прекрасен микс од мат и светкави нијанси, со одлична пигментација. Морфи сенките се феноменални (исто и четките им се прекрасни, морам да кажам). Палетава конкретно содржи и мат топли нијанси за блендање покрај розово/виолетовите, како и длабоки кафени нијанси со ладни подтонови, а изгледите што може да се креираат се безбројни. За сите кафенооки девојки, најтопла препорака за палетава, љубов ми е и добивам комплименти за шминката секогаш кога имам на себе од сенкиве. Ја нарачав од Beautybay, мислам дека сеуште ги има, односно секогаш носат дополнителни залихи ако ги снема во одреден момент. 3. Dr.Brandt Pores no More прајмер Спојлер: Dr.Brandt Pores no More primer Може и од сликата да се види ефектот кој го дава прајмеров. Бидејќи имам масна кожа, со самото тоа се подразбира дека имам и проширени пори, па секогаш барам прајмери што ги пополнуваат. Читав на нет феноменални reviews за прајмеров, и иако е поскап, решив да го нарачам. Го има на Strawberry.net, патем. Чини околу 30 фунти, ама Боже мили, подобро нешто не постои! Освен што ги пополнува порите, го држи лицето мат цел ден, буквално! Немам потреба ниту еднаш во текот на денот да ја истапкам маснотијата, бидејќи ја нема. Било каква пудра да ставите врз него, ќе добиете мазен ефект на фотошопирана кожа. Не можам доволно да објаснам колку е добар, мора да се проба. Сликава погоре ја ставив за да го видите ефектот отприлика. Плус, нијансиран е, има нијанса на пудра, и освен што корегира пори и маснотија, и ја изедначува кожата. Кога не носам шминка, го нанесувам само прајмерот, така самостојно, и кожава ми изгледа совршено. Must-have за мене, мојов е веќе при прај, дефинитивно нарачувам нов во најскоро време. 4. Benefit Hoola бронзер Спојлер: Hoola Bronzer Сигурна сум дека нема кој не слушнал за бронзеров, култен производ е во beauty светот уште одамна. Преубав мат бронзер без портокалови нијанси во него, совршен микс од ладни и топли тонови, одличен и за прецизно контурирање, како и за креирање на оној sun kissed look на целото лице. Лесно се бленда, лесно се надоградува, пигментацијата му е одлична... Едноставно со овој бронзер не можете да згрешите. Проблемот е што сега веќе не може да се нарачуваат Бенефит производи од Lookfantastic.com од каде што јас лично ги нарачував порано, имаат ставено некоја забрана и сега праќаат само до UK. Но, може да се најде во Сефора во соседството, така што не е недостапен, фала Богу. Цената на нет му е околу 23 фунти (јас го нарачав со попуст, па ме фати околу 18 фунти). Во Сефора не знам колку е, ама според мене вреди за секој денар. 5. MaxFactor Creme Puff руменило - нијанса Seductive Pink Спојлер: MaxFactor Seductive Pink Blush Ова ми е второ руменило од Creme Puff линијата, веќе го имав и го искористив Nude Mauve, па бидејќи толку ми се допаднаа, решив да купам и друга боја. Секогаш целам кон топли nude или портокалови/праска нијанси, но за пролет се одлучив да вметнам малку розова свежина. Ми се допаѓа што иако е baked формула, одлично е пигментирано и со едно поминување со четката останува на неа доволна количина за прецизно и пигментирано нанесување во еден потег. Нема потреба да се надоградува, како со многу други baked руменила(Буржоа на пример). Бојата е одлична, дава свежина и живост на образите, пигментацијата е одлична, формулата е и повеќе од добра, лесно се бленда и трае цел ден. Препорачувам, но почекајте акција на МФ низ парфимерииве, кога може да се купи за 300-400 денари, инаку е преку 500 (не ја знам точната цена). Јас го земав на акција сега за 8-ми Март и веќе ми е омилено. 6. Beautyblender Nude сунѓер за нанесување шминка Спојлер: Beautiblender Nude Го имав и оригиналниот, розовиот, но не ми се допаѓаше што пушташе розова боја при секое миење и решив да го земам овој nude. Прав погодок, не ми пушта боја при миење, а ја има скроз истата мека, сунѓереста текстура како оригиналниот. Врв е за нанесување течна пудра, коректор, но и за пудри во прав, односно за сетирање/baking. Мултитаск сунѓерче, го обожавам, но морам да го спомнам и она на Real Techniques, кое исто така е одлично (иако Beautyblenderot лично ми е подобар). Немам фатено четка за течна пудра веќе година дена, сунѓерчињава ми се незаменливи. Има евтини копии и кај нас и по нет, ова оригиналното Beautyblender чини 16 фунти, ама кога еднаш ќе го пробате и ќе ја увидите разликата со копиите, ќе ви стане јасно зошто е поскапо. Незаменливо е. Јас ги нарачувам од Beautybay.com, ги има и индивидуално и во pack-ови, а ги има и мини блендерите за коректор. Покрај прајмерот Dr.Brandt, beautyblender-от ми е другиот must-have што секогаш морам да го имам при рака.
Овој месец морам како фаворит да го издвојам гелот за миење лице на Авон. 2во1 гел и тоник од чајно дрво и краставица. За прв пат пробувам ваков производ од Авон и навистина се изненадив колку е добар и колку многу и одговара на мојата кожа. Инаку неговата цена беше нешто смешно,околу 150денари на промоција во предминатиот каталог,го земав без никакви очекувања но ме воодушеви. Денес си направив и рецензија за него, може да ја прочитате на мојот блог.
1.Ми ги спаси моите кршливи,тенки нокти.Го користам скоро 1 месец и резултати се повеќе од видливи.Јас немав никакви проблеми со него како печење,црвенило итн,треба само да се внимава на кутикулите.Кога ќе го потрошам ќе го купам тој 8 во 1 бидејќи прочитав многу добри мислења.Топло го препорачувам овој зацврстувач 2.Ги нарачав сенките бидејќи ми требаа виолетови нијанси и не погрешив.Прекрасни се.Се блендираат лесно,не се премногу пигментирани така што имам контрола за тоа колку ќе нанесам.Белата/крем е одлична како подлога пред да се нанесат другите сенки,кои врз неа одлично се сенчат.Малку се скапи ама многу се квалитетни. 3.Maскарата сама по себе не е ништо посебно,мене не ми ги издолжува трепките,ама во комбинација со Featherlight од The One „работи“ одлично.Ги одвојува трепките,им дава некоја должина и има преубав ефект. 4.Спрејчињата не се нешто трајни,ама мене мирисот ме освои O Обожавам ванила,и мило ми е што можаам да мирисам на неа,па трајноста и не ми е многу важна,а секако и не се воопшто скапи.
Apivita face scrub with apricot - пилинг за лице со кајсија Презадоволна сум од пилингов за лице со мирис на кајсија , пилингот е во вид на гел со ситни портокалови зрнца внатре , ми се допаѓа како го остава лицето меко а и мирисот е пилингов е наменет за сите типови на кожа. Цена - околу 7 евра Loreal majirel 2.10 blue black - Прв пат оваа фарба ја пробав пред неколку години во еден ф.салон , но не можев никаде да ја најдам по продавниците и мислејќи дека е многу скапа не ја ни барав случајно ја видов пред некое време во една парфимерија и решив да ја пробам црна-тегет бојата. Презадоволна сум , 1 месец по фарбањето бојата е иста како на почетокот , исто и синиот сјај си стои , само нормално коренот подрасна и сега само него ќе го фарбам. Цена - 6 евра The body shop moringa body butter / shower gel Прекрасен мирис , баш пролетен , цветен , само очекував да биде поинтензивен исто така и гелот за туширање ми се допадна премногу Цена - 15 евра/7 евра Kallos keratin hair mask Од маскава за коса , моја другарка ми имаше дадено во мало тегличе да пробам , се воодушевив како убава ја остава косата , сјајна , единствен минус е тоа што има силикон , но сепак ми се допадна резултатот , воопшто не ја прави мрсна косата
@kala21 и јас потврдувам. Мене поради бременоста непцата ми беа ужас, четкава ми се чини ме оправи. Инаку јас 200ден ја купив од ординацијата кај што работи маж ми. За мене попуст.
Нарачај по набавна цена за другачкитеќе им се исплати и на нивмала шала.Знаеш дека се што ќе пофалиме на форумов преку ноќ му расте потрошувачката
1.Хип путер . Го користам за се. Многу е мекан, хидрира. Нема некој ефект за стриите ( а тоа му е намената) 2.Маскарава од Мејбилајн . Секогаш ја купувам на попуст. Ми одговара, солидна цена ( околу 330 ден кога е нсмалена) 3. Love spell. Кога ќе се стопли, па се до септември, октомври само овој мирис го поднесувам
Предобар коректор , кремаст е лесно се блендира и многу покривен е , ептен ми се свиѓа. Камена пудра mac после долго време конечно пак ја имам вреди за секој динар. Карминчињата се одлични посебно од nyx бидејќи е кремаст.
Не сум баш редовна во темава, така што ќе ги спомнам производите што ми се хит последниве 2-3 месеци Essence мат кармини (нијанси Beauty-Approved! и Girl Of Today) Прв пат користам мат кармини, прво го купив оној во nude нијанса, а потоа темно розевиот. Мирисот ми е прекрасен, ми доаѓа да го изедам Ми се допаѓа текстурата, убаво „лежи“, не ми ги суши усните, а нијансите ептен ми се погодени. Налетав на блог каде што една девојка направила целосна рецензија баш на овие две нијанси, па ќе оставам линк ако сака некој подетално да прочита Avon сенки за очи (Berry love) Иако можеби вака делуваат темни, ги користам секојдневно за на работа. Првата нијанса особено, а по малку ставам и од 3 и 4. Мене ептен ми се погодија, не се премногу светкави, макар што така ми се гледаа во каталогот, а и за долготрајноста немам замерка. Лак за нокти Golden Rose Rich Color (нијанса 72) Кога ќе отидам специјално за да купам лак за нокти и ќе гледам, ќе разгледувам - нема толку да си погодам. Ова го одбрав за секунда, не дека ми требаше уште еден лак за нокти, ама ај. И еве веќе две недели не ми е симнат. Мнооогу ми се свиѓа! Со еден слој ќе биде блед и никаков, ама веќе со вториот слој е топ Balea маслен пилинг со сол од мртво море Претходно го користев пилингот на Орифлејм и ми беше скроз погоден, ама веќе некое време го меркав овој на Балеа зашто ми личеше на нешто што би ми се допаднало. И конечно го купив. Мирисот е многу освежителен и ме потсеќа на некој производ што го имам користено во лето, па ми буди спомени Малку е посув од пилингот на Орифлејм, а тоа значи дека не е толку мрсен како оној на Орифлејм, што е предност. Исто и овој има крупни гранули. Balea сув шампон за бринети Претходно го користев Батисте, ама еден период никаде не можев да го најдам тој за бринети, па како замена го земав овој. Не е толку добар како Батисте, ама па и не е толку лош, а цената му е за дупло пониска. Во секој случај убаво мириса и си ја врши работата.
Кремава ми е поклон од колешка , значи предобра е . Штета што ја купила од Косово , а овде незнам каде можам да ја најдам . Доколку знаете каде можам да ја најдам кај нас известете ме