Gosh moist - creme brulee, значи се заљубив и се самозаљубив. Искрено ми иде да си се бубкам и галам, и сакам, и мазам и пазам и да си се викам... Џони! Уф колку ми се фетиш овие ванилоидни ароми, а ова е баш доволно сладуњаво за да не тргнам да се јадам себеси и да не мирисам ко да сум изглегла од фурната на Шехерезада слаткарницата. Плус убаво ја хидратира кожата и ја прави мазна и нежна. И уште еден производ кој го купив во Рамстор, мислам Сесилија го постираше тука - гел за туширање со мирис на Cookies. Мх, мх, тоа па тоа па какво е! Абе сон! Абе Клеопатра да беше жива, ќе завидуваше, ја ви кажувам
Phyramide ме потсети на лосионот,еве и јас да го поставам,затоа што е одличен,некако течен и воденкаст,едноставно за мене е вистинско освежување,и мирисот му го обожавам Спојлер passionfruit му е миризбата Oд Pефан путерот за тело од цреша,ммм ми доага да си ставам шлаг и да почнам да го јадам Hајдобро откритие за сега
Волфче, зошто имам чуство дека сме купувале на исто место? Лосионот е одличен! Реков јас, се заљубив - онака нескромно и хедонистички, што во него, што во себе откако се намачкав
Исто! Цената е категорично смешна, за толку малку пари, доживувам нирвана додека се туширам и се обидувам колку што е можно повеќе да се задржам во када. Единствен крем за туширање, кој е совршена арома терапија под вода, мириса и откако ќе излезеш од туш. И си трае и трае.. прекрасен е кремов, чувствувам дека долго ќе го користам.
некако овие месеци се навлеков на слатките мириси па подолго време ги користам оваа лосионче од авон го добив на поклон и морам да кажам многу убаво мириса кожата ми ја прави прекрасна а мирисот си трае цел ден. дезодорансот од балеа кој е исто така од ванила си го комбинирам заедно со лосионот и ми се супер така само штета што овде ја нема оваа козметика производите им се закон и тоа по ефтини цени еве ги
Шуќур, после шес иљади сменети шампони, конечно нешто стварно добро. Глис убедливо најубав до сега, ни нивеи ни орзени ни ништо. Силк ит из. И ова ми е откритие на деценијата, поубав мирис немам осетено, да се самоизедеш. Не е овошно, не е нежно и лесно и лигаво, сензуален е некако, потежок. Едини кармини шо ги ставам со четка од шо неќам да ги арчам. И мирис и вкус и боја, неверојатни.
Лосионот за тело на Елдена од Кам маркет, 500 мл. за неверојатни 109 ден. Подобро од ова, не бива момиња! Млекото за тело е во сино пакување, многу помрсно и потешко, за премногу сува кожа и за во зима според мене, а лосионов е лесен, кожата ја омекнува инстантно, се впива веднаш и мириса многу суптилно и нежно. Ако сакате поинтензивен мирис, капнете му неколку капки етерично масло, или во мојот случај - му шприцнав околу 5мл од мојот омилен парфем на точење. Нема да го смени квалитетот воопшто. Кога ќе наидам на вакви џамбо пакувања, а квалитетни и евтини, ова си го правам самата на себе.
Трендафилка истото ќе го објавев.. Ние ( кај мене фамилијата ) го купуваме да не кажам секој месец.. 500 мл за 109 ден. е смешна цена..а толку ја прави убава кожата,баш како што кажа ти.. Особено пред летни одмори го купуваме.. И за после сончање на изгорена кожа мелем ми се чини.. И јас сум презадволна од млекото
Ептен убаво мириса, а уште поубаво ми ја прави косата. Спојлер И оваа кремата за раце/нокти/заноктици (таа во тубичката) ептен мека и мазна кожата ја прави и брзо впива во кожата што мене ми се допаѓа. Спојлер
Не дека има врска со убавина и со мода, ама со тело бога ми има. Што им текна па сега да ги донесат во Македонија!
Освежувачки мирис совршен за утринско туширање, кога едвај се извлекувам од кревет и ми треба нешто моментално да ме разбуди и освежи. Ми буди преубави спомени и од одморот годинава
ова е некоја емулзија на тафт за волумен, супер е. добро познатиот Глис спреј. Регенератор свих времена, нешто феноменално, ниеден досега што сум го користела неможе да му се фати. Врв. толку за овој месец.