Јас девојки да ви кажам користам лепенки за црнки и прочистување на порите на носот од ДМ се вика victoria beauty 200 денари од прилика беше 6 лепенки се искрено ви ги препорачувам на сите, прекрасен производ!
1.Мелем Стварно е убаво кремчето. 2.Џонсонс маслото 3.Дове сапуните 4.Дове шампоните. 5.Нивеа универзалниот крем.
Немам зборови со кои можам да ја опишам убавината на овој лосион за раце. Мириса прекрасно, а ефектот е свилени раце! Засекогаш ќе ја купувам.
Вакви лепенки за црнки имаше и во avon но не ги препорачуваат не биле нешто посебно ама јас би сакала да пробам и фала за сугестијата и понудениот производ вреди да се проба
Balea deodorant - Fit for stress- Презадоволна сум од овој дезодоранс , го имам користено и тој во розево шишенце , штити од непријатна миризба и трае навистина долго Balea waschgel за масна кожа - Овој гел за миење лице е исто така во листата на омилени продукти на месецот , убаво ја чисти кожата , мириса многу убаво - мене ми се допаѓаат овошните мириси (овој мириса на зелен лимон) внатре има ситни гранули но не многу како што има еден пилинг за лице. Има супер цена исто така , го препорачувам Golden Rose Longstay Precise Browliner- Најдобриот молив што го имам користено некогаш во животот. Долго време го гледав , ми се допаѓаше највеќе што е самоостречки и поради тоа највеќе го земав. Го користам гелот за веѓи на MAC , но кога се брзам и ако морам да се нашминкам побрзо преферирам молив. Има на избор многу нијанси , мојата нијанса е бр. 4 , сосема е иста со мојата нијанса на веѓи , преубаво ги исцртува веѓите и изгледа сосема природно. Исто така е и водоотпорен , пред некој ден се испотив така убаво лицето ми беше лом ама моливот не ни мрдна од веѓите. Го преорачувам да го пробате немам најдено нешто подобро Golden rose Catwalk eyeliner - Минатиот месец имав купено вкупно 3 тушеви за очи , овој е најдобро откритие по тушот на Есенс со синото капаче. Има убава тенка четкичка , убаво се нанесува тушот и што е најважно е водоотпорен и не се пресликува на капакот.
Dove Purely Pampering Ги зедов на тепка, во некој сет со антиперспирант. И тоа поради несесерот кој одеше со нив. Многу позитивно сум изненадена од мирисот. Убава спојка од магнолија и крем од ф'стаци.Не е нападен, туку е нежен и пријатен.Барем за мој вкус. Брзо се впива, не ми лепи на кожата, да го чувствувам како втора кожа и многу битно е што се задржува мирисот. Млекото е густо и кремасто, со мала количина се размачкува убаво. После туширање со купката, кожата е мека и хидратирана, а млекото само ја надополнува хидратацијата и ја прави да трае подолго. Афродита отстранувач на лак за нокти Кога престанаа да го носат во Кам убавиот ацетон се префрлив на овој од Афродита. Содржи ацетон колку што можам да видам во составот, не е само отстранувач без асцетон. Ама за мене небитно, ми се допаѓа што го вади лакот без да го размачка и да ги направи лом ноктите, па потоа пет пати да се пребришуваш.Овој од невен ми е омилен, маслен е, не ги суши дополнително кутикулите при отстранување на лакот.
Apivita маска за лице Маскава ја добив на поклон. Ја користам еднаш неделно без претходно да и нанесувам гел за миење лице туку ја одмарам па во текот на денот ја нанесувам. Јас имам комбинирана кожа со мрсна т-зона па оваа на сликата подолу е за мрсна кожа. Јас ја користам 3та недела па можам комотно да напишам позитивна критика за оваа маска. Прво многу ми се допаѓа што не е густа, туку мала количина е доволно да нанесете на вашата кожа истата да се исуши и се измива. После измивањето забележав дека кожата ми е бебешко мазна,чувствувам како ми е чиста и свежа. Мрсниот сјај ми исчезнува полека, а од сувоста на т-зона нема ни трага. ( Сувост ми се појави кога беа поладните денови). Воопшто не дава лажен ефект што се вика за привремено исчезнување на мрснотијата од кожата напротив делува против него. Тоа што најмногу ми се допаѓа што ми одговара на мојата кожа и не ме печеше воопшто како што ме печеше со маската од Балеа каде после тоа ми се појавуваше и некоја блага иритација, малку ми беше страв да ја пробам, но се е ризик нели. Со оваа маска после измивањето немав иритација и навистина мислам дека би ја купила колку и да чини. Некаде прочитав дека има и мали пакувања ( како тестери ) за патување што мислам дека би биле идеални, но сепак повеќе од 2 пати нанесување неделно не е препорачливо. Ќе ставам слика од нет да видите како изгледа на лице. Ќе ја ставам во спојлер, па девојки ако имате комбинирана кожа со мрсна т-зона ова е многу добро решение за вас. Од кога ја користам оваа маска, мат пудрата на Боржуа не ми ги суши деловите, супер ми легнува иако ја имам негативно критикувано истата пудра. Спојлер
Шампонот е прекрасен ми ја прави косата бујна и веднаш не ми се прси. Еднаш 5-6 не ја миев за да видам кога ќе почна да ми се прси и после 5-6 почна да ми се прси, а со други шампони што сум пробувала третиот ден веќе беше мрсна, а и убаво мириса. Го видов и тука во аптекиве исто беше шишенцето, па мислам дека е тој. Дезедорансов преубаво мириса на праска, мирисот му е освежителен и долго стои, не е кој тежок неподнослив мирис. Гелот за туширање е исто така прекрасен овошен, пријатен мирис после туширање. Има мирис на праска,кокос и грејпфрут.
Balea - пена за лице Во принцип многу сум скептична за вакви работи, порано не користев ништо за лице освен крема. За производов слушнав од @Biodevojka која ми го препорача откако и објаснив каков проблем имам. Многу ми се допаѓа што е со пумпица ми го олеснува користењето. Најважно имав проблем со мрсниот сјај и сув дел од лицето, по разговор со Биодевојка го купив веднаш по Велигден во Дм околу 150 денари. Го користам една недела доволно да напишам едно мислење. Зошто го сместувам во оваа категорија? Производот е одличен производ за оние со комбинирана кожа, со мирис на лотус за наутро и навечер. Како и маската погоре овој производ ми помогна да го спасам моето лице, не го иритира лицето и мириса многу убаво. Читав рецензии дека кај некои ја суши кожата, кај мене нема таков проблем. Неколку дена како го употребувам овој производ користам и пудра и приметувам значителни разлики, го нема сувиот дел на челото и подолго трае. Не можам да кажам дали станува збор за лажен сјај за привремено исчезнување на мрсниот сјај. Иако е некој вид природен производ навистина многу ми се допаѓа, има блага формула и ова е прв производ кој го користам, а да е природен. Исто така можам да кажам дека темелно го чисти лицето, го тестирав за да ја извадам пудрата и конечно можам да се избришам, а да немам остатоци на крпата од пудра. Искрено мислам дека заслужува да биде омилен продукт на месецот, повторно би го купила.
1.Babyliss депилатор Јас не сум нешто кој знае колку влакнеста, ама јас ја имам онаа потреба да немам влакна нигде освен на глава Чудово го имам година дена, не е болна депилацијата воопшто, само што малце поспоро оди отколку со брич. Искрено има периоди кога едноставно немам време да се бафтам со депилаторов и се бричам, ама имам заприметено дека ептен ми се изретчија влакната. Голема препорака од мене, за околу 1500 денари вреди ептен. 2. Eveline Slim Extreme 4D Gold Shower Gel Мајка ми по грешка го земала гелов за туширање наместо кремата, али се покажа неверојатно ефективно. Јас го користам 2 пати неделно, со кружни движења на деловите кои ми се со целулит, и еве после месец дена веќе имам резултати. Нормално мора и поголеми количества вода да се пијат, и да си се припазуваш што јадеш, ама е ефективно. 3. AVON Planet Spa Luxuriously Refining with black caviar extract peel off face mask Ова ми е втора маска за лице од авон, и оваа се погоди исто peel off. Дава многу убав свеж изглед одпосле, мајка ми вика изгледаш како да ти сјае лицето Нежна е, има пријатен мирис. Еднаш неделно ја користам и убаво ми реагира кожата на нејзе. 4.Golden Rose Velvet Matte Lipstick no. 31 Спојлер Барав некоја убава nude нијанса, пошто дома повеќето ми се потемни кармини од времето кога бев плава, а на црвенава коса не ми стојат такви. Овој ептен ми се погоди, два месеци го носам, не ми ја суши устата, не ми се губи брзо, благ пријатен мирис има. Плус прилично ефтин е
Kallos - Banana mask Маскава со банана ја користам околу месец дена , прекрасна ја прави косата , мека и сјајна. Можат да ја користат и тие со масна и со сува коса , иако имам масна коса со тенко влакно не ми ја прави косата како `тесто` MAC Prolongwear spf 10 foundation (NC15) Пудрава е таа која што ја користам скоро секојден во последно време. Покривноста и е средна , ама може да се стават и два слоја на пудра за поголема покривност и пак лицето ќе изгледа природно. Има голем избор на нијанси , мојата е втора од најсветлите. Пудрата е многу трајна лицето не ми засвети колку што ја имам носено (околу 7-8 саати) за повеќе незнам колку би издржала. Ја имам носено со камената пудра на MAC (за која ќе пишам повеќе ) и со Севентин. Пудрава можат да ја користат тие што имаат нормална-комбинирана и мрсна кожа. Цена - 26 евра на попуст
Дезодорансов е одличен, мислам дека веќе не го менувам. После најразлични искористени дезодоранси, овој ми е најубавиот, најсвеж и најквалитетен дезодоранс. Производ и погодок на месецот.
@marchi-cool јас го зедов од Веро, го начекав на намаление, околу 105 денари. Не се сеќавам точно на цената, толку беше отприлика, а редовна цена веројатно 130 му е. Не сум 100% сигурна за цениве, кажувам отприлика, еве некоја друга ако знае нека каже.