Ке почнам со козметиката за лице. Бидејки колешкава на работа е зчленета во орифламе почнав често да нарачувам од тамо козметика која испадна дека ми е многу погодена за мојава кожа. 1. Love Nature cleansing gel and Toner На сликава го нема гелот за миење лице бидејки во бањата ми е и ме мрзеше да станам да го земам. Него прв го купив од брендов и сум презадоволна бидејки многу убаво ми го чисти лицето од секаква шминка а не е абразивно и тешко после тоа да ме пече кожата или да ја осеќам затегната. Од кога ќе го измијата лицето со него после тоа и со тонерот го поминувам уште еднаш и кожата ми е сосема чиста и мека. 2 и 3. Swedish spa Face mask and piling Предобри продукти. Од кога ќе го исчистам лицето со гелот на Love Nature еднаш до два пати неделно кожата со пилингот ја спремам за маска. Истиот е многу нежен и со мали гранули па во исто време многу убаво ја чисти кожата а не ја гребе и надразнува. Има некој како маслен состав кој додека ја триеш на лицето се впива во кожата и многу убаво ја освежува. Од кога ќе го исчистам лицето ставам маска од истата линија и ја држам мин 30 мин па ја одмивам со млака вода. 4.Love nature clay mask for oily skin Маскава ми е откритие на векот а колку е добра доказ е тоа што нарачав уште 10 вакви за да ги имам во залиха. Она што ме изненади кај маскава е тоа што кога прв пат ја употребив лицето после тоа ми имаше некој свеж сјај и ми делуваше одморено што дури утредента на работа ме прашуваа што сум правела со него бидејки многу убаво ми изгледало. 5.Pure sking Bleackhead mask Уште една добра маска која со редовно користење покажува одлични ефекти во борбата со црнките и митесерите. Коса 1. Kallos hair mask Caviar Јас сум човек кој многу обрнува внимание на косата од кога памтам за себе. На шминка многу не се радувам ама на препарати за коса да. Од кога ја открив маскава ми се смени животот, Пред се почитувам вакви големи пакувања кои траат со месеци па не морам секоја втора недела да трчам во продавница за допуна. Маскава има преубав мирис, косата ми ја прави нежна, мека и лесна за расчешлување. Дава некој пријатен сјај и не ја прави тешка а во исто време ми ја смирува да не изгледа како два прста во штекер да имам ставено. Цената е смешна околу 160 ден. 2. Gliss shampoo oil nutritive Шампонов сосема случајно го купив беше на наекоја акција во ДМ и многу ми се погоди. Во принцип често мењам шампони не сум емотивно врзана за некој каков има дома таков користам. Овој уште при плакнењето осеќам како косата ми ја прави мека и свиленкаста. Во комбинација со кокосовото масло кое го мачкам по цела коса пред да се бањам и го држам некој пат и цела ноќ некој пат саат време, косата ми е убава долга и спастрена. Тело 1. Rexona active shiel стик за под пазуви за мажи Да да користам машки стик за под пазуви и сум 100 пати позадоволна од женските. Имено дури и кога сум во сала и вежба нормално дека се потам ко стока на кардио ама колку повеќе се потам толку поизразен е мирисот на стиков. Сметам дека нема таков стик или спреј кој ќе го намалат потењето ама ете овој многу ми се погоди во поглед на мирисот барем да не смрдам на свиња. Ус пат го сакам тој мажествен мирис на себе па воопшто не ми смета што не е женски стик.
1. Curaprox Supersoft 3960 Четкава е нешто неверојатно, веќе немам проблеми со крварење на непцата. Мека е и многу убава. 2. Bioderma Sensibio Rich 3. Bioderma Sensibio Eye Contour 4. Bioderma Atoderms Shower Oil
Омилени продукти за месец мај Balea гел за туширање со сол од мртво море Бидејќи прво го купив пилингот и многу ми се допадна, решив да го земам и гелот за туширање, башка што го начекав на попуст. Мирисот е многу освежителен и ептен ме потсеќа на лето Avon самоостречки моливчиња за очи (нијансите од сликата) Не се толку светкави како на слика, добро пигментирани се, убаво се нанесуваат, а после тешко се бришат Прво го порачав зеленото, и тоа онака го земав, ми требаше да го спојам со некој производ со услов. Ама ми се допадна, па си го порачав и плавото. Прв пат користам од овие моливчиња на Авон и еве веќе гледам кои други нијанси да си ги порачам Nivea лосион за тело Q10 Верна сум му на синиот со шеа путер, ама одвреме навреме знам да одморам од него и да си купам некој друг. Овојпат изборот падна на Q10, чунки наводно време ми било да почнам со вакви производи за затегнување Мирисот му е прекрасен, доста траен, дури на моменти мислам дека повеќе се осеќа од парфемот. Lush тврд шампон (jumping juniper) За Lush мислам дека нема потреба да зборувам. Нема нивен производ чиј мирис не ме зашеметил од што е добар Тврд шампон прв пат користам, се решив за овој за масен скалп, иако реално немам мрсна коса. Ми се допаѓа многу и иако е релативно скап (495 денари за вакво „сапунче“ од 55 грама) стварно мноооогу споро се троши. После тоа косата ми е некако покрута, ама и онака задолжително ставам маска за коса, така што тоа не ми е замерка. Дури некогаш намерно не ставам маска, ако сакам да ја навиткам, бидејќи така косата не ми „лизга“ и локните подолго ми траат. Шампонов стварно си ја врши работата, кокосовото и рицинусовото масло ми ги вади од коса со едно нанесување (додека со други обични шампони ми треба и до три пати миење).
ColourPop Ultra Matte Lip Многу пигментиран кармин, потребно е да се нанесе само еден слој. Не е “cakey” како течните кармини на GR, но и не е премногу течен како на Aura. Задоволна сум и од трајноста, а и од пристапната цена. Посебно ми се допаѓа пакувањено и четкичката која е малце помала од стандардните четки, која помага во полесно нанесување на карминот. Јас го имам во нијансата Lumiere2, од колекцијата на Kathleen Lights, темно mauve, со виолетов подтон. Одличен е за дневен и за вечерен изглед. Цена -6. Mary-Lou Manizer Конечно го пронајдов идеалниот хајлајтер кој се познава на мојот светол тен. Преубава шампајн нијанса, пигментацијата повеќе и од одлична, доволно е да се помине нежно со четката. Кога ќе се нанесе на лицето се добива Illuminating ефект, содржи мали, ситни светки, кои воопшто не се познаваат. Грамажата му е 8,5 грама, би траел многу долго со секојдневно користење. Малце поскап продукт, но вреди за парите. Catrice Liquid Camouflage Concealer Нема да пишувам многу за коректоров, пишувано е веќе на форумов за него. Одличен е! Единствен минус е што многу брзо се троши.
La roche posay anthelios - antishine face mist spf 50 Презадоволна сум од оваа крема - спреј за лице од Ла роше , наместо крема секојдневно ставам од спрејов пред шминкање (а може и по шминка како фиксирачки спреј) навистина има матирачки ефект без да ја затега кожата. Се прска на лице и тоа е тоа , не треба ни да се размачкува ни ништо. Цена - 9 евра со попуст Organic shop - honey and cinnamon scrub Презадоволна сум од овој пилинг на Органик шоп , пред се е органски без никаква хемија , мириса многу убаво , пилингот е густ и навистина длабински ја чисти кожата. Буквално сум пре задоволна од сите пилинзи на Органик шоп и цената е исто така супер Цена - 250мл/4 евра Organic shop - body desserts - Warming hot chocolate Пилингов за тело го имам долго време и баш пребарував на форумов дали нешто сум пишала за него , се чудам како толку долго време немам ништо пишано .Мирисот е прекрасен , мириса на штотоку стопено темно чоколадо , НО ако некоја сака да го проба да знае дека пилингов не се употребува на цело тело , туку таму каде што имате проблеми со целулит , зашто пилингов е антицелулитен внатре содржи парчиња лута пиперка , ефектот е загревачки од кога ќе се измиете и потоа кожата станува ваква , но тој ефект е краткотраен не се препорачува за тие што имаат чувствителна кожа и не е за секојдневна употреба Цена- 9,5 евра / 450 мл
1. Garnier Biphase Micellar Cleansing Water in Oil Двофазна мицеларна вода на Гарниер. Отстранува се, дури и водоотпорна маскара. Најважно ми е што кожата одлично ја поднесува, а имам многу осетлива кожа. Не ја суши, а не ја ни масти кожата. Идеална за тие како мене што и не се баш расположени да го чистат лицето во повеќе чекори 2. Loreal False Lash Superstar Mascara Oдлична маскара, една од најдобрите што досега сум ги користела. Навистина дава ефект на вештачки трепки. Се нанесува во два чекори, и тајната е да се нанесат веднаш двата чекора еден по друг без да се чека да се засуши прајмерот. 3. Corine De Farme Nappy Change Cream Kремава ми го спасува лицето во последниов период. Како што кажав, имам осетлива кожа склона кон црвенило, акни и иритации. Кога имам некој таков проблем нанесувам од неа видлив слој само таму каде што има проблем и многу брзо се смирува и чешањето и црвенилото. Кремата е на природна база и има висока содржина на цинк оксид кој всушност го смирува црвенилото и иритациите. 4. Eucerin Sun Creme CC Creme SPF 50 Особено во лето се трудам да ставам што помалку производи на лицето. ЦЦ кремава ми е единствен производ што го нанесувам на лицето преку ден бидејки ми заменува и хидратантна крема, и пудра и крема со заштитен фактор. Нема голема покривност туку повеќе го изедначува тенот, но во лето не ми се ни допаѓа full make up изглед за преку ден. 5. Golden Rose Sheer Shine Stylo Lipstick Омилена колекција на кармини за преку лето, имам неколку од нив. Лесни хидратантни кармини, нешто помеѓу кармин и лабело. Имаат SPF 25 а содржат арганово масло и витамин Е.
Го зедов во ДМ на попуст. Го користам скоро две недели и ме освои исто како тој на Балеа. Колку и да се потам не мирисам на зној под пазуви, не мора да се прскам три пати во денот еднаш е доволно иако практикувам пред излегување да се прснам со него.
1.Палмоливе млекото за туширање.Најмногу ми се допаѓа поради мирисот,ниту многу благ,ниту многу интензивен. 2.Дав дездоранс beauty finish.Има некој цветен мирис и штити. 3.Дав сапунот од кокосово млеко.Кожата ја прави мека и не ја исушува. 4.Дав лосион од калинка-кожата ја омекнува и дава чувство на ладење 5.Ебелин сунѓер за миење-го имам одамна,нешто над 100денари чини,убаво ја чисти кожата било да го користете со обичен сапун или гел за миење лице.А ако не го користите за лице,може да послужи и за миење четки за шминка.
MAC Waterweight foundation spf 30 -Пудрава ја имав во мало тестерче , ми ја дадоа нијансата NC20 , можам да кажам дека е најлесната пудра што ја имам користено. На лице кога ќе се нанесе е неприметлива , не ги затвора порите и не ги истакнува , покривноста е слаба ама се надоградува и со повеќе слоја ако има потреба. Ми се допадна многу иако не е мат (завршетокот не е ни glowly) баш е природна пудрава. Ја земав за лето на Ла роше , да знаев оваа ќе ја купев.. идеална е за летно време. Јас ја носев со камена пудра и 4 часа ми беше топ лицето. Ја препорачувам на тие со нормална и сува кожа ама ете и јас со масна не ми светна лицето и ја препорачувам на тие што бараат нешто навистина лесно.Јас се воодушевив. MAC Pro longwear foundation spf 15 - За оваа пудра имам пишувано повеќе во темата пудра за лице. Исто така лесна пудра , со средна покривност и може да се надоградува на лицето. Мојата нијанса е NC15 Препорачлива за масна кожа , водоотпорна е и изгледа природно на лицето. Цена - 25 евра
Со месеци ме немало на темава. Почнувам со пастава за заби. Предобра е, сите дома ја испофаливме кај што стигнавме. Јас имам природно бели заби ама пастава ги прави уште побели и поблескави. Пред да го нарачам шампонов со арганово масло од Авон се предомислував. Имам ретка коса, кадрава со бушаво влакно и скоро секој шампон ми ја плеткаше , па едвај се чешлав. Откако се направив омбре го купив шампонов и сум презадоволна. Ја прави неверојатно мека, ја скротува и што ми е најважно не ми ја сплескува во коренот.И мириса многу убаво. Спојлер Координатор во авон сум, секој производ не ми се допаѓа имам налив од нарачки за шампониве па затоа и јас го нарачав за мене Гелов за лице го купувам по втор пат и мислам дека секогаш ќе ми биде на листа за купување. Преубаво мириса, лицето ми е чисто. Пудрава ја имам од сеп. месец и до сега малку ја запоставував дека ја утнав нијансата ,земав потемна. Сега сум исончана и ми одговара. Се трудам во лето да не ставам шминка ама за џабе. Имам на образите по некоја флека па пудрава ми е идеална. Има одлична покривност, водоотпорна е. Мене малку ми смета мирисот ми мириса на вар. Но брзо ми се ветрее мирисот. Morphe палетава ја нарачав од beautybay. Поголема палета не сум имала. Се одлучив за палетата 350 која е целосно мат. Премногу е пигментирана, лесно се блендира, трајни се. Обавезно нарачувам и друга палета. Вреди за парите. Го добив на поклон. Многу ми се свиѓа лесно се блендира , не изгледа нападно и многу бавно се троши. Јас ја имам нијансата gold deposit. Измазнувачка подлога Anew од авон. Ја користам како подлога за шминка и подобро нешто не сум користела. Кожата за секунда станува кадифена, премногу мазна и мека. Преубаво мириса и порите се помалку видливи.
Дојде лето и почнаа промените кон шминката. Сега уште поретко се шминкам па само ги покривам подочниците со Артдеко Камуфлажен коректор. За коректоров имам пишувано во темава и е еден од најдобрите коректори. Јас одбрав вистинската нијанса за да ми се поклопи со моето лице па за во лето само од него ставам. Предобар, иако првиот го купив пред 2 години имам уште многу, а пред неколку месеци купив и ново пакување. Го препорачувам, но да напоменам дека и тежок малку повеќе бидејќи е густ. Пред една година ви пишував за гелов за туширање. Месецов и претходниот месец се бањам со него, значи го обожавам и мирисот и што ја прави кожата мека и нежна. Ептен уживам кога се туширам со него. Имам уште пола шише. Кармините на Авон се нешто најубаво што постојат за моите усни. Нијансата marvelous mocha ми е хит периодов. Ми ја хидратираат усната и не се бришат лесно, мат се ама сепак оставаат траги. Се соочував со екстремно сува усна периодов па си направив домашен мелем за усно. Мешавина од мелем и кокосово масло мислам за кратко време ми се врати во нормала. Го чувам во фрижидер. Можете и сами да пробате. Мала количина од кокосово масло стопете ја и ставете ја во мала тубичка/мало стаклено кутивче, потоа истата постапка повторете ја со мелем и ставете ја во истата мала стаклена кутија. Потоа оставете да се стврдне во фрижидер и тоа е тоа.
Откритие на векот. Презадоволна сум од оваа пудра и од цената. Неверојатна покривност, дава пријатно чувство откако ќе се нанесе и целосно е мат дури и после 5-6 часа. Тоа што пишува секнд скин ефект- навистина е така. Проблем се нијансите бидејќи и најсветлата не е којзнае колку светла и има само 4 опции. Пример, мене најсветлата ми одговара, а немам светол тен. Мора да ја тагнам @marama да и се заблагодарам за препораката - презадоволна сум. Кога веќе бев на штандот на catrice, го купив и коректорот Презадоволна сум и од коректорот. Покрива темни кругови под очите, црвенило и акни. Го земав најсветлиот и одличен е. Само пофални зборови.
За комбинирана до мрсна кожа. Пудрата е 460 или 470 денари. Инаку заборавив да го ставам и течниот кармин на голден роуз. Jас ја имам 19ката ама дефинитивно ќе купам уште нијанси. Совршени се, неверојатно трајни (не се брашат ниту со јадење и пиење), мирисаат прекрасно и не ги сушат усните. Единствена маана им е тоа што по нанесување нијансата е потемна од она што се гледа во шишенцето, но мене тоа не ми претставува проблем. Цена: 95 денари.