@Kjara15 , најблизу производи Бенефит имаш во Сефора во Солун , од истиов прајмер што го ставила @DzingrlakaDzikica има и травел сајз за 13 евра ако сакаш да го испробаш , би требало да е 7-8 мл пакувањето. Јас лично ова го немам пробано , Porefessional-от го имав ама лично не ми се допадна воопшто
Шампон Алверде јојоба и ехинацеа Лак за нокти Golden Rose Paris 216 Потхранувачки путер за тело Planet Spa од Авон
Shimmer Skinstick Fenty Beauty (YACHT LYFE) Подобар руж/хајлајтер не сум користела до сега. Цената му е соленка да, ама едноставно е прекрасен. Пигментиран доволно но не пренападно, светките се дискретни и одличен е и за преку ден. Ja го користам и како сенка и руж, секој ден откако го земав, лесно се расмачкува и со прсти и со четка. Sephora (22.90€)
Clinique take the day off - Двофазново средство го имам купено досега 2 пати и е најдоброто средство за вадење на шминката од очите. Се става по малку на памукче и вади се од очите. Цена - 18 евра со 25% попуст Lush - It`s raining men - Мирисот на ова чудо од гел за туширање е неопишлив. Мириса на нешто слатко , уживам додека се бањам со него , едноставно цела бања мириса потоа. Дали има лосион за тело од истава линија ? Цена - јас го имав во мало тестерче инаку 8 евра е 100мл Nina Ricci - L`extase Eau de parfum Прво го имав лосионот за тело , па го земав и парфемот. Секојдневно него го носам во последно време , многу ми се допадна Цена- 30мл / 40 евра Clinique Clarifying lotion 3 Лосионов е лосион не на годината , на векот , го земам трет пат прекрасен е за масна кожа. Сите нечистотии ги вади , колку и да се мијам со гел за лице , лосионот ќе отстрани се што останало и по миењето со лосионот. Мириса малку на алкохол , но и покрај тоа не ми го суши лицето. Цена - 200мл/17 евра 400мл/27евра
Batiste dry shampoo - floral and flirty blush Сувите шампони на Батисте ќе ги купувам засекогаш. Сто пати ги имам ставано на темава , и ќе ги ставам , нема нешто подобро на пазаров , нема нивна замена. Ова на сликата е трето шише што го користам Цена- од ДМ околу 250 денари MAC Studio fix powder foundation - NC20 Не ми се верува дека за пудрава немам пишано на темава D оваа е единствената пудра која што ќе ја потрошам до крај , досега повеќето пудри не ми се допаднале , или не покривале, или брзо сум светнувала од нив па сум ги раздавала ваму таму оваа пудра ја користам од јули месец и веќе и се гледа крајот, и покрива затоа се вика foundation , покрива како течна пудра па некогаш кога не одам некаде посебно , ставам само од пудрава и лицето ми е супер. Исто така е долготрајна , ја регулира маснотијата на лицето. Имам користено безброј пудри ама толку покривна пудра не сум нашла досега Цена - 29 евра (20%попуст) MAC - Chili , Really me matte lipstick Kармините на Мак , нема подобри од нив според мене . Иако мат , не ја сушат устата па не мора да нанесувам дополнително лабело. Последните нијанси што ги купив се Chili i Really me , поготово Chili го посакував премногу зашто е боја што не може да се најде од др. фирма. Бојата е баш керамидна , идеална за сите годишни времиња Цена- 15.50 евра (со попуст од 20)
Продукт бр 1: Маскара ЕESSENTIAL-High definition (lift up & great volume) Ова откритие од маскара е најдоброто нешто што ми се случило. Се сум пробала од ЛОРЕАЛ, MAC, Max Factor, како ова ефтино чудо не сум имала. Прави чудо од трепките. Топло препорачувам Цена: 130 ден Продукт бр 2: E оваа крема за лице ми е еден од најдобрите откритија за периодов. Од креми за лице имам се нај добро и најскапо. Оваа ја земав случајно на попуст беше во ДМ 175 ден. Ова ми е 2ро паковање. Лицето капка од сабајле. Кожата нити сува нити мрсна. Чуство на живост на кожата пред легнување. Згора на се мириса феноменално. Топла препорака од мене. Продукт бр 3: Според мене и мои критериуми најдобрата пудра за моја кожа последниве две години. Покривност, изедначеност. Јас искрено така ја доживувам. Пред неа користев VICHY која беше супер ама прескапа. Пред Vichy, Bourjois flower perfection ама не ја произведувале веќе или не ја носат кај нас. Оваа пудра е за сечиј џеб и е многу добра Цена: 469 денари
1. Eveline SOS Lash Booster Го имам подолго време, веќе неколку месеци и го користам секоја вечер пред спиење. Немаше буквално никакво подобрување на почетокот, дури мислев дека залудно сум го купила ама сепак си ставав - полошо во секој случај не ми беше. Резултатите ги гледам тек сега, трепките мислам дека двојно ми се згуснати и цврсти. Ептен го препорачувам и наоружајте се со трпение и редовност, промените доаѓаат малку подоцна. Спојлер 2. W7 Shade & Swap Makeup Color Swapper Каде беше ти цел мој живот? Најобично сунгерче ама така ми се наоѓа за чистење на четките за сенки и буквално секојдневно го користам. Поедноставна работа не постои, ја шлакаш четката во една сенка, ја протриваш во чудово и веќе е целосно чиста (нема никаков пигмент) за наредната. Одлично е за четки што се користат за суви/прашкасти производи и никако не е замена за темелно чистење. Го нарачав од xtras.co.uk ама сега гледам дека ја смениле страната и веќе го нема. Сигурно се наоѓа на eBay и има океј цена. Спојлер 3. Jessup Brush Set Одамна ги фалат четкиве и не знам од која причина не ги земав порано. Имам куп четки ама овој сет дефинитивно ме освои, откако ги имам не се фаќам за ништо друго - дури планирам да си земам уште едни (за секој случај). Влакно не им паднало, густината е одлична и многу добро се изработени. Ги нарачав од eBay ама не ги испорачуваат од Кина туку Шведска или Холандија (не ме фаќајте за збор овде) и стигаат за 2 недели. Спојлер 4. Misslyn Stay With Me matte fixing spray Конечно најдов фиксирачки спреј што стварно ја матира кожата. Имам пробано многу и сите ми биле исти, фиксираат шминка ама од мат немаат ни М. Од ова кога ќе се нашприцам дури мислам и премногу ми доаѓа, ама баш затоа ми одговара што во текот на денот подолго време издржувам без да светнам. Од тоа што може да се најде кај нас за фиксирање шминка на комбинирана/мрсна кожа, ова е дефинитивно најдоброто. Спојлер
@Artemission да се умешам малку, и јас го имам серумот за трепки. Само бидејќи немам трпение секоја ноќ да го ставам од што ми се спие, го ставам насабајле кога се шминкам за на работа, пред маскарата. Фактички го користам како прајмер за маскара и трепкиве ми ги прави огромни! Така што, одличен е и за таа намена. Пак го користам секој ден, без разлика што не спијам со него, веројатно ќе има некој ефект и вака (некои 2 недели го употребувам). Феноменален производ
@Sexybaby86 така видиш не ми текнало Баш ќе пробам од утре да го нанесувам и пред маскарата, сигурно лошо нема да ми дојде од двојна доза.
А кажи ми има некоја спорна состојка (како оној за нокти)? Трудна сум па затоа прашувам да не не смеам да ставам
@wannaBeMomma и јас сум трудна, па го користам и ништо не ми е И нокти лакирам, и коса фарбам, и се депилирам и се што е спорно (за трудници) правам. Ако земеме да пазиме за се и сешто, кај ни е крајот. И во маскари, и во пудри, и во шампони, млека за тела којзнае што има, така да, опушти се Јас решив да не се оптеретувам. Секако нема свесно да ставам нешто што знам дека може да му наштети на бебето, ама за серум за трепки мислам дека нема причини за загриженост Плус, количината од некоја штетна хемикалија треба да е огромна за да може всушност да го оштети плодот, а во сите козметички производи истите штетни хемикалии се строго контролирани, така да...
@wannaBeMomma ич не се разбирам во тоа Еве што најдов на Google, ако ти е од некаква помош. @Ноах-/ го има во Космо, нешто под 400 денари мислам дека беше.
Од линкот погоре гледам дека воопшто не е природен. Јас не би го користела ни кога не сум трудна. Ама тоа сум јас, за друг не можам да тврдам. Ист ефект има серумот за трепки на Алверде кој е сосема на природна база.
Септември ми беше месец кога решив да ѝ дадам шанса на Ziaja, па на листата омилени ми се најдоа три нивни производи Ноќна крема за лице (25+) со витамин C Мојата прва крема за лице против брчки Уствари, оваа е повеќе за превенција и е наменета за над 25 години Мириса прекрасно, на чисто и убаво Има и дневна варијанта, ама денски користам шминка, па вакви производи некако не ми се вклопуваат. Затоа одбрав ноќна крема. Летово од толку замижување на сонце ми се појавија две линии меѓу веѓите, па одма решив да ги средам Кремава ја користам околу месец ипол, ама и порано забележав дека полека ми се израмнува кожата на тоа место (иако уште има сонце а јас уште мижам ). Крема за раце со козјо млеко Имам многу чувствителна кожа на рацете, ми реагира не само на детергенти, туку и на одредени сапуни, шампони и слични производи за хигиена. Затоа секогаш експериментирам со кремите за раце, купувам најразлични додека не ми се погоди некоја. Оваа мислам дека ќе ја користам долго време. Густа е, ама лесно се размачкува и брзо се впива, а потоа остава нежно чувство. А во однос на мирисот - мене ми мириса на сапун Двослоен отстранувач на шминка за очи Се мислев измеѓу овој на Ziaja и еден на Лореал, ама се решив за овој, изгледа ме освои со тоа што позади пишуваше дека е погоден за оние што користат леќи за очи А разлика во цена некоја голема немаше. Многу е нежен, во ниту еден момент не почувствував било каква реакција на очите (за разлика од други отстранувачи за шминка од кои ме печеле и ми солзеле очите), добро си ја врши работата и ми се допаѓа што не е премногу мрсен. Од не-Ziaja производи Авон лак за нокти (нијанса caring creme) Заврши летото, па редно време беше коралните и тиркизните нијанси да ги заменам со нешто посмирено Лаков наводно има и некаква заштитна функција, 5 во 1 е ама јас искрено го одбрав заради нијансата. Многу ми се допаѓа, башка има убава текстура, лесно се нанесува и не се тегне или замачкува. Единствена мана му е тоа што мораш да ставиш 2 слоја, со еден не поминуваш. Maybelline маскара Бев во потрага по нова маскара, па изборот падна на Мaybelline, иако никогаш досега немам користено од нивните маскари Дури ни онаа жолтата што мислам дека сите другарки во средно ја имаа На брзина во Космо само ја џапнав од рафт, верувајќи му на брендот, без многу да читам рецензии. И супер е, многу ми се допаѓа! Не сакам маскари од кои мораш да ставиш 2-3 слоја за да постигнеш некаков ефект, па после ти тежат на трепките како кал да имаш Со оваа буквално само еднаш ги поминувам трепките и супер ефект има, иако немам некои долги и густи трепки Не се рони, не се прават грутки, башка доста издржлива е.