1. Fleurance argan oil- чисто арганово масло (нерафинирано и без мирис). Аргановото масло е одлично за лице, тело и коса. Една до две капки арганово масло нанесувам на лицето и нежно ја масирам кожата. Одлично ја хидрира кожата, ја прави кожата мека и нежна и го забавува процесот на стареење. Аргановото масло го користам и за коса. Нанесувам две до три капки на мокра коса. Може да се користи и пред бањање, се нанесува на скалпот и нежно се масира препорачливо е да отстои повеќе од 30 минути, во случај на многу сува коса аргановото масло може да отстои преку цела ноќ и потоа да се измие. Косата ја прави сјајна и свиленкаста. Јас го користам аргановото масло на Fleurance. Цена 690 денари/50 мил во Зегин. 2. Gordani gold iconic matte кармин Бојата на карминот е совршенство. Бојата е темно црвена (можеби не се забележува на сликата) Задоволна сум од сите кармини на Gordani, но оваа боја најмногу ми одговара. Карминот се нарекува Gordani-Dark Burgundy бројот е 32326. Цена 599 денари, но често е на попуст во Орифлеим.
@Sweetlove_0312 Дефинитивно најдобар Инаку оваа субрина неодмана ја отрив, за фарбана коса, предобра е. Косата ми е мека, имам сјај и убаво мириса. Ја има низ маркетите, не би требало да е поскапа од 120 денари. Би сакала и шампонот да го пробам, многу ги фалат.
Околу 150 денари е тушот , четката е тенка и не е од тие тврдите, само пред да се потроши стана ваква и поради тоа не би го земала пак
Е ова и годи на мојата кожа. Сапунчето преубаво. Помеко и посвежо лицето не ми било. Лакчињата од гр ми станаа омилени. Убаво се нанесува, брзо се суши и ми трае по 4/5 дена. Инаку секогаш ставам по два слоја, некако поубаво ми е. Да го оставам ќе трае и многу повеќе ама јас сум таква малце да забележам дека се излупило го вадам одма. А нијансава ми е број 1 месецов. За маски имам фрлено доста пари и пак не сум го добивала посакуваниот ефект. Ми ја освежува косата и многу убав сјај и дава, а цената е пристојна.
Loreal Hydra active 3 Имам ептен сува кожа и на некој делови почна дури и лицето да ми се лупи. Чисто случајно ја приметив кремава во Dm и викам ај да ја земам да пробам (секако се испробав), иако бев скептик дека ќе се случи нешто добро кога ја видов цената 2,45€ а пред тоа дадов цело богатство на креми лосиони и што ли уште не. Почнав да ставам од кремата двапати дневно, еднаш навечер и еднаш на сабајле и за помалку од една недела лицето ми стана супер. Сега ставам само еднаш дневно поради превентива Плус кремата е ладна и уживам кога ја ставам на лицето
Одамна не сум пишала во темава, а и имам доста производи што сакам да ги пофалам, па не знам од каде да почнам Однапред да се извинам ако постов е предолг Балеа пена за миење лице со екстракт од лотосов цвет. Пенава ја купувам веќе трет пат. Повремено ја заменувам со пената на Алверде од јаболко. Добро чисти остатоци од шминка, не ја суши кожата и не ја иритира. Спојлер Балеа крем-гел. Го користев претходните два месеци кога беше потопло. Убаво ја освежува кожата, ја хидратира и матира. Недостаток е тоа што малку лепи и што се прават како лушпички при нанесување пудра со четка, ако е нанесено малку повеќе производ од потребното како подлога за пудра. Го препорачувам за тие со масна или комбинирана кожа. Спојлер Neutrogena лабело од нордиска бобинка. Бев со намера да го земам повторно лабелото на Мелем, но го немаше, па се одлучив за ова. Ми се допаѓа што нема некој посебен мирис, не остава боја ниту сјај, а убаво ги негува усните. Спојлер Балеа aqua маска за лице со екстракт од алги. Не знам што има во маскава, ама на мојата кожа и прави чудо. Ја ставам еднаш неделно, после пилинг. По неа лицето ми е нежно, сјајно, освежено и потхрането. Спојлер Wet n wild gel lip liner. Има интересна мазна структура, солидна трајност. Го користам во комбинација на следните два производи подолу. Нијанса: bare to comment. [SPOILER] [/SPOILER] Mac кармин. Во нијанса faux. Баш ваква нуд нијанса сакав, накај розово. Одлична трајност има, но малку ми ги суши усните, што не е случај со останатите кармини од mac кои ги имам. Втор чекор ми е по нанесувањето на моливчето од wet n wild. Нијансите ептен им се совпаѓаат. Спојлер Kiko creamy lipgloss. Најчесто го носам како трет чекор по карминот на Mac, но го ставам и самостојно. Дава убав сјај, не лепи и ми ја навлажнува устата. Нијанса 101. Инаку Кико ми е еден од омилените брендови кои ги нема кај нас. Цените им се пристапни, а квалитетот- одличен! Спојлер Kiko face palette. Палетата е мала и компактна. Се состои од бронзер, руменило и хајлајтер. Супер е за патување, затоа што не зафаќа простор, а содржи 3 производи. Хајлајтерот не е многу интензивен, па затоа е погоден за преку ден. Се фаќам дека откако ја купив летово, само неа ја користам. Нијанса 01. Спојлер Golden rose пудра во стик. Ја користам за контурирање на лицето. Лесно се бленда со сунѓерче и се претопува со кожата. Нијанса 09. Спојлер Балеа лосион за тело. Пишува дека е за девојчиња, ама не можев да му одолеам. Мириса многу слатко на колачиња и има ситни светки низ него. Мирисот не е многу траен и интензивен. Спојлер
Случајно купени за проба low budget things што ми се покажаа супер: 1.Малена сјајов што станува мат, ми трае по 9 саати, бојата е нежна убава, ненападна. Едино не ми се свиѓа после 5-6 саати почнува да се лепи ама за изглед се трпи. Го земав 100ден у маалска парфимерија, ќе си земам и од другите нијанси. Шампон од голден роуз за побрзо растење на коса - го мешам со рицинусово масло и има ефект веќе 1 месец го користам, 139 денари беше на некој попуст, мене ми го кажа фризерката. Лак голден роуз парис - имав купувано лакови од овде ама ми се лупеа брзо и ги баталив, во нијансиве парис се заљубив од слики вакви по интернет па си викам ај 60 денари е worth a try. со top coat 4 дена не ми мрднал од нокти, за разлика од другите на гр што се лупат за 2 дена лом.
Одамна не сум пофалил производ во темата. 1. La girl pro concelear Ги порачав оранж и какао и една светла нијанса(и го заборавив името) за контури. Светлата не успеав да ја пробам, но оранж е одлична за тие кои имаат проблем со темни кругови. Ја нанесувам пред пудрата бидејќи покривноста е поголема отколку врз пудрата каде треба поголема количина на коректор за да покријам. Трајноста ми е број 1. Какао нијансата за контур ми е одлична,лесно се бленда и дава убав облик на крајот. Околу 6евра. Ретко купувам периодов нешто бидејќи сум преполна.
Во месец октомври како што гледам баш и ептен многу сум се потрошила. оваа база не да е прекрасна немам зборови единствената која после нанесувањето не ми се перути носот кој веке долго време не можам да го оправам, лицето го прави стакло ни пори ни нисто не се познава вреди за секој денар  овој серум е чудо ни сама не можам да верувам оти стварно делува не да имам некои брчки ама имам некои тенки линии околу очите ама стварно наутро кога ке станам како и да скоро и да ги нема.  и уште еден производ на guerlain крем за чистење на шминка од лицето препредобар производ нисто подобро не ја вади шминката од оваа чудо а лицето останува меко и нежно. немам зборови ни многу јак ни премногу свеж баш за овој период типичен за зима. По хидратантна крема од оваа здравје имам некоја чудна кожа ни мрсна ни сува комбинирана а нос дехидриран а оваа крема баш ми одговара за секој дел од моето лице ја обожавам.
Коректор на годината е, штета што е тоооолку многу скап. Clinique line smoothing concealer Цена 1400 денари у Космо, надвор од мк е по 20 евра. За мрсна кожа нема подобар коректор.
Dior forever foundation (нијанса 15) - Оваа пудра ја користам скоро секојдневно месецов. Кога и да се шминкам , раката ми `посегнува` по оваа пудра во врска со покривноста - со два слоја се постигнува висока покривност , најмногу ми се допаѓа што порите успева да ги сокрие , ретко со некоја др. пудра без прајмер ова да го постигнам. Наменета е за масна кожа , но не е мат , туку полумат , трајноста без камена пудра незнам каква е бидејќи така ја немам пробано. Цена - со 25% попуст - 38 евра Benefit - Roller lash mascara - Најомилениот производ за очи месецов , мојата најнова маскара во мини пакување , Ролер лаш. Трепките ги прави прекрасни , ги издолжува , ги витка , им дава волумен , буквално се прави. Виткач со неа не ни користам. Цена - мини пакување/13 евра (големото пакување чини 28 евра) MAC - Prep and prime finishing transparent powder - Пудрава се двоумев дали да ја купам , но премногу сакав да пробам транслуцентна пудра. Се мислев помеѓу оваа и таа што ја користи Artemission , но ја одбрав оваа бидејќи не ми се чекаше. Ја нанесувам најчесто под очите по нанесување на коректор , на челото и под јаболчниците , пудрава е феноменална , шминката трае се додека не ја извадиш. Лицето го прави стакло Цена - 19 евра со 20% попуст
@koritsaki таман додека ја користиш оваа нарачај ја на RCMA Нема подобра, јас барем нема веќе да посегнам по ниту една друга. Спојлер