Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Омилени продукти на месецот

Дискусија во 'Тело' започната од frutini, 25 февруари 2011.

  1. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    @Artemission @koritsaki Јас на Инглот ја користам и многу сум задоволна, исто на попуст ја земав околу 10 евра. Само што паковањето е премало.
     
    На koritsaki и Artemission им се допаѓа ова.
  2. FarmaGirl

    FarmaGirl Активен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2016
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски

    A eve ja I officinajlna strana na Fb za distributerite vo MK. Koga gi prasav za stranicata koja prethodno ti ja imase spodeleno mi rekoa deka ne e nivna I deka samo tie pravat direkten uvoz od Natura Siberica Moskva :) Cisto da si imate na um da ne se zaletate kako mene prvo so online :D
    https://www.facebook.com/NaturaSibe...9244440287348/181923119019480/?type=3&theater
     
  3. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.109
    Допаѓања:
    40.311
    Cena i od kade?
     
    Последна измена од модератор: 14 ноември 2017
  4. FarmaGirl

    FarmaGirl Активен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2016
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Jas del od proizvodite gi zemav od Dna anni far, aptekata vo Capitol mol I od Cosmo parfimerii. Bas vcera bev I vidov deka pastata za izbeluvanje im e namalena, detox sapunot I sprej zivi vitamin.
     
    Последна измена од модератор: 14 ноември 2017
    На Asja и wannaBeMomma им се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Да се дополнам на објавата погоре.

    2. Авон молив за веѓи - после долготрајна потрага го порачав ова моливче летото и цело лето го користев. Ниту еднаш не ми се размачка и мислам дека е добар производ што досега му се случило на моите веѓи.
    Исто така, имам црни веѓи, па барем за научив да си ги доцртувам. Околу 120 денари.
    [​IMG]

    3. B.U. Дезодеранс за под пазуви.
    Предобар производ, тотално ви го препорачувам ако сакате да имате чисти алишта после едно носење. Го користам по трет пат односно трето шишенце.
    [​IMG]

    4.Victoria Secret love spell - спреј за тело.
    Идеално за во ташна, цело лето го користев, предобар мирис ( имам заборавено дали го имам фалено во темава). Едното го купив тука во шатци за 700 денари, а другото во Фри Шоп за 1200 денари.
    Не се предолго трајни, но се чувствува мирисот на вас од кога ќе нанесете.
    Би сакала да пробам и други мириси.
    [​IMG]

    5. Melem - мини крем + лабело за усни.
    Мојот најдобар спас за во вакви ладни и суви денови за усните. Топла препорака, само не помага за херпеси и поголеми рани. Кремата 170 денари, а лабелото околу 100 денари.
    [​IMG]
     
    На SV1911, ivancekitty, IM.TMKQ и 7 други им се допаѓа ова.
  6. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    Месецов презадоволна од производите на Себамед.

    [​IMG]

    Кога ќе се нанесе на лице и треба малку време да се впие, но затоа хидрира фантастично и не остава масни траги. Одлично се покажа и како подлога за пудра. Цената и е околу 600 денари

    upload_2017-11-13_15-41-14.jpeg

    Наредно пробав шампон за секојдневно миење на косата. Многу добар шампон за проблематичен скалп, плус убаво ја негува косата. Цена околу 500 денари

    Наредно сакам да пробам спреј за под пазуви кој не содржи алуминиум и алкохол, како и гел за интимна нега. Недостаток е што малку потешко се наоѓаат по аптеките, не знам зошто кога се работи за многу квалитетни производи
     
    На SV1911, Chica.Loca, ivancekitty и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    5.028
    Овој месец си купив шампон BIOBLAS против опаѓање на косата и за брзо растење. Го користам околу 2 недели некаде и досега сум задоволна. Сепак, најверојатано треба редовно да се користи подолго време за да се забележат видливи резултати.
    1.jpg
    Исто така би го издвоила овој крем за лице за комбинирана кожа од ZIAJA со екстракт од краставица. Ја хидрира кожата и и дава сјај. На страна тоа и преубаво мириса.
    2.jpg
     
    На SV1911, ivancekitty, IM.TMKQ и 3 други им се допаѓа ова.
  8. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.145
    Допаѓања:
    50.524
    Пол:
    Женски
    Шампонот е многу добар.
    Косата ми ја прави сјајна и што е најважно немам воопшто првут иако на почетокот бев скептична бидејќи пробав многу шампони и никој не даваше добар резултат.

    schauma_com_nature_moments_lavender_SHP_266x640.jpg
     
    На SV1911, Chica.Loca, ivancekitty и 8 други им се допаѓа ова.
  9. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.531
    Допаѓања:
    106.096
    Пол:
    Женски
    The body shop - Vanilla pumpkin

    Кремите за тело на Боди шоп ги обожавам. Сите го знаат тоа на форумот :D Немам сува кожа , ама ги обожавам мирисите поготово на лимитидираните едиции што излегуваат во зима и лето. И се што е ванила обожавам. Овој путер за тело нема врска со тиква (тиквата на опаковката бидејќи путеров за тело беше во продажба за време на Halloween) Ми се допадна бидејќи не е до толку густ како на пример тој путер што го имав со кокос и јагода. И мирисот е како колач со ванила печен тукушто излегол од рерна :) Цена- 15 евра
    [​IMG]

    LUSH - NEW - Кој има проблем со опаѓање на косата , го препорачувам шампонот , за неверојатни 2,5 недели има значителни резултати , косата почна да не ми паѓа како претходно што ми паѓаше. Се уште го тестирам , но сега засега сум многу задоволна. Не ми ја мрси косата , убава е , сјајна. Не ја заплеткува косата. Благодарение на Мишела ги открив шампониве на Лаш (и тој за масна коса е одличен и го потрошив баш пред некое време) Цена- 9 евра

    [​IMG] [​IMG]
     
    На IamSexyAndIKnowIt, SV1911, Selest и 20 други им се допаѓа ова.
  10. My Make Up Bag M

    My Make Up Bag M Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2016
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    Фaвoрит зa oвoј месец , мoжaн дa кaжaм нaјгoлем, е oвaa четкa зa лице нa Real Techniques.
    Face expert brush, нaменетa зa нaнесувaње нa течнa пудрa и oдличнa е. Не гo впивa прoизвoдoт, леснo се нaнесувa пудрaтa вo некoлку движењa. Истo сo неa блендaм oдкaкo ќе стaвaм прoизвoд зa кoнтурирaње. Штетa штo кaј немoжaт дa се нaјдaт oвoе четки.
    Еве еден aпел дo Дм, дa пoчнaт дa ги увезувaaт четките нa oвoј бренд. IMG_20171019_104930.jpg
     
    На IamSexyAndIKnowIt, SV1911, bliznaci05 и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Anabella ќе почне да ги увезува така прочитав на страната. :)
     
    На koritsaki, Oxymoron, YoungandBeautiful и 8 други им се допаѓа ова.
  12. My Make Up Bag M

    My Make Up Bag M Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2016
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    ☺ Ми гo рaзубaви денoт сo oвaa инфoрмaцијa
     
    На Rose96 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Четчево на Yves Rocher, спас...
    Лесно се нанесува прајмер за очи, коректор каде што е потребно и др. помали површини.
    Само моето е со дрвена рачка.
    [​IMG]
    Солидно пигментирана, има се што ми е потребно, практична е, не барам се посебно, а тоа е многу битно, не доцнам. :D
    [​IMG]
    За таа солидна цена, ја сум вљубена во овие мат сјајчиња. Мислам нема нијанса што не ја земав. Практична четка, лесно за нанесување, мат ефект и што е е најважно истиот е долготраен. Под долготраен мислам на период од минимум 9h....
    [​IMG]
    Не го менувам добри 5год.
     
    На Hipster, SV1911, Selest и 10 други им се допаѓа ова.
  14. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    [​IMG] [​IMG]

    ПРВО, Најновите лакови за нокти, Металс, од Голден Рос. Нема премногу избор на бои, ама од оние кои се, сите се убави.
    Единствен лак за кој треба само еднаш да поминеш со четката (сум имала разни лакови, како една четка-еден нокт, итн., ама не се покажале такви), на овој буквално од еднаш остава боја како два пати да си поминувала со четката.
    И многу брзо се суши, а трае долго.
    Дефинитивно најдобар лак досега, чини 70 денари. Сега со Блек Фрајдеј беше намален на 20%.

    [​IMG] [​IMG]

    Многу добар шампон за хидратација, регенерирање и сјај за коса. И многу убав мирис, да се стопиш во него. Не го препорачувам за екстремно мрсна коса. Цена од 180 на 120 намаление за 400мл.

    [​IMG]
    Кој сака да си дозволи малку полуксузна нега за косата, ова масло за коса (силиконски капки) од Вела, се преодлични. Кај дистрибутер директно ги купив околу 1100ден. Ама траат многу и поголема е амбалажата (и на крај скроз исплатливи се).
    Уште на рака се топат, косата не ја мрсат, имаа божествен мирис, буквално те опива мирисот. И дефинитивно се најдобрите и неспоредливи капки за коса кои сум ги имала.

    [​IMG]
    Лосион за тело и раце од Орифлеим, на попуст го земам за околу 120-199 денари. Мирисот ми е преубав, посебно за оние кои сакаат варијанти на мед и млеко. Многу е лесен, брзо се впива, не остава никакви мрсни траги или лошо масно чувство. Не е премрсен, не е ни пресув, баш е на средина како крем. Многу ми ја негува кожата, мириса убаво и целокупно немам никакви замерки. Редовно го купувам.
    Мислам дека не е за екстремно сува кожа.
     
    На Asja, OmniaVanitas, SV1911 и 16 други им се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Месец Ноември

    1. Маска за лице од козјо млеко Ziaja.
    Маскава е прекрасна! Имам пробано секакви маски, оваа баш ми се погоди. Една ќесичка може да ви потрае и до 4 нанесувања. Кој е нејзиниот ефект? Лицето го прави мазно и го потхранува, ги намалува брчките, си бара редовност само јас по второто нанесување забележав разлика. Многу ми се допаѓа, а има смешна цена 33 денари во Дм.
    [​IMG]

    2. Тоник за осетлива и сува кожа Byphasse.
    Јас имам комбинирана кожа и сепак си го користам, кога го купив бев скептична. Никогаш претходно немав употребено тоник така да самата кожа веќе според годините ми бара нега. Како тоник е одличен производ го чисти темелно лицето, само што јас повеќе го користам како остранувач на шминка. Сенката ја вади ако држите 5 секунди и тоа цела, проблем е само маскарата па се измивам. Приметив дека има намалување на мрсната т- зона и дека немам повеќе бели точки, речиси ретко ми излегуваат. Не го суши лицето и така кај образите сум сува. Предобар производ. Сега со нетрпение се шминкам и уживам кога ја остранувам шминката со овој производ. 210 денари во Дм
    [​IMG]
    3. Млеко за лице Byphasse
    На него пишува дека е за сите типови кожа, после тоникот обавезно ставам од млеково. Прекрасен и незаменлив производ мојата втора љубов. Го прави меко и нежно лицето, го чисти и хидратира. Бев исфрлена на неколку места а бидејќи го нанесувам наутро и навечер по два три дена ми ги снема бубулиците. Многу ме воодушеви, мислам дека ја регулира маснотијата на т-зоната бидејќи видно ми е намалена. Не ми го суши лицето.
    169 денари во Космо.
    [​IMG]

    Сеуште тестирам некои производи, понатака би се надополнила.
     
    На SV1911, Chica.Loca, EMoonlight и 8 други им се допаѓа ова.
  16. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.612
    Допаѓања:
    2.472
    Млекото се користи за чистење на лицето од шминка. Прво исчисти го лицето со млекото, а послр него со тоник :)
     
    На YoungandBeautiful, oblace1 и buba4e89 им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Мене ми е поубаво прво со тоник а потоа со млеко, ако има нешто останато да си дочисти. :inlove:
     
    На velesanka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    Jas kolku sto se imam informirano, tonikot se nanesuva pred hidratantniot krem, ja podgotvuva kozata za nanesuvanje krem. Tonikot nema funkcija da ja chisti kozata od necistotii I shminka, ama sepak koristi si go kako ti odgovara.
     
    На oblace1 и wannaBeMomma им се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    На него си пишува дека може да се користи како остранувач на шминка. А млекото сабајле и навечер се користи.
    Мене ми чисти се тоникот освен маскарата како што наведов горе. Тоникот не го користам секој ден, а млекото го користам секој ден.
    Баш добро си ја врши функцијата барем кај мене
     
    На mila89 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Чудо од мирис за коса, воедно и добра хидратација.
     
    На eliesaab, Hipster, IamSexyAndIKnowIt и 7 други им се допаѓа ова.