1. Дневниот и ноќниот крем на Alverde од дива роза - Последниве 2-3 месеци кожата доста ми се смени, па линијава од алверде ми ја оправи. Во план сум да ги земам и останатите производи од оваа линија. 2. Nivea Hair Milk - шампон и балсам за коса - Косата ми е како препородена. 3. Nivea машки дезодоранс - се заситив од сите и на крај почнав да му крадам од дезодорансот на дм Плус убаво ми мириса 4. Вourjois healthy mix concealer - конечно најдов коректор што не ми се збира под очи и ми ги покрива подочниците. 5. Мелем 6. Balea Handlotion Quirliger Kolibri - Ем е практична, убаво мириса и голем плус е што одма се впива и не е премногу мрсна, а ми ја омекнува многу кожата на рацете. Втора амбалажа како користам. Толку засега
Lush- Aromaco Најдобриот антипреспирант ever! Го користам веќе 1 месец и навистина сум презадоволна. Која бара природен антипреспирант нека не се мисли да го проба , исто така мириса преубаво и пред се штити од непријатна миризба. Цена: 6,5 евра Lush NEW shampoo Презадоволна сум од овој шампон , во врска со раст на косата не знам колку помага но ми помага во врска со опаѓањето на косата , имав проблем 2 месеца со опаѓање на косата. Цена-9 евра Lush- Enzymion face cream Прекрасна крема за комбинирана масна кожа. Не ми светнува лицето од неа, не излегуваат акни , а мирисот е соооон на портокал мириса. Идеален е за подлога под шминка. И најважно е што е природна со прекрасни состојки. Негативно е пакувањето, тоа пакување на Lush кремите не ми е воопшто практично , се надевам во иднина да го сменат. Цена: 18 евра
Би те предупредила да размислиш за тоникот од истата линија на Алверде, содржи доста алкохол во себе и може да ти ја пресушува кожата, посебно на ладново. Инаку јас го имам млекото за чистење на лице и сум задоволна
Ќе си кажам за моите омилени продукти на годината, бидејќи ги користам преку цела година, и мислам дека нема повеќе да менувам, барем додека кожава не ми се засити. Balea гел за миење лице со екстракт од лотус Одличен, освежителен, вади се'од лицето, дури и шминка ако не сте ја извадиле претходно. Многу мала количина треба за обилна пена и темелно чистење. Лицето ми е сјајно, свежо и најважно, не ми е како пресушено и ако не ставам ништо после гелов. Balea дневен крем за лице со екстракт од лотус Конечно крем што ми одговара во сите годишни времиња и погоден како подлога под пудра, а понекогаш и го мешам со пудрата да добијам тониран крем, бидејќи бб и цц кремите немаат заштитен фактор како тонираните креми. Имам комбинирана кожа, со тенденција во зима да ми се пресушува и т-зоната со формирање на лишаи, откако го користам кремов, можам да кажам дека немам такви проблеми. Добро хидрира, лесни се размачкува и впива во кожата, ама не ја остава сува, туку нежна на допир. Светнувам дури после 8-9 часа. Има спф 15, што е сосема доволно, барем за мене. Немам проблематична кожа, тоа морам да кажам. Алверде тоник за нормална и комбинирана кожа на база на морски алги Одличен за мојата кожа, чисти секакви остатоци од нечистотија, а истовремено влажни и освежува. Lush Aromaco дезодоранс Кратко време го користам, ама знам дека нема да го сменам. Не спречува потење, но мирис да. Мириса дискретно и ненаметливо, не менува мирис ни по осум часа. Бело моливче за очи на Alverde Најдоброто бело моливче за очи што сум го користела. Убаво исцртува, лесно се брише и не се размачкува. Не се суши брзо, ептен лесно за употреба. Gosh црно моливче за очи Мојата класика, мислам дека ниедно друго моливче не може да се спореди со ова. Одлична боја, лесно и брзо за нанесување, но не е водоотпорно, па треба корекција ако се носи подолго време (8-10 часа) ама не е страшно. Gosh Show me volume carbon black Омилената заедно со следната на списокот. Одличен волумен, расчешлани трепки, и што е најважно, не се рони, ниту се пресликува иако не е водоотпорна. Оваа повеќе ја сакам од обичната. Maybelline Lash sensational All time фаворит, заедно со претходната. Не е водоотпорната верзија, обичната е, ама е супер. Не се размачкува, не се пресликува, не се рони. Трепките ги раздвојува, чешла и подигнува. Ebelin пинцета Најдобрата што сум ја користела, а нонстоп купувам, бидејќи не ми се погодуваат. А оваа не планирам да ја сменам. Има уште производи, ама мислам доволно е за денес.
сaкaм дa те прaшaм зa ценa нa кремoт зa лице бaлеa и тoникoт нa aлверде. Мислaм декa и мене би ми oдгoвaрaле пa би ги прoбaлa.
Вчера го купив кремот, мислам околу 195 денари беше, ама да не те излажам, не паметам точно. До кај 200 денари е, не е повеќе. А тоникот е околу 145 денари. Не се воопшто скапи, ама се ок. Иначе има тоник од колекцијава со лотус, ама мене не ми беше баш погоден, затоа и не го користам.
Јас месецов од одредени ствари се разочарав ноо затоа од овој производ сум презадоволна. Шеа путеров е 100% природен без никакви додатоци. Го користам сега за сега за кожата на лицето и за само една недела гледам промени. Кожата е мека и изгледа многу поздраво и посјајно од пред да го користам. Во план ми е да ги земам и др производи од институт органика.
1. Маскарава ја земав на попуст околу 8 евра, ''копија'' на too faced.. Ме интересираше да ги споредам пошто за too faced имав слушано многу, али се разочарав кога ја купив, после пола саат како панда околу очите. освен Lash sensational ниедна не ме воодушевила како оваа. Ефектот е ист како со too faced само што маскарава не мрда, и да ми солзат очите нема шанси да се размачка, ефектот е предобар, дава и должина и волумен, посебно периодов ми се трепките доста оштетени од свилените трепки. 2. Со вегите немам некој огромен проблем, имам добар облик, само што ми се поретки и светли доста. Гелов дава и боја, густина, ги фиксира.. Не можам да сватам на кој начин али тотално го трансформира изгледот. Не се размачкува, не мрда и полесно и побрзо е од пополнување со моливче. Убаво ги расчешлува, пополнува ако негде имате помалку влакненца. Совршено е и за дневна и за нокна варијанта, природно изгледа ако ви се погоди бојата. 3. Кремава ја користам веке неколку месеци, лицето ми е нормално со масна Т зона. Убаво хидрира, не е леплива, брзо се упива и не ми ја масти кожата додатно.
Не бев сигурна што е и како дејствува, па го земав малецкото пакување од 95 денари за проба. Ме привлече тоа што е пена за коса уствари. Го препорачувам. За екстремно сува коса е предобар. Ако премногу ви е сува може и да не го измивате на крај и ја прави лелеава и тешка, но не масна и леплива. Ако имате релативно сува коса или само суви врвови тогаш плакнете. Нема потреба потоа од никаков спреј, освен капки за коса. Ептен препорачувам.
1. Мицеларна вода L'oreal Чудово може и гревовите да ги избрише. Немам проблем да ги избришам ниту маскарата ни гелот за веѓи. Не ме печат очите и не мириса јако. Нема да ја сменам оваа мицеларна вода бидејќи е совршена за мене. 2. Balea концентрат за раце Овој концентрат е спас за кожата на моите раце. Погуст е од обичните креми (затоа е концентрат) и многу мала количина е сосема доволна бидејќи ако се претера остануваат бели траги кои едвај се размачкуваат. Нема мирис и составот му е ок како што видов. Тубата е во пакување од 50 мл и кога го купив мислев дека ќе го истрошам за 3 дена, но многу споро се троши бидејќи е густ. од мене. 3. L'oreal Elvive Extraordinary Clay шампон Се израдував дека нема силикони во шампонов, а негата што ја пружа е одлична. Не сум го користела во комбинација со регенераторот и маската од истата линија бидејќи ме мрзи да користам регенератор а верна сум на путерот од авокадо од Алверде. Првите 10ина дена од кога почнав да го користам шампонот многу ми паѓаше првут, а потоа едно трошче не можев да најдам во коса. Мириса шампонесто (не знам како да објаснам), не е тропски или било како со додадени мириси. Косата ја чува „свежа“ 3 дена. 4. Alverde масло Иако го користам дури еден ден ќе го потрошам за нецела недела . Мириса феноменално, јас очекував некој одвратен мирис бидејќи содржи масло од арган, маслинка, амарант, марула и семки од грозје. Структурата му е полесна од маслото од јојоба и веднаш се упива. Пишува дека е за тело но пред спиење се намачкав на лице (предходно ставив од водата-тоник од роза од Алверде која ја користам како хидролат) и сабајлево кожата ми блескаше. Се испонамачкав секаде каде што имам лузни и суви делови. Ќе пробам да направам и третман на коса, можеби и некоја маска во комбинација со зелена глина. Се надевам дека нема никогаш да го повлечат од продажба.
Моите омилени производи за цела година. 1. Clinique Moisturizer за многу сува до сува кожа Кожата ми се пресушува во зимскиот период, што не пробав ништо не ми помагаше повеќе од два-три часа. После многу пофалби се решив да ја земам кремава и после првата употреба видов значително подобрување. Ја користам повеќе од една година, презадоволна сум. Пакувањето е од 100 мл, а една пумпица ми е сосема доволна за целото лице, така да од тој аспект е доста трајна. Маж ми исто така има проблеми со сува кожа периодов, буквално лицето му се лупи од што е суво, кремава му помогна и нему. Го користам само зимно време. 2. Clinique Face Soap Одличен гел за миење на лице. Ја вади шминката, не влијае лошо на очите, не ја суши кожата после миење. Го користам преку цела година, без разлика дали кожата ми е сува или комбинирана. Пакувањето е 200 мл, повеќе од доволно бидејќи е потребно ептен малку да се извади сета шминка од лицето. 3. Clinique Face Moisturizer Кремов го купив за периодот кога кожата ми е комбинирана (нормални накај суви образи, мрсна т-зона). Го користев поголемиот дел од годината, ептен сум задоволна. Кожата ми стана сосема нормална, трае цел ден. 4. Garnier Sheet Mask Убава маска за длабинско хидрирање, навистина дава резултат доколку се користи често. 5. The Body Shop Hand Cream and Lip Butter Предобар крем за раце, хидрира, траен е, мирисот му е прекрасен. Едниствен минус му е грамажата, ептен е мини сајз. Путерот за усни е исто така совршен. Има структура на гел, дава сјај, мириса прекрасно и е доста траен. 6. The Body Shop Tea Tree Oil Маслово веќе по не знам кој пат го купувам. Не заменлив производ за сушење и спречување на бубулици ми е. Чајно дрво колекцијата е за мрсна кожа, но маслото и серумот ги користам и во зиме и немам приметено да ми ја сушат кожата дополнително. Дефинитивно препорачувам! 7. Herbion Exfoliating Lemon Face Wash Одличен гел за миење на лице кој не ја суши кожата воопшто. Хербион ја имаат сменето формулата на сите нивни производи годинава, предобри производи имаат сега. 8. Herbion Olive Oil Hair Shampoo Шампон за сјајна коса, и навистина и дава убав, здрав сјај. Користев Head&Shoulders со години и никако не можев да го сменам бидејќи секогаш косата ми се мрси или добивам првут од било кој шампон, така да овој ептен ми се погоди. 9. Herbion Hand Cream Одличен и долготраен крем за раце, супер е за во зиме. 10. Herbion Foot Cream Ниту една крема наменета за стапала ми помогнала да се спасам од сува кожа на стапалата зимно време. Ја земав кремава со резерва, мислев нема шанси да ми помогне. После второ користење стапалата веќе не ми се исушени. Јеј! Ептен ми се погодија производиве на Хербион. Составот им е супер, што е ептен битно секако. 11. Clinique Smart Custom repair serum Серумов е прекрасен, дава чувство на ептен негувана и здрава кожа. Го користам под кремата за лице. Вреди за секој денар. 12. Alverde масло од дива роза Го користам маслово повеќе од една година за зоната околу очите. Ептен сум задоволна. За декоративна козметика ќе пишам во друг пост деновиве.
Да ја завршам годинава со овие продукти што ми се тестирани долго време. 1. Catrice liquid concealer Универзалниот на Боржуа и овој ми се на топ листа за оваа година на Катриц ми е прв коректор течен. Го имам и камуфлажниот само што поголемо задоволство изразувам во течниот. Јас имам темни кругови и преферирам делумно покривање со оглед на тоа дека и знае да ми се собере коректорот под очите. Многу убаво се прилагодува на нив, прокрива и трае. По некое време може да се забележи разлика и да се собере се тоа зависи дали ќе го оставите така како што сте го нанеле или ќе додадете банана пудра. Со банана пудра ми е многу потраен отколку без неа. Нијансата што ја имам одбрано е една нијанса посветла од пудрата и многу ми се допаѓа поради тоа нема подтон и не изгледа грдо исто така и поради тоа што не оксидира. Лесно се размачкува, јас со прсти си нанесувам почесто отколку со мало сунѓерче. 2. Byphasse - млеко за тело со матичен млеч Јас не користам млека за тело ниту лосион од причина што некои воопшто не ми одговараат. Предност на млеково е што оваа зима ми е сува кожата кај нозете веројатно затоа што се бричам/депилирам и многу ми помага за ублажување на црвенилото. Многу убаво мириса, тоа е мирис што трае долго време на вас и ми се допаѓа тоа. Предност е што се упива во вас за брзо време. По долго користење кожата е мазна и мека, нежна и нема траги на сувост. 3. Golden rouse 12x wonder lash маскара Не сум скептик за маскарите од Голден Роуз и од нив можам да издвојам само две добри маскари. Јас имам мали трепки и избегнувам вештачки трепки подолг период. Не се имам испраксирано доволно за лепење трепки и затоа си барам барем мала замена за нив иако ефектот не е ни приближно таков може да се доволи со неколку слоја. Оваа маскара е фалена по соодветната тема и затоа ја земав. Им дава волумен и е интензивна маскара. Имам пишано во другата тема дека може да ги слепи трепките но ако имате чешел четче ќе завршите огромна работа, најважното е што не се рони. За прашањето дали се суши брзо јас ја имам од блек фрајдеј кога беше и до сега ми се нема исушено. 4. Miss magic - фарба за коса Ретко фалам добри фарби за три месеци сменив 3 бои додека не се најдов себе си, јас сум си црнокоса и нема бегање од тоа. Покрај арома колор и морам да ја пофалам и оваа фарба, само што иако е наведено дека е скроз црна сепак има отсјај на тегет. Едно време ги имаше во кам па ги повлекоа. Многу ми се допаѓа што мене побавно ми паѓа бојата, поточно се фарбам два пати годишно. Скромна цена може за темните бои, кај светлите не можам да ви кажам. Се гледаме до година со нови продукти.
Буквално производ на месецот! Му најдов намена за се, посебно како средство за нега на кожата. Го мешам со друго масло за нега на скалпот, спречува секаква иритација. Го мешам со маслениот чистач на шминка на Балеа при миење на лицето, делува дезинфекциски и ја прави премека кожата и има благо ексфолирачко дејство. Исто така понекогаш го ставам и директно на лице и воопшто не ме пече, што не беше случај со етеричното масло од чајно дрво што го имав претходно. Плус составот му е убав и природен. Долго време барав нешто што спречува иритации на природна база за да избегнам употреба на хемикалии и мислам дека уште доолго ќе се дружиме. Препорачувам!
Јас го земам од Еуро Фарм аптеката во Рамстор, ама би требало да го има сегде. Не знам точна цена бидејќи земам повеќе масла истовремено, ама не е повеќе од 100 ден.