Совршенство, за совршено мазни, меки и миризливи раце. Орифлејм во последно време пријатно ме изненадуваат, алал да им е, а одамна барав нешто вакво, необично и ефикасно. Гелот е одличен, ма целата колекција е страшна, ми падна жал што не си го порачав и шампонот сосе' регенераторот да си ја освежам малце и косава и да ја усмрдам буквално во мирисот на маслинките и бамбусот. Вива ла мајка природа, посебно маслинките и бамбусот - три пати ура за колекцијава и големо thumb up. Мирисот е необичен - мајка ми се шегува дека производиве мирисале на оние тревестите цвеќиња во двор, ама мерак ми е, си ја имам колекцијава само за мене (фала богу).
Дезодорансот на Рексона со АЛОЕ вера,,,новиот...стварно е подобар и од Нивеа,и од Дове.Воопшто не се замирисуваш,воопшто!!!ОДЛИЧЕН!
Не дека може да се рамне со Pantene за нежна и свиленкаска, ама чим го повлекоја од продажба, почнам овој да го користам.. Не е лош и ја прави косата како свила.. Ќе го пробам и регенераторот у скоро време
Мириса препрепрепрепредобро и трае. И убаво е што ете има ситни гранули, па воедно е и ко пилинг. Класика парфемче, не знам што ми текна да си го купам , ама арно ми текна, стварно вреди..
Chocoholic каков спреј е ова? и каде може да се најде (само не ми викај рамстор, веро - не сум од ск )
овие на Aвон се стандард Jас како вечити љубител на ванила си го земав од ванила, супер е, од старите го имам од малина и навистина е супер Mлеко за тело ретко ставам, ама кога ставам овие си ги ставам инаку ја пофалив маскарата на Aура, и пак ќе ја пофалам навистина ми се погоди Tаа би ја издвоила месецов покрај млекцава http://www.aura.co.rs/index.php/proizvo ... onder.html
Opi Drying Spray Cпрејов ги суши за секунда налакираните нокти,јас како што не можам да седам мирна,ке се залепам негде,супер е ова
Спреј за неутрализација на непријатната миризба на стапалата. Со некој свеж, ментоловски мирис. Освежува и ја одржува свежината на стапалата во текот на денот. И навистина ја брка миризбата далеку од вашите чевли и стапала.
Најпрекрасниот гел за туширање на светов. Како мириса,каква прекрасна и обилна пена прави,мирисот на кожата останува долго после бањањто а и целата бања мириса на него. Дефинитвно пак ќе купам Палмолив
Дефинитивно, нештото без кое мојата вечерна шминка не е комплетна! Ги имав смоуки дајмонд и зеленото, сега им се придружи и плавото, а од следниот број си ги планирам сребреното и лилјаковото (по 120 денари ќе бидат - биче навала).
Clearskin Blackhead & Blemish Clearing од Avon. Откако ги купив се преродив! Ова е еден од продуктуте од Авон кои стварно си ја вршат работата. Пред некој ден го открив ова дома, мајка ми го земала лани и не ми кажала. Прекрасно е! Кожата ми беше премногу исушена од ладното, а сега ми е мека како бебешко газе.
Убаво спрејче за коса, не ја мрси, убаво мириса и ја освежува косата А млеково е....но комент. Прекрасно. Преубаво мириса, нежно , има долготраен мирис, и кожата ја прави неодоливо мека. Овие Авон ич ги нејќев порано, ама во последно време ме изненадуваат со добри производи.
Најпијатно изненадена од Орифламе т.е од За овие есенски денови кога се мн повеќе паѓа косата од обично, искрено мн помалку влакна на четката и тоа само од 3-4миења! убав мирис и по права ми е. Браво и регенераторот у комплет и цената е мн прифатлива.особено кога се на попуст
Ја прават косата преубава, сјајна, добро ја измиваат, мирисаат преубаво подолго време, не се скапи и плус пишува дека го потпомогнуваат растот на косата
Hајнајубавиот шампон што сум го корситела,бев скептична да го купам,заради некој причина мислев дека ке е кремаст итн,но е одличен Cе изненадив колку е добар овај кармин или фломастер-кармин што ли е? Jас воопшто не сакам сјаеви,мразам да се лепам,а со ова не се чуствува дека имаш нешто на уста,плус убава боја ми дава,како природно изгледа,инаку мојава боја е 05 Спојлер
Ова кремче за лице кое кошта 50 ден.и случајно другарка ми купила за нејзе и за мене.Значи е откритие на деценијата се става за иритации на лице или бубулички и помага премногу.