1. Маслото за лице, од дива роза на Алверде Единствен спас за мојава сува кожа на ладново. Понекогаш и лишаи ми се правеа дури, ги третирав со денови, но откако почнав да го користам маслово, по еднаш на ден, 2 капки на влажно лице, кожата ми се препороди. Ви благодарам феминки за ваквото откритие! 2. Palmolive exotic orchid гел за туширање Мириса преееекрасно, и мирисот останува некој час после туширањето. Кожата ми ја прави екстремно мека и и дава одлична хидратација (не осетив потреба после туш да ставам млеко за тело). 3. Балеа пена за лице за сува кожа Исто така многу ми помогна со чистење на моево суво лице. Мириса многу убаво, практично е за употреба, го прави лицето меко и дава убаво чувство на свежина. 4. Алверде лабело со невен Евтино а прекрасно. За околу 60 ден. добивате одлична хидратација на усните. Никогаш претходно не сум се задржала толку на едно исто лабело. Препорачувам на сите што имаат проблем со суви усни или пукање.
Да споделам искуство со лакот од Eveline 8in1. Не верував дека лак за нокти може вака да делува. Почнав на 21 ноември да го користам и ноктите ми се врв, ќе ставам слика пред и потоа
Stockholm. Шведска. Lush ги има во сити мол, а за The Bodyshop и останатите производи најблиску мислам дека имаме во Солун.
Имам нова омилена пудра, bareMinerals barePro (€27), дојдов да ја пофалам! Пудрава е сѐ што сум посакувала и повеќе од тоа. Се вљубив во штандот кој нудеше дури 30 разно разни нијанси и многу видови на четки за нанесување. Жолти и розеви подтонови. Јас ја одбрав sateen 05. Мал удел во изборот имаше и продавачката бидејќи кога ја прашав колкава покривна моќ има пудрава, ми рече дека ја има на лицето моментално (изгледаше како кукла) и дека била совршена замена на DoubleWear na Estee Lauder. Изгледа јас сум единствената која не ја бендисува DoubleWear, која според мене е претешка пудра посебно за таргет групата (женцки со акни и лузни). Користам beauty bleander за нанесување на barePro. Слободно може да се, what the kids call it these days, „билда“. По една недела користење веќе сакав да палам патики и да купам повеќе шишенца. Има мат финиш, не се пресликува и е хипоалергенска (уште еден + затоа што дечко ми е алергичен на повеќето пудри, па така сега можеме слободно да се љубиме и во јавност). Врв на сѐ, има 20ка фактор... сврш сврш. Единствената работа што не ми се допаѓа е тоа што шишенцето доаѓа со шпатулка и знам дека вака пудрата мнооогу побрзо ќе се поарчи. Да не правам муабет колку е неуредно... Ако имате некоја идеја кај можам да најдам вакво некое шишенце, пишете. Да си прснам ко човек.
@DzingrlakaDzikica дали е за масна кожа? И дали после неколку саати не се “одвојува” од лицето (т.е. дали прави такви грди пукнатини кои ако пробаш да ги корегираш ќе упропастиш све)? Другарка ептен ја испофали, па ако некогаш стапам во контакт со пудрава да си ја купам
Cartrice HD liquid coverage foundation И јас се придружив на клубот презадоволни од пудрава. Мислев дека не постои пудра на светов што ќе успее да ми ја смири маснотијата на лицето да не избие после саат-два ама сум се излажала Ја мешам со ептен малку од мат пудрата на алверде бидејќи нијансата ми е претемна и оваа комбинација ми е супер со малку камена на носот само. Не ми светнува лицето колку и да стои шминката, преприродно ми делува како нова чиста кожа врз мојата со лузни и бубулички Посебно се израдував на пипетата и мат стаклото, кога ја отворив и видов дека е многу ретка се разочарав дека џабе дадов пари што ќе и правам и слично, но ова кратко траеше додека прв пат ставив и видов дека е одлична. Цена: околу 400 ден ја земав со плус течен коректор во еликсир Афродита маслен гел за туширање Супер гелна формула ( како желе ), ја негува кожата, ја остава мека после депилација,не ја суши и нема потреба од крема после туширање. Единствено мирисот ми е малку чуден што знам,а сакам цветни мириси. Виталиа кокосово масло Мојата втора љубов го користам за коса, за лице , за стрии, за растење веѓи трепки, за белење на заби за СЕ буквално. 2 ипол години како не користам никаква крема за лице, туку само маслово и задоволна сум од состојбата на кожата на лицето. Еси масло од чајно дрво Смрт за бубулиците. Го ставам само на бубулицата и исчезнува за 3 дена. Тие огромните поткожни болни ги средува за 1 недела исто како да не постоела, без флека дупка и слично. Дечко ми беше цел исфрлен на челото и ептен му помогна, за кратко време имаше стварно видливи резултати. Цена: околу 200 ден во зегин Авон supershock маскара Имам големи трепки а со маскарава ми се совршени. Ми ги издолжува, ми ги праи погусти, не се рони и не е скапа. Ја купувам по 4ти пат и не планирам да ја менувам. Цена: 150 ден ја начекувам јас, а може да биде и поскапа. Lancome La Vie Est Belle Најубавиот поклон што го имам добиено. Преубав мириса што не се опишува и трае и се чувствува многу.На нова година го ставив, фустанчето наредниот ден го закачив во соба и мирисаше собата 2 дена па сеа видете
Balea гел за миење со лотус - за мрсна кожа Гелов е прекрасен , преубаво го чисти лицето , го користам втор пат. Не е 100% природен , ама ми одговара супер на лицето (Цена - околу 150 денари) Dr.Hauschka Melissa day cream За кремава имам пишувано повеќе во темата за креми за лице. Среќна сум што ми одговара бидејќи долго време сакав да ја купам. Одговара на комбинирано-мрсно лице. Цена - околу 1100 ден од Зегин (со попуст) Dr.Hauschka daily hydrating eye cream Заедно со кремот за лице ја купив и кремава за очи - исто така сум многу задоволна , кожата ми е прекрасна , мека Цена со попуст - 1100 денари
Пена за коса - Pantene Pro-V repair end protect foam conditioner Одамна не сум користела нешто на хемиска база за коса во функција на регенератор, маска, капки и сл. По едномесечна употреба можам да кажам дека пакувањето содржи се што и е потребно на мојата коса. Се нанесува по должината, отстојува и се измива. Резулатот е лесна коса за обликување (фенирање, пеглање, виткање) сјајно и свиленкасто влакно без чувство на тежина и непријатно мастење. Достапен е во мало пакување од 50 мл. по цена од 95 ден.и големо пакување од 200/250 мл. по цена од 240 ден. во поголемите маркети (Веро,Рамстор,Тинекс). Со сите позитивни карактеристики го прогласувам за производ на сите времиња. Во моето козметичко катче има посебно место во одделот на средства за нега на коса и со право го нарекувам воскреснувач на косата. Го препорачувам.
Одамна немам пишано во темава 1. Шампон Ogx , кокос Остава чувство на убаво измиена и свежа коса, ама не ја пресушува. Јас имам сува коса и убаво ја освежува и и дава живост и мекост. Формулата е лесна некако и не ја прави косата тесто, туку убаво ги отстранува сите претходно нанесени продукти. Имало и регенератор од истата линија, ама јас го немам забележано кај нас во Дм, така што ако го видите, пишете ми. Спојлер: шампон 2. Catrice liquid metal сенки Преубави се за нанесување на очниот капак. Малку кафеава,мат сенка на преклопот на капакот, ова на самиот капак и за 2 минути сум готова со шминката за очите. Има 4-5 нијанси, само првата Калифорнија мислам се вика е многу проѕирна, остава само светки овде онде и не ми се допаѓа. Омилена ми е шампањ нијансата, плус може да се користи и како хајлајтер за тие со малку потемен тен. Ептен Џеј Ло сјај би дала така. Трајноста им е така-така и светките мене секогаш ми се пресликуваат, ама тоа ми се случува со речиси сите сенки. Спојлер: сенки 3. Catrice Liquid Camouflage коректор Еден од најпокривните што го имам користено и парира и на ептен скапи коректори. Има само малку силен, овошен мирис,што мене не ми се допаѓа. Освен тоа е многу покривен и долготраен. Со соодветна подлога одоздола и малку камена пудра за фиксирање, не се собира околу очите. Спојлер: Коректор 4. Maybelline concealer age rewind Уште еден коректор, помалку е покривен од овој на Катрис, ама мене ми се допаѓа, кремаст е, супер за сува кожа, не изгледа како да си ставил милион слоеви шминка, има лесна текстура и не се собира. Само тоа сунѓерчето на врвот ептен го впива и троши продуктот, освен тоа е многу непрактично и нехигенски. Убаво е да се извади и од тубичката да се нанесува со четка. Спојлер: Maybelline коректор 5. Lash paradise mascara loreal Четкичката е ненормално добра и ги прави огромни трепките, убаво раздвоени,црни,свиткани. Ова ми е една од омилените маскари заедно со Estee double wear маскарата, даваат сличен ефект, а оваа е со многу пониска цена. Спојлер: маскара 6. Ebelin четка за пудра Има многу интересна форма што ме привлече, иста пудра нанесена со четкава и со сунѓерче има различна покривност. Убаво ја нанесува, без да ја троши премногу пудрата, рамномерно ја слева со кожата. Спојлер: четка