Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Омилени продукти на месецот

Дискусија во 'Тело' започната од frutini, 25 февруари 2011.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.480
    Допаѓања:
    201.360
    Пол:
    Женски
    Немам нови производи, освен мицеларната вода на Fleurance. Морам да кажам дека сум прилично задоволна, иако со скепса ја купив. Со мицеларните води во глобала немам многу лошо искуство освен тоа дека баш и не ја вадат целосно шминката, а и очите најчесто ме печеа. Со мицеларната на Fleurance не е тоа случај. Вади сè, не од прва, ама после две пребришувања лицето е целосно чисто. И очите не ме печат, што е голем плус. Кожата ми е сјајна и чиста, некако освежена си ја чувствувам. На природна база е, биокозметика, без нафтени деривати, парабени и слични хемии. Малку мирисот не ми се допаѓа, ама се навикнав, не ми пречи.
    Ја препорачувам, 360 денари, 200 мл во Зегин.
    [​IMG]
     
    На Harper, SV1911, kala21 и 24 други им се допаѓа ова.
  2. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    Ми се чини ќе одам сите залихи во ДМ ќе ги купам:inlove:

    208600-1.PNG
     
    На Turna, ines.h, glittergirl и 21 други им се допаѓа ова.
  3. beauty007

    beauty007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    640
    Пол:
    Женски
    Обожавам го мирисот. Кога се измиеш мирисаш на чисто. Мразам купки, сапуни, млеко за тело што мирисаат на нешто (ванила, кокос и сл.).

    becutan_milo.jpg
     

    Прикачени фајлови:

    На Turna, crazylady, ivancekitty и 4 други им се допаѓа ова.
  4. LittleChili

    LittleChili Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2013
    Пораки:
    509
    Допаѓања:
    2.227
    Се извинувам дали може да споделиш искуство со нивеава, дали остава флеки како дав, бели на црни алишта или жолти дамки на бели алишта. И дали само во ДМ маркетите ја има, или некоја членка ја има забележано во поголемите маркети, аптеки? Фала:angel:

    Да не биди само прашување: Овој месец ќе издвојам само два производа кои ги користев:
    Балеа балсам за усни сензитив
    Мислам дека беше од ало вера, нема некој мирис туку е неутрален, како кремче, самата текстура на балсамчево е такво нежно кога ќе го нанесам одма ми ја омекнува устата. Имав користено од претходно други од балеа балсами и не се покажале како овој иако се двоумев за дали да го купам него или лимитарното издание со слатки. Одеа дуо две во кутиче мислам дека беа 79 денари, одлична хидратација.
    [​IMG]
    Тео гел за туширање со негувано масло
    Мајка ми го имаше купено гелов од Тинекс на акција мислам бил, прекрасно мириса, убаво пени и е одличен.
    [​IMG]
     
    На ivancekitty, UnordinaryOne, kuc и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    Јас сум презадоволна,не остава флеки,штити од потење и има неверојатно убав мирис,свеж,чист.Инаку,јас во ДМ го купив,не знам дали го има во други продавници.
     
    На EMoonlight и LittleChili им се допаѓа ова.
  6. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.424
    Допаѓања:
    91.486
    Пол:
    Женски
    [​IMG] После второто пакување на гелов престанав да бројам колку пати сум го купила. Вообичаено го делиме со сестра ми и ни трае со месеци. Многу убав нежен гел за миење на лице. Ја вади цела шминка што ја имам, не го затега лицето, а се чувствува убаво чисто. Го користам и за миење на сунѓери за шминкање и нив ги чисти одлично. Навечер го користам со четка за миење лице, а наутро само него. Нешто над 200 денари, во ДМ.

    [​IMG] Ова ми е омилена маскара до сега што сум ја користела. Ги двои трепките, убава интензивна боја остава, во еден слој мене ми е сосема доволна, а со два ги прави ко лепеза. Речиси 400 денари.
    [​IMG]
    Ова сунѓерче на Гош ми е омилено т.е повеќе го сакам црното ама не успеав да најдам слика. Многу мекано и пријатно на кожа, а и одлично си ја врши работата. Редовна цена 210 денари, со попуст околу 150 го земав во Еликсир.
     
    На Adriana.O, UnordinaryOne, Rose96 и 12 други им се допаѓа ова.
  7. Касија

    Касија Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    873
    Допаѓања:
    7.907
    Пол:
    Женски
    1.Тупферите на Балеа за отстранување на шминката од очите.Солидно ја отстрануваат шминката, не ми ги иритираат очите што е најважно и бидејќи содржат масло кожата околу очите останува хидрирана.
    balea-mizellen-augen-make-up-entferner-pads-oelhaltig--10032343_B_P.jpg

    2.Мат кармините од Алверде. Ги имам нијансите 40 Rose delight и 30 Lilac passion.Имаат кремасто мат структура, не ги истакнуваат сувите делови на устата, имаат пријатен мирис и трајноста им е солидна траат повеќе часови без јадење и пиење, при јадење и пиење се бришат по малку и треба корекција, но не е ништо страшно, сепак е органска козметика.
    4010355411310-1357972_org.png 4010355277534-1110745_org.png
     
    На Turna, Babyby, ivancekitty и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Го има шампончево во Дм, околу 450 ден е. Баш после твојава рецензија го приметив.
     
  9. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Да, донесени се и овој од кокос и од арган шампонот, ама регенераторите од истата линија сеуште не се.
     
  10. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Turna, ivancekitty, Selest и 8 други им се допаѓа ова.
  11. sofija014

    sofija014 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    834
    Допаѓања:
    3.849
    1.прајмер и сетинг спреј 2 во 1
    О д л и ч е н. Сите оние силиконски прајмери ми предизвикуваат брунки, а ова е нешто божјо. Преубаво легната шминка и изгледам свежо цело излегување. Добив и пофалби колку свежо сум изгледала на ладново време. 10/10 е производов.
    22060_xlarge.jpg
    2. Марк база за сенка
    Убава база. Стварно ја задржува сенката како што е нанесена и не ми предизвикува набори, покрај тоа што имам мрсни капаци.
    prod_1190973_1_613x613.jpg
    3. Ома гертруде шампон за секојдневна употреба (рузмарин и камилица)
    Прекрасен ПРИРОДЕН шампон. После ова откритие не верувам дека повторно би ја измила косата со хемикалии. На сите ви го препорачувам, има повеќе видови.
    1_580x.jpg
    4. Балеа гел за лице
    Конечно убав нежен гел за мојава специфична кожа. Без мирис, нежно отстранува шминка и нечистотии. Само по три дена користење црвенилото на кожата ми е намалено. Голема благодарност до @sorbet :hug: која ми го препорача гелов.
    Balea-MED-Ultra-Sensitive-Wash-Gel-150-ml.jpg

    5. Авон серум за коса со арган
    Преубава и мазна коса. И дава леснотија и убав здрав сјај. Да не се урочам, но откако ги користам капкиве, спрејот на лореал елсев и путерот од алверде косава ми е преубава и волку многу комплименти од други за мојата коса немам добиено до сега. Ги препорачувам.
    prod_1188616_1_613x613.jpg
     
    На Касија, senza.parole, ivancekitty и 14 други им се допаѓа ова.
  12. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.466
    Пол:
    Женски
    Yves Rocher Shampoo- за сите видови коса
    Во последно време почнав да купувам исклучиво од овој бренд продукти и сум презадоволна. Шампонов нема нема некој посебен мирис, но ми се допаѓа како ја чисти косата и тоа што не ми ствара перут и чешање.
    [​IMG]
    Yves Rocher Bourbon-vanila млеко за тело
    Презадоволна од млеково за тело. Има благ но што е многу важно долготраен мирис на ванила. Кога ќе го нанесам се осеќам како колаче. Има пристојна хидратација и мирисот му трае прилично долго, за разлика од други млека за тело( Балеа на пр) кои после саат- два не се осеќаат.
    [​IMG]
    Yves Rocher - White vanilla limited edition млеко за тело
    Како голем љубител на ванила мирисите морав да го имам ова млеко за тело од лимитираната новогодишна колекција. Како и другото млеко за тело има благуњав специфичен мирис кој е доллготраен а во исто време суптилен. Презадоволона и од ова млеко за тело иако го нема веќе.
    [​IMG]
    Yves Rocher- White vanilla shower gel
    Од истата линија и гел за туширање. Има многу убав интензивен мирис, од вц не ми излегува после миењето со него бидејки се мириса на ванила. Од друга страна малце ми ја суши кожата но во комбинација со млеко за тело немам гајле бидејки до сега кожата ми ја сушеле сите гелови што ги имам пробано.
    [​IMG]
    Yves Rocher-Anti perspirant со мирис на лаванда
    Сите мириси на стиковиве ми се свиѓаа ама некако овој ми беше најпосебен со најизразен мирис на лаванда. Комплетно смирувачки и нежен а во исто време изразен мирис на лаванда кој го прикрива мирисот на пот. Брзо се упива во кожата и најважно не остава дамки на облеката.
    [​IMG]
     
    На Turna, senza.parole, ivancekitty и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.638
    Допаѓања:
    44.933
    Пол:
    Женски
    1. Овој прајмер не содржи силикони, така?
    3. Каде можам да го најдам шампонот? И дали убаво ја чисти косата?
    4. Дали гелот за лице одговара за сува кожа?
    Ако можеш пиши ги и цените на производите. :)
    Ти благодарам однапред :f:
     
  14. sofija014

    sofija014 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    834
    Допаѓања:
    3.849
    Не е силиконски, во спрејче е и има така свеж мирис (дечко ми вика на краставици), што ми се допаѓа и воопшто не е леплив и не предизвикува онака тешко чувство на затегање. Јас го ставам пред шминкање и по шминкање и сум презадоволна, цената му е некаде до 400 денари горе долу. Шампонот го има во космо и во поголемите тинекс маркети. Околу измивањето, на почеток малку пени но тоа е доколку косата претходно била третирана со хемиси продукти и треба време за скроз да се оттргнат. Јас подолго време го користам(скоро 2 месеца) и сум многу задоволна како ја измива. И биодевојка на блогот направи рецензија за овие шампони. Шампонот е 500ml и јас го земав 298 ден.
    Гелот на балеа е наменет за многу осетлива кожа, нежен е и мене лично иритираните и суви делови многу ми ги смири. Цената е 159 ден
     
    На Hipster, sorbet и Luminary им се допаѓа ова.
  15. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    hipp-babysanft-waschgel-haut-haar-hipp-baby-sanft--10003108_B_P.jpg creme_hydratante_new_actif.jpg ART-P-4543-636413274604414062.jpg Мицеларнава вода ја користам за да извадам пудра и шминка од очи,не иритира,не пече,со оглед на тоа што ја земав на акција од Зегин за 170 денари одлична е за парите,редовната цена околу 250.Не можам да кажам дека баш целосно вади шминка,затоа после неа обавезно се мијам со гелов на Хип,веќе купив второ шише (400 мл. околу 200 ден.)Кремава исто купив второ пакување,убаво хидрира и добра е како подлога за пудра иако мислам дека нема да ми одговара за мојава комбинирана кожа,бидејќи како се стоплува времево забележувам дека се повеќе станувам лампион:DСите три производи препораки од форумов со добар состав:inlove: 71mwPLSEiRL._SL1500_.jpg 2579351.JPG Гелот (најефтин 135 денари
    во Стокомак) во комбинација со лосионов (155 ден. за 400 мл.во Зегин уште е на акција) ми е одлична комбинација.Лесно се впива,не мрси облека,има баш интензивен мирис кој долго трае што мене не ми пречи.Препорака за сите производи:)
     
    Последна измена: 16 февруари 2018
    На Касија, Antolinaa, YoungandBeautiful и 11 други им се допаѓа ова.
  16. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.524
    Допаѓања:
    106.051
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Долго време немам пишано за моите омилени производи :hai:

    1. Black henna - Воодушевена сум од тоа колку добра испадна кнава. Џабе фрлив толку пари за таa на Lush , оваа е многу подобра , потрајна. И цела кутија само 150ден.

    2. Dr.Hauschka claryfing set - oily skin
    Морав да го купам сетот , сакав да ги пробам и останатите производи наменети за масна кожа. Се воодушевив од маслото за лице и маската во прав за лице со аргил. И лосионот е прекрасен. Буквално од се сум задоволна. Цена на сетот 12 евра

    3. Dr.Hauschka traslucent powder
    Имам пишувано за пудрава во темата за пудри во прав , пудрава е најдоброто нешто што сум користела од пудри во прав. Кој има масна кожа ја препорачувам да ја проба. Цена - 25 евра

    4. Alverde балзам за усни од невен
    Одличен е за испукана уста , сите балзами за уста на Алверде се одлични (y)

    5. MAC fix fluid - NC15
    Пудрава ја користам по втор пат и сум презадоволна , ја препорачувам за комбинирана мрсна кожа. Нијансата ми е погодена , баш како мојот тен.

    6. Sephora browliner waterproof soft charcoal 06
    Нијансата ми е погодена , ми се допаѓа што моливчето е самоостречко , врвот е тенок и нанесувањето е многу лесно. Цена - 11 евра
     
    На Turna, duffi, Selest и 14 други им се допаѓа ова.
  17. sorbet

    sorbet Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2017
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    5.269
    1. Балеа 5-во-1 спреј за коса
    [​IMG]
    Спрејчево е топ. Се прска на влажна коса и не се одмива. Нема силикони и остали глупости, а косата ја остава нежна и лесна. Единствена замерка ми е мирисот бидејќи ми мириса теткински, но после фенирањето не се чувствува.

    2. Нивеа Pure & Natural дезодоранс
    [​IMG]
    Дезодорансов мириса чисто и нежно. Што е најважно, не содржи алуминиумови соли. Траен е, односно сабајле кога ќе се напрскам не се замирисувам цел ден.

    3. Маска Оливал со масло од смиљ
    [​IMG]

    Маскава случајно ја забележав во ДМ и веднаш изгуглав рецензии. Ја купив и можам да потврдам дека е прекрасна. Содржи зелена глина и мед. Не е како обичната зелена глина која го затега и пресушува лицето. Напротив, многу е нежна и кожата ја остава мека. Можеби нема на некоја да и се допадне мирисот, но маскава е врвна и вреди да се проба.

    4. Dove лосион со шеа путер
    [​IMG]
    НЕМА
    подобри производи за нега на тело од Дав. Лосионов е боженствен, мириса преслатко и најбитно за мене, мирисот трае долго време. Вообичаено го нанесувам по туширањето и кожата ми е хидратирана додека не се истуширам повторно.
     
    На duffi, Selest, marchi-cool и 11 други им се допаѓа ова.
  18. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Каква функција има спрејот и колку е маската?
     
    На Elence93 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Балеа professional Oil Repair балзам за коса.
    Ја нанесувам додека се бањам, ја фаќам косата во штипка и на крај само плакнам.
    Без ова косата ми станува сува како метла, многу голема разлика прави и веднаш се приметува ако заборавам да го ставам некогаш кога се брзам. Ме радува што нема силикони, можеби ќе го пробам и шампонот, само ме нервира што е во ваква тубичка, кога е при крај не можеш да стиснеш убаво. Ги чекам на попуст кога се по 99 денари и земам да си имам залиха.[​IMG]

    Golden Rose Ice Chick лак.
    Имам неколку од овие лакови и ми се покажале убедливо најиздржливи. Особено бр. 08. Ги носам по недела дена без да ми се излупат, а како подлога ставам безбоен лак од Eveline diamond hard and shiny nails.
    [​IMG]
    Balea сув шамон.
    Одлично за кога ми треба малце освежување на косата (Читај: кога не сакам да ја мијам) Бонус, ми се допаѓа што дава малку волумен.
    [​IMG]
     
    На Devil99, Turna, Oxymoron и 20 други им се допаѓа ова.
  20. sorbet

    sorbet Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2017
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    5.269
    @kala21 спрејот ја штити косата од исушување, за полесно расчешлување, за зацвснување на влакното..... Содржи алое вера на висока позиција. Се борам со наелектризирана коса и спрејов супер си ја врши функцијата. Исто така подолго време ми стои исправена. Мене ми се допаѓа ефектот врз мојата коса и ќе го додадам во збирката на производи за коса.

    Маската ја купив од ДМ, 279 денари за 75 мл.
     
    На lovemme, kala21, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.